|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Ангела
29.7.2009 14:47:36   
mami
Хеликоптери, кучиња трагачи и над 250 полицајци и денеска ја бараа Ангела во мариовско Дуње.Претресени се сите куќи, штали и околниот терен, но за жал нема резултати. А1 се обиде да направи реконструкција како можела да се изгуби Ангела на пат за дома.Таа била на гости во една куќа, седела во дворот додека комшиите нижеле тутун. Посакала да си оди и излегла низ портата кога комшиите ја виделе последен пат.„Овде седеше со столчето детенцето, сакаше да си оди, стана и си замина, не може за 15 минути детето да исчезне од селото", изјави Менче Иваноска, сосетка која последен пат ја видела Ангела.Откако ќе излезеш од портата патот веднаш се дели на три дела. Доколку Ангела тргнала по средниот пат, тој излегува на главната улица во селото кај чешмата, пат кој потоа води директно во нејзината куќа.Доколку таа тргнала по левиот пат низ треви и грмушки, тоа патче од 30 метри покрај куќите повторно се приклучува на главната улица.А, доколку тргнала во десно, патот оди покрај училиштето и води кон црквата, каде и се губат трагите.Кучињата ја следат трагата на Ангела до црквата, потоа трагата мистериозно исчезнува, дали ангела дошла тука, зошто не се движела на кај дома, и зошто трагата исчезнува токму на ова место полицијата до сега нема откриено.Кој пат го одбрала Ангела, каде заминала, дали трагите кај црквата се стари од пред исчезнувањето, дали од тука Ангела е качена во некое возило, полицијата засега нема одговор. Испитани се сите жители на Дуње и околните места.„Немаше различни одговори од оние кои што се совпаѓаат едни со други, немаме индиција дека некој од жителите крие нешто", вели Љупчо Тодоровски, директор за јавна безбедност.Денеска по Ангела е распишана и меѓународна потерница. Над 2.500 нејзини фотографии ќе бидат поделени низ Македонија со податоците дека носела бела блуза со карта на Македонија во црвена боја, сини тренерки и розеви чевли.

user posted image


< Поракaта ја уредил mami -- 29.7.2009 14:48:16 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Ангела
29.7.2009 14:57:55   
Еца
Секој ден отако сум дома и ке слушнам на вести само си викам,леле Боже само да им се врати жива и здрава на родителите.Како и да е, страшноuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Ангела
29.7.2009 15:01:01   
mami
ужас..како ли само изчезнала, трага и се губи, па не е тоа големо село, нема многу жители, зарем некој толку и се намерачил и дошол специјално да ја земе??? незнам, Господ златен да им помогне побрзо да си го вратат детенцето

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Ангела
29.7.2009 15:28:02   
cevlice
Iskreno veke i ne mi se gleda vesti so sekoe gledane se nesto potresno ke slusnes.
A,najveke sto ja potrese javnosta e isceznuvaneto , na nevinoto devojce ANGELA.
Kakvi samo ne luge gazat na zemjava.
Da se molime sto poskoro da se pronajde ziva i zdrava da se vrati na nejzinoto semejstvo.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Ангела
29.7.2009 16:23:35   
Палешка РР
Јас сум била во селото Дуње, со татко ми уште кога беше жив...најчудно ми е што селото е мало и нема кај да исчезне, а и околу него нема друго села user posted image  Велат дека и се губи трагата кај селската црква.
Мислам дека се работи за киднапирање, сега е пуштена Интерпол потерница во сите држави, па да се надеваме дека ќе ја најдат Анѓела жива и здрава user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот cevlice)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Ангела
29.7.2009 16:42:12   
Tanja K.
Jas mislam deka,rekoa oti se raboti za nekoi dolgovi sto gi imale nejzinite roditeli.I deka navodno ja prodale,da se rascistela smetkata.Ako navistina e taka kade ke im odi dusata na tie roditeli.Greota i zalno.Imam kerka 6 god.i koga go gledavme prv pat toa na tv so kerkami,mi potekoa solzi od zal za devojceto.A,kerkami vednas so prasanjata:mamo zosto places,sto rekoa tie,koe e toa devojce,i dali go nasle?Potoa se i objasniv,deka sekoj moze i da te prelaze makar i so edno lizavce.Pa neli e taka?

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Ангела
29.7.2009 17:03:04   
katence
jas mislam stanuva zbor za grabnuvanje posle se samo na toa ostanuva.
uff lele me faka strav na samata pomisla sto i kako se slucuva so neauser posted image

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Ангела
30.7.2009 0:31:49   
biljanaM
јас го молам Бог да им ја врати Ангела на родителите жива и здрава иако знам дека тоа не е возможно, се плашам да не станува збор за криминал со човечки органи...уф.....страшно, се плашам ...

_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот katence)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Ангела
30.7.2009 11:18:37   
Julie1
Доколку постојат „лоши луѓе“ виновни за исчезнувањето на Ангела би сакала да им посочам дека е голем грев едно невино мало ангелче Ангела да доживува лоши работи и биде одвоена од нејзините мама и тато. До оние кои можат на некој начин да допринесат во пронаоѓањето на Ангела да сторат се во нивни домен.

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Ангела
30.7.2009 14:34:51   
Nikolina
леле навистина страшно и многу многу потресно кога слушнав првиот ден неможев а да не мислам потоа цело време на тоа како можело да се случи тоа, нели еднаш рекоа дека се случило вечерта па ајде другиот ден рекоа крај 13.часот па еднаш дека братучедката ја испратила ма двесте метри до дворот  па после ја сменила изјавата дека ја пуштила скрос сама па на кој да веруваш, а најмногу што ме изнервира кога на сител кажаа дека некој пријавил дека ја виделе во тетовско село па глупи едни и да била таму „мислам на новинарите“ малку повеќе се внесов ама неможамоткако објавија ќе ја преместат на друго место тоа се е поврзано гарант таа веќе е изнесена од државата Косово или било каде само да се молиме да е здраво и живо и да не се работи за други работи како што сретнав погоре за органи....леле самата помисла ме растревожува, адека е во селото не е јас незнам зошто уште ја бараат таму па колку дена поминаа колку пати го поминаа тој теренот и колку не луѓе ја бараа па и скраја да е да беше нападната од диви животни ќе најдеа нешто,очигледно е дека се работи за киднапирање затоа луѓе никако детето испушање од рака најискрено дојде како по филмовите страшно.user posted image

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Ангела
30.7.2009 14:47:57   
mami
душичка мала.. се надевам побрзо ке ја најдат и ке биде жива и здрава без ништо да и фали...кој би бил толку монструм да пропатува толкав пат само за да стигне до селото и да ја земе? Тешко на мајката во овие мигови, да не знае каде и е чедото и како е..не дај Боже било кој да се најде во таа ситуација некогаш

(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Ангела
30.7.2009 22:48:02   
cevlice
Сметам дека не постои таков родител што би го продал своето дете за да се одолзи од
некакви си долгови.НЕ ВЕРУВАМ  дека они направиле такво нешто!



(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Ангела
8.8.2009 2:31:00   
biljanaM
Луге што стана со девојчето го најдоа ли.....леле жално тоа можело да биде било кое друго детенце...user posted image

_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот cevlice)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Ангела
8.8.2009 9:14:47   
mami
за жал колку што прочитав последно нема ни трага ни глас од Ангела...да не му се верува на човек како може да се случи вакво нешто..секој ден читам и си мислам дека еве сеге ке прочитам дека ја нашле, ама ништо..Ајде Анггелче врати се домаuser posted image

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Ангела
10.8.2009 13:04:46   
Палешка РР
Ја пронашле Анѓела со извадени внатрешни органи во селото Манастир.
Не знам дали е точно, кај мене на работа сите се потресени user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image




_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Ангела
10.8.2009 13:17:36   
mami
Палешке од кај информацијава..леле солзи ми потекоа
ова не е можно..зар има и такви луѓе

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Ангела
10.8.2009 13:47:06   
Палешка РР
Некој од вработените слушнал на радио, не знам ни дали е точно, не држете ме за зборuser posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Ангела
10.8.2009 14:27:00   
Боцко
ne mi se veruva. no, od druga strana tolku sme zacapani vo kriminal sto ne me ni cudi nekoj da se poigra so sudbinata na siroti lugje zaglaveni vo dolgovi i da napravi nesto tolku gnasno pri toa da zaraboti debelo na crna berza. bez ogled na motivite. strasno. covek da ne e miren i da misli na svoite decinјa i kako da gi izvadi na prav pat zdravi i zivi.

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Ангела
10.8.2009 14:37:56   
mimicka
Ako ova e vistina togas stvarno na coveckata zloba i pokvarenost nema kraj. Toa e tolku monstruozno. Jadno devojce, srce malecko. Mnogu se voznemiriv. Da molime Boga da ne e vistina i da ja najdat sto pobrzo zdrava i ziva.

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Ангела
11.8.2009 16:07:19   
Julie1
http://myplay.com/videos/soul-asylum/runaway-train?locale=US

Вратете ја Ангела...

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот mimicka)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Ангела
14.12.2009 14:23:02   
mother 29
добро бре луге ,знае некој нешто ?!толку изгледа беше,секое чудо за три дена!?ја заборавија,од кога немало нешто на тв за Ангела?!
гледал некој нешто?

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Ангела
14.12.2009 14:42:11   
mami
како и сите други работи..актуелно додека не го засенат другите..нема ништо, последно беше за први септември колку се сеќавам, дека требало да тргне на школо и толку...како можеа да дозволат едно мало девјче да им пропадне во земја..а и не е само таа, уште колку има што не ги спомнале...

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Ангела
1.2.2010 23:00:14   
mis.
  user posted image Пронајдени делови од човечко тело во мариовско


user posted image 01.02.2010 14:29 user posted image Ангела Ѓорѓиеска
Делови од човечко тело синоќа се пронајдени во близина на селото Пештани во Мариово. Трупот го пронашол ловџија од селото Селце кој потоа настанот веднаш го пријавил во полиција во Прилеп.
Денеска екипи на крим техника, судска медицина и истражен судија го пребаруваа целиот терен. Од полицијата поради истрагата и осетливоста на случајот не сакаа да шпекулираат за возраста на трупот, но неофицијално се дознава дека станува збор за детски коски. Инаку селото Пештани се наоѓа на само 4 км. од селото Дуње, каде лани во јули исчезна 6-годишната Ангела Ѓорѓиеска. Директорот на бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, изјави дека освен трупот, кој е пронајден на непристапен планински терен, се пронајдени и делови од облека кои ќе се споредуваат дали се исти со облеката која Ангела ја носела на денот кога исчезна и дека најверојатно идентитетот на трупот и како настанала смртта ќе се знае утре кога ќе се направи ДНК анализа. „Пронајдени се некои делови од облека, сега треба сето тоа да го споредиме со тогашните изјави кои беа давани кога исчезна девојчето, а пронајдени се и делови од коса кои се добар материјал за вештачење и за ДНК анализа", изјави Љупчо Тодоровски, Директор на биро за јавна безбедност.Според Тодороски до денес во Мариово и Прилепско освен Ангела не е пријавен друг случај на исчезнување. Ниту жителите на Пештани денеска не знаеја за што станува збор, ниту пак виделе нешто сомнително.„Незнам за што се работи, јас прашував од полицијата ми рекоа дека доаѓале за несреќата што се случи со малото дете", вели Петре Ангелевски, жител на село Пештани.Инаку трагите на Ангела тогаш се губеа кај селската црква. Иако цело Мариово беше пребарано дури и со хеликоптер, а беше распишана и меѓународна потерница до денес нема ниту трага, ни глас од малата Ангела.

< Поракaта ја уредил mis. -- 1.2.2010 23:01:13 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Ангела
1.2.2010 23:02:55   
Enika
Страшно...страшнооооооооuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Ангела
2.2.2010 8:54:20   
ripce
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?