|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Машина за садови
10.7.2009 0:29:14   
mis.
Дали имате машина за садови?Дали со оглед на денешниве услови на живеење е потреба или луксуз?Доколку имате која марка е,колку сте задоволни и колку често ја користите?
Сакам да си купам па добро би ми дошло ваше искуство.Мислам дека секое домаќинство мора да ја има.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Машина за садови
12.7.2009 0:45:18   
Еца
Мис јас сум дефинитивно за. Мислам и повеќе од потребна е за секоја домаќинка. Мислам да не зборам дека времето што го минувам за миење садови ќе го поминам со Мартина гушкајќи сеuser posted image (добар изговор)user posted image Но шала на страна, мамички вие кои веќе имате давајте совети од која машина за садови сте задоволни. и мене ми е во план.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Машина за садови
12.7.2009 0:52:12   
nenicka
имам и ја користам многу сум задоволна од неа - бекоза 8 особи таква имавме место и сега супер ми е.да си земете ке си го олесните многу животот и работата.позздравчеuser posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Машина за садови
12.7.2009 1:02:43   
Еца
Фала Неничка, еј Мис ете мила стигна првата препорака, која прва ќе купи ќе се пофалиuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот nenicka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Машина за садови
12.7.2009 8:43:18   
mami
ах..кога читам ми се плаче..имам најубава машина за садови и скапува во подрум веќе 2 годиниuser posted image user posted image user posted image user posted image не мора да објаснувам зошто нели...како и сите останати подароци од свадба и за неа нема место во домот на свекрва ми

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Машина за садови
9.8.2009 23:46:18   
Cacko
Jas imam Bosh za 8 osobi, i sum prezadovolna.Ja pustam sekoj den, zatoa ikupivme pomala, za da ne mora da cekam 100 godini za da ja napolnam i da ja pustam. Na raka mijam nekoi sitnici za koi ne vredi da vrti masina , inace e petka. Baska site mi rekoa deka e najdobro priborot za bebe i dete da se mie vo masina zosto tuka rabotite se posterilizirani, perenjeto e na 65 stepeni , a koga gi mies na raka e oklu 30-40 stepeni

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Машина за садови
10.8.2009 1:13:30   
nadica
mnogu korisen aparat jas imam beko za 12 osobi i ja koristam sekojdnevno veke 4god i mnogu sum zadovolna

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Машина за садови
11.8.2009 23:03:49   
mis.
надица кој модел на беко го имаш јас видов една 1503 модел за 12 комплети 5 програми.кој модел е твојата и како си задоволна?

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Машина за садови
25.9.2009 13:14:34   
profesorica
Свекрва ми има Gorenje машина за садови ја користи кога има многу гости и еве сега за миење тегли пред правење зимница.Добра работа врши ама ако ти се собираат многу садови а инаку не е баш практична, многу време врти и троши скапи детергети  и апчиња наменети специјално перење во таква машина.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Машина за садови
25.9.2009 13:16:10   
mother 29
jas imam wirpool za 12 osobi,ama se zeznav sto ne kupiv pomala.vaka dodeka ja iscekas da se napolni

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Машина за садови
2.11.2009 9:27:09   
ananikol
I jas imam za 12 osobi a do sega bevme 3-ca.I odlicna mi e taman mislam. Tanjirite sto mi se sobiraat od cel den se stavaat vnatre i navecer ja pustam.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Машина за садови
2.11.2009 9:28:58   
arh_diz

ИЗВОРНА ПОРАКА: ananikol

I jas imam za 12 osobi a do sega bevme 3-ca.I odlicna mi e taman mislam. Tanjirite sto mi se sobiraat od cel den se stavaat vnatre i navecer ja pustam.


(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Машина за садови
5.11.2009 16:00:37   
alexandra
Јас имам бош за 6 особи и не можам да си го замислам животот без неаuser posted image
Жени, купувајте и олеснете си го животот барем сега имаме можност

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Машина за садови
5.11.2009 16:04:05   
Mila na mama
Машината мене ми е драг подарок од една посебна личност, а на маж ми уште подраг бидејќи пред да ја добиеме само тој миеше садови, а еве сега си има замена. Јас мразам да мијам садови. Многу сум задоволна ја уклучувам еднач на 2 ден акога ке се наполни.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот alexandra)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Машина за садови
5.12.2009 15:10:22   
ripce
Машина за миење садови

Ако го споредиме машинското и рачното миење садови, машинското е подобро од следните причини:
- помала потрошувачка на струја и вода
- садовите подобро се мијат
- останува повеќе слободно време 

Миењето на садови во машина е поефтино од рачното миење. Машината за миење садови троши помалку вода и детергент, а притоа троши мало количество електрична енергија. Европски институции проценуваат дека просечното домаќинство употребува дневно :
-1kWh електрична енергија
- 25 литри вода
- приближно 1 час работно време П

Предност е и подобрата среденост на кујната бидејќи нечистите садови се ставаат веднаш во машината, а не во мијалникот, па така кујната останува чиста и средена.

Подобро и поефтино миење на садовите – бидејќи машините за миење садови мијат со вода загреана на 65оС, садовите по миењето се почисти. При рачно миење температурата е најмногу 40оС бидејќи поголеми температури не поднесува кожата. Машината за миење садови без проблем мие маснотии и уништува бактерии со помалку потрошено електрична енергија и вода. Машина за миење садови во А класа за едно миење троши околу 10-15 литри вода и околу 1,05 kWh ел.енергија, што е значително помалку во однос на рачното миење, каде што во просек се троши 50-80 литри вода.  

Различни видови машини за миење садови – последните години понудата на машините за миење садови брзо се зголемува. Постои избор на повеќе производители и модели, но всушност треба да одлучиме помеѓу 4 модели кои се разликуваат во начинот на вградување :
- Самостојна – може да стои самостојно или да се стави помеѓу елементите. Има горна работна плоча, која може да се извади и машината да се стави во долниот елемент од кујната.
- Вградбена – наменета за вградување во елемент бидејќи нема бочни страни. Панелот за управување е видлив во секое време. Висината на машината изнесува 81-82 cm , а често имаат и подесиви ногарки, па така може да се подигне до 87 cm.
- Интегрирана – идентична како и претходната (вградбената) машина со таа разлика што панелот за управување се наоѓа во горниот дел од вратата, па не може да се види однадвор.
- Компактна – со помали димензии, најмногу наменета за викендички, гарсоњери и деловни простории. Има со различни капацитети кои се пресметуваат во однос на капацитетот за сетови за јадење. Во просек важи правилото дека на едно четиричлено семејство му е потребна машина за миење садови за 12 сетови за јадење. Тоа се машини со широчина 60 cm. Машините со широчина 45 cm имаат 8-9 сетови, а компактните 4-6 сетови за јадење.  

Начин на работа – машината за миење садови ги мие садовите со топла или врела вода во која се наоѓа детергент. Распрскувачите кои се наоѓаат во машината ја насочуваат водата во садовите која под притисок ги мие. Таа ги зафаќа сите делови на садовите. Садовите и приборот за јадење треба да се постават во стабилна положба за да не се превртуваат за време на процесот на миење. Водата во машината постојано кружи, а филтерот не ги пропушта остатовите од храна да влезат во одводната цевка бидејќи водата преку филтерот се прочистува неколку пати. Поради ова машината добро ја искористува водата и е рационален потрошувач. Филтерот после секое миење треба да се исчисти. Процесот на миење го надгледува програматорот. Кај електронските машини потрошувачката на вода се прилагодува на количеството и извалканоста на садовите.

За ефективно миење важна е температурата на водата која зависи од програматорот. За поголема температура на водата се троши повеќе ел.енергија. Температурата на водата најчесто се движи од 40-75оС, а се троши 10-15 литри вода и 0,9-1,2 kWh ел.енергија.  

Штедење при употреба на машината – со правилно ракување на машината може дополнително да се заштеди на вода и на струја. Важно е следното :
- Не е потребно садовите да ги испираме пред поставување во машината, а на тој се штеди вода. - Садовите треба да се постават спорeд упатството на производителот
– Секој од садовите се поставува на тој начин да во нив не може да се собира вода и на тој начин да бидат послаби ефектите од миењето.
- Најдобро е машината да биде секогаш исполнета до крај – на тој начин дополнително се заштедува ел/енергија и вода

Заштита против излевање – При купување на машината за миење на садови важно е да се земе во предвид и заштитата од излевање на вода во кујната чиј под може да биде паркет или тепих. Постојат два типа на заштита :
- електрична заштита – функционира на следниот начин : доводната цевка е двојна, па во случај на пукање на внатрешната цевка, водата по надворешната се излива во машината. Дното на машината е затворено и кога ќе препознае вода автоматски го затвора електричниот вентил на доводната цевка и на тој начин го спречува излевањето на водата. При активирање на заштитата се вклучува одводната цевка која од сигурносни причини црпи вода од машината. Предности на оваа заштита е дека ел.вентили се секогаш во погон, па поради тоа не може да дојде до појава на каменец.
- механичка заштита – истотака штити од излевање на вода, но во помал степен од електричната. Доводната цевка истотака е двојна и дното на машината е затворено, но постои разлика при активирањето, бидејќи често може да затаи заштитата поради водениот каменец. Оваа заштита најчесто подолго време не се активира, па затоа може да откаже во случај при нејзино активирање.

Ознака за енергетска ефикасност – врз база на енергетската ефикасност, машините за миење садови се распоредени во класи од А до G. Во класата А се машините со најмала потрошувачка на електрична енергија, а во класата G со најголема.    

< Поракaта ја уредил ripce -- 5.12.2009 15:13:59 >

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Машина за садови
15.2.2010 11:16:49   
mis.
какви сретства користите за вашата машина миење садови.Јас користам таблети и сол од кам но сакам да купам на калгонит да направам разлика.Дали ги пробал некој тие од кам за да ми направи разлика со калгонитот кои се подобри.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Машина за садови
15.2.2010 11:22:28   
Enika
Ние имаме машина дома...Boosch е  мислам( вака ли се пишувашеuser posted image )...и мн ни врши раб...имаме две додуша бидејки имаме два ката...и кога имаме ептен гости ги полниме двете и завршена раб. Кај нас секогаш има мн садови..а и да не се соберат од еднш ите ги редиме во машината... кујната празна и чиста од садови... А и мислам дека мн одмага за жениве...дур она си пере ти работиш друго, ане прв садови, па прашина, па др работи.Иначе ние користиме се од Калгон се викаше мислам...истото е Мис што го збори..и сјајот и прашакот...е сега различно некогаш таблети ке купат моите, некогаш течен прашак...завис...и сјајот исто така...а мене мн ми се свигаат тие со мирис на портокал и лимон...ептен свежо мирисаат садовите.

Така да како поклон за сваба сакам машина за садови( мегу останатите убаи поклони нели)user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Машина за садови
15.2.2010 11:24:51   
mis.
Да и јас се слоувам дека за жена е најдобриот подарок за сведба.

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Машина за садови
15.2.2010 12:31:56   
***Lide***
na vistina ubava rabota mnogu sakam da ja imam ama nemame mesto vo kujnata mnogu ni e mala user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Машина за садови
15.2.2010 13:00:32   
mami
Здравје, за во новиот стан прво што ке гледам ке биде да има место за неа..Конечно да ја отпакувам и да и се израдувам...

(Одговор на членот ***Lide***)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Машина за садови
15.2.2010 16:12:51   
lilit
I jas sakam masina za sadovi ama mala mi e kujnata pa sega za sega ne mozam da kupam am definitivno koga ke se prosiram prvo kupuvam masina za sadovi!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Машина за садови
15.2.2010 16:16:57   
Adrijana
Koga ke se izlezeme od ovoj stan, za vo mojata kujna, sigurno ke si kupam, a za ovde nema sansi.

_____________________________



(Одговор на членот lilit)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Машина за садови
15.2.2010 16:19:17   
Medo
user posted image тој што ја измислил. Нема шанси да ми биде кујната без машина за садови - ова беше мој став кога ја правевме кујната во станот. Така и бидна, ама мораше компромис - машина за мене, а двд за маж ми user posted image

И јас ги користам апчињата и солта од КАМ. Супер перат и не забележувам разлика во чистотата на садовите во споредба со Калгонит.


< Поракaта ја уредил Medo -- 15.2.2010 16:21:53 >

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Машина за садови
15.2.2010 22:23:40   
mis.
Медо значи да не експериментирам со апчињатаuser posted image

(Одговор на членот Medo)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Машина за садови
15.2.2010 23:31:28   
jovanka
Masinata mi e deset godini super e do sega no edna rabota ke vi napomenam pri izbor na goleminata dali ke bide za 4,6,8,12 najdobro e ako e za sekojdnevna upotreba za cetiricleno semejstvo izbor za sest lica prakticna za upotreba mojata masina e za dvanaeset lica i bidejki nemam navika da gi sobiram znaci pomalku koristena edino prakticna za proslavi i koga gi premivuvam site casi togas e super.Zatoa razmislete pred kupuvanjeto!A koristam go prasokot kalgonit vo zolta plasticna opakovka ne ni mnogu skap a super e za razlika od tabletite kalgonit koi mislam se dosta poskapi i ne zaboravajte sol i sjaj ama solta zadolzitelno taa e cuvar na masinata.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?