|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Пнеумонија
17.10.2009 20:26:05   
Iva
Не знам дали претходно е разговарано на оваа тема, ако е префрлете ја.

На Тео му најдоа пнеумонија и полесна форма на бронхоопструкција. Среќа не треба да лежиме во Козле, ќе се лечиме дома. Сакав да прашам дали некој имал вакви проблеми и како најлесно да се излечиме и воедно заштитиме за понатака? Имам слушнато за некој домашен лек со кромид. Дали некој знае нешто?

Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Пнеумонија
18.10.2009 0:05:58   
mis.
Мартин кога почна со градинка за две недели одење заработи бронхопнеувмонија.Имаше 1 год и 10 месеци.Правевме рентген и таму се виде се.Не не задржаа во болница понавме само со едно сирупче макропен(што едвај успевав да му го дадам)с витамин многу сокови цедени,течности,му ставав на градите темјан истолчен на една пелена и така да спие со неа,јагнешка марамица и за некое време помина.Не се сеќавам добро но мислам дека немаше температура.
Ива баш ми е жал што еве и вие ќе си имате мака со обаа болест но не се секирај со соодветна терапија ќе помине.Моето пиеше оспен пред да направат снимка и излезе дека тој не е соодветен за болеста.Пиши ни како сте и што направивте.user posted image user posted image user posted image безброј гушки за Тео.

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Пнеумонија
18.10.2009 8:59:42   
Палешка РР
Имаше и Марио бронхопнеумонија на 9 месеци. Примаше инекции Линкоцин во екот на болеста, а потоа Макропен. И јас му ставав памук со темјан на градите, многу помага. Одтогаш почна почесто да се разболува. Откако испи една доза капсули за имунитет Бронхомунал, повеќе не се разболи.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Пнеумонија
18.10.2009 10:24:55   
Еца
Ива веќе знаеш но пак ќе ти пишам.Лани крај на декември со Мартина лежевме во Козле, 7 дена, примаше инекции линдамицин и инхалации со вентолинuser posted image Немаше температура, само опструкции, и тоа во петок почна да кашла, во неделата не примија во Козлеuser posted image Кога не пуштија дома продолживме терапија со цефаклор. на 30 декември без никакви други симтпоми(не и течеше нос, не кашлаше, беше весела)качи температира која одеше и до 39.5. Јас и давам парацетамол, тем.не се симнува туку продолжува да оди нагоре. На 30 ноќта и на 31, поточно после полноќ им честитавме Нова година на докторите на клиника,но бидејќи ништо не и се слушаше на гради, никакви др.симптоми ни рекоа вирус е одете си дома. Се до 6 ноќта  (на Божиќ) кога се разбуди плачејќи дека ја боли увото. Утрото станавме во Козле, и покрај тоа што не слушаа ништо на плуќа не задржаа, утрото снимка и што да видат повторена пнеумонијаuser posted image user posted image user posted image (по само еден месец се разболе од Шарлах, па и потекоа лимфните жлезди...тука ќе застанам) Само нека е се со поминување.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Пнеумонија
18.10.2009 11:32:33   
mis.
Мартин никако не сакаше да го пие сирупот макропен.Само што ќе му го дадев и тоа едвај тој веднаш ќе го исповратеше.Одевме на инфективно и молев за инекции бидејќи го повраќаше сирупот и немаше никаков ефект од него но докторите од инфективно не сакаа да чујат за инекции со образложение дека инекциите не ја лечеле оваа болест.Па читајќи ве вас и вашите искуства сте примал инекции за пнеумонијаuser posted image и се збунив зошто тие инекции не важеа за нас.Ние полесно поминавме бидејќи тој создаваше опструкции но со повраќање и тоа многу често вадеше се.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Пнеумонија
18.10.2009 19:36:46   
Еца
еве една слика од нашиот престој во Козлеuser posted image user posted image user posted image
user posted image


< Поракaта ја уредил Еца -- 18.10.2009 22:15:04 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Пнеумонија
18.10.2009 22:04:34   
Iva
Тео последниве 10 тина дена кашлаше о двреме на време. Немаше температура, беше весел, не се осеќаше дека нешто не му е добро, апетит огромен. За тоа време го носев кај матичната 3 пати. И се ми вика ништо не му е, ништо не му е. Давај му капки за нос (носот му течеше). Во средата мм го однесе пак и сега матичнава вика ај однесете го во Козле, јас не мозам ништо да слушнам. Во четвртокот беше малку подобар, а во петокот веќе почна да крчи на гради. Го однесовме вечерта, го слушнаа, а утредента му направија рентген. Среќа пнеумонијата не е во јака форма и не не задржаа. Му дадоа вентолин сируп и антибиотик Панцеф. Мислам дека е малку подобар, па ќе видиме деновиве. Само многу се нервирам зошто матичната не сакаше да му даде антибиотик  демек бил мал, и види до кај се донесовме. Цел 15 дена дете да ти кашла и нос да му тече и ништо да не му дадешuser posted image , а има само 8 месеци.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Пнеумонија
19.10.2009 9:41:15   
bojanas
Еца,
Колку ми е познато ова!!!
ВИе имавте среќа што отидовте во Козле! Јас не знаев каде да го однесам во 11 ноќе и отидов на детска клиника- ХОРОР- секоја чест на исклучоци ама докторите се хаос-3 пати го сменија мислењето дали има бронхопневмонија, дали да не пуштаат, се тепавме со бубашваби во креветот и сл. Сега уште сме на фликсотиде и си купив инхалатор ако треба да му дадам вентолин. Одиме кај Баџакова на котроли и ок сме. Веќе не се враќам во нашиве болници со детето па што сака нека биде. Како што расте опструкциите се поретки и имунитетот е појак. Само трпение

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Пнеумонија
19.10.2009 9:48:35   
Еца
Да еве тука и еден мој совет до сите мајки и татковци: кога детето ќе почне да кашла, доколку ви направи опструкции одете директно во Козле. Неверојатно добри специјалисти имаме таму кои многу убаво си ја знаат работата и нормално ќе постават права дијагноза, затоа се вика и болница за белодробни заболувања. Имам многу високо мислење за сите докторки во болницата Козле и целиот персонал. 

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот bojanas)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Пнеумонија
19.10.2009 9:50:51   
mis.
Елена а упут од матичен дали ни е задолжителен?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Пнеумонија
19.10.2009 9:56:06   
Еца
Да задолжителен е, но доколку се случи ете хитно да мора да го однесете (да речеме преку ноќ) нема да направат проблеми, ќе го прегледат детето сигурно(што не е случај зо Детска клиника, каде пред врата додека да заверат се документи и да влезеш на преглед се чека и по 1 часuser posted image срамота и катастрофаuser posted image user posted image user posted image ) Во Козле прво детето ќе го прегледаат, па другото е последно. Барем јас такво искуство имавuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Пнеумонија
23.1.2010 2:35:36   
Софиленд
Нашата приказна е многу долга за жал и не знам каде е крајот...
Софија почна да кашла веднаш штом се врати од градинка уште на 24.12.2009 и веднаш ја однесовме кај матичниот лекар. Направивме анализи и брис од нос и грло и се уредно. Претходно и течеше носот со недели и матичниот лекар ни викаше дека ништо нема, само да ја следиме. Не сакаше да ни даде ништо. Пак ни кажа дека ништо нема, следен ден се влоши пак ја однесовме, и од тогаш буквално секој ден сме по болници user posted image
За два часа крена висока Т и едвај дишеше, се се случуваше премногу брзо, градите свиреа, кашлаше тешко. Ја однесовме во Козле и ни кажаа дека детето има пнеумониа и дека се слуша тоа од километри. Рентген, вентолин, урбазон, панцеф....секој ден тапкање, трауми...После 14 дена терапија со Панцеф и Вентолин, рекоа дека е добра. Општата состојба и беше подобра, но некако не бевме сигурни дека е излечена. Не и направија никакви анализи да се уверат дека навистина е во ред. Следниот ден веднаш почна да поткашлува. На контрола пак, и пак ништо нема. И пак следен ден со влошена состојба во Козле. Друг д-р на смена кој ни кажа дека има ларингитuser posted image Нова терапија, нови паники...Пак кај матичната, секој ден контроли, анализи, боцкање, брисеви. За викенд пак и се влоши состојбата, повраќаше секрет, се исцрпи скроз, без храна во желудник, само на лекови. Овојпат ја однесовме на Клиника за детски болести да и стават инфузија. Д-р ни рече дека има фарингит. Нова терапија, претходната не важи. Утредента кај матичната по упат, таа пак вика ништо нема, направете пак крвна слика и брисеви. Овојпат најпосле посериозен пристап. Брисот најпосле испадна дека е позитивен и дека има бактерија streptococca pneumoniae, а крвната слика во ни еден момент не укажа на било каква инфекција, а температурата не се симнуваше цела недела. Мислев дека конечно сме на некаков пат и дека сега ќе знаат докторите што точно лечиме. Ми рекоа дека бактеријата не е задолжително причинител на висока температура, туку да испитаме дополнително. Не прати матичната на Клиника за детски болести, пак боцкање, анализи, вриштење до тресење веќе. Детето од највесело сонценце стана истрауматизирано кое се плаши на допир од родителите. И така прегледи од 6 доктори кои се сведуваа на слушање, грло и толку. Софија после преглед се фати за уши и (по)кажа дека ја болат. Дали ви се верува дека на ниеден доктор не му текна да ни даде упат за на ушно? А таа до тогаш не се пожали на тоа конкретно...Н крај видоа дека двете уши и се воспалени и тоа на сред терапија со антибиотик. Сакаа да не задржат, ама заедно со носители на секакви вируси, вклучително и свински. А таа е веќе со толку ослабен имунитет, што не знеме кој пат да го фатиме user posted image
И така сега лечиме којзнае што, со којзнае дали точна терапија зошто сега се разбуди со болки во уво, ама фала богу се смири, повраќа секрет, кашла до гушење и не знам ни до кога вака, ни каде веќе... Пропуштив доста грешки на докторите зошто поракава ќе немаше крај.
Поздрав до сите мајки и мали сонценца и чувајте се!

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Пнеумонија
23.1.2010 10:27:50   
Еца
Драга Софилнед те разбирам потполно бидејќи овој пат го поминавме ние периодот од 16.12.2008 до 26.01.2009 кога на два пати лежевме во Козле а вториот пат додека стигнавме до таму имавме баш ситуација клиника, матичен, козле, матичен, клиника....user posted image user posted image user posted image Знам низ што поминуваш, знам како се чувствуваш и ти и твоето мало сонце. Не ти велам издржи, затоа што мораш да издржиш, но ќе ти кажам дека мораш покрај целата ситуација да оставиш малку позитивен зрак, насмевка на лицето кое верувај на твоето ангелче многу ќе му значи. Мене искрено во козле кога лежевме (јас бремена трети месец) често знаев да почнам да плачам, а таа ќе ме гушнеше со даската на ракатаuser posted image и само ќе ми речеше не плачи мамо, насмеј се, зошто и јас ќе бидам тажна ако не. Ти ја пуштам целата енергија и се надевам дека во најбрзо време ќе ни напишеш дека патешествието е завршено и во твоите раце повторно свети она мало, среќно сонценце.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Софиленд)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Пнеумонија
23.1.2010 10:52:55   
amelbebe
nie imame 20 mes .nootkako eroden non stop bevme na antibiotci,se dodeka ne ni kazaa edni prijateli za loj od guska stopena i sekoe sabajle po edno lazice od lojot ike vidite slajmot ke go uspovratiuser posted image

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Пнеумонија
23.1.2010 13:49:28   
Софиленд
Ви благодарам најмногу за поддршката!!!!
Софија има 18 месеци и никогаш до сега не била болна и одеднаш сме во оваа агонија. Денеска е уште полошо, цела ноќ има болки во ушите, а ние не знаеме каде да ја носиме. Антибиотикот го повраќа....
Шлаемот таа го повраќа кога ќе се закашла многу, меѓутоа проблемот е што тој не престанува веќе цел месец и повеќе.
Најверојатно денеска ќе останеме во болница, само не знам каде е попаметно да лежиме, дали во Козле или Клиника за детски болести user posted image

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Пнеумонија
23.1.2010 13:55:11   
Еца
Искрено ако се прашувам јас, тоа е Козле. Сметам дека има многу стручни доктори, кои неверојатно се посветуваат на децата, да не бидам погрешно разберена, сепак од искуство зборувам. Баш ми е жал што ќе мора да останете, но само нека е на добро, подобро таму и под контрола на докторите, отколку дома и да не знаеш што да му правиш на детето. Софиленд во мислите ќе ми бидеш мила, ти ја пуштам сета енергија и те молам да пишеш како сте кога ќе можешuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Софиленд)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Пнеумонија
23.1.2010 13:57:08   
mina_m
vo kozle bolnicata mislam deka e podobro

(Одговор на членот Софиленд)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Пнеумонија
23.1.2010 14:05:42   
natasha
Vo Kozle ima strucen tim koj ke vi pomogne,bidejki i jas imam lezeno so Leon koga imase 2mec,so sl naod kako vasiot....ne zam kolku praktikuvas narodni raboti,no jas koga me pusti j aod bolnica,Leon seuste imase slajam i krces,mi rekoa da go tapkam i da prodolzi so terapijata....zemav cista svinska mast bez sol 1mala laz,soda-bikarbona i 1supena laz rakija,seto toa dobro se izmatuva racno i nautro i navecer na gaza se stava na gbceto i na stomaceto,taka praktikuvav edna ned i koga stignavme na kontrola dr bea zacudeni,,mozes da probas,,,od se srce vi posakuvam sto poskorooozdravuvanje i nikogas poveke da ne se najdete vo vakva situacija

(Одговор на членот mina_m)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Пнеумонија
23.1.2010 14:21:25   
Софиленд
Не практикував ништо, зошто за се се консултирав со лекари и тие секогаш имаат некакво "научно" образложение зошто да не се користат народни лекови. Меѓутоа, како што веќе на никого од нив не верувам зошто детето не ми е воопшто подобро, треба да почнам можеби. Ставивме само еднаш свинска маст, ама без ништо, само на градите, едвај го поднесуваше Софија и уште еднаш не ставив.
Тоа ќе и помогне за шлаемот во градите, ама како да го сопреме носето, има ли некој искуство, од таму е целиот проблем, а и сега болката во ушите. Сега се консултиравме со докторката од ушно и ни рече да пие Сумамед, ама до ноќеска пиеше Оспен, кој го прекинавме поради тоа што не поднесува веќе ништо и повраќа. Мислам дека нема веќе смисла да пие четири антибиотици различни едно по другоuser posted image

(Одговор на членот natasha)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Пнеумонија
23.1.2010 14:24:45   
Еца
Еве мила цела тема за воспаление на ушите, можеби и ќе го најдеш одговорт на она што те мачи КЛИК ТУКА

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Софиленд)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Пнеумонија
23.1.2010 14:36:02   
mother 29
inaku sumamedot e uste potezok na vkus ,jas znam Marko odma go povrati..i jas koga go probav ..pelin!inaku jas mislam cetvrti po red antibiotik e mnogu..ke fati kandida..taka si ja nie zakacivme od tri po red!


se nadevam deka naskoro ke se opravite user posted image
a kapki i stavas vo noseto ?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Пнеумонија
23.1.2010 14:58:00   
Софиленд
Ти благодарам Еца user posted image
и на сите други!!!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Пнеумонија
23.1.2010 15:03:37   
Софиленд
Премногу е, веќе сега претерано е со антибиотик, уште Сумамед ни фали...тоа е кога ни даваат погрешни терапии...Секој вика претходното не важи, сите следат некоја шема, не го гледаат детето и извештаите кои ги влечам со нас во цела папка веќе...
Капки не ни даваа, мала била за капки, едвај на наше инсистирање матичната ни даде Оперил и ни рече само на крајот на носето од надвор и тоа само три дена, ништо повеќе.

Уште кандида ни фали..............

И јас се надевам, ама секој викенд е пекол.
Прв пат сум на форумов, ама фала ви мамички најмногу, знам дека не сум сама user posted image

(Одговор на членот Софиленд)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Пнеумонија
23.1.2010 15:07:24   
mother 29
jas ne mozam da gi svatam ovie nasi dr????kako e mala za kapki ,a golema za sumamed????????





(Одговор на членот Софиленд)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Пнеумонија
23.1.2010 15:24:27   
Софиленд
Да, и како е мала за антибиотик и капки за нос, а доволно голема за Панцеф, Вентолин, Урбазон, Сумамед и се сто ни дадоа откако матичната инсистираше на трпение и позитивни мисли user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?