mami
|
За целокупно прифаќање на сопствениот пол и сексуалност многу е важно како вие како родители ке се поставите. Полето сексуалност е бурен и долготраен процес, а тоа како детето ке успее да се согледа себе си како полово суштество ќе зависи и неговата сексуалност кога ке порасне. Така што вие денес влијаете на односите кои ке ги има детето спрема себе си и својот полов идентитет, но и спрема партнерите кои ке ги има во иднина. 1. Однесувајте се природно Бидете опуштени спрема половите и сексуални игри во претшколската возраст бидејќи нивното грубо прекинување предизвикува подоцна несигурност. 2. Бидете добар пример Немојте да се срамите од своето тело и разголеност(на пр. Немојте да паничите ако детето ви упадне во бањата додека се туширате). 3. Вашите граници на срам не се и негови Кога бебето од 2-3 месеци ќе ги открие своите рачиња тоа предизвикува одушевување кај сите. Сите возрасни го сметаат тоа за голем чекор во неговиот развој. Тоа постепено воспоставува врска и со останатите делови од своето тело. Половите органи за малото дете не се ништо помалку интересни од останатите делови од неговото тело. Тоа што нив ги прави толку интересни се токму реакциите на околината во врска со ова негово истражување. 4. Разговори Со разговорите на тема сексуалност пожелно е да почнете(освена кодетето не ги почне само) некаде околу 4та година. Тогаш: Бидете сигурни дека овие разговори се неопходни. Размислете: ако детето не разговара со ва, кој му преостанува како соговорник? Доколку за сексуалноста дознае од врсниците можно е да биде дополнително збунето бидејќи врсниците може да имаат уште позамаглени и погрешни претстави од оние кои самото си ги прави во главата. Бидете трпеливи. Едукацијата за сексуалноста неможе да заврши со еден разговор пред влезот во пубертет, како што мислат многу родители. Сексуалното созревање почнува од самото раѓање. Значи, ваште деца воспитувајте ги уште од првиот ден, биле тие свени или не. Искрени и конкретни одговори. Децата кои слободно поставуваат прашања и на нив ја добиваат вистинити, едноставни одговори адекватни за нивната возраст, имаат позитивен став спрема сопствениот пол и сексуалност. За разлика од нив, децата на кои тоа објаснување им е ускратено, развиваат сопствена, со тоа и често погрешна слика за сето тоа, како што се на пр. Жената останува бремена откако ке проголта некој предмет, или ако многу јаде, па кога ке стане дебела ке роди бебе... Затоа секогаш одговарајте точно, сразмерно со возраста. Всушност, и не постои оправдување да на детето во било која возраст му понудите одговор за зелката, штркот и слично. Ако е зрело за прашање, зрело е и за одговор. Избегнувајте лажни одговори. Поттикнете го детето да ве праша се што сака. Ова правило не се однесува само на сексуалноста, туку воопшто за се што допрва треба да го научи. Иако некои деца ја прескокнуваат оваа фаза на незгодни прашања, почесто се случува тие циклично да се повторуваат т.е. децата ги повторуваат на секои неколку месеци. Затоа е особено важно вашите одговори да се конкретни и искрени. Кога ке му кажете на детето: Мал си за тоа, или Ти тоа не го разбираш, или на прашањето- Од каде доаѓаат бебињата? Вие одговорите со: Незнам, само дополнително ја разгорувате неговата љубопитност. Дете во предучилишна возраст верува дека вие знаете се, и кога на некои прашање ке одбиете да одговорите или тоа го направите проѕирно неискрено, тоа мисли дека во тој одговор се крие некоја огромна тајна која не сакате да ја поделите со него. Исто така кога одбивате да одговорите на незгодните прашања (мислејќи дека во очекување на одговорот детеот ке престане да прашува или ке заборави или вам ви е непријатно да зборувате за тоа...) вие тогаш влијаете на неговата свест за сопствената сексуалност. Само во случај нешто навистина ако незнаете, признајте дека не го знете тоа. Побарајте одговор и кога ке го најдете кажете му го на детето. Ако ви е непријатно или немате време за разговор- токму тоа и кажете му го и одложете го тој разговор за првата следна прилика. Освен тоа, акому препуштите на детето, без вас само да ја учи за својата сексуалност ризикувате да почне да чувствува срам или отпор спрема своето тело, а со тоа и спрема својот пол, што може да доведе до многу проблеми. Многу е важно и овој аспект од нивниот развој и разбирање на сите оние често збунувачки и болни фази на растење, да го прифатите со активна поддршка и многу комуникација.
< Поракaта ја уредил mami -- 11.12.2009 13:46:39 >
|