|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Безбеден дом за вашето дете
6.9.2010 23:01:39   
Snowhite RR
Безбеден дом за вашето дете

На малите деца тешко може да им се објасни дека не треба да ги ставаат прстите во штекерот, да не си играат со запалката, да не ги гризат каблите ... За да спречите секоја можност за повреда на вашето дете, погрижете се да ги обезбедите сите места кои во домот претставуваат потенцијална опасност за малите “истражувачи”.


Бања

- Хемикалиите и лековите држете ги во пластични кутии кои децата не може сами да ги отворат. Проверете ги и фрлете ги лековите и хемикалиите штом пројде нивниот рок на траење.

- Никогаш не оставајте мало дете само во када додека се капе. Децата може да се удават и во вода која е длабока 10 cm.

- Ниеден електричен уред не треба да биде вклучен во бањата додека некој се бања.

- Пожелна е заштитна брава која ќе го спречи детето да го отвори орманчето во бањата или фиоката со ножеви во кујната.


Спална соба

- Не оставајте опасни предмети на отворените полици или наткасни.

- Детските кревети не треба да имаат метални окови.


Дневната соба

- Затворете ги штекерите и сокријте ги каблите во домот со нивно спроведување во канал за таа намена, со прилепување за подот со специјална лента или со нивно поставување зад мебелот.

- Не ги чувајте опасните предмети на дофат на децата.

- Купувајте парчиња мебел кои немаа остри рабови.

- Ако имате камин, оградете го со решетки прицврстени за ѕидот. Никогаш не сушете алишта на тие решетки.

- Покријте ги сите штекери со пластични маски, така да детето не може директно да дојде во контакт со струјата.

- Запалките и кибритот никогаш не ги држите на дофат на децата.


Претсобје

- Влезот во куќата мора да биде добро осветлен, особено ако има скали или високи прагови. Најопасни се претсобјата кои имаат мали простирки на глатките подни површини кои се лизгави. Во ваков случај тие треба да бидат прицврстени за подот.


Кујна

- Сите мали домашни апарати треба да имаат кратки кабли (по можност спирални) за да детето не се закачува во нив.

- Внимавајте садовите за готвење со рачките да не излегуваат надвор од границите на шпоретот.

- Приборот за ручање, а особено ножевите и острите предмети нека бидат ставени на место надвор од дофат на децата.

- Аларм за случај на пожар е корисна направа во домаќинството.


Прозорци

- Прозорците треба да ги обезбедите со сигурносни брави за да децата не можат сами да ги отворат. На нив може да поставите и заштитни мрежи или решетки.

- Парчињата мебел на кои децата можат да се качат не ги поставувајте веднаш под прозорецот.


Врати

- На големите стаклени површини на вратите или на плакарите залепете провидна пластична фолија. Така стаклото нема никого да повреди доколку се скрши.

- Држачите за вратата го забавуваат отворањето и затворањето на вратата, па со самото тоа ги спречуваат повредите.

- Изберете врати кои немаат остри рабови.


Мебел

- На рабовите на мебелот може да поставите пластични или гумени штитници.


Скали

- На скалите не треба да се оставаат предмети. Ако се обложени, облогата треба да биде прицврстена, а гелендерот треба да биде добро прицврстен.


Таван

- Поставете ограда околу отворот за влез во таванот, а прекинувачите поставете ги на места на кои ќе можете да го запалите светлото пред да дојдете на таванот.


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Безбеден дом за вашето дете
28.9.2010 22:06:43   
Snowhite RR
Не сум искоментирала, значи како вие го обезбедувате домот? Михаил еве почна со дубакот да шета низ цел стан и да фаќа по штекери, да ги отвора вратите од работната маса, фиоките, буричка во кантата, да фаќа во иците од двд плеерот каде што е поврзан со тв итн
Кога внукот од девер ми стаса да ги прави овие работи, дома беше се изврзано, излепено, забарикадирано со столици и фотељи, качувано на високо, навистина не ми се допаѓаше глетката, а и ние стасуваме на таа фаза и навистина не сакам и мене станот така да ми изгледа. Ако знаете некој совет, ве молам пишете. За штекерите има посебни капачиња за затворање, мислам дека и за фиоките и вратничињата од куњата има „нешто“ како држач или така нешто што кога ќе отвориш го враќа назад, ако знае некој нека објасни подобро и нека каже каде се купуваат такви работи за сигурен дом на нашите најмили, да не бидат повредени

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Безбеден дом за вашето дете
28.9.2010 22:09:43   
Snowhite RR
Значи сите тие работи ги прави со дубакот, а тек кога ќе почне да оди ехехее, ќе биде веселоuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Безбеден дом за вашето дете
28.9.2010 22:22:06   
lukas
lele snowhite so me ceka nabrzo i mene znaci a?nie sme 7 meseci sega zasega samo go trga carsafot ,ednas prevrti kikiri od masa taka,sreka ne mu padna na dubak da lapni...uf uf doprva ke ima trckaranje,hihiihihih,ke oslabam,bez dieta..user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Безбеден дом за вашето дете
28.9.2010 23:11:41   
mama26
i kaj mene ne izgledase bas naj naj ama morav taka radi bezbednosta na deteto.u sekoj slucaj treba nekoj da vnimava na nego celo vreme....iako nie mislime e bezbedno sekogas mozat da najdat nacin kako da ne iznenadat...

_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Безбеден дом за вашето дете
28.9.2010 23:17:37   
Felly RR
Исто и кај нас, ние обезбедуваме со столици, табуретки......

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

фаќа по штекери, да ги отвора вратите од работната маса, фиоките, буричка во кантата, да фаќа во жиците од двд плеерот каде што е поврзан со тв (на МАтеа и беше тоа најомилено, ама  ги извадовме жиците, па ги заборави) итн



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Безбеден дом за вашето дете
29.9.2010 11:55:09   
blue_blue
Snowhite се тоа што си навела се купува во NUK, Ciccho, Mothercare и во Jumbo во Солун имаше, овде не сум видела, ама сигурно ќе донесат. Има и за штекери и за вратички да ги затвориш (оние што се две вратички од шкавче), има и за фиоки, има и за ивици од маси, комоди гуми што се лепат. Не се баш евтина инвестиција, ама се многу корисна. Инаку од што имам читано за детска психологија, психолози велат дека на детето не треба да му се вика не, не таум, не тоа, не ова зошто тоа не разликува што е тоа не, за него вашата реакција е само - со ова го привлеков вниманието на мама/тато значи пак ако направам вака, пак ќе ми обрнат внимание. Велат да ги игнорирате, или ако стане опасно по живот да ги тргнете беш никакво објаснување. Кога ќе бидат од 2 години нагоре може да се почне со објаснување зошто е нешто опасно. Ќерка ми се качуваше на ептен висока комода на која ги пресоблекував како бебиња. Секогаш кога ќе се качи викаше по мене, демек мамо се каќив и рипаче горе. Иако срце ми беше во петици ја оставав и ја игнорирав, не и обрнував внимание. После 3 пати престана да се качува, сосема изгуби интерес.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Не сум искоментирала, значи како вие го обезбедувате домот? Михаил еве почна со дубакот да шета низ цел стан и да фаќа по штекери, да ги отвора вратите од работната маса, фиоките, буричка во кантата, да фаќа во иците од двд плеерот каде што е поврзан со тв итн
Кога внукот од девер ми стаса да ги прави овие работи, дома беше се изврзано, излепено, забарикадирано со столици и фотељи, качувано на високо, навистина не ми се допаѓаше глетката, а и ние стасуваме на таа фаза и навистина не сакам и мене станот така да ми изгледа. Ако знаете некој совет, ве молам пишете. За штекерите има посебни капачиња за затворање, мислам дека и за фиоките и вратничињата од куњата има „нешто“ како држач или така нешто што кога ќе отвориш го враќа назад, ако знае некој нека објасни подобро и нека каже каде се купуваат такви работи за сигурен дом на нашите најмили, да не бидат повредени

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Безбеден дом за вашето дете
29.9.2010 12:23:07   
mami2
Има доста работи во Џамбо, поефтини се отколку во Чико.
Јас како докажан параноик во однос на детската безбедност правев неколку работи:
- на масата во дневна прекривач затегнат со ластик, на ногарките замотани перничиња слични на оние за пластичните столици;
- на половина фиоки и вратички извадени рачки, ставени магнети од внатрешна страна;
- на фиоките во кујна протната пластична цевка од првата до долу;
- на прозорците ги променивме рачките со онакви што се со клуч;
- сите средства во купатило се во плакар без рачка, само со брава;
- на едно стаклено масиче залепив фолија од долна страна;

Се што може да се бутне од типот на украси, вазни, и да се повреди е кренато, јас не сакам нон-стоп да викам и да ги ограничувам децата во движење и запознавање на просторот, а и да бришам прашина од непотребни работи.

Не се грижете ако домот изгледа како во предвоена состојба, има време кога ќе биде се како во музеј.

Се ова ме чека пак за еден месец...user posted image  бебушот порасна, па ќе ги ставам тркалцата на дубакот...user posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Безбеден дом за вашето дете
30.9.2010 13:13:13   
Snowhite RR
Баш пред некој ден видов продавница на Jambo во Прилеп, па ќе појдам да видам што има
Инаку и јас мислам ако се игнорира детето побрзо ќе загуби интерес да прави така, наместо цело време да му се вика не, не, ете внук ми на пример колку повеќе му забрануваа толку повеќе одеше на истите места до ден денеска, иако има 2 години. Јас би направила вака, ако отвора во работната маса и вади работи оттаму, ќе наредам пластични чаши и садови, односно предмети со кои не може да се повреди, во фиоките исто така ќе ставам алишта и хартија, а другите работи кои не се за префаќање ќе ги ставам поназад, т.е. на недостапни места. Е сега ова ми е планот, па ќе видиме, тоа не значи дека и јас нема да го направам станот, како што вели мами2, како во предвоена состојбаuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот mami2)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Безбеден дом за вашето дете
30.9.2010 13:21:13   
anedespo
Јас немав вазни и такви ситни предмети со години, станот е супер безбеден за децава. Не ги ограничувам, нека играат слободно. Само имав проблем со ташната на свекрва ми , ја оставила на стол а внатре еден куп лекови и детево лапало дијазапами, среќа што веднаш видовме па на чистење во болница. Ако ти пазиш другите не пазат. Масите ми беа сите со кебе фрлено одозгора да не ги исчукаат главите од ивиците, а во се што е во кујна на нивни дофат нема ништо опасно. Се е горе. 

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Безбеден дом за вашето дете
30.9.2010 19:10:59   
elle
Страшно е ова што го прочитав со дијазепамот. Во право си ако ние пазиме а другите не пазат џабе е, јас имам проблем со оние црните шноли расеани се низ куќата во секој кош јас не ги користам но не живееме сами колку и да ги собирам,user posted image кога почна да лази туку ќе најде некоја и се се плашам да не ја стави во уста или било како лесно може да се повреди со нив но само Господ нека ја чуваuser posted image

_____________________________

Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Безбеден дом за вашето дете
1.10.2010 14:19:28   
Martins mom
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Баш пред некој ден видов продавница на Jambo во Прилеп


Малце надвор сум од темата, ама има Џамбо во Прилепuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Безбеден дом за вашето дете
1.10.2010 14:44:44   
Snowhite RR
Викендов имавме гости од Скопје и таа, гостинкава прочита на едно место Џамбо, и баш ме праша имате Џамбо продавница? Јас реков не знам, слабо излегувам и прв пат ја гледам, па планирам да проверам деновиве, таа рече според знакот, логото, таа е продавницата

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Безбеден дом за вашето дете
1.10.2010 14:54:58   
Martins mom
Оооо...ај осигурај се дали е вистина Џамбо и информирај ме, па ќе ве посетамuser posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Безбеден дом за вашето дете
1.10.2010 19:49:04   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

Оооо...ај осигурај се дали е вистина Џамбо и информирај ме, па ќе ве посетамuser posted image


no problem

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Безбеден дом за вашето дете
28.1.2011 16:50:09   
Felly RR
Ние собата цела ја преорганизиравме, за да биде побезбедна, ама сега нешто друго ме мачи, како го обезбедувавте креветчето кога вашето дете почна само да станува?
Што да направам за да не може да се преврти од креветче кога ќе се разбуди од спиење? Зошто некогаш може сум во друга соба, и нема да ја видам дека се разбудила, а сама си станува, и се држи за оградата, и ако се наведни може многу лесно да паднеuser posted image



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Безбеден дом за вашето дете
28.1.2011 17:32:05   
penelopa
Фели јас мислам да и го спуштите креветчето на најниско ниво така нема да може да се преврти или да падне.

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Безбеден дом за вашето дете
29.1.2011 9:17:34   
Felly RR
Е убаво ќе беше да се спушташе, ама не се спуштаuser posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Безбеден дом за вашето дете
29.1.2011 12:18:35   
Twins
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly
како го обезбедувавте креветчето кога вашето дете почна само да станува?


Felly jas go imav ovoj problem i prasuvav na poveke forumi megjutoa nikoj ne mi dade konkretno resenie pa sama eve na ovoj nacin go resiv, ne e nekoe resenie ama kolku tolku pomaga.


< Поракaта ја уредил Twins -- 29.1.2011 12:19:34 >

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Безбеден дом за вашето дете
29.1.2011 17:53:57   
Snowhite RR
И Михаил почна кога ќе се разбуди да станува в креветче, си стои за сега се држи му е интересно, фрла долу се што ќе најде во креветчето, ама ми е страв да го оставам сам, да не се наведни преку креветче да падни, така да скоро и да не го оставам сам. 

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Twins)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Безбеден дом за вашето дете
29.1.2011 18:07:09   
mami2
Нашето креветче е дрвено и кога ја надминавме фазата „душече најдоле а оградата крената“ ја извадивме страницата која се крева-спушта. По мерка направивме даска која ја прицврстивме на постоечките дупки за нивелација на висината на душекот. Даската беше широка околу 10 см, доволно да штити да не падне при спиење, а кога ќе се разбудеше следеше учење на безбедно префрлање преку даската и спуштање долу на под. Ова му се виде интересно и брзо совлада

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Безбеден дом за вашето дете
6.7.2011 0:45:26   
nadica
надица сеуште спие во бебешко креветче на кое сама се качува и се симнува преку ограда бидејќи била голема user posted image  ама сакам или да и ја извадам оградата или да ја преместам во друг кревет
како да ја осигурам дeка нема да падне?user posted image

< Поракaта ја уредил nadica -- 6.7.2011 0:46:50 >


_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот mami2)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Безбеден дом за вашето дете
6.7.2011 8:48:38   
anedespo
Jas toa go resiv na nacin sto ja izvadiv ednata stranica od krevetot i go zalepiv do spalnata. Taka da ako saka da se simne odi preku spalnata, a ne se prefrla preku. A i polesno mi e za kontrola navecer.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Безбеден дом за вашето дете
6.7.2011 9:02:32   
Felly RR
Надица, има еве и вакви огради за во големо креветче ако спие
user posted image Ама па според мене се многу скапи.
Сепак може да импровизираш нешто слично.



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Безбеден дом за вашето дете
6.7.2011 9:53:29   
Џесика
Надица, јас Борјан веќе неколку месеци го префрлив во голем кревет, 90-200 цм, и од едната страна ми е залепен за ѕид, а од другата страна му ја ставив комодата со негови алишта, а на самиот кревет го заградив со онаква перница за доење, ко потковица што е. Насекаде одоколу имам милион перничиња мали, големи, и ниеднаш не паднал до сеа. Оваа ограда од Фели е супер, ама не ми е таков креветот, немам на што да ја натакнам.


_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?