|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Непристојни комплименти
6.5.2009 21:12:58   
Еца
Како би изреагирале доколку имате соработник кој постојано зборува за секс,ја коментира вашата коса,вашата облека...Дали би се пожалиле кај шефот?

Или можеби веќе го имавте ова непријатно искуство,па како реагиравте?


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Непристојни комплименти
6.5.2009 21:34:12   
fibimk
Vednas bi stavila do znaenje deka takvi komentari ne mi se potrebni.....Pa se nadevam deka ke razbere osobata.Ako ne sekogas ima mesto za porigorozni merki!hehehhehe

_____________________________

You have to have a darkness....for the down to come!!!!!!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Непристојни комплименти
28.5.2009 15:51:32   
Marta
Bas skoro se najdov vo vakva situacija, mu dadov ubavo do znaenje deka ednostavno nie dvajcata i nemame za sto da razgovarame, a uste pomalku da mi komplementira, pa i pokraj predupreduvanjata, toj prodolzi, a jas ednostavno si kazav se na direktorot,koj veke bese informiran i od drugi koleski za negovoto odnesuvanje.Taka da posle toa veke nemam problemi so covekot.

(Одговор на членот fibimk)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Непристојни комплименти
28.5.2009 18:47:52   
Палешка РР
Не, досега не. Не затоа што колегите ми се светци, далеку од тоа, но работиме со маж ми во иста фирма, па тие се и негови пријатели.
Кога би се случило такво нешто, би му рекла во лице, не би преземала поригорозни мерки.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Marta)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Непристојни комплименти
9.12.2009 11:09:49   
mami
ми се случило, ама не овде каде што сум сега, туку претходно. Многу непријатно се чувствував и едноставно го игнорирав, како воопшто да не го кажал тоа и вртев муабет на други работии престана..


(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Непристојни комплименти
9.12.2009 11:15:26   
mother 29
хахахах мобинг

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Непристојни комплименти
9.12.2009 11:15:49   
profesorica
ми се случило и ми се случува, некои луѓе едноставно се слободни во размислувањата и зборуваат- некогаш тоа не е на место.ги игнорирам, нормално!!!

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Непристојни комплименти
9.12.2009 11:55:17   
arh_diz
Jas imam kolega koj e takov sedi do mene udav e covekot. No ajs vednas mu dadov do znenje deka preku glava mi e od negovi komentari. Dosta od vrabotenite se zalea kaj direktorot., se dodeka toj samiot ednas ne mu rece na direktorot te guskam i bacuvam padnav od smeja mislam da nebese direktorot tuka neznam sto ke se slucese od smeenja vaka morav da bidam podiskretna vo smeenjeto

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Непристојни комплименти
9.12.2009 12:38:00   
Bogdancanka
Jas bi mu dala na znaenje deka toa ne me interesira,i bi go ignorirala.Sum imala takvi situacii i brzo izleguvam na kraj zavrseno e so takvite.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Непристојни комплименти
9.12.2009 13:53:08   
vezilka RR
кога ќе размислам вака јас до сега не сум имала колеги мажи..user posted image user posted image но, ако ми се случи такво нешто, еднаш му кажувам директно да не му се случи уште еднаш, а после пријавувам на повисоки инстанци...обавезно, пријавувам..

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Непристојни комплименти
9.12.2009 14:11:07   
Enika
Мене во принцип тешко може некој да си дозволи нешто посебно кога сум срекно заљубена...зависи од пристап ама непристоен предлог значи дека тој човек ке го јаде дебело...мн сум арогантна со такви user posted image user posted image user posted image не сум имала баш некој непристоелн предлог али напорни мушки да...ако ми ствара поголеми проблеми нормално превземам поголеми мерки!!!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Непристојни комплименти
9.12.2009 14:19:15   
zami
A jas sto da kazam, postojano sum vo kontakt so majstori, pa mnogu cesto slusam sekakvi ,,mrsni,, raboti, ama jas poststo sum im sefica ne smeat da gi nasocat kon mene,
A vo prethodnata firma imav trojca maski klimaktericni kolegi (priblizno oklolu 50g.) i istotaka sekojdnevno slusav mrsni finti i sl.
Taka sto naviknata sum, ama kon mene licno ne i ne bi dozvolila

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Непристојни комплименти
17.12.2009 9:45:08   
profesorica
кај мене на работа обично влегуваат мажи, работници и госпда и кога ќе кажат нешто си ми освежена или разубавена многу ми е непријатно.немаат срам човече...

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Непристојни комплименти
18.1.2010 13:55:28   
BEBICA
Зборот мобинг доаѓа од англискиот „mob”, што значи агресивен чопор и зборот „mobbish”, што значи грубо, вулгарно, простачко. Научникот Конрад Лоренц (Konrad Lorenz), мобингот го споредува со однесувањето на чопор животни кон нивниот непожелен член, негов прогон сé додека самиот не ги напушти.


Во светската литература, различни автори користат различни термини кои се однесуваат на мобинг. Терминот мобинг најчесто се користи во шведската, германската и италијанската литература, додека во земјите со англиско говорно подрачје се користи терминот bullying, а во САД најчести термини се work abuse или employee abuse.

Психичкото малтретирање на работното место или едноставно мобинг не е нов феномен.Постоел во сите работни организации, како во примитивните така и во современите организации. Мобингот постои откако постои човечкиот род и желбата на поединецот за власт, потребата за понижување на другите, окаtко постојат зависта, љубомората, омразата. Уште во 1976 година американскиот психијатар Carroll Brodsky препознала неколку случаи на психичко злоставување на работното место, ги категоризирала како професионални болести и ги пријавила во California Worker’s Compensation Appeals Board и Nevada Industrial Comission (Brodsky, C,1976). Меѓутоа, мобингот го привлече вниманието на научниците дури по дваесет години. 

Прв научник кој почнал да го проучува овој феномен на систематски начин е Heinz Leymann, германски психолог кој живеел и работел во Шведска.
Тој го определува мобингот како психолошки терор на работното место кој се однесува на непријателската и неетичката комуникација насочена од еден или повеќе поединци кон најчесто еден поединец, кој поради мобингот се наоѓа во беспомошна позиција, во неможност да се одбрани, бидејќи постојано е жртва на мобилизирачки активности. Овие активности се одвиваат многу често (барем еднаш неделно) и во долг временски период (најмалку шест месеци). Големата зачестеност и долгото траење на непријателското однесување и малтретирање, кај лицето предизвикуваат значајни ментални, психосоматски и социјални последици.(Heinz Leumann, 1990).
Всушност, мобингот подразбира постојано напаѓање, понижување, малтретирање и изолација на еден работник или група работници, сé дотогаш додека, едноставно, повеќе не можат нормално да функционираат на работното место, а сé со крајна цел целосно да се елиминираат, или да се прогласат за неподобни и болни. Се работи за малтретирање кое, во основата, не е сексуално и расно мотивирано.

Постојат повеќе видови на мобинг во зависнот од тоа кој е вршител на мобингот:

- Хоризонтален мобинг е мобингот кој се одвива меѓу работниците со еднаква положба во хиерархиската организација, односно кoга еден или цела група работници заради внатрешни проблеми, завист и љубомора, избираат еден работник - жртва, врз кого сакаат да докажат дека се силни и способни.

- Вертикален мобинг – кој настанува кога мобингот се врши по хиерархија: претпоставениот малтретира еден работник или цела група, или, пак, група работници малтретира еден претпоставен.

Посебен вид на вертикалниот мобинг е таканаречениот Стратешки мобинг - кога се вршат структурни промени во фирмата или установата (на пр. рационализација и прогласување технолошки вишок), претпоставените организирано мобираат одредени лица кои се непожелни, за тие сами да дадат отказ без да бараат отпремнина, отштета и сл. Непожелните работници најчесто се сметаат како вишок на работна сила кој настанал заради здружување на две организации во една заради реорганизација или модернизација на организацијата.


Кај лицето изложено на мобинг се забележуваат одредени знаци или симптоми кои, доколку не се идентификуваат на време можат да станат сериозни предуслови за нарушување на здравјето и за појава на многу болести.
Симптомите можеме да ги класифицираме во три групи:
1. Физички и физиолошки симптоми
Физиолошките реакции на организмот во случај на мобинг се манифестираат преку: зголемување на шеќерот во крвта, забрзан срцев ритам, покачување на крвниот притисок, покачување на нивото на холестерол, длабоко дишење, препотување, болки во желудникот, црвенило на лицето, треперење на рацете, несоница, и др.


2. Психички симптоми
Нивниот број е голем и зависи најмногу од проценката колку еден настан загрозува. Еден ист настан може различно да се доживее од различни лица, што зависи од: особеностите на нивната личност, темпераментот, начинот на одбрана. Така, кај едниот може истиот настан да предизвика агресија, а кај другиот, нерасположение или повлекување.
Но, сепак најчести психички симптоми се:
- когницијата (проблеми со помнењето, расеаност, намалена концентрација, беспомошно и дефанзивно размислување);
- емоциите (напнатост, анксиозност, страв, бес, обесхрабреност, тага, очај, безволност, чувство на вина, промена на расположението).

3. Бихеjвиорални и социјални симптоми
Овие симптоми се огледаат во: начинот на однесување, растроеност, плачење, панично однесување, повлекување во себе, неконтролирани движења, претерана употреба на лекови, алкохол, цигари, кафе, користење дрога.

1.1.1 ШТО Е МОБЕР? – КОИ СЕ НЕГОВИ ОСОБЕНОСТИ ?
Под поимот мобер се подразбираат личностите кои морално, психички и на други начини ги малтретираат и се обидуваат да ги елиминираат сите оние луѓе кои мислат дека им пречат во остварувањето на нивните цели. Моберите најчесто се луѓе кои се: нечувствителни, несигурни, злонамерни, без разбирање за туѓата несреќа, па дури се наведуваат и некои психопатски карактеристики. Опсесивното и нарцисоидното однесување на моберот е резултат на неговата себичност. Битното во однесувањето на моберот е постигувањето на неговите цели по секоја цена. А како нивни најглавни особини кои скоро секогаш се присутни, се критицизмот и егоцентричноста. На овие лица не им е својствена трудољубивоста и способноста за постигнување резултати во работењето, тие се несигурни во своите квалитети, бидејќи, во поголемиот број случаи, не ги поседуваат. Тоа ги прави инфериорни, ги омаловажуваат другите, неспособни се за емпатија и вреднување на туѓите потреби и чувства. Нивното малтретирање на другите е одраз на неможноста да се справат со своите проблеми и своето ниско самопочитување. Ако се работи, на пр. за унапредување на работното место, тие тоа го сфаќаат повеќе како резултат на „критериумот” политичка припадност, личните амбиции и интереси, отколку врз основа на критериумот стручност, како најрелевантен.

1.1.2 КОЈ Е ЖРТВА НА МОБИНГ?

Жртва на мобинг може да биде секој вработен, без оглед на полот, годините, расата, социјалниот статус, вероисповеста, надворешниот изглед, степенот на образованието или професионалната позиција (уште повеќе, доколку работата е подобро позиционирана, мобингот е посуптилен) може да биде жртва на мобинг. Иако истражувањата и искуствата покажуваат дека од мобинг подеднакво се загрозени и мажите и жените, при што, по правило, мажите ги малтретираат мажите, а жените скоро исклучително жените, стручњаците сметаат дека жените, сепак, за нијанса се поризична група.
Мобираните се карактеризираат како личности кои не се сосема самостојни, понестабилни се, особено чувствителни на критики од другите. Но, жртви на мобинг може да бидат и луѓе кои се особено успешни во својата работа, кои се борат за своите права, затоа што тие кај моберите предизвикуваат страв од конкуренција, која ќе се обидат да ја елиминираат.
Карактеристични реакции на жртвите на мобинг се: почетно самоокривување, осаменост, лично обезвреднување, борба за блокада и елиминација на мобингот. Кога првата помисла на жртвите на мобинг е дека тие сигурно нешто погрешиле и дека вината лежи во нив, тогаш се работи за почетно самоокривување. Жртвите на мобинг, вообичаено, се прашуваат која е нивната одговорност за настанатата ситуација, каде згрешиле, не им е јасно што се случува со нив, збунети се и анксиозни. Се јавува чувство на осаменост, отфрленост и срам заради тоа што им се случува. Се плашат дека другите нема да им веруваат, дека ќе ги осудат, па затоа молчат за својот проблем и не зборуваат ниту во семејството, ниту со пријателите.

1.1.3 ФАЗИ НА МОБИНГОТ


Следејќи го процесот на мобингот од неговиот почеток па се до крајниот исход, истиот може да се подели во следните пет фази:
• Прва фаза
Како потенцијална основа за мобинг се појавува неразрешен конфликт помеѓу соработниците, кој резултира со пореметување на меѓучовечките односи. Почетното недоразбирање набргу се заборава, но заостанатите агресивни тенденции се насочуваат кон "одбраната" особа.
• Втора фаза
Потиснатата агресија ескалира во прихичко малтретирање. Во вртлогот на сплетки, понижувања, закани и измачувања, жртвата го губи своето професионално и човечко достоинство.
• Трета фаза
Веќе обележаната и перманентно малтретирана особа станува "дежурен виновник" за сите неуспеси и пропусти на целиот колектив
• Четврта фаза
Оваа фаза е карактеристична по "борбата за опстанок "на жртвата, кај која се појавува и синдромот на професионално согорување (burn out), хроничен умор, разни психосоматски или депресивни пореметувања.
• Петта фаза
После долгото малтретирање најчесто жртвата на мобингот го напушта работното место но кај некои жртви целокупната ситуација резултира со суицидален исход(самоубиство).

1.1.4 ПОСЛЕДИЦИ ОД МОБИНГОТ

Појавата на мобинг на работно место носи последици како за жртвите на мобингот, така и за самата работна организација. Се зголемува отсутноста од работа, работниците стануваат помалку лојални на организацијата, се намалува продуктивноста и квалитетот на работа, а доста често се принудени да дадат отказ. Сето тоа се одразува и врз раzличните сфери од личноното функционирање на жртвите на мобинг. Се јавуваат пореметувања во расположението како што се: депресија, анксиозност, постојано размислување за она што не мачи, напади на паника при конктакт со секојдневните проблеми, намален интерес кон другите луѓе што се одразува и врз пријателите но, и врз членовите на семјството.
Последиците од мобинг се манифестираат и низ променина психофизиолошката рамнотежа, па така многу често се јавуваат главоболки, пореметувања на сонот, тахикардија – забрзано срцебиење, кожни промени и др.
Промените пак, во однесувањето кај жртвите на мобинг се манифестираат низ:
• агресивност-кон другите луѓе или према себе си
• потполна пасивност и изолација (на пример, жртвата лежи цел ден во кревет)
• пореметувања во исхраната
• зголемено конзумирање на алкохол, претерано пушење, неконтролирање земање на лекови
Сите претходно наведени психосоматски нарушувања кои се јавуваат кај жртвите како резултат на мобингот неретко предизвикуваат тие да земаат чести отсуства од работното место па така отсуствувајќи, враќањето на работа жртвите го доживуваат многу болно и затоа крајниот резултатат може да биде давање на отказ заради потполна исцрпеност или пак добивање на отказ од страна на претпоставениот. По отказот, жртвите се соочуваат со нови проблеми кои се врзани за наоѓање на ново работно место, а тоа особено во денешнoто време во кое што живеееме можно е да се претвори во долготраен и макотрпен процес.
Мобингот предизвикува и губење на самодовербата и губење на социјалната улога. Жртвите на мобинг се чувствуваат безвредни и бескорисни во секоја смисла. Се доведува до прашање не само нивната улога на работник , туку и улогата на татко, мајка, сопруг, родител, брат, пријател. Често, жртвите се затвораат и престануваат да комуницираат со сите.
Покрај споменатите социјални последици, настануваат и економски последици кои се одразуваат врз намалувањето на плататите кај жртвите заради честите отсуства, но и губење на платите во случај на добивање или давање на отказ. Сето ова се одразува врз семeјниот буџет на жрвите и го отежнува нивното секојдневно функционирање и задоволување на основните потреби.

Но, мора да се напомене дека мобингот остава последици не само врз жртвите на мобинг, туку последиците од присуството истиот се чуствуваат и во работните организации.
• Мобингот предизвикува намалување на работната мотивација, задоволството и креативноста при работењето, што директно се одразува врз квалитетот на работата.
• Мобингот доведува и до намалување на продуктивноста и ефикасноста и на моберот и на жртвата.
• Мобингот креира негативна работна атмосфера во организацијата.
• Мобингот доведува до чести оtсуства на жртвите заради боледување.
• Мобингот предизвикува често преместување на работниците, но и промена во работното време.
• Мобингот се одразува врз имиџот на организацијата.
• Ако жртвите поднесат тужби против организацијата заради мобинг, за фирмата се јавуваат дополнитeлни финансиски трошоци заради скапите судски постапки.

Најголемиот проблем кој е поврзан со мобингот е прифаќањето на истиот како нормална, неизбежна појава која ги карактеризира работните односи во голем број на организации . Во костецот помеѓу егзистенцијата или личното достоинство, вработените се почесто се одлучуваат за првото. Затоа мобингот е и општествен, а не само проблем на поединецот, не само проблем на еден работник- жртва на мобинг и неговото семејство.
Знаејќи ги сите негативни последици кои ги предизвикува мобингот врз секој аспект на човековото живеење (личен, социјален, економски), но негативните последици што како резултат на мобингот се јавуваат во организациите, можеме да заклучиме дека санирањето на сите овие последици е долготраен, тежок и многу скап процес. Затоа е неопходно да се сконцентрираме на превенцијата на оваа појава преку зголемување на свесноста и информираноста на луѓето за мобингот и за последиците кои се јавуваат како резултат на истиот.

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 14
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?