|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Возраста како фактор за зачнување
11.5.2010 12:32:58   
Палешка РР
Возраста е значаен фактор кој дирекно делува на способноста за зачнување. Најзначајниот пад на плодноста кај жената се случува во периодот пред и по четириесеттата година од животот. Кај жените од 35 до 39 годишна возраст веројатноста за зачнување е два пати помала во однос на оние на возраст од 19 до 26 години.   Вкупната шанса за зачнување кај жените на возраст од 35 – 39 е 60% во првата година и 85% во текот на две години. Од ова произлегува дека иако намалена, сепак постои значајна веројатност за забременување и по 35-тата година од животот. Утврдено е дека возраста делува и на способноста за зачнување кај асистираната репродукција. Поновите истражувања и кај мажите покажуваат намалување на плодноста со стареењето. Со возраста се зголемува и веројатноста за хромозомски и други дефекти на јајцеклетките и сперматозоидите, што понатаму може да резултира со пореметување во ембрионалниот развој и вродени малформации кај новороденчето.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 26.6.2014 16:37:57 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Возраста како фактор за спонтана концепција
11.5.2010 12:35:07   
Палешка РР
Способноста за забременување меѓутоа во голема мерка зависи и од возраста на пациентката. Споменатата месечна веројатност за забременување (20 - 25%) е помала кај постарите во однос на помладите жени. За да забременат 95% од нив потребен е подолг период од една година. Од друга страна како што минува времето, нивната способност за забременување и понатаму се намалува. Поради тоа, не е мудро кај повозрасните пациентки да се советува чекање, со тоа нивната веројатност да забременат само се намалува. Кај нив лекувањето треба порано да започне. Многу специјалисти сметаат дека брачните парови на возраст од 37 или повеќе години, наместо да чекаат една година, испитувањата за брачна неплодност треба да ги започнат после 6 месеци.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Возраста како фактор за зачнување
26.6.2014 13:46:11   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

Девојки јас од статијата објавена на Рингераја си заклучив дека ете јас ќе си живеам до 100 години кај и да е. Убаво си пишуваше оние што родиле после 33 години имаат поголеми шанси да живеат 95 години. Јас си заклучив сега си имам 33 значи кај и да е ќе родам со навршени 34 и полус за сите маки што сум се мачела да стигнам до тоа бебе таман 100 ќе фатамuser posted image user posted image user posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Kvisko, таман ќе се дружиме до 101 ако треба user posted image Јас само што наполнив 34, и најрано би имала бебе на 34, а веројатно на 35, така што ептен влегувам во друштвото на бабите user posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

E steta jas imams amo 29 god, mene ne me faka paragraphot..




_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Возраста како фактор за зачнување
26.6.2014 13:48:23   
LoveableMe RR
E па ајде да ја размрдаме темава, дали возраста делува на забременувањето или не? Има доста девојки то се под 30 години и имаат проблем, а има и девојки кои се над 35 па спонтано зачнале? Што мислите?

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Возраста како фактор за зачнување
26.6.2014 15:15:31   
Kvisko
Не знам искрено дали влијае или не. СИте укажуваат дека по 40 драстично опаѓа плодноста ама јас баш знам жени што после 40 родиле не едно туку две деца. Овие истражувања се базираат на статистика и не мора да значи ништо за одредена индивидуа.
За мене лично биолошки би ги имала истите проблеми и на 16 да пробав да останам бремена. Пак ќе си имав септум и полицистични јајници кои ќе ми правеа проблем. Мене сега возраста ми прави малку психолошки притисок од апсект дека ете ми поминува времето залудно и дека ми се одбројани годините до кога ќе можам да имам биолошки мое дете (зашто секако ќе си имам јас дете дали биолошки мое или посвоено).

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Возраста како фактор за зачнување
26.6.2014 15:21:37   
Hopeful RR
Уф, јас не знам што да мислам. Оваријална резерва знае да биде проблем и кај многу млади девојки, исто така и хормони, инфекции, цисти... имам другарка што на 23-4 години и извадија скоро цел јајник заради ендометриозна циста...

Реално, мислам дека зачнувањето е толку рандом, што нема врска возраста. За жал, гледам дека неплодност е чест проблем и кај многу млади девојки, а и обратно, баш како што напиша LoveableMe, има многу постари девојки/жени кои зачнале без проблем. Мајка ми, на пример, ме зачнала и родила без проблем, и тоа на нејзини 37 години. Се надевам дека нема да мора да чекам и јас до тогаш, да продолжам по нејзини стапки user posted image

Мислам дека најголемата фрка е тоа што штом наполниме 30, ни одбројува саатот - друго е ако сето ова го правевме 7-8 години порано, ќе имавме повеќе фора и за чекање, и за утки, и за грешки. Сега некако се осеќам како да ми се подзатвора прозорот, па сме и понапнати. Но, тоа е, нема откажување user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Возраста како фактор за зачнување
26.6.2014 15:25:15   
Kvisko
Е баш така. Чувтстувавм дека сум на броено време. Да почнев порано ќе имав повеќе време за талкање, трагањел, барање. Сега чувстувам дека секоја минута е скапоцена. Ама тоа нема врска со биолошката можност за зачнување.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Возраста како фактор за зачнување
26.6.2014 15:33:54   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

Е баш така. Чувтстувавм дека сум на броено време. Да почнев порано ќе имав повеќе време за талкање, трагањел, барање. Сега чувстувам дека секоја минута е скапоцена. Ама тоа нема врска со биолошката можност за зачнување.


Сите така се чувствуваме Квиско, Хопефул и сите на нашиот форум за проблеми со забременувaње....и јас понекогаш си мислам требаше порано, требаше ова, требаше она... ама пак не сум паметна, еве во мојата фамилија е позната по тоа што дете се зачнува и раѓа во секунда, без никакви проблеми со генерации уназад, а јас не сум во таа група...што да правиме, кога повеќе години се обидуваш времето поминува, годините минуваат, а стресот се зголемува од исчекување и тогаш уште потешко доаѓа до зачнување...медицинава има многу решенија и билкиве, храната, па нешто од сето тоа ќе упалиuser posted image

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 26.6.2014 15:34:18 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Возраста како фактор за зачнување
7.7.2014 10:25:19   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Minatata godina na utresen den mene mi vadea jajcekletki neznam dali vi se ima sluceno da vi doagaat nekoi negativni misli mene toa mi se slucuva ovie denovi kako odminuva vremeto se poveke me faka strav oti veke imam29 godini


ИЗВОРНА ПОРАКА: butterfly1

lele kapina pa sto se 29 godini ti se molam user posted image na taa vozrast ne ni pomisluvaat za mazenje epten si mlada ne si uvrtuvaj ajde user posted image ajde samo pozitivni misli user posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

meznam toa nesto mi go napravi taka da mislam edna koleska vika ke vides vika so godinite se potesko ke ti bide oti nemas deca toa si mislam oti mi go kaza oti i ona nema a e veke 50 godini i koga i kazav oti gi spremiv dokumentite pak kako da i bese krivo ne mi rece nisto no nekogas pogledot kazuva se



_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Возраста како фактор за зачнување
7.7.2014 10:28:28   
LoveableMe RR
Капина и јас ти се чудам, знам дека многу години имате поминато се и сешто и дека ти е тешко што уште немате деца, но 29 години не се проблем и имате многу време за забременуавње. До 42-43 години со разни современи методи може да се оствари бременост кај жената, така што не се обесхрабрувај, имаш уште многу години дотогаш.

Таа возраст која ја имаш не е проблем за забременуавње, ќе се среди, само треба да не се откажувате од обидите. Среќно!

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Возраста како фактор за зачнување
7.7.2014 11:07:42   
Hopeful RR
Kapina, морам да ти кажам неколку работи.

Прво, твојата возраст е навистина најмал проблем, и иако викаш дека со години пробувате, тоа не значи дека веќе готово, немаш време. Јас на 29 години бев во тазе врска и не ни мислев на брак user posted image Плус, подолго време си на РР и сигурно знаеш дека твоите години воопшто не се многу - да не треба во средно да раѓаме?!

Второ, те молам внимавај со муабетите од типот "веќе имам 29 години, касно е" тука на форумот, бидејќи голем дел од нас имаат бааги над 29, и потруди се да замислиш како тоа влијае на нас. Ако ти со 29 години немаш време, што да кажеме ние?! Да паднеме во депресија ли? user posted image Тука сме за да си даваме поддршка и да се охрабруваме меѓу себе, а не да се демотивираме и да се чувствуваме обвинето.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Возраста како фактор за зачнување
13.7.2014 13:56:31   
Lilja Maria
Девојки да ви дадам чисто мој пример.Јас сум 24 години веќе 4 години мажена и додека бев на факултет пробувавме да забременам,имав еден спонтан и еве веќе подолго време 3 години никако не бива,значи имам само 24 години.Золва ми од прва забремени на 37 годдини без проблеми без глупости,сопругот нејзин има 48 години,Затоа неможеме да речеме дека да годините се проблем и тоа голем,точно дека се кај секоја жена има репродуктивно време но незначи дека после 30 иили 35 неможе да се забремени.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Возраста како фактор за зачнување
13.7.2014 17:16:36   
kapina
A inaku imam nekolku primeri sto rodija nad 35 godini koja so IVF koja prirodno ostana bremena zboram za prvo dete kaj nas sega se e ok I ima nadez I za priroden pat.

A I sega vo ovoj period mnogu sum srekna sto ke ucam grcki potocno ke go doucuvam I ke rabotam kako preveduvac I ke nemam vreme za toa da mislam

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 15.7.2014 8:33:51 >

(Одговор на членот Lilja Maria)
Непосредна врска до пораките: 13
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?