|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Почина диџеј Бабура
23.1.2016 21:09:23   
lukajana RR

Скопје тагува: Кој беше диџеј Бабура?



Човекот со вистинско име Љупчо Петровски во Скопје познат како диџеј Бабура. По кратко боледување утрово почина диџејот без кој ноќниот живот во Скопје повеќе нема да биде ист.



Љубителите на ноќните забави ќе го запаметат како човекот кој ги правеше најдобрите ноќни журки во Скопје. Знаеше вистински да ја селектира музиката и соодветно да влијае на расположението и атмосферата. Во свежо сеќавање ќе останат петочните забави во Интермецо и саботните во ноќниот клуб Xo. Помеѓу колегите важеше за професионалец кој совршено добро ја познаваше работата.

Професионално, почетоците му датираат од неговиот ангажман во „Мега ФМ“ радио во 90-тите години од минатиот век. Подоцна Бабура се префрла во редовите на „Антена 5 Радио“, каде што останува сè до почетокот на оваа декада. Од таму заминува и го основа новото урбано - градско радио.

Кариерата ја завршува како дел од менаџментот на скопското "Сити радио".

Утрово слушателите на оваа фрекфенција ги разбуди музика која беше најава за тажната вест за неговата смрт.

Во професионалниот пасус му се запишани безброј сетови во Македонија и голем број гостувања ширум Европа и професионални настапи на иста сцена со познатиот диџеј Тиесто.

Во приватниот дел од биографијата му стои информацијата дека е сопруг и татко на две мали дечиња. Јавноста минатата година беше информирана дека легендарниот диџеј Бабура има принова и станал татко на две момчиња.

Пријателите го знаат како човекот со ведрa душа и позитивно раслоложение. Секогаш максимално искрен и чесен. Силен поддржувач на урбаните промени во градот и промотор на ново и современо Скопје.

Тие што го познаваат за жал денес со нескриено разочарување конститираат дека изгубиле голем пријател чија енергија сериозно ќе недостасува во нивниот живот и во урбаниот живот на метрополата.

Почивај во мир Бабура!

извор. Скопје инфо


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Почина диџеј Бабура
23.1.2016 23:26:06   
Snowhite RR
Навистина се изненадив вчера кога дознав, млад човек, а и го слушав на времето кога беше во Антена5, а вчера цел ден се чудев зошто нема ниту една емисија на радио, туку само музика пуштаа, дури одручекта прочитав.
Почивај во мир!

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Почина диџеј Бабура
23.1.2016 23:46:57   
Defne90 RR
Pochivaj vo mir golem coveku.Ogromna zaguba e tvojata smrt I za tvojata familija,I za Skopje I za cela Makedonija.Vecna ti slava.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 3
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?