|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Биохемиска бременост
13.10.2011 12:29:31   
dafne1
moze li nekoj da mi kaze nesto za biohemiska bremenost ili kade moze da procitam dali jas spagam vo taa grupa bidejki B-HCG mi e na 16 den 46 i neznam sto da pravam dali nekoj e imal takov slucaj da me posovetuva bidejki i ne mi dovaga menstruacija do koga ke ja pokazuva taa vrednost

< Поракaта ја уредил Тања РР -- 13.10.2011 23:07:26 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Биохемиска бременост
13.10.2011 17:46:01   
pinokio2010
Za dva dena treba povtorno da proveris b-hcg da vidis dali raste, dokolku pravilno se duplira, znaci vo tvojot slucaj nekade 80-90 toa znaci deka implantacijata nastanala pokasno no se e vo red. Dokolku vrednosta e opadnata e poniska od 46 togas toa znaci biohemiska bremenost, doktorot ke ti ja ukine terapijata i ke cekas da dobies. Biohemiska bremenost znaci deka bremenosta moze da se potvrdi samo preku krv a na UZV ne moze da se vidi plod.

< Поракaта ја уредил Тања РР -- 13.10.2011 23:07:50 >


_____________________________

4 x IUI =0
1.ICSI (02/2011) -:(
2.ICSI (07/2011) -:(
3.ICSI prir.ciklus + FET - :(

(Одговор на членот dafne1)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Биохемиска бременост
13.2.2014 14:02:17   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Инаку, му ги објаснив сите симптоми на докторот, ме прегледа и според тоа што го виде на ехо, најверојатно се случила биохемиска бременост....... Колку е да е безврска што не се задржа, и покрај терапијата за поддршка, исто толку е и добар знак дека сепак, ете нешто се случило меѓу нас, сме се поврзале......




ИЗВОРНА ПОРАКА: butterfly1

da ve prasam jas za biohemiska bremenost citam tuka ste ja imale, kako se primetuva ? mene mnogu mu e strav zato sto jas sum RH negativen faktor , a soprugot RH pozitiven i neli nie so rh negativen mora posle sekoj poragaj ili nedaj boze ( spontan, vonmatericna bremenost) da primime inekcija партобулин li se vikase vazi li ova za biohemiska au cela sum vo paniki sea user posted image



_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот pinokio2010)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Биохемиска бременост
13.2.2014 14:19:19   
LoveableMe RR
butterfly.1, еве да ти одговорам:

Биохемиска бременост е термин кој се користи во ситуации кога бременоста ќе се потврди само во лабораторија најчесто преку крв и не може да се потврди на ехо, бидејќи се случува 4-5 недела од последното добивање на менструација. Она што се случува е дека доаѓа до оплодување на јајце клетката, но таа не успева да се имплантира во матката и се исфрла од организмот наредната менструација. Пред да се добие мензис, кој обично доцни во тие случаи, почнува да се лачи хормонот Бета hCG, но тоа е многу ниско и доколку продолжи да се следи, ќе се види дека тоа полека опаѓа за на крај ембрионот целосно да се исфрли. Како причини се сметаат хромозомски пореметувања на плодот, кои организмот ги препознава како проблем и ги отфрла во рана фаза. Може имунолошкиот систем да го препознава плодот како грешка или страно тело и да го исфрли. Исто може да настане како резултат на генетско -имунолошки мутации, кои се решаваат со терапија (аспирин, Б комплекс, а подоцна за наредна бременост со инекции Clexane). Друга причина може да биде бактеријата кламидија.

Она што е интересно е дека доколку не се направи тест преку крв, не може да се знае дали жената била бремена или не. Затоа се смета дека кај многу жени се случува ваква бременост, но поради добивање на менструација/или крварење потоа, не се ни свесни дека имале биохемиска бременост. Задоцнетото крварење всушност значи дека на некој начин настанал абортус. Она што може да се препознае дали имало биохемиска бременост се јаки грчеви, обилно крварење со парчиња крв.

Охрабрувачки податок е според направените истражувања дека 54% од пациентките кои имале биохемиска бременост редовно или при вештачко оплодување, полесно затруднеле следниот пат, за разлика од 46% кои не затруднеле воопшто.

Јас имав биохемиска бременост при моето ИВФ, па ме натераа да правам генетско имунолошки испитувања и се откри дека има блага генетска мутација кај двајцата и затоа се случило тоа. Можеш да прочиташ во Генетски испитувања, позз

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 13.2.2014 14:30:37 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Биохемиска бременост
13.2.2014 14:22:40   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

BUtterfly1 не се грижи однапред душичке. Кај биохемиската бременост обично не се формира плодот, нема поврзување со крвотокот на мајката за да има антитела. Инаку инекцијата се вика Рогам.


butterfly.1, во однос на инекциите кои прашуваше, имаме тема Рогам инекции. Позз

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 13.2.2014 14:32:21 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Биохемиска бременост
13.2.2014 15:42:15   
Hopeful RR
Во однос на симптомите - јас имав благи грчеви во матка и јајници две недели претходно, дента пред да добијам, ептен болеше и кога протече, почнаа огромни болки, сосема различни од менструални - многу посилни, остри, како со нож и не се смируваа. Следниот ден не можев ни на работа да отидам, и некаде околу пладне, кога бев во тоалет, осетив како излезе нешто од мене (инаку, редовно имам парчиња и партали, но ова го осетив малку поразлично), не видов како изгледа, и после тоа болките се сменија комплетно - станаа тапи и брановидни, како што ми се редовни при циклус. После, на ехо, докторот виде остаток што личи дека имало нешто, не ми кажа дали е гестациска кеса или како и да се вика тоа, но дека секако упатува на тоа.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Биохемиска бременост
13.2.2014 16:22:35   
LoveableMe RR
Истите симптоми и се што опиша скоро исто кај мене Hopeful, само што јас дали поради ИВФ, кај мене испадна покрај парчиња крв и две парчиња бело со обвивка, иако мали, мислам дека беа ембрионите. Тоа е што е, одиме понатаму...

Ги замолувам другите Рингерајки со слично искуство да споделат овде со нас, можеби ќе си помогнеме на тој начин.user posted image

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 13.2.2014 16:23:02 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Биохемиска бременост
13.2.2014 16:46:42   
Hopeful RR
LoveableMe мила, сигурно тоа биле ембрионите. Во Систина ми рекоа дека нудат можност доколку се земе и донесе таквиот ембрион што поскоро, да го пратат во Ману на генетски анализи за да знаат дали имало грешка во генетската рекомбинација, или некаков друг генетски проблем.

Јас имам подвоени чувства за тоа што се случи - од една страна, почнав да се преиспитувам да не сум го предизвикала со нешто самата јас, па си враќам филм наназад што правев и не правев, но одма престанав со самообвинување, бидејќи не само што бидна и помина, туку и докторот мисли дека не е до мене, сепак имав терапија за поддршка. Од друга страна пак, си викам ете, барем имаме некаков помак, некакво поместување од нулта точка, утеха ми е дека сепак е чекор нанапред user posted image

Можеби се фаќам за сламка, но прилично оптимистично го доживувам ова, и сознанието дека се случило ми помага и полесно да се справам со последната неуспешна инсеминација, и поенергично да се спремам за првото IVF, со надеж за повеќе среќа следниот пат.
user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Биохемиска бременост
13.2.2014 16:52:07   
butterfly1
user posted image ајде наредниот пат ке нема вакви работи ке искочат бебенца али после 9 месеци user posted image user posted image
јас од ова што читав сфатив дека ипак се рачуна за бременост и треба да се прими рогам? user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Биохемиска бременост
13.2.2014 18:27:04   
Kvisko
Не мора нуѓно да се прими Рогам. Зависи кога прекинала бииохемиската бременост. Обично таквите бремености ен формираат плацента па нема многу допир со крвотокот на мајката за да се создадат антитела. Си отпаѓа ембриното, не се прикачува или пак воопшто не се создава ембрион.
Не е биохемиска бременост исто што и спонтан абортус. При спонтаниот веќе има воспоставено крвна врска и тоа е друго.

(Одговор на членот butterfly1)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Биохемиска бременост
18.4.2014 12:46:12   
kapina
a sto  koga ke se vide gestaciska vrekicka na eho dali toa e biohemiska bremenost ili spontan abortus kaj mene bese taka se vide gestaciska vrekicka i pocnav da krvaram ginekologot sto me primi na oddelenieto koga pocnav da krvaram mi kaza oti e ran spontan abortus no jas sepak ne sum sigurna sto e bilo 

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Биохемиска бременост
9.1.2016 10:16:29   
delvi
Zdravo...jas imam praveno 3 inseminacii od koi dve zavrsija so biohemiska bremenost...i koga go prasav doktorot za dopolnitelni ispituvanja i od sto nastanuva toa neznaese da mi kaze ili nesakase neznam ....i samo me predlozi za in vitro...a kakvi genetski ispituvanja da napravam i kade moze..na privatno dali moze...

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Биохемиска бременост
9.1.2016 12:09:44   
LoveableMe RR
Delvi, ТУКА ќе најдеш повеќе инфо за генетско-имунолошките испитувања, но најпрво види се со доктор за ИВФ.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот delvi)
Непосредна врска до пораките: 13
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?