|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Пишување жалби и поплаки до градинките/училиш...
10.7.2013 11:30:42   
vezilka RR
Една реченица во темата Пропусти во градннките/училиштата ме инспирираше да ја отворам оваа тема. Таму се вели дека доколку сите прописти се пријавуваат до надлежните можеби и ќе има подобрување. Е сега тука во оваа тема би сакала да пишуваме за процедурата по која сме се жалеле, за содржината на жалбите, молбите и поплаките. И се разбира дали исходеле со успех.

Се надевам дека така некому ќе помогнеме и ќе поттикнеме да си ја напише жалбата, и да придинесеме за подобра работа на градинките и училиштата.

< Поракaта ја уредил Snowhite RR -- 14.7.2013 21:04:44 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Пишување жалби и полаки до градинките/учи...
10.7.2013 11:37:11   
Annet
Premnogu decinja, a premalku vospituvacki i negovatelki,na prvo mesto.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Пишување жалби и полаки до градинките/учи...
10.7.2013 11:59:40   
mommy_angels RR
а ширум отворените врати по цел ден ????????????????????????
некого го мрзи да ги отвара по цел ден или што ????????
И ПОТПИС кај Аннет


< Поракaта ја уредил mommy_angels -- 10.7.2013 12:01:04 >

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Пишување жалби и полаки до градинките/учи...
10.7.2013 12:13:54   
masa
Јас со сега за тоа што ми сметало сум се обраќала кај воспитувачките и секогаш ги прифаќале замерките или сугестиите,но се работело за мали пропусти да речам.
Инаку и мене ми пречи што се премногу дечиња во групата и баш пролетта кога доаѓаа нови дечиња разговарав со воспитувачките,но ми одговорија дека нивна работа е само да се грижат најдобро што можат за сите дечиња иако беа 26.Сега некако сум решена крај на август кога и ги запишуваат новите деца да да отидам до службите и да реагирам да не се запишуваат нови деца во нашата група.Искрено незнам како да настапам и што да очекувам од тој разговор,но знам дека морам да реагирам зошто ако сите ќутиме нема на тоа да гледаат како на проблем.А ако напишам жалба,па незнам и дали ќе и се даде воопшто на значење.Мислам дека разговорот лично е најдобар начин да се реши некој проблем.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Пишување жалби и полаки до градинките/учи...
10.7.2013 12:38:18   
Mihaela 2010
Do sega ednas se zalev i toa direktno kaj upravitelkata,fala bogu od togas se e vo red..
Inaku ako treba da se resi nesto,ili ako sum nezadovolna razgovarame so ucitelkata
E sega nesto sto ni upali..bidejki ucitelkava e volonter pa resile da ja brkaat,a decava epten epten ja zasakaa i privzraa za nea,pa pisuvav peticija do optinata i direktorkata na gradinkata,i zamislete peticijata bese uspesna i ja zadrza ucitelkava
se nadevam deka od septemvri ke prodolzi so rabota

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Пишување жалби и полаки до градинките/учи...
12.7.2013 9:14:17   
Gwendolin

ИЗВОРНА ПОРАКА: masa

Јас со сега за тоа што ми сметало сум се обраќала кај воспитувачките и секогаш ги прифаќале замерките или сугестиите,но се работело за мали пропусти да речам.
Инаку и мене ми пречи што се премногу дечиња во групата и баш пролетта кога доаѓаа нови дечиња разговарав со воспитувачките,но ми одговорија дека нивна работа е само да се грижат најдобро што можат за сите дечиња иако беа 26.Сега некако сум решена крај на август кога и ги запишуваат новите деца да да отидам до службите и да реагирам да не се запишуваат нови деца во нашата група.Искрено незнам како да настапам и што да очекувам од тој разговор,но знам дека морам да реагирам зошто ако сите ќутиме нема на тоа да гледаат како на проблем.А ако напишам жалба,па незнам и дали ќе и се даде воопшто на значење.Мислам дека разговорот лично е најдобар начин да се реши некој проблем.


Немам ама ич време да пишам ама на ова навистина сакав малку да погледнеме од друга страна. Навистина не е фер можеби што се толку деца, но не можеш ти или некој друг да им забрани да примаат нови деца или да инсистираш да не запишуваат други деца. Има многу како мене на пример на кои единствен излез им е градинка за детето, луѓе кои немаат ни родители ни баби ни дедовци ни роднини поблиску од 200 км., луѓе кои немаат кој да им го причува детето ни 5 мин., а мораат да работат за да живеат и не можат да си дозволат бебиситерка. За тоа постојат градинките и сите деца треба да имаат реална шанса за да одат во градинка, а не моето дете да не можам да го пратам заради тоа што некој не сака уште едно дете во групата. Знам дека ќе реагирате на мојот пост со нема како да ги гледаат толку деца и сл., знам дека се преполни групите, јасно ми е, ама ова го пишувам со цел место да ја насочиме енергијата да се жалиме кај службите да НЕ се запишуваат деца кои НАВИСТИНА нема кој да ги чува, подобро да бидеме конструктивни место деструктивни и да молиме, колиме, потпишуваме и било што за отворање уште една група, доградување уште една просторија ако треба, отварање нови градинки.
Не сакам како лошо да се сфати ова, напротив, ама сепак треба не да се бориме за забрани да се запишуваат дечињата, туку да се бориме за место за сите дечиња.


_____________________________

Само Вселената и човечката глупост се бескрајни. Всушност, за Вселената и не сум толку сигурен. - Ајнштајн

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Пишување жалби и полаки до градинките/учи...
12.7.2013 9:26:00   
Mihaela 2010
Не сакам како лошо да се сфати ова, напротив, ама сепак треба не да се бориме за забрани да се запишуваат дечињата, туку да се бориме за место за сите дечиња.


Se slozuvam,ima nedostatok na gradinki a za personal da ne zborime...treba malku povekje da se pozdamislat nadleznite okolu ova...na sekoj cekor konji i lavovi,i skulpturi a decava neka ni se gusat po 30 u grupa...

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Gwendolin)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Пишување жалби и полаки до градинките/учи...
12.7.2013 9:34:36   
Yummy Mammy
Ke vi go svrtam malku muabetot od drugata strana...
Jas zalbi ne sum pisuvala, no napisav POFALBA i za nasite ucitelki i za uslovite vo gradinkata. Ja upativ direktno kon direktorkata na maticniot objekt (bidejki nasata gradinka e klon) i voopsto ne spomnav iminja na ucitelkite, iako trebase da se popolni ime i prezime na prakacot na e-mailot pa sigurno me nasle koja sum. Posle 2-3 nedeli site ucitelki vo gradinkata mi se smeskaa poinaku i me znaeja koja sum. Ucitelkata na kerka mi dojde i mi kaza deka se mnogu blagodarni za pismoto, deka direktorkata im go pratila kaj site poedinecno da go vidat, deka epten gi pofalila, retko se slucuvalo, skoro nikogas nekoj nesto da gi pofali i toa na pismeno, se samo se zalele lugeto... mnogu bea blagodarni, a jas navistina go mislev toa sto go napisav.
Ubaviot zbor sekogas poveke se ceni i pocituva od losiot. user posted image

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот Gwendolin)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Пишување жалби и полаки до градинките/учи...
12.7.2013 9:49:03   
Mihaela 2010
Ubaviot zbor sekogas poveke se ceni i pocituva od losiot.


I so ova se slozuvam...gore pisav za situacijata eve i pak na kratko,deka uspeavme so peticija da ja zadrzime ucitelkata na kerka mi,pismoto stigna do gradonacalnikot n aopstinata i do direktorkata,pa blagodarenie na ubavite zborovi i iskrenite pofalbi od nas roditelite za ucitelkata ja zadrzaa..
nemate pojma kolku mnogu ucitelkata se zablagodaruvase

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Пишување жалби и поплаки до градинките/уч...
12.7.2013 13:56:07   
mimi*
И моето мислење е дека треба да се бориме да се отворат повеќе градинки или да се зголеми бројот на групите со повеќе простории во градинките за да има места за сите деца. Па нели владата имаше политика за трето. четврто дете??? Или вие родете си па после чукајте си ја главата каде ќе ги носите во градинка. А да не коментирам дека пријавата за во градинка е 6-7 месеци пред Септември кога сакаате детето да појде во градинка.
...Ај да не забегувам со критиките user posted image Кажете ми тие што сте пишувале до градинките дали најдовте некој службен е-маил или?

< Поракaта ја уредил Snowhite RR -- 14.7.2013 21:05:01 >

(Одговор на членот Gwendolin)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Пишување жалби и поплаки до градинките/уч...
15.7.2013 9:41:44   
Yummy Mammy
mimi*, ova e link od MTSP, tuka imas adresar na detski gradinki vo cela Mk.

Isto taka, na web stranite na poveketo opstini gi ima posoceno gradinkite vo taa opstina so kontakt informacii. Jas za Centar i Karpos proveruvav i gi ima site gradinki i osnovni ucilista.

Модератор: Надворешни линкови не се дозволени.

< Поракaта ја уредил Snowhite RR -- 15.7.2013 17:18:12 >


_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот mimi*)
Непосредна врска до пораките: 11
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?