Boki77 во 10:13
на тема RE: ПХД Биопирамида
Разиграни и весели детски лица, во градинката 11 Октомври, населба Бутел. Наталија беше нашата ѕвезда, која навистина прекрасно ни раскажуваше. Собравме топлина и љубов за да го згрееме целиот свет
Многу прегратки од малите дечиња ги стоплија нашите срца. Сите ја научиле важноста на подарувањето, сите направиле играчки за болните дечиња
Матеа Ацевска од Прилеп и нејзината мамичка ни испраќаат честитка и играчка прегратка
Нина Манчиќ заедно со својата мамичка направи прекрасна играчка, која ќе израдува некое болно детенце
Прекрасна атмосфера, насмеани детски лица, распеани и разиграни моменти во градинката Јасна Ристеска - клон Билјана, Охрид
Шиевме, читавме, игравме...се прегрнувавме. Има ли нешто потопло од силната детска прегратка? НЕ! Ви благодариме за срдечниот дочек, дечиња и вoспитувачки од Кичево
Семејството Божиновски од Скопје направија преубава кукла - прегратка за некое болно детенце и честитка во форма на новогодишна елка
Марија Ѓошева од Велес, со помош на својата мајка, направи топла играчка за децата кои новогодишните празници ќе ги поминат во болница
Караванот Прегратка на дар го продолжи своето хумано патување. Вчера ја посети градинката Орце Николов во Карпош. Впечатоците се ФЕНОМЕНАЛНИ!
Од срцето на градот Скопје започна акцијата Прегратка на дар 2013 со работилница во градинката Раде Јовчевски Корчагин. Започнавме со куклена претстава, продолживме со изработка на играчки и секое дете на подарок доби сликовница. ВООДУШЕВЕНИ СМЕ!
За доилки.
пеперутка16
Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?