|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Кариера vs мајчинство
11.3.2013 15:02:04   
Pepelaska *
Деновиве дискутиравме за правата на жената, рамноправноста и слично.
Баш ме интересира што мислите конкретно на оваа тема.
Колку кај нас се почитува жената која е и мајка и деловна жена и колку истата е заштитена во корист на нејзиното мајчинство на работа.
И колку трпи кариерата додека жената раѓа, расте деца и тн и обратно.
Пошто имаме членови кои живеат во други земји баш ме интересира како е таму, на пример дали некаде има 2 години породилно, можност да се работи од дома без посебен стрес дека утре ќе те избркаат и слично.


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Кариера vs мајчинство
11.3.2013 15:21:23   
vezilka RR
Еве сега читам едно истражување кое вели дека секоја трета жена во РМ смета дека не е заштитена од отказ за време на бременост, породување или мајчинство. Значи за да им се помогне на жените да тераат кариера, односно да бидат успешни во кариерата а истовремено да бидат и добри родители треба да се работи на полето на усогласување на приватниот со јавниот живот. Односно треба за да вложува во системот за згрижување на доенчиња и деца.

Породилно подолго од 9 месеци споеред мене не е потребно. Тоа е добра возраст да можеш да го оставиш детето на чување и да продолжиш со кариерата. Ако останеш дома подолго секако ќе ти трпи кариерата.

Таму некаде во светот водат грижа за вработените мајки..на пример во големите фирми имат градинки во склоп на самата фирма, па кога детето ти е три спрата подолу, лесно е. Или на службено патување можеш да си го поведеш и детето и некој што ќе го чува. И сл. рабти кои и те како ја олеснуваат работата.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 11.3.2013 15:23:30 >

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Кариера vs мајчинство
11.3.2013 15:25:59   
Pepelaska *

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR


Таму некаде во светот водат грижа за вработените мајки..на пример во големите фирми имат градинки во склоп на самата фирма, па кога детето ти е три спрата подолу, лесно е. Или на службено патување можеш да си го поведеш и детето и некој што ќе го чува. И сл. рабти кои и те како ја олеснуваат работата.


Токму на ова мислев, можно ли е некогаш да биде ова кај нас?
Значи да не трпи ни едното ни другото, зашто жените одамна докажаа дека можат да постигнат многу, само треба поддршка од некаде погоре.А и наталитето одма ќе се зголеми.Сигурна сум дека кога би имала одлични услови ниедна жена нема да чека над 40 години да роди дете.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Кариера vs мајчинство
11.3.2013 15:27:10   
rina13
Каква е таа кариера ако ти после тие 9 месеци породилно во идеален случај се тресеш дали детето ќе ти настине оти нема кој да ти го чува( од работа не те пуштаат зашто не си имала само ти деца и што си мислела кога си раѓала небаре шефот треба да ти го планира семејството), или дали ќе имаш можност да го пратиш во градинка пошто нашиве градинки се секогаш преполни и секогаш примаат деца од септември небаре мајката треба да темпира околу нова година да роди. А да не зборам за висината на платите и можноста за плаќање дадилка. Секако тој издаток за повеќето е речиси 90% од плата. Се у свему државава сака да не направи домаќинки мајки.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Кариера vs мајчинство
11.3.2013 15:32:22   
sandriana RR
Само да го спомнам примерот на една италијанска пратеничка, мислам дека статијата ја имаше и тука, ако не се лажам - беше присутна на сите седници со бебето во слинг марама. Денес е 2годишно девојче и се уште мајката си ја носи на своето работно место, кога има реална потреба од тоа. Каде сме ние по ова прашање (Жените Балканки) ?

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Кариера vs мајчинство
11.3.2013 15:32:59   
Mihaela 2010
Eve bidejki brat mi zivee vo Praga,tamo sakas nejkes dete ne ti primaat vo gradinka pred da napolni 3 god...znaci dovolno e majkata da ima raboten staz od 6 meseci i moze da si sedi doma do 3 god a drzavata te plakja sekoj mesec...e sega sumata ne e koj znae kolkava ama pa so tie pari moze komotno da bidat za deteto i negovite potrebi a bogami i da ostane nestouser posted image ..
E sega problem e i dali ke ti go primat deteto na 3 god,treba da e samostojno,bez pampers neli,da zbori,da gi vrsi osnovnite potrebi samo....
Taka da snaami pocna da si podrabotuva kaj sto rabotese ama samo koga brat mi e sloboden,da ima maliot koj da go cuva...

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Кариера vs мајчинство
11.3.2013 15:41:36   
anaana
A be toa za tresenje dali deteto ke nastine nema vrska so karierata, dali ke nastine ili ne,toa si zavisi od deteto. ne mozes cel zivot da go cuvas deteto doma pod stakleno zvono. eve i 5 godini da ti e porodilno ti nekogas moras deteto da go pustis nekade, bilo gradinka bilo skolo, utre na ekskurzija...
fala bogu roditelite se grizat za decata postojano dali se doma so dadilka dali se na uciliste dali se na vecer izlezeni toa si e ednostavno griza i nema vrska so karierata.
znaci zavisi koj tip na kariera sakame da go postigneme... sekako deka deteto si bara vnimanie si bara mnogu raboti - osven finansii. taka da ako mojata rabota prethodno bila povrzana so brojni patuvanja nadvor od drzavata sekako deka sega ke mi trpi zaradi deteto. ke gledam nekoj drug da odi na tie patuvanja i da balansiram kolku mozam. ne deka ke me otpustat od rabota ili sl. tuku ednostavno jas ne sakam tolku da sum odvoena od deteto. toa si e izbor. ne mozam jas da go rodam detevo i da recam ete sega toa mi e precka vo mojata kariera.
isto vazi i za mm. ne deka ako mi e deteto bolno samo jas se tresam se sekira i on. i toj ke gleda da izleze porano od rabota da vidi sto e kako e
kaj nas edino sto mene ne mi se svigja e toa sto cesto se slucuva da se kaze eeee pa nemoj da mi se vadite na mali deca, ili kako sto kaza rina nemas samo ti dete. toa e loso
eve vo kanada na primer decata do odredena vozrast ne smeat da sedat doma sami i ne smeat da odat na uciliste sami.
znaci moras da im platis toa posle skolo sto go imaat, ako nemas pari ke si baras drug nacin. toa kaj niv e mnogu skapo. znam edni rodnini plakaa poveke od 1000 dolari za gradinki i ne znam za sto.. im bese mnogu skapo. ama kaj niv e taka reseno.
vo golem del od zemjite porodilnoto e i po 2 ili 3 meseci.
mislam deka edna godina e dovolno porodilno, so toa sto treba da se raboti na zgolemuvanje na broj na gradinki i personal vo niv. i da ima poveke grupi za pomali decinja posto sekako tie baraat pogolema griza.
isto gledam deka niz skopje mnogu skapo baraat zenite koi cuvaat deca

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Кариера vs мајчинство
11.3.2013 16:08:41   
blond
Јас наизменично до некаде терам кариера (иако да напредувам моментално на работното место каде што сум, нема шанси, но ова е за во друга тема) и мајчинство.
После 2 месеци откако останав бремена, останав на патолошка. Немав никакви проблеми за тоа. Но откако се вратив на работа, многу малце имаа разбирање за мене. Пред се, патувам во друг град на работа + работам по 12 часа на ден, така што два дена работам, два дена одмарам. Е тие 12 часа кога сум на работа всушност се +3 часа мин. затоа што излегувам во 6 од дома, а се прибирам вечерта во 10. На почетокот по мое барање ми овозможија да работам 5 дена во неделата по 8 часа, иако не смеат тоа да го направат, сепак ми излегоа во пресрет. Потоа пак на мое барање ме вратија на работа по стандард. Кога детето е болно, немам никакви проблеми да звонам и да кажам јас утре не идам на работа. Барем до сега беше така.
Е сега, секојдневната комуникација со син ми ни е ограничена, бидејќи кога си доаѓам од работа, тој се спрема веќе за спиење, па некако надокнацуваме тие два дена кога сум слободна.

Но, ете, поради мајчинството, не можам да се фокусирам на она што сакам да терам понатаму како кариера. Ајде ние да сме живи и здрави.. Кариерата-па и на неа ќе и дојде денот user posted image

Онака општо, мислам дека 270 дена е малку за породилно отсуство, добро би било да имаш право ако сакаш да си го продолжиш до 1,5 година барем user posted image

< Поракaта ја уредил blond -- 11.3.2013 16:10:16 >

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Кариера vs мајчинство
11.3.2013 16:15:57   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13

Се у свему државава сака да не направи домаќинки мајки.


user posted image user posted image user posted image rina13 денес втор пат ти аплаудирам на пост. Алал да ти е.

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Кариера vs мајчинство
12.3.2013 1:03:03   
Pepelaska *
Породилното од 9 месеци ете максимум 12 би било таман само ако има опции погоре спомнати за згрижување на децата и доенчињата.Тоа некако кај нас ептен се занемарува.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Кариера vs мајчинство
19.3.2013 17:23:48   
hopeless
Значи катастрофа.
Прво мора да си направиш кариера, па да се мажиш и да раѓаш.
Инаку никад нема да најдеш работа.
Јас денеска се изервирав 300, а знаев дека така ќе испадне, ама реков ај да пробам може тука ми била среќата.
Од старт ти вика мажени, пази мажени не прима а камо ли со дете. А бе ми идеше сешто да му изнаречам, ама ајде преќутев.
И така, ќе ми се јавеле утре, ама да не верувам
Не ни сакам да ми се јават, не сакам да работам кај некој што дискриминира, зошто ова е дискриминација
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Кариера vs мајчинство
19.3.2013 17:30:02   
Ikana
Па им успева за жал.

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13

Се у свему државава сака да не направи домаќинки мајки.


user posted image user posted image user posted image rina13 денес втор пат ти аплаудирам на пост. Алал да ти е.


(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Кариера vs мајчинство
19.3.2013 19:56:30   
rina13
Не јас не мислам дека им успева. Туку едноставно има премногу невработени, од кој повеќето се жени. Маж како маж ќе се снајде градежништво, такси , возач, обезбедување ќе подработи нешто. За жал жените неможат да работат определени работи не затоа што неможат туку затоа што домот децата обврките си го прават своето. Вие неможете да имате мало дете и да идете трета смена, ниту пак втора, зашто градинки со такво време на работа не постојат. Во состојба кога жените немаат излез, кога неможат да се вработат , што им преостанува друго освен да се посветат на домот. Жално е навистина кога државата ја искористува оваа безизлезна сосојба во која се наоѓаат пред се мајките и гласно навива за тоа да се родат повеќе деца, зашто нели државата од тоа пак на крајот ќе има бенефит. Незнам зашто веќе еднаш не се сфати дека не постои жена која сака да седи дома и со задоволство да домаќинува туку секоја од нив е желна да придонесе парично во домот, но и да изгради кариера на која ќе биде горда. И паралелно со сето тоа да ѓи исполнуваат обврските во домот со кеиф. Жените се способни да се носат со таков начин на живот страшно е што ретко која може да го направи тоа поради состојбата во која ни се наоѓа нашата ни мила држава.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Кариера vs мајчинство
19.3.2013 21:33:17   
niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13

Не јас не мислам дека им успева. Туку едноставно има премногу невработени, од кој повеќето се жени. Маж како маж ќе се снајде градежништво, такси , возач, обезбедување ќе подработи нешто. За жал жените неможат да работат определени работи не затоа што неможат туку затоа што домот децата обврките си го прават своето. Вие неможете да имате мало дете и да идете трета смена, ниту пак втора, зашто градинки со такво време на работа не постојат. Во состојба кога жените немаат излез, кога неможат да се вработат , што им преостанува друго освен да се посветат на домот. Жално е навистина кога државата ја искористува оваа безизлезна сосојба во која се наоѓаат пред се мајките и гласно навива за тоа да се родат повеќе деца, зашто нели државата од тоа пак на крајот ќе има бенефит. Незнам зашто веќе еднаш не се сфати дека не постои жена која сака да седи дома и со задоволство да домаќинува туку секоја од нив е желна да придонесе парично во домот, но и да изгради кариера на која ќе биде горда. И паралелно со сето тоа да ѓи исполнуваат обврските во домот со кеиф. Жените се способни да се носат со таков начин на живот страшно е што ретко која може да го направи тоа поради состојбата во која ни се наоѓа нашата ни мила држава.


a koj e benefitot na drzavata sto ke se rodat uste deca koi roditelite ne se sposobni da gi izdrzavaat?
najgolem broj od naselenieto zivee vo edna kuka/stan so po 3-4 generacii i vo uslovi kaj sto nikoj nema kade na raat da prdne uste deca im falele, da im pravat sto?
za tie deca koj ke obezbedi obrazovanie i utre koga ke treba da se zaposlat kade ke gi zaposlime?
ili treba samo da se mnozime pa ko prezivi prica ce, kao u indijauser posted image

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Кариера vs мајчинство
20.3.2013 8:56:12   
Pepelaska *
Па веројатно сакаат пензионерите да гледаат децаuser posted image За нив има се, бесплатен превоз, се бесплатно , примања доволни , некои и млади одат во пензија и таман.Жена на 27 години нека оди нека рмба некаде за 6 7 илјади за да гради кариера а децата нека и ги гледаат 60 годишни луѓе.
Зошто не стават во градинките 2 смена?

А бенефитот е наталитет веројатно.
Па после ќе си играме малечката невеста

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Кариера vs мајчинство
20.3.2013 9:13:00   
Ikana
Пепелашке се согласувам со тебе.
Мене нема кој да ми го чува детето, моите работат, а сватовите се стари луѓе кои едвај себе се гледаат. Дури и чувствувам вина што не им помагам. Одговорот на сите кога ќе им го кажам ова е не изигравај Богородица, помогни си себе прво.

Пари за жена се трудам да соберам за да имам барем 1 ден во месецот за мене слободен.
Толку сум уморна што кога заспивам топ не ме буди.
Би ја дала во градинка, ама нема место, или не сум мислела на време да ја стават на список. А ако ја дадам во градинка повеќе ќе биде дома болна, отколку таму.

Јас би родила 3 деца, не е дека јас не сакам да имам големо семејство. Ама сакам да бидам сигурна дека ќе имам со што да ги прехранам, и да имам нерви да го издржам тоа. А моментално немам никаков мотив да раѓам уште, бидејќи едвај издржувам со едно дете. И за што учев јас факултет? За што учев постдипломски? За да седам дома и да раѓам деца без никаков проспект за напредок и со сиромаштија која ми чука на врата како закана дека ако родам, нема да можам да го издржувам моето семејство.

< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 20.3.2013 9:14:07 >

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Кариера vs мајчинство
20.3.2013 9:16:57   
Gardenia

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR

Па веројатно сакаат пензионерите да гледаат децаuser posted image За нив има се, бесплатен превоз, се бесплатно , примања доволни , некои и млади одат во пензија и таман.Жена на 27 години нека оди нека рмба некаде за 6 7 илјади за да гради кариера а децата нека и ги гледаат 60 годишни луѓе.
Зошто не стават во градинките 2 смена?

А бенефитот е наталитет веројатно.
Па после ќе си играме малечката невеста


Алал да ти е за коментаров

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Кариера vs мајчинство
20.3.2013 9:21:54   
Ikana
И што добиле тие мајки кои родиле второ или трето дете?
Ако си немаат дома пари во фамилијата добиле едно големо НИШТО.
Уште една уста за хранење.
А фрчат ли фрчат кампањи за наталитет. Епа извинете, јас не раѓам за да го кревам наталитетот, туку раѓам од љубов, моето дете е плод на нашата љубов со сопругот, не е титула родив трето дете и го кренав наталитетот.

Ги жалам тие што мораат да реѓаат трето дете како поддршка за некоја си кампања или за да послужат како пример на населението. Ама населението не е на функција него гладува.

И тотално ги поддржувам оние кои се одлучуваат за абортус, бидејќи немаат средства да гледаат повеќе деца.

< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 20.3.2013 9:29:11 >

(Одговор на членот Gardenia)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Кариера vs мајчинство
20.3.2013 9:22:00   
bucko mal
Kaj nas porodilnoto e tri meseci,posle toa ako nesakas da rabotis ne zemas pari(porodilno)no rabotnoto mesto ti se cuva do edna godina.Sepak skoro sekoj obicen rabotnik zema dovolno pari za svoeto dete,znaci tolku e visok standardot i dvajca da se vraboteni da kazam sluzbenici gi sleduva tie pari za decata(okolu 50evra nedelno za edno dete)dovolno za potrebite na decata i neso poveke.
Gradinkite zgrizuvaat deca od tri meseci,mnogu cesto i gradinkite se vo ista zgrada so firmata kaj so rabotat roditelite,ima i vo skolite gradinka za majkite sto ucat i se plajka pola od sumata deka majkata e student.
Moram da napomenam deka tolku mali bebinja ostavaat majkite sto imaat visoki funkcii a najobicni rabotnicki so mali bebinja nema,ednostavno ne im se isplati da rabotat bidejki tolku ke davaat za gradinka.
Edna samohrana majka se pozalila deka i e malku socijalnoto(ima dete so posebni potrebi)otisla vo parlamen da se zali i zamislete i dodelile $600 nedelno toa e plata sto ja zema eden sluzbenik,znaci nema luksus ama ima da si gi plati troskovite i da zivee normalen zivot.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Кариера vs мајчинство
20.3.2013 9:28:04   
Ikana
Не можеш да правиш споредба помеѓу таква една развиена социјална држава и нашава земја.

Ние сме еони назад од тие држави.
Треба да се угледаме ама свеста кај народот не се менува сите патат од синдром на овца!
Промените така се прават, се почнува од свеста на народот. Доволно е еден човек да се најде со поголема свест и да се обиде да ги научи и другите.
Да старите генерации можеби не сакаат промена ама затоа има нови генерации кои само ако им се даде шанса, мислам дека многу работи ќе сменат.

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Кариера vs мајчинство
20.3.2013 9:32:25   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13

Не јас не мислам дека им успева. Туку едноставно има премногу невработени, од кој повеќето се жени. Маж како маж ќе се снајде градежништво, такси , возач, обезбедување ќе подработи нешто. За жал жените неможат да работат определени работи не затоа што неможат туку затоа што домот децата обврките си го прават своето. Вие неможете да имате мало дете и да идете трета смена, ниту пак втора, зашто градинки со такво време на работа не постојат. Во состојба кога жените немаат излез, кога неможат да се вработат , што им преостанува друго освен да се посветат на домот. Жално е навистина кога државата ја искористува оваа безизлезна сосојба во која се наоѓаат пред се мајките и гласно навива за тоа да се родат повеќе деца, зашто нели државата од тоа пак на крајот ќе има бенефит. Незнам зашто веќе еднаш не се сфати дека не постои жена која сака да седи дома и со задоволство да домаќинува туку секоја од нив е желна да придонесе парично во домот, но и да изгради кариера на која ќе биде горда. И паралелно со сето тоа да ѓи исполнуваат обврските во домот со кеиф. Жените се способни да се носат со таков начин на живот страшно е што ретко која може да го направи тоа поради состојбата во која ни се наоѓа нашата ни мила држава.


Точно е дека има повеќе жени невработен, ама не многу. Драстична е разликата кај неактивното население, тоест тие што не бараат работа. И верувале или не, во Државен завод за статистика во таа категорија неактивно население има пензионери, стиденти и подкатегорија наречена ДОМАЌИНКИ, каде сите, ама сите се жени. Е тука лежи зајакот. Тенденцијата на државата е да не врати таму во категоријата домаќинки, „каде и ни е местото“, да се тргнат жените од пазарот на труд, тоа е машки поростор. Иначе не се согласувам дека не можеш да работиш во смени со дете. Точно до 3 години си ослобедена од трета смена, ама после можеш. Ама муабетот ми беше друго, ако мајката е трета смена, тогаш таткото е дома. Тоа не би требало да биде проблем. Да се разбереме не викам дека е лесно, но, возможно е.

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Кариера vs мајчинство
20.3.2013 9:44:07   
Ikana
Vezilka, јас мајчинството, родителството го гледам како животен избор, а не грешка. Јас свесно сум останала бремена, не по грешка, па да се чудам што ме снашло.
Борбата е тешка, работа нема, едвај се врзува крај со крај.
Тоа е вистината. Вистината не е дека сите не чека работа по дипломирање. Туку вистината е дека мајчинството кај нас се сведува дека е свесен избор да патиш во животот.
Лесно е да кажеш дека има работа, ама не ја бараат жените. Нема работа, барем не за жени.
Зошто се комплицираат работите, кога можат да бидат едноставни?
Зошто нема закон кој ќе рече дека сите жени мора да се вработат кои тоа го посакуваат. Зошто ниедна агенција до сега не помогнала за некој да се вработи?
Туку треба да молиш и врски да фаќаш, и иако си поквалификуван и со поголемо искуство работата ќе отиде кај некој мутав роднина на газдата...е тука лежи зајакот, не дека и надвор не е вака, ама надвор барем имаш шанса. Тука немаш ни тоа.

< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 20.3.2013 9:45:06 >

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Кариера vs мајчинство
20.3.2013 9:56:09   
Winit
Na ovaa tema ima mnogu sto da se napise ama edno e sigurno. Zenata vo MK e navistina vo nezavidna polozba od mnogu strani.
Kako prvo mentalitetot kaj nas, site sme svedoci kako samo zenata i se pripisuvaat nekoi raboti vo domot (gotvenje, cistenje, peglanje, perenje...sl). Mozebi ima isklucoci ama toa se samo isklucoci, i se tolku malku sto duri i po forumi koga se cita kolku sovrseno se delele obrskite po doma, polovina izjavi sigurno ne se vistina (ne zboruvam samo za ovoj forum da ne bidam razbrana pogresno :) ).
Zgora ne gorenavedenoto sleduva grizata okolu decata i obrvrskite na rabota ili karierata na zena koja sto ima dete/deca. Vo gradinkata kade sto odi sin mi, vospituvackata si odi vo 13 casot i decata se ostaveni so edna neguvatelka (inaku se 42 deca vo grupa) .Toa e tolku tazna i strasna slika da gi vidite poslednite decinja koi sto cekaat da gi zemat roditelite vo 4.30 ili 5. A jas sum do 5 na rabotno mesto i koga ne bi bile babite da go zemat bi trebalo da me ceka do 6 vo substandardni uslovi, sto podrazbira dremenje na klupa.
Da ne otvarame tema za bebinja i decinja do 3 godini, za niv treba da ima malku posebni uslovi. A situacijata kaj nas site znaeme kakva e. Licno da imam dete nikogas ne bi go pustila do 3ta godina vo nasite gradinki. A za toa ke treba da imas pari za da angaziras dadilka. Sto stanuva koga deteto ke se razboli i nema koj da go cuva? site znaeme deka ima decinja koi sto 5 dena se vo gradinka , 3 nedeli doma se lecat...kako taa majka ke odi na rabota. Kako bi se zemalo boleduvanje na sekoi 2-3 nedeli, nevozmozno. Sto znaci deka uslovite za nega i griza vo gradinkite treba da bidat pdignati na mnogu povisoko nivo, i se razbira rabota vo dve smeni zadolzitelno.
I na kraj, vo vakvi uslovi i so nikakvi drugi socijalni beneficii e smesno da se gledaat tie kampanji za zholemuvanje na natalitetot. Treba prvo da se sozdadat uslovi za toa.
Vo nasata naselba na pr. se izgradija zgradi nad 20, a nemase usliste nitu gradinka. kakov e toj plan za naselba? Nemalo plan , taka e sekogas kaj nas i tuka e problemot. Zosto tocno mnogu poprofitabilno e da se gradat zgradi nego da se izgradi uciliste i gradinka. A se zboruva za natalitet?!?!? Kakva drskost!
So nisto, ama bas so nisto ne se olesnuva odgleduvanjeto deca kaj nas.
Za na kraj zenata da mora da bira pomegu deca i kariera, ama vo nasi uslovi tesko izvodlivo e da se odberat dvete.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Кариера vs мајчинство
20.3.2013 9:59:58   
bucko mal
Kolku pati sum se custvuvala kriva sto sum go rodila prviov sin koga nemozav nisto da mu ovozmozam,kolku pati sum rekla kako mozev da go rodam da se maciuser posted image a drzavata mi vikase deka 200evra se dovolni za nas dvajca,a oni pred moi oci se rasfrlaa so drzavni pari.........i mnogi gi mrazam site politicari,nesakam da se potsetuvam ama kosa od glava mi se kreva od nivuser posted image

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Кариера vs мајчинство
20.3.2013 10:27:56   
Ikana
Прочиитав една статија на еден портал која морав да ја ставам тука.
Имено, според авторката ние сме биле мрзеливи.
Демек ние не се бориме хаха, леле дали е можно некој волку да не прави будали!!!!!
Еве ви пример зошто не викаат мрзеливи домаќинки што само седат дома и чуваат деца.....


Изреката Младоста да ти ја имам, мрзата да ти ја немам, прв пат ја слушнав некаде кога бев на факултет, што значи дека сум била „во цветот на младоста“. Иако во дадениот контекст не се однесуваше на мене, ме натера да размислам и ми дојде како силна шлаканица. Толку многу, што помислив дека ми се познаваат прсти на образот.

Тогаш почнав да се прашувам дали го давам најдоброто од себе. Дали тоа што студирам и си ја подзачистувам мојата соба еднаш неделно навистина ми го окупира целото слободно време, со исклучок на она кога сум излезена? Или можеби време беше да си признам дека ме мрзи? Дали морам да почекам со потрагата по работа до завршувањето на студиите, или можеби можам да најдам некоја хонорарна работа и претходно? Работа со која ќе научам да бидам поодговорна, ќе си го заработам џепарлакот и ќе го растеретам домашниот буџет, а нема многу да ми пречи на студиите. Тоа беше моментот кога почнав да работам, моментот кој за мене значеше растење и созревање.

Признавам, беше многу напорно, иако се работеше за хонорарна работа, барем првите неколку месеци. Уште потешко стануваше кога ќе се свртев околу себе и ќе видев дека повеќето од моите пријатели - врсници сé уште студираа, без оптоварување околу барање работа или навремено завршување на студиите. Беше тешко, но истовремено беше неверојатно уживање, особено чувството на успех кога вложував, и неуспех кога не вложував доволно. Тогаш прв пат научив дека успехот зависи од МЕНЕ.
Познавам луѓе кои почнаа да работат рано, на почетокот на своите 20-ти години, некои и веднаш по завршувањето на средното училиште, а и такви кои и во средно работеа по некоја хонорарна работа повремено. Но познавам и многу луѓе кои беа безгрижни во однос на тоа кога ќе ги завршат студиите, а кога тоа се случи, почнаа да бараат работа исклучиво по струка. Бидејќи за сите работни места се бараше искуство, тие луѓе почнуваа да губат надеж, да се жалат како нема работа, и дека џабе студирале. Секој контакт со тие луѓе се сведуваше на разговор за тоа колку им е тешко и дека нема работа. На мое големо изненадување, кога ќе им предложев да побараат нешто што не им е по струка, привремено, дека подобро е да се работи нешто отколку ништо, или пак дека треба да размислат за волонтирање на место на кое можат да научат повеќе за својата професија, бев напаѓана и остро осудувана. Сега, десет години подоцна, разликата во успешноста помеѓу првите и вторите е повеќе од очигледна, а верувам дека со текот на времето таа ќе се продлабочува се повеќе.

Периодов значително контактирав со млади луѓе од различни делови на земјава. Не знам зошто се изненадив што иако поминаа повеќе од десет години, не се променети многу работи. Очекував да видам млади луѓе кои би требало да бидат полни со живот, да сакаат да бидат ангажирани, да ја искористат енергија што ја носи младоста и својата креативност да направат нешто за себе и другите. Единствена промена којашто јас ја увидов е зголемената летаргија меѓу младите, уште поголема од времето кога јас бев млада. Видов млади луѓе кои немаат никаква визија за својата иднина. Не знаат ни што би работеле кога би имале можност да бираат, ниту пак што им треба за да имаат подобар живот, освен работа – која не знаат каква би сакале да биде. Млади луѓе коишто се жалат од состојбата во која се, кукаат колку им е тешко, а не преземаат ништо да ја променат состојбата во која се наоѓаат.

Јасно е дека апатијата кај дел од младите е одраз на случувањата во општеството. Но она што се случува во општеството не смее да биде изговор за летаргичното однесување. Во време кога информациите ни се подостапни од секогаш, кога има толку можности за волонтирање, пракса, изградени граѓански организации кои можат да ангажираат млади луѓе желни за помош, за мене е незамисливо да гледам млади луѓе на кои единствена преокупација им е излегувањето или дремењето на социјалните мрежи. Луѓе кои се жалат од својата судбина, без грам иницијатива во себе, без да направат ниту еден чекор да ги решат работите.

Среќа е што има и друга група млади, и тоа поголема од пред десетина години, кои се сосема спротивни на оние претходно опишаните. Млади кои ги користат можностите што ги нуди времето – ангажирани се како волонтери, членуваат во граѓански организации, работат хонорарни работи во согласност со обврските, и постојано се дообразуваат и надградуваат. Млади кои вложуваат во себе, вложуваат во она што го прават. Млади кои знаат дека успехот зависи од нив.

Изреката Младоста да ти ја имам, мрзата да ти ја немам ја избрав како наслов затоа што мене ме промени како личност. Не сакам да ги дефинирам немањето иницијатива и пасивноста како мрза. Не е ни важно како ќе се дефинира, важно е да се надмине. И не велам дека секој треба да бара работа уште додека се образува, не мора ни да е работа, има различни корисни начини да се пополни слободното време. Дури и ако некој ми каже дека не бара работа, дека не сака да работи до некаде би го разбрала, ако се чувствува добро во сопствената кожа и не ја оплакува сопствената судбина.

Многумина не се согласуваат со мене, а верувам има такви и меѓу вас. Сепак, јас сум цврсто убедена дека колку вложуваш, толку добиваш. Можеби само треба да разгледаме убаво наоколу и да ги видиме можностите кои на прв поглед воопшто не изгледале како можност. Можеби некогаш резултатите нема да дојдат веднаш, ќе треба да помине време во кое понекогаш ќе сакаме и да се откажеме, но упорноста на крајот ќе се исплати. Млади луѓе, вие сте иднината на земјава. Бидете активни и направете нешто добро за себе и за другите.

Јас сум убедена дека успехот зависи од НАС.

Извор: фемина.мк


< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 21.3.2013 23:45:54 >

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?