|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Јога вежби во тек на бременоста
9.3.2009 12:23:02   
Marie
Има ли некој искуство со практикување јога вежби во тек на бременоста и до кој месец од бременоста е препорачливо истите да се практикуваат.

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 5.11.2014 12:11:10 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
11.3.2009 14:21:00   
sonja
Jas vo tekot na mojata bremenost vezbav joga od pocetok na 4-tiot mesec do 9-tiot ( vklucuvajci go i 9-tiot ), sto znaci do ped samiot cin na poroduvanje. Toe e voedno i periodot vo koj e dozvoleno joga vezbanjeto za bremeni zeni. Moeto iskustvo e mnogu pozitivno, jas bev mnogu zadovolna poradi toa sto i fizicki i mentalno se cuvstvuvav odlicno. ( na casovite praktikuvavme fizicki vezbi, vezbi za disenje, instrukcii odnosno soveti za prirodniot tek na poroduvanjeto, itn. ) Najtoplo i preporacuvam na sekoja bremena zena ( koja nema patoloska bremenost ) da posetuva vakov tip na fizicki i mentalni vezbi so koi ce postigne edna fizicka i mentalna harmonija vo podgotvenosta za najubaviot i najsvetiot cin od majcinstovoto a toa e poroduvanjeto.

(Одговор на членот Marie)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
11.3.2009 16:52:34   
Еца
Bravo sonjauser posted image user posted image user posted image drago mi e sto ja podeli ovaa informacija so nasuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот sonja)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
30.3.2009 12:08:35   
Анче
Пред да останам бремена веќе имав предходно искуство во јога 7години и не прекинав да практикувам ни во првите 3месеци. Но за жените кои не биле претходно физички активни се препорачува после 12 недела да започнат со практичните часови по јога. Пред да се одлучите каде, како, што, прво истражете, информирајте се и дозволете да ве води интуицијата која мислам дека е непогрешлива во текот на бременоста. Ако имате можност да бирате, одберете инструктор со искуство во јогата но и обучен за работа со оваа популација, а ако е возможно и да има искуство со лично практикување на јогата во текот на бременоста.  Не само Јас и Соња, верувам дека секоја жена која поминала низ специјализираните курсеви за бремени дека има позитивни искуства низ бременоста а и во моментот на породувањето, па и понатаму во текот на мајчинството. Сето ова доаѓа од таму што јогата не враќа кон себе си, не потсетува на нашата вистинска природа и како индивидуа и како жена и мајка, ни дава сознание кој сме, што сме, колкави ни се силите и можностите и ги поместува овие граници посебно во чинот на породувањето кога сме најсилни и ја освестуваме својата моќ. Верувам ќе се согласите дека нема ништо поубаво од тоа да видите една насмеана и задоволна трудница, среќна и горда на својата состојба, која не се жали на болки во телото и било која тешкотија ќе ја помине полесно и со разбирање за да и остане повеќе време да ужива во секој момент од тие маѓични девет месеци.

_____________________________

сакам да го променам светот, затоа почнав да се менувам себеси

(Одговор на членот Marie)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
24.5.2009 21:32:49   
Боцко
имаме оригинално двд за вежбање јога дома, специјално наменето за трудници. дел е од една поголема колекција која ја имаме скоро цела. инструкциите се на англиски. ова во случај некого да го интересира.

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот Анче)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
7.8.2009 10:57:48   
vekiboss
јас сум заинтересирана за јога вежби,имам претходно  вежбано и сега сакам да продолжам ама во домашни услови.како можам да набавам ЦД за вежби за трудници?

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
22.9.2009 13:10:50   
Анче
Не би му препорачала никому да вежба јога по книга или цд, а особено не на една трудница. Жената кога се наоѓа во периодот на бременоста е многу чувствителна и мора да внимава што прави и да ја понесе одговорноста и за себе и за бебето. Ако не можете да одвоите време да посетувате часови за јога немојте сами тоа да го правите, зашто ни книгата ни цедето нема да ве корегираат во грешките кои се неминовни, а кои можат многу да ви наштетат и уште на крајот ќе кажете дека и јога ви е крива за последиците а не вашата извинете на изразов -глупост- дека тоа сте можеле сами без стручно водство. Потребно ви е само 2-3часа неделно да одвоите за доаѓањето на курсевите за јога за бремени каде имате инструктор обучен за оваа област, а она што ќе го научите таму пожелно е да го практикувате и дома. Книгата или цедето можат да послужат како прирачник за некој кој веќе посетувал часови под нечие водство.

(Одговор на членот vekiboss)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
26.9.2009 9:57:00   
Палешка РР
Јогата е древно знаење за човекот, за животот. Не` учи како да ги спознаеме и хармонизираме процесите во телото, мислите, емоциите и душевната состојба. И бидејќи во текот на бременоста настанува „револуција" од промени во телото, психата и душата, јогата преку својот систем на техники и приод во себенабљудувањето, може да и` помогне на жената да ги разбере тие промени и да ја искористи нивната енегрија позитивно; бременоста и породувањето да станат период на лично созревање, радост и живеење, славење на љубовта. 

 КОГА ДА СЕ ПОЧНЕ СО ЈОГИСКИТЕ ВЕЖБИ?

По третиот месец на бременоста може да се почне со пракикувањето на јогиската програма за бремени жени. Препорачуваме да не се чека последниот месец за да има време жената да научи како да се релаксира, како да го контролира и продлабочи дишењето и како да се канализира енергијата за да може тоа искуство да го примени во текот на породувањето.   На часовите се практикуваат:

· ТЕЛЕСНИ ВЕЖБИ (АСАНИ), прилагодени за периодот на бременоста. Се постигнува поголема еластичност и цврстина на мускулатурата, се зголемува подвижноста на карлицата и се отстрануваат или ублажуваат болките во грбот и половината. Вежбите не се напорни, не ве исцрпуваат, напротив освежуваат и го враќаат доброто расположение.
· ДЛАБОКО И РИТМИЧНО ДИШЕЊЕ што обезбедува повеќе кислород за клетките и добар метаболизам, релаксираат и ја урамнотежуваат енергијата. · Максимата дека во текот на бременоста треба да јадете за двајца не важи, но е точно дека треба да дишете за двајца.
· РЕЛАКСАЦИЈА - за ослободување на акомулираната напнатост. Техниките на дишење и на релаксација се од голема корист за свесно отпуштање помеѓу контракциите во текот на породувањето и обновување на енергијата.
· Техниките на КОНЦЕНТРАЦИЈА, ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА и МЕДИТАЦИЈА ги хармонизираат мислите и емоциите и носат духовно спокојство.       И помогнуваат на жената да се справи со наметнатиот страв од породување. Ние прифаќаме дека раѓањето е „страшно", а не „природно". А стравот блокира и нерационално ја троши енергијата.       Истражувањата покажуваат дека бебето во утробата е под влијание на севкупниот начин на живеење на мајката.       Внатрешниот мир и мајчината љубов е од голема важност за хармоничен психоментален развој на новороденчето.    

ШТО СЕ ПОСТИГНУВА?
Со практикувањето на јогиските тхеники жената учи да се релаксира, да го контролира дишењето, да ги негува позитивните мисли и на тој начин ја штеди својата енергија. Тоа и` помогнува на жената да биде присутна и свесна за себе во текот на породувањето и соработката со бабицата или лекарот да биде подобра што го олеснува породувањето.      

СО ПРАКТИКУВАЊЕТО НА ЈОГИСКИТЕ ТЕХНИКИ ЖЕНАТА СИ ПОМОГНУВА И ПО ПОРОДУВАЊЕТО:

· Телото брзо да се врати во претходната состојба, за што помогнува ако телото било активно и пред бременоста и на соодветен начин и во текот на бременоста. Се практикува и пост-натална јогиска програма за зајакнување на стомачните мускули и ослободување на заморот. · Полесно да се соочи со емотивните промени карактеристични за овој период, како и со пост-породилната депресија кога се јавува. · Да ја одржи внатрешната смиреност и хармонија, што се пренесува и на бебето.

Извор: Јога центар - Тафталиџе


< Поракaта ја уредил Палешка -- 26.9.2009 9:59:00 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Анче)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
24.10.2009 13:18:17   
Snowhite RR
Откако влегов во 6ти месец,почнав да посетувам јога и навистина е одлично и физички и психички, вежбите се лесни и се изведуваат многу бавно и релаксирачки. За жал во мојот град нема посебна група за трудници, но инструкторот ми обрнува посебно внимание на вежбите кои не треба да ги работам, ги заменуваме со други. Исто така, правиме и вежби за дишењето кои се доста важни за чинот на породување. Во секој случај одлично, и препорачувам на секоја трудница да посетува доколку е во можност.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
11.1.2010 13:34:43   
mami
Имаме многу трудници сега на рр, па ме интересира- дали некоја ги практикува јога вежбите? вежбате дома сами или одите на курс?

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
11.1.2010 13:47:02   
topce
јас пред да останам бремена одев на јога и ги знаев вежбите така да си ги практикував дома.
препорачувам јога бидејќи многу бргу се вратив во форма по породувањето, не мислев на тежината туку на стомачните мускули.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
11.1.2010 15:27:05   
dostickage
Ima li nekoj kontakt telefon ili eventualno da znae tocna likacija kade se praktikuvaat joga vezbi za trudnic?

Fala & pozdrav

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
11.1.2010 15:34:15   
mami
еве повели ова го најдов на страната на Јога сојузот на Македонија

ЈОГА ЗА БРЕМЕНИ ЖЕНИ - од 18 јануари - понеделник и среда 17.00-18.10 пријавување на 071/662 787, 075/223 639 инструктор: Анастазија Терзијева-Илиева

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
11.1.2010 16:25:20   
Julie1

ИЗВОРНА ПОРАКА: dostickage

Ima li nekoj kontakt telefon ili eventualno da znae tocna likacija kade se praktikuvaat joga vezbi za trudnic?

Fala & pozdrav



Како член на Рингераја може да добиеш соодветен попуст КЛИК

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
11.1.2010 19:43:17   
Анче
Само уште едно мало дообјаснување на 18 започнува новата сезона на јога часовите за бремени, но ако го пропуштите почетокот тоа не значи дека не можете да се приклучите и подоцна кога вам ви одговара во било кој период после 12 недела.
Поздрав

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
11.1.2010 19:48:30   
mami
ооо па тоа е супер..ајде трудници одете да вежбате и за вас добро и за бебушот доброuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Анче)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
18.1.2010 10:17:51   
dostickage
Mami mnogu fala za kontak infoto,duri sega go poglednav!

Pozzuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
29.1.2010 15:24:08   
pericka
vezbajte user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Marie)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
6.4.2010 14:14:08   
santamarija
nova sum na stranicava, gi citam vasite razgovori na odredeni temi...interesno:), veke sum 6 mesec i sum zainteresirana za vezbi, joga itn. bilo kakva fizicka aktivnost, pa ako nekoja od vas ima nekoi informacii neka pise kade ima, vo koja naselba vo sk i koj termin....pozdrav

(Одговор на членот pericka)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
6.4.2010 15:35:42   
April
ИЗВОРНА ПОРАКА: santamarija

nova sum na stranicava, gi citam vasite razgovori na odredeni temi...interesno:), veke sum 6 mesec i sum zainteresirana za vezbi, joga itn. bilo kakva fizicka aktivnost, pa ako nekoja od vas ima nekoi informacii neka pise kade ima, vo koja naselba vo sk i koj termin....pozdrav


добредојде...топло ти го препорачувам Јога центарот во Тафталиџе 2 user posted image

(Одговор на членот santamarija)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
3.5.2010 13:54:36   
Анче
nova sum na stranicava, gi citam vasite razgovori na odredeni temi...interesno:), veke sum 6 mesec i sum zainteresirana za vezbi, joga itn. bilo kakva fizicka aktivnost, pa ako nekoja od vas ima nekoi informacii neka pise kade ima, vo koja naselba vo sk i koj termin....pozdrav


Здраво сантамарија,
специјализиран курс за јога за бремени има во центарот за интегрална јога во тафталице 2 - http://yoga.org.mk/index.htm и од мај месец и во топ форма во центар спроти универзална  http://www.votopforma.com.mk/ 




_____________________________

сакам да го променам светот, затоа почнав да се менувам себеси

(Одговор на членот santamarija)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
12.5.2010 13:22:18   
janastoj
Kade potocno kaj univerzalna? Dali moze vo sekoe vreme da se priklucam ili mora koga pocnuva kursot? Ako moze samo da napiste koi se terminite

(Одговор на членот Анче)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
12.5.2010 20:19:16   
Julie1

ЈОГА ЗА БРЕМЕНИ ЖЕНИ - од 18 јануари - понеделник и среда 17.00-18.10 пријавување на 071/662 787, 075/223 639 инструктор: Анастазија Терзијева-Илиева


Јави се тука и добиј повеќе информации за термините.

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
12.5.2010 23:06:49   
janastoj
Blagodaram!

(Одговор на членот Marie)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Јога Вежби во Тек на Бременоста
24.6.2010 22:38:55   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly_13215

zdravo decki dali nekoj znae kade moze da ima vezbi za trudnici i joga i kolku cini i koj go drzi?pozdrav


Здраво натали , се надевам дека ке ти помогнат следниве линкови: http://yoga.org.mk/index.htm
http://www.votopforma.com.mk/
и на двете места цената за осум часа е 1000ден. а часовите ги одржува инструктор по јога Анастазија Терзијева Илиева од Јога Сојуз на Македонија.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Анче

Здраво натали , се надевам дека ке ти помогнат следниве линкови: http://yoga.org.mk/index.htm
http://www.votopforma.com.mk/ 
и на двете места цената за осум часа е 1000ден. а часовите ги  одржува инструктор по јога Анастазија Терзијева Илиева од Јога Сојуз на Македонија.




_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Marie)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Dali?
Jana9

Dali sakate da kuglate?

Da (0%)

Ne (50%)

Ponekogas (50%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!