|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Да помогнеме!
24.12.2010 22:30:05   
mila mama
Темата е за да помогнеме на сите оние деца кои имаат потреба од нашата помош, морална и финансиска, со цел да го зачуваат или подобрат своето здравје.

Апелирам на вашата хуманост!

_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Да помогнеме!
25.12.2010 0:00:52   
nadica
ИЗВОРНА ПОРАКА:  Nadezna
Темата ја отворам, се надевам на вистинско место.
Нека биде тука за да помогнеме на сите оние деца кои имаат потреба од нашата помош, материјална и финансиска, со цел да го зачуваат или подобрат своето здравје.
Апелирам на вашата хуманост!


ИЗВОРНА ПОРАКА:  Nadezna
Потребна е помош  за лекување на Јован Ангелов од Скопје (деветмесечно бебе) за лекување во Националната кардиолошка болница во Софија, Бугарија, на 19.12. 2010 година. Потребни се 12.000 евра.  ЈОВАН АНГЕЛОВ
Трансакциска сметка: 210-700000591933
депонент: НЛБ-ТУТУНСКА БАНКА, Скопје

ИЗВОРНА ПОРАКА:  Nadezna
Јовица  Блажевски е 23-годишен млад  човек, кој е инвалид со  дијагноза – церебрална парализа , diplegia spastica (повреда на малиот  мозок за рамнотежа, како што би кажале медицинска грешка, превисока  температура во инкубатор), но се уште е полн со ентузијазам дека може да  му се помогне во оздравувањето. После 23-годишна макотрпна и тешка борба на семејството Блажевски,  тој доби лекување (пресадување на матични клетки) во Москва, Русија во  болницата NeuroVita – Клиника за Интервентна и Ресторативна Неурологија и  терапија, кое ќе се случува во декември 2010. Ова е  засега  единствена шанса и надеж на неговото семејство. Договорот е со печат и потпис од Клиниката во Русија, се уште не е  потпишан од  страна на Јовица, бидејќи во моментот на потпишување треба  да се платат 21.000 евра на трансакциска сметка во банката. Тие се уште  ги немаат собрано паричните средства и затоа не можат да добијат  профактура со целокупниот износ на сумата на пари за лекувањето како и  конкретниот датум. Доколку не се плати до декември, термин се одложува  за непознат временски период. Според правилата на Фондот за Здравство на РМ, овој третман на  пресадување матични клетки спаѓа во гранка  на медицината која не е  класична операција, па затоа за  жал, не може да покрие и помогне  ваков  тип на лекување ниту со 10%  како резултат на што и одделот на  Неурологија не издава лекарско конзилијарно мислење за испраќање на  лекување во странство. Тоа значи дека семејството треба приватно да се обврзе да го плати  ова лекување или да се откаже од него. За нив сумата е недостижна, ниту  остварлива, затоа што работи само таткото со 10.000 денари месечни  примања, кои не се доволни ниту за скромен живот на три деца, 2-ца  студенти, мајката мора да се грижи за Јовица, така што не се во можност   да го платат третманот на пресадување на матични клетки кој чини вкупно  70.000 евра, во период од  2 години зависно од дијагнозата. Достапни се  жиро сметки за донации во следниве банки: * Стопанска банка АД – Скопје: трансакциска сметка 200000207845578 Стопанска банка АД – Скопје, Донации од странство/ Foreign donations: девизна сметка МК07200002228427649 ЕU *Комерцијална банка АД – Скопје: бр.на сметка 300007071578620 *NLB Тутунска банка – Скопје: трансакциона сметка: 210-5016352013.14 NLB Тутунска банка – Скопје, Foreign export earnings instructions
IBAN Code MK07210501635201314
SWIFT TUTNMK22 За донирање преку броеви од операторите:
T – Mobile : 070 143 106 и       Vip : 077 143 706 ————

ИЗВОРНА ПОРАКА:  Nadezna
Апел за помош за Богдановски Димитар  кој е на шест годишна возраст и боледува од аутистички синдром. За  негово лекување во Р.Турција потребни се 10.000 евра. Покрај сите  залагања, родителите не се во можност да обезбедат доволно средства, па  ве замолуваме Вие хумани граѓани да донирате 100 денари со едно вртење  на следните тел: 070/143-133 и 077/143-133. ОДНАПРЕД ВИ БЛАГОДАРИ СЕМЕЈСТВО БОГДАНОВСКИ!



_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Да помогнеме!
28.12.2010 21:46:32   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: Nadezna

143121- Ирена Kaдијовска има 23 години кај неа е утврдена дијагноза фибросаркома на десната глутеална и слабинска регија или мекоткивен тумор кој бил опериран во Ноември 2009 година но за краток временски рок туморот нараснал во големина на човечка глава. За операцијата потребни се 122.000,00 МКД.Кај Ирена веќе се појавува и губење на видот како и неподвижност на рацете потребна е итна операција.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Nadezna

За корисниците на Т-мобиле


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Да помогнеме!
10.1.2011 17:55:06   
Viktori

ИЗВОРНА ПОРАКА: Nadezna

Драги Пријатели, Сакаме да Ве известиме дека ситуацијата во која се наоѓа малиот Гаврил Жежовски е премногу тешка. Тој по несреќата се здоби со изгореници во 60% од неговото тело. Потребно е во најбрз можен рок да се интервенира со неколку хирушки  интервенции во Германија. Но, за оваа интервенција потребни се 160.000 евра, плус патни трошкови. Ве молиме доколку можете да ни излезете во пресрет да се спаси овој млад живот. Вашите средства ќе можете да ги испратите на ж-сметката, во  денари, на број: трансакциска сметка 380-5-770764-001-96 во ProCredit Bank Macedonia. Господ да ве благослови ! Отец Серафим Јончевски ———– БРОЕВИ НА КОИ МОЖИТЕ ДА ДОНИРАТЕ ПО 100 ДЕНАРИ : ONE 075/143 777 и Т Mobile: 070/ 143 153



_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Да помогнеме!
18.1.2011 15:01:55   
Nadezna
‎070143144- POMOGNETE MU NA ALEKSANDAR ICKOVSKI KOJ BOLEDUVA OD RETINOPATIJA PREMATURE, OSTETUVAJNE NA VIDOT OD INKUBATORITE . NEMU VEKE MU SE NAPRAVENI 3 LASERI VO BELGRAD ZA ZAL NEUSPESNI A SLEDAT 3 OPERACII VO BELGIJA NA KOI SE NADEVAAT RODITELITE, I TOA ZA SPASUVANJE SAMO NA LEVOTO OKO

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Да помогнеме!
20.1.2011 18:26:40   
kasiopea
  А  П  Е  Л

Јас сум Александар Велески од Скопје-Македонија.
Имам 28 години, во раните детски години на возраст од 6 години ми беше дијагностицирана дијагноза –церебрална парализа. До мојата 18 годишна возраст направени се многу испитувања, процедури, многу лекарски консултации, ботокс инекции и извршени се 13 оперативни зафати,но за жал не дадоа никави подобрувања.Јас и моето семејство поминавме многу тешки психички и финансиски периоди  се со цел да се подобри мојата здравствена состојба.Како што растев се поизразена беше мускулната затегнатост што доведе до поизразени деформитети на нозете и на десната рака така што моето движење сега е ограничено.Исто така  последица од болеста се појавија и во говорот.
 Неможам со зборови да ви го опишам моето чуство кога дознав за клиниката за трансплатација на матични клетки во Русија-Неуровита, дека постои можност за мое лекување. Стапив во контакт со клиниката, ја доставивме целокупната медицинска документација и добивме одговор дека можам да бидам вклучен во програмата за терапија на матични клетки, но исто така не известија дека целокупното лекување од 1,5 до 2 години  изнесува 70.000 Евра.Но за жал моите родители финансиски се доста слаби и не се во можност да ја платат сумата,се надевам дека ке излезете во пресрет да донирате.КЛИНИКА-НЕУРОВИТА-РУСИЈАhttp://www.neurovita.ru/
 АДРЕСА ЗА ДОНИРАЊЕВашите средства може да ги донирате на подолу       наведената адреса.Име и презиме:             -    Александар Велески Трансакциска сметка      -    530500011332467 Охридска банка АД OхридХуманитарни броеви. 070 134 108 и 077 134 701 Ви благодарам за вашата хуманост.   Александар Велески

(Одговор на членот Nadezna)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Да помогнеме!
20.1.2011 18:55:53   
kasiopea
ИЗВОРНА ПОРАКА: kasiopea

А  П  Е  Л

Јас сум Александар Велески од Скопје-Македонија.
Имам 28 години, во раните детски години на возраст од 6 години ми беше дијагностицирана дијагноза –церебрална парализа. До мојата 18 годишна возраст направени се многу испитувања, процедури, многу лекарски консултации, ботокс инекции и извршени се 13 оперативни зафати,но за жал не дадоа никави подобрувања.Јас и моето семејство поминавме многу тешки психички и финансиски периоди  се со цел да се подобри мојата здравствена состојба.Како што растев се поизразена беше мускулната затегнатост што доведе до поизразени деформитети на нозете и на десната рака така што моето движење сега е ограничено.Исто така  последица од болеста се појавија и во говорот.
 Неможам со зборови да ви го опишам моето чуство кога дознав за клиниката за трансплатација на матични клетки во Русија-Неуровита, дека постои можност за мое лекување. Стапив во контакт со клиниката, ја доставивме целокупната медицинска документација и добивме одговор дека можам да бидам вклучен во програмата за терапија на матични клетки, но исто така не известија дека целокупното лекување од 1,5 до 2 години  изнесува 70.000 Евра.Но за жал моите родители финансиски се доста слаби и не се во можност да ја платат сумата,се надевам дека ке излезете во пресрет да донирате.КЛИНИКА-НЕУРОВИТА-РУСИЈАhttp://www.neurovita.ru/
 АДРЕСА ЗА ДОНИРАЊЕВашите средства може да ги донирате на подолу       наведената адреса.Име и презиме:             -    Александар Велески Трансакциска сметка      -    530500011332467 Охридска банка АД OхридХуманитарни броеви. 070 134 108 и 077 134 701 Ви благодарам за вашата хуманост.   Александар Велески


greska vo tel.broevi
077 143 701
070 143 108



(Одговор на членот kasiopea)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Да помогнеме!
23.1.2011 21:48:30   
Nadezna
Здружението ,,Македонска зора,, взаемно со родителите на Христина Николова и нивните пријатели започнува со хуманитарна кампања за собирање парични средства за потребна операција на Христина .
Христина има 11 години и боледува од ,,церебрална парализа ,,со парализи на екстремитетите . Воедно во ПЗУ ,,Филип 2 ,, е утврден оперативен зафат со кој Христина ќе може нормално да се движи ... и седи правилно . За оваа интервенција се потребни минимални средства од 1500 евра ,кои родителите не се ви можност да ги обезбедат .
Затоа ве замолуваме да донирате на следните места - Во Клубот ,,Незаборав ,, Тц Скопјанка сутерен до Пазарчето и во следните локации ( Во специјално утврдена кутија за Христина )
На жиро – сметката 380 – 4 – 659018 – 001 – 87 /Прокредит –банка за Христина Николова
И во Комерцијална банка ад Скопје Жиро –сметката 300000002923325 на Здружението ,,Македонска зора ,, со назнака за Христина Николова .
Ве замолуваме да го испратите овој апел за помош на сите ваши пријатели

(Одговор на членот kasiopea)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Да помогнеме!
26.1.2011 16:40:22   
Nadezna
070143414=Омер Сулиси
Омер е детенце кое на една годинка било на операција на срце во Бугарија, по оваа операција даден му е упат за повторна операција една година подоцна (Февруари 2011). За партиципација за операцијава треба да се уплатат 244.000 МКД кои семејството ги нема.

(Одговор на членот Nadezna)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Да помогнеме!
8.2.2011 11:28:51   
Viktori
Апел за помош на малата Надица од Велес -Сакам да гледам, сакам да читам, вели Надица Трајковска. Успеа да преживее пад од 20 метри, но остана слепа. user posted image 12 годишната Надица Трајковска од Велес видот го изгуби во септември кога помагајќи на татко и падна од стаклениот кров директно на бетонот во подрумот од зградата во која живеат. Додека девојчето да биде донесено во Ургентниот центар во Скопје 3-пати е враќано во живот. 3 недели  била во кома. Поради повредите на главата, лицето, вилицата и нозете направени и се неколку операции, но нашите лекари не можат да и го вратат видот. Со конзилијарно мислење од очната клиника Надица во понеделник треба да замине на преглед во Москва. Од таму на родителите им дале потврден одговор дека ќе се обидат детето да прогледа. -Ни викаат ако чувствува светлина може со операција да прогледа, а она вели дека осеќа светлина, вели Оливер Трајковски, татко на Надица. Само за првичните консултации и испитувања во Русија потребни се 6000 евра. Мал дел од оваа сума  е собрана со помош на донации, а 80 проценти од трошоците ќе покрие и фондот за здравство. Но понатамошното лекување, сложената операција и престојот во Русија чинат многу повеќе.  Родителите на Надица ја немаат собрано ниту првичната сума која е само за прегледот , бидејќи се невработени и  живеат од социјална помош. Сакаат нивната Надица да продолжи да живее нормално како и секое дете и апелираат за помош до сите хумани луѓе. Надица не може да оди на училиште, ниту да се дружи и игра со врсниците. Во 6-то одделение била само еден ден зошто несреќата се случи на 2 септември. -Ова е местото каде пред точно 5 месеци се случи големата несреќа кога малата Надица падна од 20 метри височина. За да може 12-годишното девојче повторно да ја види светлината на денот и нормално по 4-ти пат да продолжи нормално да живее може  да помогнете со донирање на следната  трансакциона сметка. Трансакциска сметка 200002272681571-Стопанска банка на име Надица Трајковска и на телефонот 075/143 -123 (само за корисници на ОНЕ)
виа Сител


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Nadezna)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Да помогнеме!
8.2.2011 12:15:20   
mila mama
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Апел за помош на малата Надица од Велес -Сакам да гледам, сакам да читам, вели Надица Трајковска. Успеа да преживее пад од 20 метри, но остана слепа. user posted image 12 годишната Надица Трајковска од Велес видот го изгуби во септември кога помагајќи на татко и падна од стаклениот кров директно на бетонот во подрумот од зградата во која живеат. Додека девојчето да биде донесено во Ургентниот центар во Скопје 3-пати е враќано во живот. 3 недели  била во кома. Поради повредите на главата, лицето, вилицата и нозете направени и се неколку операции, но нашите лекари не можат да и го вратат видот. Со конзилијарно мислење од очната клиника Надица во понеделник треба да замине на преглед во Москва. Од таму на родителите им дале потврден одговор дека ќе се обидат детето да прогледа. -Ни викаат ако чувствува светлина може со операција да прогледа, а она вели дека осеќа светлина, вели Оливер Трајковски, татко на Надица. Само за првичните консултации и испитувања во Русија потребни се 6000 евра. Мал дел од оваа сума  е собрана со помош на донации, а 80 проценти од трошоците ќе покрие и фондот за здравство. Но понатамошното лекување, сложената операција и престојот во Русија чинат многу повеќе.  Родителите на Надица ја немаат собрано ниту првичната сума која е само за прегледот , бидејќи се невработени и  живеат од социјална помош. Сакаат нивната Надица да продолжи да живее нормално како и секое дете и апелираат за помош до сите хумани луѓе. Надица не може да оди на училиште, ниту да се дружи и игра со врсниците. Во 6-то одделение била само еден ден зошто несреќата се случи на 2 септември. -Ова е местото каде пред точно 5 месеци се случи големата несреќа кога малата Надица падна од 20 метри височина. За да може 12-годишното девојче повторно да ја види светлината на денот и нормално по 4-ти пат да продолжи нормално да живее може  да помогнете со донирање на следната  трансакциона сметка. Трансакциска сметка 200002272681571-Стопанска банка на име Надица Трајковска и на телефонот 075/143 -123 (само за корисници на ОНЕ)
виа Сител




SWIFT CODE: stobmk2x
REUTERS DEALING CODE: SBRM
REUTERS MONITOR PAGE: SBMA


_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Да помогнеме!
25.2.2011 10:48:25   
annie
Апел за помош на малата Магдалена

Магдалена Кекеновска има само 7 месеци и тешка болест на црниот дроб. Итно и е потребна трасплантација на црн дроб во странство односно Heidelberg University Hospital во Германија. За операцијата потребни се 60.000 евра кои треба да се соберат во најскоро време бидејќи семејството не е во можност да ги собере и затоа апелира со сите Вас хумани луѓе.

НА МАГДАЛЕНА НАВИСТИНА И Е ПОТРЕБНА ВАШАТА ПОМОШ, ВЕ МОЛИМЕ ПОКАЖЕТЕ ЈА ВАШАТА ХУМАНОСТ И ДА Е ПОДАРИМЕ ЖИВОТ , ДОНИРАЈТЕ !

Донациски број од Т Мобиле мрежата -070-143 333

и жиро сметка со број : 300007016561869 и 300001000021342 Комерцијална банка

Бидете хумани!

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Да помогнеме!
26.2.2011 11:32:19   
Junona
Еве една прекрасна вест
Спасено окото на 12- годишната Надица од Велес

_____________________________

„Не стануваме попаметни од она што сме го чуле,туку од она што сме го доживеале“.

(Одговор на членот annie)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Да помогнеме!
27.2.2011 19:14:19   
mila mama
user posted image user posted image user posted image
Bravo! Mnogu, epten mi e milo! user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот Junona)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Да помогнеме!
27.2.2011 19:24:05   
Viktori
user posted image user posted image user posted image user posted image
Многу ми е мило! Алал да му е на лекарот!
И тоа на трошок на болницата! Ах што ти е исток...Луѓе со срце, а не голи профитери...

Браво за турскиот лекар!!! user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил виктори -- 27.2.2011 19:26:03 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Да помогнеме!
27.2.2011 19:30:25   
AnnaMolly RR
Богами, браво за докторот. Ете како мал несебичен гест може да спаси живот.
user posted image за докторот и user posted image за Надица.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Да помогнеме!
4.3.2011 1:09:03   
mila mama
Владимир Петровски има 27 години и боледува од Morbus Hodkin (болест на Хочкин), од 2006 година се лекува на хематологија во Скопје но без резултати. Правел детални прегледи и консултации во Израел во Hadassah Ein Karem Hospital каде му се нуди можност за целосно излекување со трансплатација на коскена срж и имуно терапија која би чинела 130.000-150.000 EUR . Семејството не е во можност да ги обезбеди па затоа апелира со сите хумани луѓе да помогнат. Тоа можете да го сторите со вртење на следниот број од мрежата на Т Мобиле и да донирате 100 денари за Владимир 070/ 143 131

_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Да помогнеме!
29.5.2012 15:16:33   
AnnaMolly RR
Малиот Филип Петровски боледува од тумор на мозокот, и мора итно да се оперира во болницата Систина. Неговото семејство не е во состојба да ја плати операцијата....Ние сме тие кои можеме да помогнеме, ајде да го сториме тоа!

143133 T-mobile

user posted image

< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 29.5.2012 15:17:08 >


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Да помогнеме!
29.5.2012 18:16:36   
kikicka
ИЗВОРНА ПОРАКА: amateuress


еве на што налетав јас вечерва, ми фати око, па решив да споделам:

Здружението на деца и младинци без родители од детските домови и дом семејства од Република Македонија „Градиме иднина- Скопје“ од денеска до 23 јуни ќе спроведе хуманитарна акција.
Акцијата се состои од собирање половен мебел и бела техника кои се наменети за опремување на 40 социјални станови во Велес, Кочани, Кавадарци, Охрид, Скопје и Струмица во кои живеат млади брачни парови, младинци без родителска грижа.
Претседателот на ова здружение Илија Јовановиќ на денешната прес-конференција ги повика сите хумани луѓе од Македонија ако имаат половен мебел и бела техника и ако се во можност да ги донираат на Здружението.
- Сите заинтересирани лица можат да се јават на телефонскиот број 077 739 393 или да остават свои податоци на мејл idnina_mk@yahoo.com. Донираните предмети за домаќинство Здружението организира ќе ги подигнува од домот на секое лице што ќе донира, рече Јовановиќ.




< Поракaта ја уредил kikicka RR -- 29.5.2012 18:17:25 >


_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Да помогнеме!
2.6.2012 7:28:57   
kikicka

ИЗВОРНА ПОРАКА: deko2009

Pomos Za Eva
EDNOMESECNATA EVA tesko dise i ima postojani napadi(nesvestica,gubenje vozduh).
Dijagnosticirana i e vrodena srcevo mana:
hipoplazija na aorta-SINDROM NA HIPOPLASTICNO LEVO SRCE
Ventricularen septalen defect
Atrijalen septalen defect
belodrobna hipertonija

NEOPHODNA i e ITNA operacija na Detskata kardioloska klinika vo Sofija-Bugarija,koja cini 13 800 evra,a potrebniot del od sumata semejstvoto ne e vo moznost da go sobere.
Za site sto sakaat da spasat eden zivot:

077/143-402 (za korisnicite na VIP)

300-0070827508-86 Комерцијална банка

200-0016518668-27 Стопанска банка

NASKORO SE OCEKUVA BROj OD T MOBILE.

ZA site dobri luge od STRANSTVO koi sakaat da doniraat istoto moze da go storat na slednata smetka:

0024580171
STOPANSKA BANKA AD SKOPJE
SWIFT:STOBMK2X

NAME AND SURNAME:DEJAN ILIEVSKI
IBAN :MK 07200002458017143 EUR
ADRESS:UL GJORCE PETROV BR 75 A
KUMANOVO 1300



_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Да помогнеме!
12.6.2012 13:22:36   
Calypso
АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА НИНА И ДАРИН

user posted image


ПОЧИТУВАНИ,

Ви се обраќаме за Ваша подршка и помош, имено на нашата ќеркичка Нина (4години) пред половина година и дијагностицираа ретко метаболно митохондријално заболување (Leigh sy. Complex IV deficiency), а од пред два месеци дознавме дека и нашето син Дарин (1година) ја има истата генетска мутација за оваа болест.
Нина е родена на 9 мај 2008 година и се развиваше нормално до 1 година, кога почна да оди во градинка и кога дојде и првата инфекција со многу висока температура и првите невролoшки симптоми на треперење на рачињата и нозете, што се повлече после некое време но не исчезна. Следната инфекција со повраќање и дехидратација и набрзо после тоа и нова инфекција со кашлица на неа и направија голема штета. Нејзиното мало тело неможеше да се држи исправено затоа што постојано се тресеше, неможеше ни да седи ниту пак да ја држи главата исправено, единствено што можеше да прави е да лежи. После оваа ситуација опоравувањето одеше многу, многу потешко но сепак Нина се справуваше со телесните проблеми и секојпат беше насмеана. Сопругот најде работа во Германија, на тој начин сакавме да имаме можност да направиме нешто повеке за Нина, од здравствен аспект но и од финансиски. За жал, пристигањето во Германија после пат кој траеше 2 дена, се претвори во пекол. Нина почна да поврака, омалакса, дишењето и стана понерегуларно и веднаш следниот ден отидовме во болница и останавме 50 дена на интензивна нега. Тука, ја добивме првично оваа страшна дијагноза, за после неколку месеци да се потврди и со генетското испитување. Нина тука беше интубирана и ставена на вештачка вентилација од самиот почеток и после 3 неуспешни екстубации и беше направена трахеостома.
За време на престојот имавме патничко осигурување кое се огради од трошоците. За овој престој во болница имаме сметка од 50 000 евра. После тие 50 дена бевме дома дури три недели и повторно поради повракање отидовме во болница (овој пат повраќањето беше како резултат на апстиненцијален синдром од Метадонот што Нина сеуште го прима како замена за долготрајната употреба на опоиди што ги примаше тие 50 дена на интезивна нега). Овој пат останавме еден месец и направивме операција за ПЕГ сонда, за исхрана со специјално формулирано млеко. Како резултат на целата оваа ситуација Нина не може да се движи воопшто, неможе да седи сама, неможе да ги движи рачињата или нозете, неможе да ја движи и да ја држи главата, неможе да зборува и да јаде, единствено што може е да не слуша и да не гледа и за среќа знаеме дека сѐ разбира.
Како што можете да прочитате ако за некое детенце една инфекција значи носе што тече или кивање и кашлање, за нас мозе да значи живот, зошто ова е прогресивна невродегенеративна болест, чија основа е метаболна – клетката не може да создаде доволно енергија за секојдневните потреби (особено е тоа изразено за време на инфекции кога на организмот му треба многу повеќе енергија) , во клетката се натрупуваат отпадни материи кои таа неможе да ги исфрли и со тек на време клетката изумира и така клетка по клетка…за оваа болест и за нас како се справуваме со оваа болест има повеќе на блогот кој почнавме да го пишуваме(http://ourlivesninaanddarinandourstory.blogspot.de/) на кој можат да се прочитаат и повеќе информации се со цел да укажеме на ова навистина ретко, ужасно и фатално заболување. За жал сеуште без лек!
Постои еден експериментален препарат , ЕПИ-743, кој што сеуште не е во продажба, но е во фаза на испитување и го примаат само 10 деца во Италија и окулу 20тина во Америка. Ние сме во контакт со г. др. Гај Милер директор на Едисон Фармацеутикал одговорен за тие студии и добивме дозвола од него да го примаме ЕПИ-743. Но сега треба да направиме услови, технички и кадровски за да го примаме тука, со оглед на тоа дека за нас секое патување е многу голем ризик.
Исцрпени сме во секој поглед, со оглед на тоа дека во моментов сопругот е на преод од едно на друго работно место и без осигурување, Ви се обраќаме Вам Почитувани, кој може, како може и колку може да ни помогне во битките, зошто ова е борба за нашите деца, за Нина и Дарин, а тоа е борба без крај.
Ви благодарам за одвоеното време да прочитате за нашата приказна, секоја добронамерна помош е добредојдена, а доколку сакате, можете да не контактирате на tanja_milenko@yahoo.com ( Тања Миленковска Димковски) и blasko_dimkovski@yahoo.com ( Блашко Димковски +491627584728)

Број на сметка : 210-5016563117.15
Tanja Milenkovska Dimkovski
За донации од странство:
IBAN: МК07210501656311715
SWIFT: TUTNMK22
NLB Tutunska Banka AD Skopje
Vodnjanska 1
Makedonija

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Да помогнеме!
25.6.2013 0:36:03   
AnnaMolly RR
На Ивона Басиќ од Охрид, која моментално се наоѓа на државната клиника за хематологија и се лекува од леукемија, итно и е потребна крв од групата 0+(нулта позитив).

Се молат сите хумани граѓани да се јават во државна клиника или на телефонот: 071 392 447.

АКО НЕКОЈ Е 0+ ВЕДНААААААШ НЕКА СЕ ЈАВИ!

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Calypso)
Непосредна врска до пораките: 22
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

телефони
misticia

дали имате стари мобилни телефони по дома од други мрежи или расипани апарати?

имам неколку (58%)

имам еден (20%)

немам и не сум имал/а (8%)

немам зошто ги фрлив (13%)


Број на сите гласови: 118

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!