|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Дислексија
4.1.2010 14:11:42   
pacuvce
Еве една нова тема,за која повеќе прочитав деновиве,откако разговарав со една пријателка на мојата сестра,чија ќерка се бори со дислексијата...


ДИСЛЕКСИЈА-Синдром зад кој често се кријат вистински мали генијалци...


Насловот на текстот не е без основа-Алберт Ајнштајн,Томас Алва Едисон,Леонардо Да Винчи,Пабло Пикасо,Волт Дизни,Агата Кристи,Џон Ленон и многу други значајни личности имале дислексија,што само потврдува дека поради дислексијата научиле да развијат поинаков стил на размислување и визуелизација,а со своите способности се истакнале и запишале помеѓу великаните.

Синдромот на специфични јазични потешкотии попознат како дислексија,кај нас е сеуште недоволно познат и недоволно прифатен,на штета на многу деца кои мораат да се носат со оваа потешкотија.Родителите,наставниците, воспитувачи и сл.,поради недоволна запознаеност со оваа проблематика можат лошо да влијаат врз децата и притоа дополнително да им го отежнат нивното растење.Според многу истражувања утврдено е дека дислексијата е попристуна кај машките деца и децата кои пишуваат со лева рака.

Дислексијата се јавува во најраното детство и вообичаено се открива во првите школски денови,кога детето ќе почне да ги совладува техниките на читање и пишување.Децата со дислексија се просечно или натпросечно интелегентни,многу креативни,со посебен стил на размислување.Кај дислексијата постојат повеќе облици и нивоа,а правовременото откривање,подршката на околината и соодветната терапија можат да помогнат при справувањето со овој проблем.

Примарен проблем кај овој синдром е што родителите не можат да го препознаат.Оние родители кои слушнале или читале за овој проблем,истиот можат да го препознаат кај децата уште на предшколскат возраст,но и тогаш со сигурност не може да се тврди дека станува збор за дислексија.

Вообичаено,децата со дислексија го менуваат редоследот на буквите или слоговите при читањето,заменуваат или изоставуваат некои букви,менуваат,додаваат или изоставуваат одредени зборови. Ракописот кај овие деца е често неуреден и неразбирлив,често доаѓа до изоставување на поедини букви или слогови,како и потешкотии при изразувањето на мисли при пишувањето.Децата со дислексија се често дезориентираниво времето и просторот и не мозат точно да го одредат временскиот тек на случувањата.Во зависност од обликот,односно нивото на дислексијата,детето може да ги има сите или само некој од овие симптоми.

Повеќето стручњаци се сложуваат дека основна причина за појава на дислексијата е замената на функцијата помежу левата и десната мозочна половина.Имено,за читањето и пишувањето е задолжена левата мозочна половина,која уште се нарекува и аналитичка.Кај децата со дислексија,поради доцен развој на оваа половина од мозокот,овие функции (функциите на пишување и читање) ги презема десната мозочна половина,која примарно се занимава со синтеза на информации од визуелен и аудитивен тип,така да се појавуваат потешкотии при анализа на зборовите,што всушност објаснува зошто лицата со дислексија размислуваат на визуелен начин.


< Поракaта ја уредил pacuvce -- 4.1.2010 14:13:57 >


_____________________________

Love is in the air
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Дислексија
4.1.2010 15:41:27   
Еца
Околу 42 отсто од децата во предучилишна возраст и од рана училишна возраст во земјава неправилно ги изговараат гласовите. Од нив, 5 до 7 отсто имаат дислексија и дизграфија, односно проблем со препознавањето, изговарањето на гласовите и пишувањето на буквите, вели доктор Јордан Јорданоски, лингвист од Заводот за рехабилитација на слухот, говорот и гласот во Скопје.

До тие резултати д-р Јорданоски дошол кога го истражувал говорот кај децата од 1975 до 1998 година. Тој вели дека овој процент е премногу висок во споредба со другите земји, каде што изнесува околу 17 отсто.

- Постојат многу причини за појавата и развојот на дислалијата, дислексијата и дизграфијата кај децата. Најчеста причина е што родителите, наместо да ги учат децата уште од најрана возраст да зборуваат правилно, тие ги охрабруваат да зборуваат "детски". Со тоа тие им прават лоша услуга на децата, зашто така научениот збор се меморира и зајакнува во психата на детето, а тоа понатаму се рефлектира и во пишувањето, со што проблемот станува уште посериозен. И средината во која расте детето, другарчињата, говорот на "улицата" може да биде причина за неправилно зборување. На почетокот тоа и не изгледа како проблем, но подоцна, во градинката, може да се одрази во комуникацијата со другите деца, што може да предизвика психосоцијални проблеми - вели доктор Јорданоски и додава дека родителите треба да зборуваат правилно.

Појавата на артикулативни отстапувања од стандардните правила во изговорот на македонскиот јазик кај децата треба да се открие меѓу петтата и седмата година за да може навреме да се отстранува.

- Проблемот се надминува, но зависи од видот и од степенот на отстапувањето и од возраста на детето. Понекогаш вежбите со детето може да траат подолго време. Родителите мора да бидат присутни и да помагаат во вежбите, а детето треба да вежба и дома. Тоа е долг процес на постојано учење на правилно изговарање и пишување - вели д-р Јорданоски и додава дека скопскиот и битолскиот Завод за рехабилитација на слухот, говорот и гласот се единствените институции во кои логопедите работат со вакви случаи.

Според д-р Јорданоски и поради новиот начин на описменување што се применува од 70-тите години на минатиот век, бројот на деца со дислалија, дислексија и дизграфија во земјава се повеќе расте.

- Порано децата прво учеа правилно да ги изговараат буквите, а потоа ги поврзуваа во зборови. Сега "директно" ги учат зборовите. Со преминување на глобалниот начин на описменување се зголеми и бројот на деца со дислексија и дизграфија.

Освен во образованието, проблем со правилното изговарање има и кај телевизиските и радиоводители и новинари. Јорданоски смета дека таму состојба е алармантна.

- Децата многу учат и од телевизијата. Затоа должност на телевизиските куќи е да образуваат водители што правилно ќе зборуваат. Јазикот во своето најшироко значење претставува национален белег што треба да се чува - вели Јорданоски и додава:

- Како што настојуваме да зборуваме при изучувањето на туѓите, странски јазици, уште повеќе треба да се трудиме да го негуваме својот јазик.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Дислексија
5.1.2010 23:07:44   
Anushka
мојот помал син има дислексија, но упрно се бориме да го свртиме тоа во наша корист. Во нашата средина(менталитет, традиција), тоа го сметаат или како некој инвалидитет, или те игнорираат. Еве, погледнете го утре син ми на Журнал во прилог за неговите амбиции ( меѓу 07:ооч и о9:ооч, на 06.01.)

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Дислексија
5.1.2010 23:12:20   
pacuvce
user posted image user posted image user posted image  za Anuska i nejzinoto since...Eh,za zal ovaa nasa sredina i ovoj nas mentalitet samo mozat da te unazadat...Zatoa mora da si golem borec i  da gledas napred...Jas toa go znam po sebe...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Дислексија
5.1.2010 23:14:44   
mami
ке го снимам прилогот утре и ке го поставам подоцна..за и тие што нема да се во можност да го гледаат

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Дислексија
5.1.2010 23:24:03   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

ке го снимам прилогот утре и ке го поставам подоцна..за и тие што нема да се во можност да го гледаат


За мене, за мене.
Туку во Бебешки приказни на Журнал некој прилог имало со Анушка и ветување(не ми текнува чие) дека ќе биде ставен после нова година, а нова година пројде, еве го Божиќ  уште малку и ништо. Ајде и тоа да видиме, ако може. Зулу уште не ми работи и никој уште ми нема кажано само до мене ли е или кај сите така.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Дислексија
13.2.2014 16:20:26   
bilence80
Почитувани,

Гледам дека на оваа тема долго време никој нема напишано ништо,не дека нема луѓе засегнати од овој проблем,но веројатно не сакаат да пишуваат за ова.Како и да е сакам да Ве известам дека има формирано здружение на лица со дислексија Ајнштајн,каде што би можеле да ги споделуваме своите искуства.Ова е линкот од профилот на фејсбук

https://www.facebook.com/zdruzenie.einstein?fref=ts

Заедно сме посилни user posted image

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 7
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?