|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Паричен надоместок
2.8.2009 18:47:39   
Еца
Еве за да не лутате како мене, ви ги запишувам потребните работи за паричен надоместок за новороденче. Ве следува од државата и општината еднократна парична помош, колку точно изнесува не знам, но е некаде околу 5000 денари.

Потребни документи:
Од државата (се поднесуваат во социјалното во вашата општина)
*лична карта од мајката(фотокопија) исо оригинал на увид
*мајчина книшка на увид за мајката и потврда од гинеколог
*извод од матична книга на родени за детето
*Барање од социјално за остварување на еднократна помош за новороденче

Од општината (сите документи копии)
*извод од мк на родени
*извод од мк на венчани
*лични карти од двајцата родители со адреси на живеење во општината
*трансакциона сметка на едниот родител

Се надевам овие податоци ќе ви бидат од помошuser posted image
*


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Паричен надоместок
2.8.2009 20:00:28   
Adrijana
A Elena da te prasam, ovie pari gi davaat li za prvo dete, i davaat li nesto + ako na primer majkata e nevrabotena???Tie sto se vo raboten odnos ke si zemaat nekoi pari od kompanijata kaj sto rabotat, neli ona porodilnoto sto e, nesto kako 70-80% od platata,a za nevrabotenite? Mislam ako znaes da mi odgovoris, ili pa nekoj drug ako znae, bas me interesira, a ne sum informirana voopsto.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Паричен надоместок
2.8.2009 20:20:36   
Еца
Уф Адријана за прво дете мислам дека само овие пари се, асега се распрашувам за второ, како што има и за трето и четврто повеќекратна помош, но за прво мислам дека се толку, но ајде ако е некој поинформиран нека ни пише.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Паричен надоместок
2.8.2009 20:28:27   
Палешка РР
Пред некој ден слушав на Македонска Телевизија дека за второ дете надокнадата е 5000 денари, независно дали мајката е во работен однос, или не, не се сеќавам за прво дете. Но редовно го прикажуваат тој проект на Владата околу пладне на МТВ, па ќе се информираме.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Паричен надоместок
3.8.2009 13:02:19   
Tanja K.
Elena rasprasajse i toa kaj nova zeleznicka,ako pamtis kade sto se zemase potvrda od bracno sovetuvaliste,tamu se podnesuvaat dok.za vtoro dete i se zeme 9meseci po 5000 den.Bez razlika dali si vraboten ili ne.Kolku tolku sepak fala neli?Za prvo dete se zema samo od opstina. Za treto mislam10 god.9000den.A cetvrto penzija po 62god. i pod uslov da si nevraboten.Ama toa e samo do kraj na 2009god.Taka barem kazaa,i toa e posledno sto go znam.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Паричен надоместок
28.8.2009 18:51:52   
Еца
Изворна порака ТањаК:

Neznam dali sme imale vakva tema,no me interesira,sto dokumenti trebaat za podnesuvanje vo opstina Aerodrom i za od vlada ,za dobivanje ednokratna pomos.Mislam deka Elena ti toa si go zavrsila,i ako mozes da mi kazes sto podnese i kade?Mazmi vo ponedelnik saka da podnese ,bidejki vo cetvrtok zaminuva na pat i toa na 20 dena .Zatoa da go zavrsime toa dodeka e tuka,a za vtoro dete otkako ke se vrati.Blagodaram odnapred na pomosta

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Паричен надоместок
28.8.2009 19:03:30   
Tanja K.
Elena fala mnogu bez tebe nistouser posted image user posted image user posted image .
Kazi mi taa potvrda od ginekolog e vsusnost otpusnata lista od bolnica ili....,i kazi mi poveke za toa baranje od socijalno kade kako i dali se vadi brzo ,posto ke nemame mnogu vreme?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Паричен надоместок
28.8.2009 19:06:45   
Еца
Не отпусната листа е плус, гин.знае каква потврда да ти даде, барањето се зема од социјалното од кај железничка и потоа сите док.се носат во социјалното во К.Вода. А извод извадивте на Ева?



_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Паричен надоместок
28.8.2009 19:07:38   
Еца
Со отпусната листа мораш кај гин. и тој да ти даде потврда.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Паричен надоместок
28.8.2009 19:09:30   
Tanja K.
Da izvod izvadivme,sega vadime zdr.kniska kaj mm na rabota se po brza postapka.Za kolku vreme se zavrsuva toa?Kolku cekase ti?I dali podnese za vtoro dete,ako da sto dok.trebaat i za toa?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Паричен надоместок
28.8.2009 19:14:31   
Еца
Ако ги имаш док.за еден ден ќе завршишп, поточно за еден часuser posted image А за документои за второ дете од државата за повеќекратна помош знам што документи треба, но сега нема да можам веднаш да ги напишам, ама утре, друг ден ке ги поставам.Таму има рок за дваи пол месеци да се поднесат.АСко не се фати тој рок, ништо од помошта.

Јас деновиве ќе ги поднесам таму, уште ги немам сите(еден куп сеuser posted image )


< Поракaта ја уредил Elena -- 28.8.2009 19:15:23 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Паричен надоместок
2.9.2009 1:19:25   
Еца
Леле луѓе вие не знаете што све документи бараат за повеќекратна помош за второ дете.Па ова памет да ти штукне.Одиме денес во суд, не вратија морала мајката молба да напише дека не и е одземано родителското право(меѓу многуте документи) Ајде кога ке ги соберам сите, ке напишам што се е потребноuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Паричен надоместок
2.9.2009 1:25:36   
Bile
Elena nemoj da zaboravis da napises bidejki i jas treba da podnesuvam ako e zdravje i se da bide vo red. A inaku ednokratna paricna pomos davaat li uste neznam . vie dali zedovte

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Паричен надоместок
2.9.2009 1:39:20   
Еца
Па да, маж ми ги поднесе документите во социјално и таму му рекле дека ке ги донесат на врата.(уште ги чекам, обично за два до три месеци ги даваат)user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Bile)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Паричен надоместок
8.9.2009 15:01:47   
Еца
Потребни документи за повеќекратна помиш од државата за второ дете:

Најпрво ќе одите во меѓуопштинскиот центар за социјална работа кај Нова железничка и ќе земете барање за остварување на право на родителски додаток за дете.Кон барањето за остварување на правото се приложуваат следните докази:

1* Лична карта од мајката(фотокопија) со оригинал на увид, а за мајките со нови лични карти и доказ за постојано место на живеење со временски период на живеење во општината, издаден од МВР.

2* Доказ за државјанство на мајката

3* Извод од матична книга нха родени за детето

4* Изјава од мајката како поднесувач на барањето дека не живее и не работи во странство

5* Извод, односно изводи од матична книга на родени за детето, односно децата од претходниот ред на раѓање на децата спрема датумот и часот на раѓања, запишани во извод од матична книга на родени на детето.

6* Доказ  дека децата од претходниот ред на раѓањене се сместени во установа за социјална заштита, згрижувачко семејство или не се дадени на посвојување, издаден од центарот за социјална работа

7*доказ дека не и е одземано родителското право на мајката од претходниот ред на раѓање (ова уверение се зема од суд, ќе го барате со напишана молба од мајката, и се плаќа такса од 400 денари)

8* доказ за мајката за извршени задолжителни здравствено прегледи и контроли за време на бременоста  издаден од соодветна здравствена установа (мајчината книшка)

9* доказ за вршење на задолжителни вакцини на детето од претходниот ред на раѓање, како и на новороденчето (ке си го ископирате картончето од болница на кое има напишано дека ги примило првите две какцини уште додека е во породилиште

10*ете заборавив на фоткопија од лична карта на таткото и извод од матична книга на венчани

Ете ќе заборавев,user posted image сите овие документи се носат во социјалното кај Нова Железничка, таму ти даваат една потврда и земаат дел од док.па пак треба фотокопииод личните карти од родителите и фоктокопија од венчаницатаuser posted image па дури тогаш сите док, се носат во социјалното на вашата општина(во мојот случај социјалното во Кисела Вода)

Сите документи кои ги поднесувате да бидат фотокопии.Ако нешто не ви е јасно прашајте ме, бидејќи јас сега ги поднесував документите, па уште ми е се свежоuser posted image

< Поракaта ја уредил Elena -- 8.9.2009 18:56:09 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Паричен надоместок
8.9.2009 16:24:26   
Tanja K.
Elena kazi mi poedinecno koja tocka kade se vade???????
Za prvata treba li nesto i od opstina kaj nas?
Za cetvrtata kade se vadi ili samo pisana izjava?
Za sedmata sto treba da naglasis vo molbata?
Fala mnogu za ovie informacii.Jas bev vcera vo opstina kaj nas i zavrsiv rabota.Sega ke odam za drugite 5000 od drzavata a vo meguvreme i za ova vtoro dete.Moram sega jas se sama Igor mm ne e tuka 20 dena,vo Polska e na prvenstvoto kosarka,i da ne se ceka mnogu so dokumentive moram jas da prezemam.
Kazi samo zosto se od majkata a kade e tatkoto tuka?????????

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Паричен надоместок
8.9.2009 16:27:08   
Tanja K.
Za parite od drzavata vo opstina mi rekoa deka se podnesuvaat vo opstina Kisela Voda ?Dali e taka?Samo se zema toa baranje od socijalno od kaj nova zeleznicka taka li e ili ne?Molimte kazi Utre planiram da odam i da zavrsam toa?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Паричен надоместок
8.9.2009 16:51:17   
Еца
Да Тања во тоа социјално се носи барањето во Кисела вода, а молба ке напишам како изгледаше4 мојата само малку покасно и се друго ке ти објаснам за половина час, еве викаат по мене за ручекuser posted image ај поз.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Паричен надоместок
8.9.2009 18:26:48   
Еца
ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanja K.

Elena kazi mi poedinecno koja tocka kade se vade???????
Za prvata treba li nesto i od opstina kaj nas?
Za cetvrtata kade se vadi ili samo pisana izjava?
Za sedmata sto treba da naglasis vo molbata?
Fala mnogu za ovie informacii.Jas bev vcera vo opstina kaj nas i zavrsiv rabota.Sega ke odam za drugite 5000 od drzavata a vo meguvreme i za ova vtoro dete.Moram sega jas se sama Igor mm ne e tuka 20 dena,vo Polska e na prvenstvoto kosarka,i da ne se ceka mnogu so dokumentive moram jas da prezemam.
Kazi samo zosto se od majkata a kade e tatkoto tuka?????????


Кога ке одиш во социјалното кај железничка ке си побараш Барање и во него ке ги имаш изјавите кои треба само да ги потполниш со податоци од тебе, од маж ти, децата. И за четвртата точка од таму ти даваат изјава, за седмата точка ајде јас сега ке напишам како изгледаше мојата молба.
За првата точка не треба од кај нас ништо ако личната карта ти е постара, (мојата ми е од 2005 година)ако ти е нова тогаш треба доказ за посотјано место на живеење колку време си жител на општината.



_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Паричен надоместок
8.9.2009 18:32:02   
Tanja K.
Licnata karta mi e mene nova.I znaci deka treba da zemam od opstina aerodrom???????????

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Паричен надоместок
8.9.2009 18:38:02   
Еца
                                  МОЛБА


Јас,________(име и презиме) со ЕМБГ ____ со стан на ул:______________ општина ________ со лична карта бр.___________издадена на __________
од МВР __________ под кривична, морална и материјална одговорност изјавувам дека не ми е одземано родителското право над мојата ќерка-син ______________  (име и презиме на детето)со ЕМБГ______________



Поднесувач на молбата:                                                            Дата:
_______________                                                      


И оваа молба ја пишуваш на обичен бел лист, ја носиш во СУД, плаќаш такса од 400 денари и ти даваат  уверение од судот.


< Поракaта ја уредил Elena -- 8.9.2009 18:39:13 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Паричен надоместок
8.9.2009 18:40:30   
Еца
Не Тања, во барањето пишува доказ од министерство за внатрешни работи,а да прашаш ти тука во нашата станица Мврuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Паричен надоместок
8.9.2009 22:29:07   
Mamicka3
Елена а дали изводите на родените за децата и изводот на венчаните не треба да бидат постари од шест месеци

_____________________________

Децата се најголемо богатство
Марио 31.10.2002
Ана Марија 01.11.2005
Трајче 20.09.2009

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Паричен надоместок
8.9.2009 22:35:26   
Еца
Искрено не знам, но во барањето тоа не беше нагласено, башка и венчаницата и изводот на Мартина ми се од 2005 год, а проблем немав

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Mamicka3)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Паричен надоместок
8.9.2009 22:37:50   
Natasha5
Е сега слушајте што не снајде со тој паричен надоместок,ние сме жители на општина Горче Петров Скопје,таму не давале никаков паричен надоместок.Па мм отиде да подаде док за паричен надоместок од државата.Кога отиде му кажаа што док му треба,и ги прибра и отиде да ги подаде и од таму му кажаа дека немал државјанство(а предходниот ден не му кажале за државјанство).И така мм се врати дома,си дојдовме во Ростуше мм извади државјанство и правец Ск.и тогаш го вратија и знаете зашто?
Документите се подавале само вторник и петок,а зашто не му кажаа предходно???/
Службениците кои се вработени ко од нивни пари да даваат не можеа да му го кажат тоа предходно.Ама за инат ке ги змеме тие пари па нека пукнат.user posted image

(Одговор на членот Mamicka3)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

ехо прегледи
детенце

На редовните прегледи за време на бременоста кај матичниот гинеколог,сакавте да одете со?

Со сопругот. (73%)

Со другарката. (0%)

Секогаш сама. (27%)


Број на сите гласови: 15

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!