|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Здрава исхрана
3.11.2009 19:11:59   
mis.
Обично, ако детето гледа дека неговите родители појадуваат-и тоа самото ќе појадува. И вам секако ви е потребе н појадок. Јасно ни е дека ви е веќе здодевно постојаното смислување на идеи за оброци, па еве неколку наши идеи за брз и лесен појадок Верувале или не, нутритивните потреби на децата не се измениле во последните 20 години. Но, светот во кој живеат децата дефинитивно се измени. Да се храни дете-денес е сосема ново искуство, имајќи предвид дека на секој чекор има интересни фаст-фуд ресторани кои ги мамат децата, билборди, повеќе од 50 достапни ТВ канали секој ден итн. Затоа, многу е важно да се обноват знаењата на родителите околу исхраната на децата, за да ги подготвите за здрав живот во 21-от век.


Најпрво, треба да ги имате на ум вистинските потреби на детскиот организам,Еве што ним најмногу им треба во текот на денот:
Храна
Количина
Бр.на оброци
Зрна и житарки

леб, житарки,
ориз, тестенини
- 1 парче леб
- 30 гр.житарки
- 1/2 чаша ориз
- 1/2 колаче, блага кроасана
- 1 тортиља
- 1 мало колаче
Деца 6-12
6-9 оброци

Тинејџерки
6-9 оброци

Тинејџери
9-11 оброци
Зеленчук
- 1/2 чаша сок
- 1/2 чаша варен
- 1 чаша свеж
Деца 6-12
3-4 оброци

Тинејџерки
3-4 оброци

Тинејџери
4-5 оброци
Овошја
- 1/2 чаша сок
- 1 средна овошка
- 1 чаша боровинки (малини)
- 1/2 чаша конзервирано
- 1/2 грејпфрут
- 1/4 чаша сушено
Деца 6-12
2-3 оброци

Тинејџерки
2-3 оброци

Tинејџери
3-4 оброци
Млечни продукти
- 1 чаша млеко
- 1 чаша јогурт
- 30гр.сирење
- 1/2 чаша пудинг или овошен јогурт
Деца 6-12
2-3 оброци

Тинејџерки
3+ оброци

Тинејџери
3+ оброци
Месо & Зрна
- 100 гр.посно месо или риба
- 2 лажици путер од кикирики
- 1 јајце
- 1/4 чаша јаткасто овошје
- 1/2 варени зрна
Деца 6-12
2-2.5 оброци

Тинејџерки
2-2.5 оброци

Тинејџери
2-3 оброци
Појадокот е најважен
Вашето дете не појадувало, а скоро 8 часа ќе биде без храна. Планирате да му подготвите оброк за во училиште? Ова не треба да се дозволува-истражувањата покжауваат дека децата кои појадувале се подобри и поактивни на часовите, за разлика од оние кои го прескокнуваат појадокот.

Обично, ако детето гледа дека неговите родители појадуваат-и тоа самото ќе појадува. И вам секако ви е потребе н појадок J Јасно ни е дека ви е веќе здодевно постојаното смислување на идеи за оброци, па еве неколку наши идеи за брз и лесен појадок:
  • Житарки со овошје и млеко
  • Тост лепче со сирење
  • Кифла со мармалад и јогурт
  • Овошен пудинг
  • Путер од кикирики на парче интегрален леб
  • Кашкавал и крекери Поместување на оброците
    Ако ги разнесувате децата до училиште и назад, мора да имате на ум дека и оброците им се поместуваат. Златното правило „3 оброци дневно“ повеќе не важи-ако немате повеќе време за оброк, тогаш потрудете се децата да јадат повеќе пати во денот.

    Кога нема доволно време, здрава ужинка може да го задоволи детскиот апетит. Но, тоа не треба да се практикува секој ден-некој ден 5-6 мали оброци ќе завршат работа, а некогаш 2 големи. Како и да е, тука се работи за ваша проценка и вие секогаш треба да имате нешто подготвено за брз оброк.

    Рецептот подолу е совршен пример за идеална хранлива алтернатива наместо брза храна, може да се подготви за неколку минути и да се спакува за ужинка (поднесува транспорт)

    Сендвич со туна и салата од зелка
    за 4 оброци
    185 гр.туна во вода (1 конзерва), исцедена
    1-1/2 чаши рендана зелка
    1/2 чаша ананас од конзерва, исцеден
    малку маслиново масло
    4 пита лепчиња (интегрални)
    Во чинија се меша туната, зелката, ананасот и маслото. Лепчето се полни со 1/ 4 од смесата и се витка во фолија.

    Разумни ограничувања
  • Забраните да се јаде одредена храна обично ги поттикнуваат децата токму тоа да го сакаат. Наместо строго да забранувате, барем одберете им и посочете им некои прифатливи десерти: без шеќер, без конзерванси и без сол, посни. Никогаш не е прерано да се научат децата што е здраво за нив.
  • Направете распоред на оброците на целото семејство. Секако дека е покорисно кога сите заедно ќе седнете на маса-децата кога јадат пред ТВ или компјутер, обично не се навистина гладни и јадат по инерција.
  • Не ги присилувајте децата да јадат одреден тип храна. Нудете им добро избалансирани оброци со храна за која сте сигурни дека децата ја сакаат. Ако вас ве гледаат како јадете здрава храна и тие ќе посакаат...
  • Непосредна врска до пораките: 1
       RE: Здрава исхрана
    17.12.2009 10:30:07   
    mami
    сето тоа е убаво и точно..и гледам колку што ми е во можност да се хранам и себе и семејството здраво, но оваа хаотична ситуација во која сме откако почнав да работам тоа малку тешко...и плус, лошото што го прифатив од кај мм е дека тој никогаш не вечера, па полека и јас се откажав од тоа, а следствено забораваме и на Лука да му понудиме, ама си знае он, сам си бара што сака

    (Одговор на членот mis.)
    Непосредна врска до пораките: 2
       RE: Здрава исхрана
    9.1.2010 13:51:39   
    mother 29
    кога си бев дома и кога беше помал  Марко ,повеке и имав време и дека помал многу пазев на овие работи...кога се помали не разбират многу и што им сервираш тоа си ручкат...сега сам си бара..нема криење!едино и до ден денешен пазам на соковите..тие да бидат цедени и свежи

    (Одговор на членот mami)
    Непосредна врска до пораките: 3
       RE: Здрава исхрана
    25.1.2010 10:42:47   
    profesorica
    Ако не јадете најмалку две парчиња овошје и пет порции
    зеленчук секој ден, сега е време да почнете да го правите
    тоа. Иако не постои некоја ‘волшебна’ храна која може да
    ја спречи појавата на рак или да ги излечи луѓето од рак,
    научниците знаат дека овошјето и зеленчукот штитат во
    одредена мера од оваа и други болести. Тие исто така знаат
    дека луѓето кои јадат помалку овошје и зеленчук заболуваат
    од рак во поголем број отколку оние кои јадат повеќе
    овошје и зеленчук. Иако некои луѓе мислат дека можат да
    имаат иста корист ако примаат витамини и минерали во
    таблети, тоа не е точно. Зеленчукот и овошјето не содржат
    само витамини и минерали, туку исто така и многу други
    материи кои се важни за одржување на здравјето и кои нема
    да ги најдете во таблетите.


    Во Австралија изборот на овошје и зеленчук е толку голем
    што не е тешко да вклучите голем дел од нив во исхраната
    на семејството. Следуваат неколку идеи.


    ВКЛУЧЕТЕ ОВОШЈЕ ВО ПОЈАДОКОТ


    Бананите, киви, јагодите или сувото овошје добро се
    комбинираат со цереалиите за појадок. Се брзате? Парче
    овошје со леб, тост или варен ориз е добар и брз појадок
    – како што се и smoothies и милкшеик, подготвени во
    миксер од меко овошје со млеко и јогурт.


    ЕКСПЕРИМЕНТИРАЈТЕ


    Со купување на ист зеленчук и подготвување на
    истиот начин, лесно е да влезете во колотечина. Затоа,
    експериментирајте со зеленчук што никогаш не сте го
    пробале – или подгответе го зеленчукот кој ви е познат
    на други начини. Пробајте да користите малку пасирано
    авокадо наместо путер или маргарин за мачкање на леб
    – тоа содржи помалку масти и повеќе хранливи материи, а
    и повкусно е. Сите знаеме за рендан морков, меѓутоа, сте
    пробале ли да рендате друг зеленчук, на пример, тиквички,
    цвекло или црвена зелка и да ги додавате во салатите и
    сендвичите, или сте пробале ли цвекло или благ компир
    печени во лушпа?


    СТАВАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗЕЛЕНЧУК ВО САЛАТИТЕ, СУПИТЕ,
    ЈАДЕЊАТА СО ПОТПРЖЕН ЗЕЛЕНЧУК, ЈАДЕЊАТА
    ПРИГОТВЕНИ ВО ТАВА И КАРИ


    Во многу традиционални кујни, основата на јадењата е
    зеленчук со само малку месо, пилешко или риба – оваа
    навика е добра и треба да се зачува. Запамтете дека колку
    повеќе бои имате во чинијата, толку е поздраво јадењето.
    Светлата боја на природната храна, на пример, на доматите,
    пиперките, морковите, благиот компир и зелениот зеленчук
    значи дека тие содржат антиоксиданти – хранливи материи
    кои помагаат и спречуваат да се јават болести. Колку што е
    потемна бојата, толку е поздрава храната.

    _____________________________

    Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

    (Одговор на членот mother 29)
    Непосредна врска до пораките: 4
       RE: Здрава исхрана
    25.1.2010 11:01:41   
    BEBICA
    Исхрана на деца Децата што јадат вистинска количина здрава храна и доволно се активни имаат темел за здрав живот и помал ризик од долгорочни здравствени проблеми. Детството е клучниот период за раст и развој. Храната мора да ја обезбеди потребната енергија (во килоџули), белковини, витамини и минерали. Здравствените проблеми и проблемите со исхраната често почнуваат во детството.

    КОЛКУ ТРЕБА ДА ЈАДАТ ДЕЦАТА?Апетитите на помладите деца често се различни, но тоа не е причина за грижа. На децата им треба многу за да го заситат гладот и да осигураат оптимален раст, па јадат според тоа. Апетитот може значително да се зголеми во моментите на растењето и тогаш е важно да се даваат здрави грицки. Ако мислите дека вашето дете не јаде доволно, посетете го својот лекар, кој ќе процени дали степенот на раст на вашето дете е задоволителен.

    Доењето е најдобро за детето и за мајката
    • Мајчиното млеко ги задоволува сите нутритивни потреби на детето во првите 4-6 месеци од животот
    • Доењето претставува нутритивна и психолошка благосостојба и го намалува ризикот од инфекции
    Уживајте во разновидна храна
    • Поттикнувајте ги децата да пробуваат нови вкусови, дури и ако не изедат сè. Запомнете дека тие учат од вашиот пример па може дa се случи да ги имитираат Вашите навики и ставови кон храната
    • Во исхраната вклучете храна богата со железо и со калциум
    • Меѓуоброците се важни за активните деца. Добар начин за додавање на калциум во исхраната се овошните фрапеа и јогуртите.
    • Секогаш давајте им доволно вода, а ограничете ги соковите и засладените напивки.
    Физичката активност е исто така важна!
    • Дневната физичка активност е важна за кондицијата, јаките коски, самодовербата, забавата и за одржувањето здрава телесна тежина.
    • За јаки коски, поттикнувајте ги на трчање и игри со топка.
    • Активните родители секако им се силен пример на своите деца
    • Ограничете го гледањето телевизија и играњето компјутерски игри на околу 30 минути дневно.
    Во исхраната вклучете многу леб и жито, зеленчук и овошје
    • Тој вид храна дава многу енергија, влакна, витамини и минерали важни за телото во раст.
    • Здрави грицки се свежото овошје, пуканките направени дома, житните плочки, чинија со жита...
    • Проверете ја содржината на масти и на сол ( натриум) на етикетата
    • Побарајте храна што содржи здрави масти – мононезаситени и полинезаситени масти, подобро отколку храна со високо заситени масти
    • Не солете ја храната дополнително
    Здрави грицки за деца
    • - Вклучете ги децата во подготвувањето на меѓуоброците/грицките
    • - Овошјето е основа на многу грицки – фрапе од свежо овошје, овошна салата, компоти итн.
    • - Овошен јогурт или чаша млеко – обезбедува калциум и белковини
    • - Жита со млеко – побарајте ги оние што се богати со калциум и со железо
    • - Леб, печива со свежо сирење






    _____________________________

    Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

    (Одговор на членот profesorica)
    Непосредна врска до пораките: 5
       RE: Здрава исхрана
    23.8.2011 11:54:03   
    arh_diz
    Se trudam da mu davam zdrava hrana , bez gricki cokoladi i slicni raboti.

    _____________________________

    Биди тоа што си

    (Одговор на членот BEBICA)
    Непосредна врска до пораките: 6
       RE: Здрава исхрана
    19.6.2013 11:18:47   
    Bethany
    ИЗВОРНА ПОРАКА: anaana

    sto znam, vo princip i jas sum zastapnik za zdrava hrana na decata, ama realnosta e deka sekoe dete jade blago. normalno e deka sekoj roditel gleda kolku moze da go kontrolira toa, znaci namesto vo leto da jade cokolado ke mu dade praska ili banana. No ne smetam deka ako denes deteto jade parce lebce so eurokrem deka jas sum losa majka i mu davam junk food.

    jas na moeto dete mu davam i cokolino i frutolino ama mu davam i ovosje i zelencuk.
    sekako na nagradna igra nema da davaat kilo portokali ili jabolka :)))




    ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori

    Реалноста е дека секое дете јаде тоа што ќе се навикне да јаде.
    Дека под дифолт сака благо секое дете, не е ич точно.

    Сите почнуваат со овошје и тоа што поблаго. Банана, јаболко и сл. Или овошни сокчиња. Која е поентата да се дава џус на бебе? Зеленчукови пошо мајките не пијат, не им ни текнува да дадат на бебињата или децата. За зеленчукот дури некои и чекаат подолго. Така се навлекуваат децата на благо од ептен малечки.

    Инаку не значи дека си лоша мајка, ама еурокрем и леб е џанк фуд дефинитивно. user posted image


    ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris


    ИЗВОРНА ПОРАКА: anaana

    sto znam, vo princip i jas sum zastapnik za zdrava hrana na decata, ama realnosta e deka sekoe dete jade blago. normalno e deka sekoj roditel gleda kolku moze da go kontrolira toa, znaci namesto vo leto da jade cokolado ke mu dade praska ili banana. No ne smetam deka ako denes deteto jade parce lebce so eurokrem deka jas sum losa majka i mu davam junk food.

    jas na moeto dete mu davam i cokolino i frutolino ama mu davam i ovosje i zelencuk.
    sekako na nagradna igra nema da davaat kilo portokali ili jabolka :)))



    Анаана секое дете НЕ јаде благо! Еве на пример моето. За неа синоним за благо е ГАДНО. Затоа се дави во свежо овошје и зеленчук. Наместо во лето да јаде чоколадо ќе јаде праска или банана??? А во зима? Пролет? Есен? Нема сезонски овошја? Ај да не забегуваме офтопик, ама до кога со ова генерализирање сите деца вака прават, тоа јадат и не знам уште што не



    ИЗВОРНА ПОРАКА: anaana

    ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris

    Наместо во лето да јаде чоколадо ќе јаде праска или банана??? А во зима? Пролет? Есен? Нема сезонски овошја


    znaci opsto kako primer dadov bananata i jabolkoto. sakav da kazam deka ima zamena za blagoto i deka mozes namesto cokolado na deteto da mu dades ovosje/zelencuk koj sto saka..
    ne mora da se odi vo detali za da se pobie necivo mislenje. sega nema da gi redam po red site ovosja i zelencuci po sezoni...
    muabetot bese deka kolku i da ne sakame deteto nekogas ke kasne nesto blago. i toa nema da e kraj na svetot nitu za nego nitu za nas kako roditeli. ako ne jade blago utre ke kasne nesto drugo sto e junk food.
    ne znam sto e ova trendov so udiranje vo gradi moeto dete ne jade blago, jade samo ovosje. moeto dete ne pie sok pie samo cedeno ovosje... sekoj kako saka neka si go hrani deteto.
    se trgna od nagradna igra sto davala blago.. pa sto ako???/ na toj sto ne mu se svigja neka ne ja igra i gotovo




    _____________________________

    " Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

    (Одговор на членот arh_diz)
    Непосредна врска до пораките: 7
       RE: Здрава исхрана
    19.6.2013 12:49:16   
    Fiao
    Deteto jade toa sto GLEDA DEKA RODITELITE JADAT!!! Eve sega bevme na plaza i deteto koe ne bese pogolemo od A znaci ima maks. godina i pol, majkata mu butase vo usta cips za da prestane da place, a toa placese zosto sakase uste da se banja vo more! Epa do koja zdrava hrana be so vakvi roditeli?!user posted image

    (Одговор на членот Bethany)
    Непосредна врска до пораките: 8
       RE: Здрава исхрана
    19.6.2013 12:55:41   
    dostickage
    Da si mi ziva i zdrava Fiao.
    Kako be dete da ne jade junk food koga dolnata fioka doma e prepuna so gjubre hrana , smoki, cipsovi , tortici, kroasani, tetrapak sokcinja i sto uste ne.
    Fakt e deka koga mu se dostapni vo sekoe vreme koga togas kje gi projade.
    Svedok bev na eden rodenden kade majka na dete od pet godini mu zabrani da jae lesnici deka kje ja bolelo grloto a mu natoci 300 ml koka kola i ogromno ama ogromno parce torta sekako ne domasna.
    Izgovor: od lesnicite kje ja boli grloto a od ova drugovo nisto nema da i bide. i mozete da pretpostavite devojce na pet godini - ima 150 kila i mu virat cicki. greota.
    a od lesnicite kje go boli grlo, nema vrska sto se riznica na nezasiteni masni kiselini, minerali i sl.
    Fakt e deka decata pravat ona sto roditelite im go plasirame. Kako deteto da znae sto e zdrava hrana koga izvesna majka poddrzuva sedum godisn dete so 37 kilogrami deka e super , pa uste i propoveda na forum.  Deteto en e krivo, tie so go cuvaat nemaat dva grama mozok.

    (Одговор на членот Fiao)
    Непосредна врска до пораките: 9
       RE: Здрава исхрана
    19.6.2013 13:02:27   
    masa
    Јас сум ептен голем поборник за здрава исхрана,општо,а особено за децата.До 1 година не давав ни шеќер ни сол,само домашно свежо подготвено или евентуално готова бебешка храна и доење.Посе тоа имаше и кавги со бабите за недавање на благо и грицки,сокови фала богу не пие и додека можев држев се што ќе стави во уста под контрола.Но сега веќе на три ипол години почнуваат по малку да ми бегаат работите од контрола,иако во глобала здраво се храниме,но еве како почна да се стоплува скоро секој ден јаде сладолед,почна и густи сокови да пие,па балансирам ако побара грицки да бидат пуканки и форсирам и овошје,сега во овој период малини јадеме.Значи како растат треба се поголема упорност и иако имаме од бебе проблем со нејадење седам со неа додека не го изеде оброкот со салата обавезно,зошто ако не се најаде после бара грицки или благо.На сите,па и на нас возрасните нездраватта и брза храна ни е повкусна,но ако се сведе на минимум и се направи баланс може да кажеме дека здраво се храниме

    (Одговор на членот Bethany)
    Непосредна врска до пораките: 10
       RE: Здрава исхрана
    19.6.2013 13:10:18   
    Fiao
    Super Masa! Taka i treba da bide! Se razbira deka ne moze da bide sovrseno zdravo dnevnoto meni, no dokolku se trudime i sto vika dostikage, dokolku doma nemame junk food, nema ni dete tolku mnogu da jade! Toa e toa!
    ИЗВОРНА ПОРАКА: masa

    Јас сум ептен голем поборник за здрава исхрана,општо,а особено за децата.До 1 година не давав ни шеќер ни сол,само домашно свежо подготвено или евентуално готова бебешка храна и доење.Посе тоа имаше и кавги со бабите за недавање на благо и грицки,сокови фала богу не пие и додека можев држев се што ќе стави во уста под контрола.Но сега веќе на три ипол години почнуваат по малку да ми бегаат работите од контрола,иако во глобала здраво се храниме,но еве како почна да се стоплува скоро секој ден јаде сладолед,почна и густи сокови да пие,па балансирам ако побара грицки да бидат пуканки и форсирам и овошје,сега во овој период малини јадеме.Значи како растат треба се поголема упорност и иако имаме од бебе проблем со нејадење седам со неа додека не го изеде оброкот со салата обавезно,зошто ако не се најаде после бара грицки или благо.На сите,па и на нас возрасните нездраватта и брза храна ни е повкусна,но ако се сведе на минимум и се направи баланс може да кажеме дека здраво се храниме


    (Одговор на членот masa)
    Непосредна врска до пораките: 11
       RE: Здрава исхрана
    19.6.2013 13:16:47   
    Beatris
    Џабе везете бе, пак ќе ве квалификуваат како вонабе НАЈМАЈКИ и не знам што. Остај те ги нека си чуваат шкавче со тортици и чипсови по дома, онака за релаксација пред ТВ, па што ако касне неколку пати неделно, јака штикла.

    Па си се тешат со тоа дека секако ќе јаде/проба во игротека или не знам каде, па ако нека тера и дома. Само што разликата во пробување еднаш и редовно конзумирање е огромна.

    На крајот на краиштата се е од пуста мрза бе, треба да смислиш, па да му направиш... Зашто да лупам па да цедам 5 овошја у соковник па после да се мучам да го мијам кога може да и отворам една тортица или вива сокче и ВОАЛА, сме свршиле работа user posted image

    _____________________________

    Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

    (Одговор на членот Fiao)
    Непосредна врска до пораките: 12
       RE: Здрава исхрана
    19.6.2013 13:17:45   
    Viktori
    нездраватта и брза храна ни е повкусна


    не здравата храна е повкусна, затоа што со години и години прехранбената индустрија има ненормална машинерија преку реклами, психолози, најмува научници да создадат храна која содржи се и сешто за подобар и поексплозивен вкус, со цел продажба. Тоа оди рака под рака со фармацевтската индустрија која не се секирајте, ќе ни продава витаминчиња, апчиња за слабеење, па лекови за дијабетес, расипани органи и тн. После тоа, ќе ни продаваат трансплантации и хемотерапии.

    Колку само пишува за тоа, ама јбг, зависност од вкус, е зависност.



    _____________________________

    Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
    Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





    (Одговор на членот Fiao)
    Непосредна врска до пораките: 13
       RE: Здрава исхрана
    19.6.2013 13:26:07   
    dostickage
    I sto e najtragicno, mavanjeto vo gradi deka deteto e zdravo pravo i pokaj nekvalitetnata ishrana e na steta na deteto. Ako ne mu potecat mrsuli ne znaci deka deteto e perfektno zdravo.
    Ne moze losata hrana sto e vnesena vo eden organizam da ne pravi problem, moze samo problemot da ne e vidliv. Posle ili kje se maci so golaznost koja sto e povrzana so dijabet, ili kje se maci so koliti ili kje mu mavne na psiha zasto e debelo, zamastuvanje na organi, holesterol, visok pritisok, ima milion ili ovde....
    Zdravsvtvenite problemi kolku i da ne se vidlivi, nezdravata hrana uste povekje gi zglemuva predizpoziciite za losi bolesti.
    Samo i toa e volja. Nekoj treba da smisli, da odi da kupi, da sedne da napravi zdravo jadenje, da iscedi sok pa da izmie. Vaka za 50 denari litro kje pe litro sok cel den  ili za istite 50 denari kje izede edna kutija kolaci i kje kjuti pred TV bez gram energija vo sebe. Ili kje dobie instant  energija, kje ja potrosi za deset minuti i posle pak kje gleda crtan. 
    A mama ima vreme za sve, ic da ne se muci da misli.

    (Одговор на членот Viktori)
    Непосредна врска до пораките: 14
       RE: Здрава исхрана
    19.6.2013 14:14:27   
    Felly RR
    ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris


    ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly

    Мене па БАШ не ми пречи туку ми се допаѓа и весело ми е кога ќе отворам РР со мечето Лино. И воопшто не гледам што е тука ХОРОРОТ ако детето касне нешто слатко барем двапати во неделата? Ќе дојде крај на светот?


    Aбе просто да се утепаш радувајќи user posted image Нема хорор никаков, секој дава што сака да дава, мојот критериум не е БАРЕМ два пати благо, ама јас сум јас. Инаку ако тргнам од твоево ќе излезе барем два пати благо, барем еднаш паштета, барем еднаш пржено лепче, барем еднаш сок тетрапак и???

    И после се чудите зашто има толку болести кај децата, гојазност од најмали нозе, зашто никој ништо не превзема за менијата во градинките итн.... Епа заради вакви квази ставови


    ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly


    ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris


    ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly

    Мене па БАШ не ми пречи туку ми се допаѓа и весело ми е кога ќе отворам РР со мечето Лино. И воопшто не гледам што е тука ХОРОРОТ ако детето касне нешто слатко барем двапати во неделата? Ќе дојде крај на светот?


    Aбе просто да се утепаш радувајќи user posted image Нема хорор никаков, секој дава што сака да дава, мојот критериум не е БАРЕМ два пати благо, ама јас сум јас. Инаку ако тргнам од твоево ќе излезе барем два пати благо, барем еднаш паштета, барем еднаш пржено лепче, барем еднаш сок тетрапак и???

    И после се чудите зашто има толку болести кај децата, гојазност од најмали нозе, зашто никој ништо не превзема за менијата во градинките итн.... Епа заради вакви квази ставови


    Да, јаде благо, јадел и паштета и пржени лепчиња нив ептен ги обожава. Пие и сок од тетрапак и ете го здрав, прав. Нејсе, муабетов не е за тука и не ми се троши време кога знам дека ќе не бришат :) Секој со свој став.



    ИЗВОРНА ПОРАКА: dostickage

    Beatris sto te gledam cudna, kako nekoj da prezeme nesto so menito vo gradinite koga istata hrana im se dava na decata doma. I BAS od tie pricini ne go davam deteto vo gradinka. Kaj sto e riznica na bakterii uste da se hrani so gjubre hrana ne fala. A toa deka decata vo gradinka se socijaliziraat i deka imaat red vazi samo za tie roditeli sto ne rabotat so svoite deca i sto ne se sposobni samite da si napravat red pa ocekuvaat za 1500 denari da go napravi toa nekoj za niv. Lesno, polesno zdravje.
    I daj da ne pricame za gojaznost i opasnost od dijabet predizvikana od gojaznost zasto kje ni iskocat boksovi od monitorite. 80 % od mamite kje ne tepaat.
    Ama ako bas me briga, mene bitno mi cadi odzakot nakaj sto sakam da mi cadi.




    ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris


    ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly


    ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris


    ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly

    Мене па БАШ не ми пречи туку ми се допаѓа и весело ми е кога ќе отворам РР со мечето Лино. И воопшто не гледам што е тука ХОРОРОТ ако детето касне нешто слатко барем двапати во неделата? Ќе дојде крај на светот?


    Aбе просто да се утепаш радувајќи user posted image Нема хорор никаков, секој дава што сака да дава, мојот критериум не е БАРЕМ два пати благо, ама јас сум јас. Инаку ако тргнам од твоево ќе излезе барем два пати благо, барем еднаш паштета, барем еднаш пржено лепче, барем еднаш сок тетрапак и???

    И после се чудите зашто има толку болести кај децата, гојазност од најмали нозе, зашто никој ништо не превзема за менијата во градинките итн.... Епа заради вакви квази ставови


    Да, јаде благо, јадел и паштета и пржени лепчиња нив ептен ги обожава. Пие и сок од тетрапак и ете го здрав, прав. Нејсе, муабетов не е за тука и не ми се троши време кога знам дека ќе не бришат :) Секој со свој став.



    Дај боже да си е здрав и прав цел живот, ама тоа не значи дека не може и не треба да има подобра и поквалитетна исхрана, плус начинот на исхрана и навиките се рефлектираат во текот на целиот живот така што јас би размислила мнооогу подлабоко пред да ги ставам сите овие џанк продукти на редовното мени на моето дете



    ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly

    Ок, еве последен мој пост на оваа тема. Сметам дека доколку во денот изел порција овошје, убава манџичка со зеленчук + салата или супа за ручек може да касне и едно чоколатце или пржено лепче за вечера. Доколку повеќето од 70-80% од јадењето е здраво, зошто па да нема нешто не толку здраво?


    ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris

    Е и тој немаше потреба да го пишував зашто сконтавме, не мора да црташ, ама ти слабо ја фаќаш смислата како и секогаш. Зошто па да нема нешто не толку здраво? Затоа што не мора, не е неопходно, штетно е, и има милиони поквалитетни замени за истото.

    Како што вика нашиов педијатар - не чувате дома прасиња за товење па да им давате се и сешто, а зошто? Децата барале, сите јаделе и не знам што... Абе ај


    ИЗВОРНА ПОРАКА: Fiao

    Pak ke kazam, problemot e vo pogresnata definicija za "zdravo". Varenata mandzicka i supa ne spagjaat vo zdrava hrana, sto avtomatski po ova meni za zdrava hrana ostanuvaat onie 20% svezo ovosje i zelencuk, a toa e mnogu malku... Treba da se konzumira min 50-60% vo denot svezo, nasproti 40-50% termicki obraboteno...


    ИЗВОРНА ПОРАКА: dostickage

    da da i zdrava mandzicka ne e zdrava ako kromidot se przis i na kraj se dotepas so zaprska od litro zejtin i eden kup zacini i na kraj na obrokot zavrsuvas so crvena mrsna usta od mandzicka.
    toa ti e beter od edna kesa majonez a ramno na kesa cips.
    ubavo rece Fiao, definicija za "zdravo".




    < Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.6.2013 14:17:19 >


    _____________________________

    Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

    (Одговор на членот dostickage)
    Непосредна врска до пораките: 15
       RE: Здрава исхрана
    19.6.2013 14:32:29   
    vezilka RR
    Јас сакам само малку да отворам еден друг дискурс кон дискусијата. Јас се сложвам во однос на здравата храна, колку е битна и што спаѓа во здрава храна. И тотално ми е јасен и процентот 60 наспроти 40 свежа, наспроти термички обработена храна. И верувам дек голем број луѓе, и деца и возрасни би се придржувале кон ова,барем за себе сум сигурна, доколку тоа не кошта многу. Здравата храна во Мк, па и секаде, кошта. Да купиш, зеленчук и овошје, од еколошки чиста околина, кои би изнесувале 60% од дневнио внос за едно семеејство кошта. И верувам дека тоа е една голема причина кај голем број на луѓе што не се придржуваат до тоа.

    (Одговор на членот Felly RR)
    Непосредна врска до пораките: 16
       RE: Здрава исхрана
    19.6.2013 14:43:58   
    Pepelaska *
    Мене искрено некогаш ме чудат некои мајки а веројатно тие од мене се чудат.Не дека моево дете не пробало и сум му забранила, ама грицки дома НЕ чувам, некогаш кога сме излезени одбива на пример смоки и слични работи а и грицка суви кајсии, лешници и слично.Никогаш не побарал смоки, чипс и благо се додека не види.
    Сосема се согласувам дека децата бараат тоа што гледаат а и што родителите јадат.Имам другарка која и дава на ќерката пола црево салама, литар сок браво од пластично шише и еден куп чипс.И вика здрава е ништо не и е.
    И имам речено неколкупати ама секој за себе си знае.
    Кога син ми ме гледа како јадам дробена зелка со морков и цвекло бара и тој.Сега летово особено се свртевме на овошје и зеленчук има се барем сега.
    Си јаде малини и јагоди скинати од бавча,кајсии праски , како и зеленчук.И ич не се мислам дали ќе му држи, како што ми велат некои демек накркај го леб да видиш како нема да биде гладен и ќе се поправел.Мене ми се битни витамините и минералите.И скоро никогаш во манџа нема запршка за него.
    Вчера кога шетавме приметив премногу гојазни дечиња, а мали.Страшно.

    _____________________________

    Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

    (Одговор на членот vezilka RR)
    Непосредна врска до пораките: 17
       RE: Здрава исхрана
    19.6.2013 14:44:27   
    Snowhite RR
    Значи според достич сите ние мајки што ги носиме децата во градинка сме неспособни да им воведеме ред, не знаеме да работиме со децата и не знаеме да ги социјализираме. А такви сме 90% од жените не само на форумов, туку општо.

    А што мислите зленечукот и овошјето купени во продваница или пазар се здрави. Вештачки созреани, прскани со пестициди, да сигурно се здрави. Како може сите, ама баш сите јаболка да бидат со иста форма и големина? Сите убави мазни, наредени во маркетите едно до едно небаре украси. Природно? Не верувам.
    Сите сакаме нашите деца да се хранат здраво и сигурна сум дека сите настојуваме кон тоа, ама колку здраво ни пласира пазарот е прашање со гооолем прашалник. Е сега најверојатно треба сите да се откажеме од работа и да одгледуваме бавча со зеленчук, овоштарници и живина дома за да им даваме исклучиво здрава храна на нашите деца. А и тогаш не е 100% здрава, зашто и ние ќе ги прскаме од бубачки и од болести.


    _____________________________

    Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

    (Одговор на членот Felly RR)
    Непосредна врска до пораките: 18
       RE: Здрава исхрана
    19.6.2013 14:44:48   
    miana
    Јас мислам дека човековата свесност во врска со здравата исхрана е на се повисоко ниво. Познавам човек што работи во продавница за здрава исхрана и кажува дека се повеке и повеке се буди свесноста и дека имаат се повеке и повеке работа и тоа ме радува,но ме плаши фактот дека сега освен во ваква продавница,многу е тешко да се најде органски подготвена ,чиста храна и освен она што ке го скинам од двор,на ништо друго не верувам,но морам да го давам зошто немам од каде да најдам. Во двор имаме цреша,малина,јаболка,круша и по некоја слива ,сите се овие мали дрвца што раѓаат по малце.
    Се трудам да ги хранам децата здраво но не сакам да се преоптеретувам и да мерам колку и како изеле денес-немам ни време. Нема да замерам ако касне и едно животинско царство. И јас бев дете и знам колку сакав да јадам чоколадце и не сакам моите деца да немаат можност да пробаат . Инаку моите деца јадат чоколадо колку што јас ке им дозволам а со оглед на тоа дека пред една недела фрлив може 15 чоколади и тоа милка и сл. бидејки им измина рокот - јас знам дека не им давам да јадат многу чоколади.Големата керка не е љубител на благото,а малото колку и да му давам толку ке изеде и затоа давам по многу малкку и одма кријам. Инаку неколку пати сум напишала дека моите деца јадат многу овошје ,па такада не се осекам многу виновна ако каснат чоколадце,нештото кое што и јас го обожавав како дете.


    < Поракaта ја уредил miana -- 19.6.2013 14:59:39 >

    (Одговор на членот vezilka RR)
    Непосредна врска до пораките: 19
       RE: Здрава исхрана
    19.6.2013 14:48:18   
    miana
    ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

    Значи според достич сите ние мајки што ги носиме децата во градинка сме неспособни да им воведеме ред, не знаеме да работиме со децата и не знаеме да ги социјализираме. А такви сме 90% од жените не само на форумов, туку општо.




    Да де ,а тоа што одиме на работа и заработуваме и мораме да ги носиме децата во градинка - не е важно..Подобри родители ке бидеме ако седиме дома и ги чуваме децата и кукаме дека немаме пари да им купиме неопходни работи. И да, државата и власта ке ни бидат криви.


    < Поракaта ја уредил miana -- 19.6.2013 14:51:48 >

    (Одговор на членот Snowhite RR)
    Непосредна врска до пораките: 20
       RE: Здрава исхрана
    19.6.2013 14:49:08   
    Pepelaska *
    Најбитно е да разбуди свеста, луѓето изумреа на 40 години од рак и упорно си тераат со исто темпо на исхрана.И ако треба од се ќе се откажам и ќе садам за моето дете а и за нас.
    Според мене како што и некаде прочитав ние сме она што јадеме или така некако беше.

    _____________________________

    Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

    (Одговор на членот miana)
    Непосредна врска до пораките: 21
       RE: Здрава исхрана
    19.6.2013 15:07:06   
    Beatris
    Целокупниот имунитет на децата е врзан со исхраната, најмалку со Пиковитите и другите препарати, и не значи дека дома треба да садам зеленчук и овошје ама морам максимално да се залагам да давам што повеќе условно речено здрава храна, т.е. необработени намирници. Мешате поими. Ана Моли горе пишува па што има врска ако јаде еднаш ова, два пати она... Излага дека 80% од времето јаде џанк фуд.

    И на крај краева давајте што сакате и не мрчете, никој ниту ви стави ниту ви извади од уста, се гледа по постовите на болежливине теми кој колку вложува во имунитетот и здравјето на своите деца.

    _____________________________

    Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

    (Одговор на членот Pepelaska *)
    Непосредна врска до пораките: 22
       RE: Здрава исхрана
    19.6.2013 15:14:04   
    vezilka RR
    Јас да садам. прво немам земја во еколошко чисто подрачје. За да го купам ми требаат пари. Ако треба да садам во двор, во среде Скопје, хе, ќе биде исто толку здраво како и од продавница. А некои немаат ни двор, на тераса ли ќе садат. Муабетот е дека здравата исхрана кошта. Луѓето во Мк. не се доволно богати за да можат да си дозволат. А дека треба да се работи на подигање на сваста за здравата храна и здравите навики, тоа се согласувам.

    < Поракaта ја уредил vezilka RR -- 19.6.2013 15:23:05 >

    (Одговор на членот Pepelaska *)
    Непосредна врска до пораките: 23
       RE: Здрава исхрана
    19.6.2013 15:18:43   
    Fiao
    E ova e toa sto iskreno apsolutno ne go pocituvam kaj lugjeto. Zdravjeto cini, ama treba da bidete svesni deka otkako ke go nemate zdravjeto 3 pati povekje pari ke dadete na medicina. Druga rabota, edno treba da bide jasno, sto e prvo na prioritetnata lista? ZDRAVJETO! Znaci ako imate kola, imate mob, plakjate smetki, imate internet, a nemate zdravje - seto toa vi e dzabe! Abe od se ke skratam, ama zdrava ke bidam... I zgora na se zosto si go komplicirame zivotot? Zdravjeto moze da bide i besplatno, ama nas ne mrzi da go zapotime gazot. Ako nemam pari za zdrava hrana, ke sadam! Baska da ne zboruvam deka otkakko ke se isklucat stetnite namirnici smetkite za hrana ke ni bidat mnogu pomali...
    ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

    Јас сакам само малку да отворам еден друг дискурс кон дискусијата. Јас се сложвам во однос на здравата храна, колку е битна и што спаѓа во здрава храна. И тотално ми е јасен и процентот 60 наспроти 40 свежа, наспроти термички обработена храна. И верувам дек голем број луѓе, и деца и возрасни би се придржувале кон ова,барем за себе сум сигурна, доколку тоа не кошта многу. Здравата храна во Мк, па и секаде, кошта. Да купиш, зеленчук и овошје, од еколошки чиста околина, кои би изнесувале 60% од дневнио внос за едно семеејство кошта. И верувам дека тоа е една голема причина кај голем број на луѓе што не се придржуваат до тоа.


    (Одговор на членот vezilka RR)
    Непосредна врска до пораките: 24
       RE: Здрава исхрана
    19.6.2013 15:21:41   
    Viktori
    За здрава храна луѓето никаде не се богати. Не е до цената. Дебелината и џанкот не излезе од кај нас од пуста немаштија, туку од развиени земји чии жители немаат време да спремат и направат па ќе си купат. И на некого така му одговара. така после се троши се. Од храна до лекови. Пуна капа на сите.

    На крај краева подобро патлиџан од тераса, одошто хамбургер од 7ца.

    _____________________________

    Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
    Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





    (Одговор на членот vezilka RR)
    Непосредна врска до пораките: 25
    Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
    Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
    Оди на:






    Анкета

    Цртани филмови.
    пеперутка16

    Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?