|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Прашања и одговори за IFV
19.11.2009 13:26:11   
mother 29
1. ШТО Е АСПИРАЦИЈА ?

Аспирација е постапка со чија помош доаѓаме до вашите јајни клетки.

2. ШТО ТРЕБА ДА НОСИТЕ СО СЕБЕ ПРИ ДОАЃАЊЕТО НА АСПИРАЦИЈА ?

Носете ги сите свои наоди и медицинска документација.


1. КОЛКУ ВРЕМЕ ТРАЕ АСПИРАЦИЈАТА ?

Аспирацијата трае од 5 до 10 минути, а потоа ке ве сместиме во нашата болничка соба, каде што ке лежите час до час и пол, така што планирајте го вашиот престој во нашиот ИВФ центар најмалку 2 часа.

2. ДАЛИ АСПИРАЦИЈАТА Е БОЛНА ?

Постапката е безболна, се прави со интравенозна (и.в.) анестезија.

3. КАКО ЌЕ СЕ ЧУВСТВУВАМ ПОСЛЕ АСПИРАЦИЈАТА ?

Обично пациентките се чувствуваат поспано и малку мамурно. Некои можи да чувствуваат лесни болки во долниот дел на стомакот ( абдомен ) што е последица на стимулацијата, бидејќи јајниците често се потечени. Некои пациентки наредниот ден после аспирацијата се враќаат на работа доколку се чувствуваат добро. Ако можите да отсуствувате од работа ние тоа ви го препорачуваме.

4. ДАЛИ МОЖИ ДА ЈАДАМ ПОСЛЕ АСПИРАЦИЈАТА ?

После аспирацијата најдобро е уште два часа да не јадите.

4. ДАЛИ МОЖИ НАОДОТ НА МОЈОТ СОПРУГ ДА ВАРИРА СО ОБЗИР НА АПСТИНЕНЦИЈАТА ( ПОЛОВИ ОДНОСИ ) ?

Предолга или прекратка пауза од ејакулирање ( однос или мастурбација ) може да делува на наодот на вашиот сопруг, затоа ви препорачуваме 4 - 5 дена апстиненција пред денот на самата аспирација.

4. КОГА МОЈОТ ПАРТНЕР ТРЕБА ДА ОСТАВИ МАТЕРИЈАЛ ОД СЕМЕТО ?

На денот на самата аспирација биологот ке ве упати во точно време за давање на семето. Доколку имате некои посебни проблеми, на пример ограничени сте со времето или имате проблеми при оставање на матерјал (сперма) кажете го проблемот на вашиот биолог, кој ке Ви даде стерилен сад, така да сте во можност семето да го донесите и од дома. Во овој случај битно е да се напиши времето на ејакулација, бидејќи не смее да помине повеќе од 1час од моментот на давање на семето до вашето доаѓање во нашата ординација.

5. ДАЛИ СЕКОЈ ФОЛИКУЛ СОДРЖИ ЈАЈНА КЛЕТКА ?

Не. Со ултразвук и хормонски наод може да се претпостави бројот на јајни клетки бидејќи некои од фоликулите можат да бидат со цистична содржина во кои нема јајни клетки. Точниот број на јајни клетки со сигурност ке се утврди после аспирација и за истиот ке бидете известени од нашиот биолог.

6.ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ КРВАРИ ПОСЛЕ АСПИРАЦИЈА ?

Можни се кратки крварења после самиот зафат, но тоа се случува многу ретко. Доколку до тоа дојди, ке ви биде ставен тампон во вагината, кој ке го извадите после 2 часа. Се разбира, нашата сестра секогаш е со вас и ке ве информира за се што е потребно во тој случај.



3. ПРЕД ЕМБРИО ТРАНСФЕРОТ


1. ДАЛИ СЕКОЈА ЈАЈЦЕ КЛЕТКА КЕ СЕ ОПЛОДИ ?

Процентот на оплодување зависи од зрелоста на јајце клетката и од наодот од сопругот, така да некои јајце клетки имаат поголем процент на оплодување од другите. Доколку се работи за тешка олигоспермија или сперма со лоши кинетички особини (покретливост),се применува постапката со микроинекција (ИЦСИ)и на тој начин особено се зголемува процентот на оплодени јајце клетки.

2. ДАЛИ ТРЕБА ДА ДОЈДАМ НА КОНТРОЛА И ПРЕД ЕМБРИОТРАНСФЕРОТ ?

Не, при ембриотрансфер не добивате никаква аналгезија, бидејки трансферот е потполно безболна постапка (исто како обичен гинеколошки преглед )така да не морате да доаѓате на контрола.

3. ДАЛИ ТРЕБА ДА ВНИМАВАМ НА НЕШТО ПОСЕБНО ПРЕД ТРАНСФЕРОТ ?

Најбитно од се е Вие да сте потполно опуштена и мирна.Тој е важен момент за Вас и за нас така што оптимизмот и добрата волја во секој случај се добредојдени.




< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 20.1.2013 18:49:30 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: прашања и одговори за IFV
19.11.2009 13:29:12   
mother 29
совети за храна за време на IVF постапката



1. КОЈА Е НАЈДОБРА ПОЛОЖБА ПОСЛЕ ТРАНСФЕРОТ ?

После транферот ке останете кај нас сместени следните два часа. Ке лежите хоризонтално на креветот или во полулежечка положба. Можете да лежите и на страна или на грб, зависно како ви е позгодно. Пред ембриотрансверот обавезно Ви советуваме да го наполните мочниот меур (да чувствувате нагон за во тоалет)

2. КОГА МОЖИ ДА СЕ ВРАТАМ НА НОРМАЛНИТЕ АКТИВНОСТИ КАКО НА ПРИМЕР ВОЗЕЊЕ НА КОЛА, КАЧУВАЊЕ ПО СКАЛИ, ОДЕЊЕ НА РАБОТА ИТН.?

48 часа после трансферот можете да ги извршувате нормалните активности, освен ако немате многу напорна работа. Доколку работата ви е напорна разговарајте со вашиот доктор.

3. КОГА МОЖИ ДА ИМАМ СЕКСУАЛНИ ОДНОСИ ?

Не ви препорачуваме да имате сексуални односи 2 - 3 дена после ембрио трансферот, а после тоа можете да се вратите во нормален сексуален живот.

4. ДАЛИ КОГА КЕ СЕ ВРАТАМ ДОМА, МОРА ДА ЛЕЖАМ НА ГРБ ?

Ви советуваме да седнете на предното седиште во полуседечка положба и да се врзите.

5. АКО ЖИВЕАМ ДАЛЕКУ ОД ИВФ ЦЕНТАРОТ, ДАЛИ ТРЕБА ДА ОСТАНАМ ВО ХОТЕЛ ДВА ДЕНА ПОСЛЕ ТРАНСФЕРОТ ?

Доколку живеете подалеку од два часа возење од ординацијата за ИВФ, ви советуваме да преноќите барем уште една ноќ после денот кога е извршен ембрио-трансферот. После тоа можете без страв да патувате.

6. КОГА МОЖИ ДА СЕ КАПАМ (ВО КАДА )?

Можете да се туширате, секако, но лежење во када не ви препорачуваме барем три дена после трансферот. Водата да биде млака а никако жешка. Со оглед на неодамнешните испитувања кои покажаа дека капењето и долгите туширања со жешка вода можат да му наштетат на нероденото дете, ви советуваме истите да ги избегнувате. Истото се однесува на сауните, топлите бањи и сл.

7. КОГА ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ ТЕСТ ЗА БРЕМЕНОСТ (БХЦГ )?

Без оглед на должината на вашиот циклус, дојдете да Ви земеме крв 14 - 16 ден после емрио-трансферот ( доколку не настанало крварење ).






5 .ЗАМРЗНУВАЊЕ ( КРИОПРЕЗЕРВАЦИЈА )



2. КАКВА Е ПОСТАПКАТА ДОКОЛКУ САКАМЕ НАШИТЕ ЗАЧЕТОЦИ ДА СЕ ЗАМРЗНАТ ?

Во ембриолошката лабораторија ништо не се работи без ваша желба, па истото важи и за замрзнувањето. За време на стимулацијата или на самиот ден на аспирација Вие и Вашиот сопруг потпишувате дека сте согласни за замрзнување на зачетоците доколку има такви.

3.ПОСЛЕ ТРАНСФЕРОТ, ДАЛИ СИТЕ ЗАЧЕТОЦИ КОИ НЕ СЕ ВРАТЕНИ КЕ СЕ (ДОКОЛКУ ИМА ТАКВИ ) КЕ БИДАТ ЗАМРЗНАТИ ?

Ембриологот го утврдува морфолошкиот и развоен стадиум на зачетокот. Сите зачетоци немаат еднаква динамичност на делење, а не се ни морфолошки идентични, според тоа се замрзнуваат само оние зачетоци кои гарантираат поголема успешност кај идниот криотрансфер. На самиот ден на трансферот или 2 - 3 дена после трансферот биологот ке ве информира за точниот број на зачетоци кои се замрзнати.

4. КОГА СЕ ЗАМРЗНУВААТ ЗАЧЕТОЦИТЕ ?

Зачетоците се замрзнуваат петтиот ден после аспирацијата ( ако аспирацијата се брои како 0 ден ).
Тогаш зачетоците се во стадиум blastocyst
*Кои се предностите на замрзнуванје?
Предностите на замрзнуванје се следните:
- намален е ризикот од повекеплодна бременост
- прихрануванје на зачетокот за идниот трансфер ( криотрансфер )
- намалуванје на трошоците за аспирација , ИВФ или ИЦСИ методи
*Колку време зачетоците можат да останат така прихранети?
Зачетоците можи да се чуваат 1 до 10 година. За тоа време може да се гарантира максимална сигурност за одржување на зацетоците.


(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: прашања и одговори за IFV
19.11.2009 13:30:24   
mother 29
1.Дали ИВФ и инсеминација можи да се прават во природен циклус?

Можи и често се први така.Тоа посебно важи за млади жени и за оние кои имаат уреден меструален циклус.

2.Зошто при постапките за ИВФ и инсеминација се користат лекови (хормони)?

Целта на сите лекови кои Ви ги ординира Вашиот доктор е да се поттикни создаванјето на поголем број на фоликули (т.е. јајце клетки ) бидејки со тоа расти успешноста во лечењето.

3.Кој е прв ден на циклусот?

Тоа е првиот ден на менструација.
4.Кои лекови се користат при инсеминација или ИВФ?

Начинот на стимулација и лековите Ви ги одредува Вашиот доктор. Најчесто се користат таблети Кломифен, ампули Метродин, Мерионал, Пергонал, Хумегон, Гонал Ф , Метродин ХП, или комбинација Кломид + Метродин.
5.Дали постои можност за повекеплодна бременост (близнаци, тројки, четворки) при тие постапки?

Да, во сите наведени постапки постои можност за повекеплодна бременост. Шансата е 18 - 25 %.
6. Дали при секоја стимулација на овулацијата се користи спреј за нос (Суперфакт ) ?
Употребата на спрејот Суперфачт како и дозата ја одредува Вашиот доктор. Најчесто се користи при ИВФ.
7. Кога почнува користењето на спрејот Суперфакт ?
Најцесто спрејот се користи од 1 ден на циклусот т.е. од почеток на менструацијата.
8. Како се користи спрејот Суперфакт ?
Суперфакт е спреј за нос. Се користи 3,4,5 или повеке пати во текот на денот, во двете ноздри. Едната ноздра се затвара а во другата ноздра се вбризгува со кратко притискање на Суперфакт со лесно смкнување во таа ноздра. Потоа истото се прави и во другата ноздра.
9. До кога се користи спрејот Суперфакт ?
Суперфакт се користи од 1 д.ц. или 21 д.п.ц. па се до денот кога се прима амп. профази (т.н. стоперица )

10. Кога почнува примањето на инекции ? (т.е. Мерионал, Метродин, Пергонал )
Почетокот како и дозата ги одредува Вашиот доктор. Најчесто се почнува 2 или 3 ден од циклусот т.е. од менструацијата.
11. Колку ампули ке ми требаат за постапката?
Најчесто за ИВФ постапката се користат 20-25 ампули од препишаниот лек.
12.во кое време треба да ги примам инекциите?
Најважно е секој ден инекциите да ги примате во исто време ( пред пладне или после пладне )
13. Зошто треба да се доагам на ултразвучни прегледи за време на постапката ?
Ултразвучните прегледи при постапките на инсеминација и ИВФ се многу важни бидејки така го следиме создавањето, бројот, големината и растот на фоликулите за време на постапката, како и изгледот и дебелината на ендометриумот.
14. Кога се доага на прв УЗВ при постапките за инсеминација или ИВФ ?
Првиот ден за УЗВ преглед го одредува Вашиот доктор. Најчесто е 8 или 9 ден од циклусот.
15. Во кое време да доагам на УЗВ преглед ?
За времето за УЗВ преглед ке се договорите со Вашиот доктор. Најчесто е 8 или 9 ден од циклусот.

16. Дали за УЗВ преглед треба да сум со полн мочен меур ?
Не, бидејки ние користиме најсовремен УЗВ начин на преглед (вагинална сонда ) неопходно е пред прегледот да се испразни мочниот меур.
17. Кога се зема крв за одредуванје на Естрадиол - Е2 ?
Зависно од УЗВ наод, мерењето на фоликулите (големината, бројот, ден од циклусот) Вашиот доктор ќе одреди дали е потребно да се испита Е2, кога и колку пати во текот на постапката .
18. Кога се прима " стоперица " Pregnyl т.е. ХЦГ (Профази)?
Вашиот доктор ке Ви каже кога треба да примете " стоперица " ( Профази ) , врз основа на следењето на развојот на фоликулите и Е2. Најчесто се прима во текот на нокта ( 21 - 22 часот ) и тоа 5000 до 10000 и.е. што ке одреди Вашиот доктор.
19. Кога се доага на аспирација ?
Откако ке примите Профаси, аспирацијата се прави после 36 - 42 часа после примањето на амп. Pregnyl (Профази). Точното време за аспирација ке Ви го одреди Вашиот доктор или некој од нашите медицински лица. На аспирација се доага заедно со сопругот кој ке остави семе за постапката.
20. Колку дена пред аспирацијата не треба да имаме сексуални односи ?
Се препорачува апстиненција од 2 - 5 дена.
22. Дали можи семето да се донеси од дома ( хотел )?
Може, но претходно треба да ви дадеме стерилен сад од нашата ординација. Семето треба да се донеси во рок од 1 час.
ИЗВОР.ПЛОДНОСТ

< Поракaта ја уредил mother 29 -- 19.11.2009 13:33:56 >

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: прашања и одговори за IFV
19.11.2009 15:11:53   
delfinka
izvini ne razbrav,ova se odnesuva na inseminacija ili za invitro?

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: прашања и одговори за IFV
19.11.2009 15:14:45   
mother 29
По малку и од двете!user posted image

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: прашања и одговори за IFV
23.11.2009 18:06:28   
Nate76
Pozdrav do site korisnici na ovoj prekrasen sajt! Mnogu mi se dopadna pa resiv da vi se priklucam kako bi mozele zaedno da si gi spodelime iskustvata . Jas da vi kazam sum vo faza na priprema za ivf , mnogu sum vozbudena za edno desetina dena pocnuvam so gonal f pa se nadevam na najdobrotouser posted image . Ve pozdravuvam za pocetok pa se citame pak

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: прашања и одговори за IFV
23.11.2009 18:09:00   
srekna mama
dobro ni dojde!stiskame palci za tebe!Ajde ke bide....user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Nate76)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: прашања и одговори за IFV
23.11.2009 18:15:24   
Nate76
Blagodaram za ubavite zborovi -nema nisto podobro od ubavi zborovi i optimizam. Ve guskam site!user posted image

(Одговор на членот srekna mama)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: прашања и одговори за IFV
23.11.2009 18:17:21   
Bogdancanka
Нате76 добре ни дојде миличка тука сме сите како едно големо семејство си помагаме со нашите искуства а исто така си даваме подршка за се што ни е потребно,ајде стискаме палци да биде се како што треба и да не израдуваш со едноuser posted image еве за тебе многуuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image поззз

(Одговор на членот Nate76)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: прашања и одговори за IFV
28.11.2009 10:02:51   
Палешка РР
user posted image Овие методи им овозможуваат на многу неплодни парови да добијат бебиња. Новите примени ги зголемуваат шансите за успех во ИВФ. Уште од неговата прва примена, методата на вештачко оплодување им помогна на милиони парови да добијат бебиња и да им се остварат соништата. Во денешно време, новите приоди во третманот можат да ги зголемат уште повеќе шансите за успех...
Тоа беше точно пред 29 години кога се роди Луис Браун, првото бебе со вештачко оплодување. Во тоа време, овој настан привлече големо внимание во светот, и оттогаш од ден на ден методата на вештачко оплодување бележи напредок и продолжува да им помага на милиони парови да добијат бебиња. Во последни години, разноликоста на методите уште повеќе го зголемува успехот. Специјалистите по оваа област нагласуваат дека методите на вештачко оплодување и неплодност причинуваат психолошка, физиолошка и финансиска загриженост кај паровите.Тие велат дека секундарните приоди кои можат да го забрзат процесот, даваат позитивни резултати.


Во врска со ова прашање го консултиравме Придружниот Професор Џем Демирел, кој воедно е специјалист задолжен за Одделението за вештачко оплодување и Центарот за обучување при болницата Аџибадем во Кадиќој. Тој вели дека причините за неуспешните обиди за вештачко оплодување доаѓаат од многу фактори. Придружниот Професор Шахин Зетероглу кој е задолжен за Центарот за вештачко оплодување во болницата Аџибадем во Бурса нагласува дека лабораториските фактори се тие кои го зголемуваат успехот во обидите за вештачко оплодување.


АПЛИКАЦИИ КОИ ГИ ЗГОЛЕМУВААТ ШАНСИТЕ ЗА УСПЕХ


user posted image Кои видови на нови напредоци се на пат во апликациите за вештачко оплодување? Шефот на Центарот за вештачко оплодување при болницата Аџибадем во Кадиќој, Придружниот Професор Л. Џем Демирел и Придружниот Професор Шахин Зетероглу нè информираa за следното: “Третманите за неплодност причинуваат емотивна, физичка и финансиска загриженост кај паровите. Истотака и повторените обиди за вештачко оплодување им делуваат на лекарите во третманот на таквите парови. Ова причинува секундарни приоди за осветлување на причините за неуспешните обиди и осигурува уште поуспешни резултати. Овде, неуспешноста или како резултат на квалитетот на ембрионот, или од групата на оплодени ќелии во лабораторијата кои се во тек на рамножување и кои се положуваат во мајчината матка, или од немоќноста на мајчината матка во обезбедувањето на погодна средина за положените ембриони. Доколку се воспостави дека квалитетот на ембрионот е причина за неуспешните обиди за вештачко оплодување, во Аџибадем Центарот за Вештачко оплодување, ги замолуваме семејствата да подлежат на ендометријална ко-култура или на циклусот на природна апликација на вештачко оплодување.
Ендометријална ко-култура е име дадено на практиката на собирање на ќелии од ткивата од мајчината матка наречени ендометриум. Овие ќелии потоа поминуваат низ процеси во лабораторијата и ембрионот се развива од овие ќелии пред да биде положен во мајчината матка. Во природниот циклус на вештачко оплодување, јајцевите клетки од идната мајка се собираат било со фармаколошка стимулација, без стимулација или со минимална стимулација. Во случај на неуспешен обид со овие методи, понекогаш можеме да препорачаме донација на јајцеви клетки. “Во меѓувреме, важно е да се одреди улогата на спермата и да се исклучи нејзиното делување на неуспешните обиди за тестот-бебе епрувета. Др. Демирел нагласува дека во нивната единица вршат анализа на ќелиите од спермата, репродуктивните машки клетки. Др. Демирел вели дека тиe посебно го проверуваат процентот на прелом на ДНК ќелиите од спермата што го покажува степенот на оштетеност на ДНК кој ја формира генетичката структура на ќелиите од спермата. Тој наведува дека на овој начин, можно е да се преземат неопходни мерки во случај на констатација на присуство на голема оштетеност на ДНК. Понекогаш, аномалиите на мајчината матка и ендометриумот во мајчината матка кадешто ќе се положат ембрионите може да бидат причина за повторувањата на обидите. Кај паровите кај коишто се повторени обидите, понекогаш ембрионот може да биде со добар квалитет, но сепак да не настапи бременоста. Тогаш тоа е знак да се испита леглото на утерусот кое може да биде друг значаен фактор што ќе влијае на успешната имплантација на ембрионот во обидот за тестот-бебе епрувета. Тука, утврдуваме присуство на некоја патологија што може да зафати место во мајчината матка и да формира непогодна средина во тој дел и да го спречи положувањето на ембрионот. Овие патологии може да се полипи, адезии, миоми или калцификации. Користиме терапија на интра-утеринска ендоскопија наречена хистероскопија за да ги отстраниме тие патологии.
Хистероскопија е метода која им овозможува на специјалистите директно да ги набљудуваат ендометријалните празнини во внатрешноста на мајчината матка и во случај да забележиме неуредности ги коригираме. Другата причина за повторување по неуспешните обиди е и несоодветноста на ендометријата во мајчината матка која треба да го достигне соодветниот степен на тенкост да може да ги прифати ембрионите, и да овозможи развиток на бременоста. Причината може да биде постојаната изложеност на ендометриумот на запаление, по нестабилната матка во носењето на плодот или абортусите, присуството на болеста во матката наречена аденом или адезија како последица на претходните интервенции при нестабилност на матката за носење на плодот и абортус. Покрај корекциите на горенаведените услови, вагиналната поддршка со естроген може да има позитивно влијание на ендометриумската тенкост кај овие пациенти. Доколку основниот услов е адезија, тогаш мора да биде отстранета со хистероскопија. Кај некои пациенти пак, го гледаме ендометриумот со предвремен светликав изглед и затворање на прозорецот пред да бидат положени ембрионите во матката; ова резултира со безуспешни обиди, и покрај повторените обиди. Мошне интересно, некои пациенти можат да го доживеат ова искуство при секој обид за тест-бебе епрувета. Им се препорачува на овие пациенти со оваа состојба да ги земат сите замрзнати ембриони од нашиот центар штом се оформат. Штом матката во некое идно време ќе го дозволи тоа, ембрионите се одмрзнуваат и се пренесуваат. Придружниот Професор Шахин Зетероглу нагласува дека со оваа метода тие имале голем број на успеси.

Кај жените со повторени безуспешни обиди, извршено е истражување за да се види дали има или не акумулација на опструктивна течност (хидросалпенкс) кај фалопијанските канали, канали кои ги транспортираат јајцата и кадешто тие јајца се соединуваат со спермата. Доколку се утврди присуство на некаква опструкција, пред да се изврши следниот обид за тест-бебе епрувета, овие канали (туби) мора да бидат хируршки отстранети или исклучени од матката. Кај овие пациенти, присуството на миомите истотака треба да бидат земени во обѕир. Може да се чини дека миомите не се распространети долж ендометриумот или дека не зафаќаат место кадешто ембрионот треба да се положи и дека не влијаат на успехот на обидите за тест-бебе епрувета. Меѓутоа, кај случаите со пациентите кај кои се извршени неуспешни обиди и во отсутност на други објаснувања, специјалистите веруваат дека миомите над 3 цм би требало да бидат отстранети пред да уследи следниот обид, дури и ако не вршат никаков притисок на ендометријалната празнина.
Придружниот Профессор Демирел опишува една друга метода која се обидуваат да ја применат во нивната клиника на оние парови кај кои се направени неуспешни обиди на тест-бебе епрувета. Пред да бидат положени на мајчината матка ембрионите кои се оформени во лабораториска средина, тие ги подложуваат на генетичко скенирање и најголемите ги избираат за пренесување. Оваа метода е наречена “Скенирање на анеуплоидите пред положување“. Идентификацијата на тие хромозоми со нормална генетичка структура и после нивната селекција, нивното повторно положување во мајчината матка, се верува дека игра додатна улога во зголемувањето на шансите за позитивен резултат – а тоа е настапувањето на бременост.




_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: прашања и одговори за IVF
28.11.2009 10:03:17   
Палешка РР
НАЈВАЖНИОТ АКТУЕЛЕН НАПРЕДОК ВО ТЕСТОТ-БЕБЕ ЕПРУВЕТА

Придружниот Професор Демирел вели дека имало драматични подобрувања во тестот-бебе епрувета апликациите сметајќи од 1999 година кои го возвишија процентот на успешни настапувања на бремености. Понатаму тој продолжува: "Додека бременоста и успешниот процент забележуваат значителен пораст до почетокот на 2000 година, во последните седум години немало поголеми подобрувања кои би ги надмашиле нив. Меѓутоа, додека успехот продолжува со одреден степен, истотака и заштитата од несакани ефекти достигна задоволително ниво. Најважните напори во овој поглед се напредокот на критериумите и методите кои би дозволиле селекција на вистинскиот ембрион помеѓу голем број на ембриони. На тој начин, сега сме во состојба да пренесеме неколку ембриони, а воедно и да го спречиме настапувањето на многубројни забременувања одеднаш. Сега можеме да го измериме преголемото производство на субстанции од страна на ембрионите во лабораториски услови и степенот со кој тие ги конзумираат нутриентите, потоа можеме да ги следиме нивните метаболизми, степенот на нивното размножување (5-ти 6-ти ден на ембрионот) да го избереме најдобриот ембрион и да го положиме во мајчината матка. Покрај тоа, го следиме и развитокот на ембрионот во текот на денот и ја добиваме скалата на неговиот развиток. Сето ова, нѝ дозволува да го одредиме најдобриот ембрион за да резултатот биде успешна бременост; поради тоа мораме да положиме еден или два ембриона. На тој начин, степенот на одеднаш настапување на многубројната бременост опаѓа.
Во мислењето на Придружниот Професор, се состои и друг значаен напредок, а тоа е зголемувањето на успехот во замрзнувањето и чувањето на женските јајцеви клетки кои содржат репродуктивни клетки и ембрионите равиени од оплодени јајца. Најважната придобивка ќе биде замрзнувањето и чувањето на репродуктивните ќелии на тие мажи и жени кај коишто е дијагнозиран рак и коишто примиле хемотерапија. На тој начин, жените и мажите коишто поради хемотерапија ја изгубиле способноста за репродукција, ќе бидат во состојба да добијат деца во иднина. Ние сме во состојба да ја замрзнеме и да ја чуваме спермата за долго време, а проблемите со замрзнувањето и чувањето на женските репродуктивни ќелии (јајца) неодамна беа решени. Има зголемување во бројот на бременостите овозможени со одмрзнувањето на претходно замрзнатите јајцеви клетки и нивна повторна употреба. Покрај тоа, останатите ембриони коишто не се пренесуваат при тест-бебе епрувета имплантацијата, се замрзнуваат и се чуваат за понатамошно користење, со што методата добива во вредност со зголемувањето на успешните обиди за тест-бебе епрувета.



ЦЕНТАР ЗА ОБУЧУВАЊЕ ЗА ТЕСТ БЕБЕ ЕПРУВЕТА !

Со веќе значителниот број на центри за обучување, Аџибадем Група за здравствена заштита споро, но сигурно го презеде идентитетот на обучувачка организација. Илустративен пример за тоа е "Центарот за обучување за Тест-Бебе епрувета" сертификат даден на Центарот за Тест – бебе епрувета при болницата Аџибадем во Кадиќој од страна на Министерството за здравство. Ова ги опфаќа сите процеси во врска со обучување и потврдување на сите клиничари и лабораторискиот персонал кои ќе работат во областа на тест-бебе епрувета и другите техники за репродукција. На крајот од периодот од шест месечна обука, сите ембриолози ќе работат во лабораториите на "Центар за третман на Тест-бебе епрувета и други техники за репродукција" и акушери коишто ќе вршат клинички апликации ќе примат сертификати за способност, именувајќи ги да вршат апликации на ова поле. Одговорниот на Центарот за Тест-бебе епрувета и за обука, Придружниот Професор Џем Демирел ја одредува нивната цел добивање на квалификувани професионалци способни за работа во полето на репродуктивни техники. Тој се надева дека оваа програма ќе се претвори во успешна програма за обучување за пост докторатура.


ПАРОВИТЕ ИГРААТ ИСТОТАКА ГОЛЕМА УЛОГА....

Паровите истотака играат важна улога во зголемувањето на успехот на тест-бебе епрувета апликациите. Придружниот Професор Шахин Зетероглу вели дека како прво и најважно, паровите мора да живеат балансиран живот, и продолжува: "Доколку има пушење и консумација на алкохол, што двата влијаат во квалитетот на овулацијата и во квалитетот на јајцето, или некоја лоша навика од страна на идниот татко што може да влијае во квалитетот на спермата, парот треба да се одвикне од нив. Парот треба да следи балансирана диета. Доколку идната мајка има вишок килограми, тоа ќе биде придобивка за неа за да изгуби некој килограм и да започне нов начин на живот." Нагласувајќи дека психологијата игра мошне значајна улога во овој процес, Придружниот Професор Зетероглу забележува дека пациентите се во неверојатна психолошка загриженост во текот на апликацијата во клиниката. Тој вели дека тоа зависи од нив да ги спремат пациентите на најдобар можен начин за да тие можат да ги минимизираат влијанијата на неодредените фактори.

< Поракaта ја уредил Палешка -- 28.11.2009 10:04:04 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: прашања и одговори за IVF
28.11.2009 12:06:36   
profesorica
Ризици и компликации од IVF постапките


Комликациите кај овие постапки се ретки, често незабележителни. Сепак треба да се кажат.а) Компликации после трансвагиналната УЗВ аспирација на јајце клетките:
  • крварење од вагина
  • интраперитонеално крварење ( во абдоминалната празнина )
  • неуспешна аспирација
  • воспаление на
  • повреда на
б) Несакани дејства на индукторите на овулација и ИВФ постапката:
  • нуспојави од лековите
  • синдром на хиперстимулација на јајници
  • повеќе плодна бременост
  • хетеротопична бременост
  • molla hydaitosa
  • покачени вредности на липопротеини
Во последно време се појавија извештаи за можната поврзаност на тумори ( бенигни и малигни ) на јајници и лечење на неплодност со индукција на овулација. Сите досегашни студии и контролирани истражувања, утврдија дека тој ризик не е покачен.в) Хиперстимулација:Тое е комликација на индукција на овулација со ХМГ која може да биде со озбилни последици. Во зависност од степенот на изразеност се јавува кај 2 - 10 %. Се јавува 5 - 10 ден после ХЦГ инекцијата или висока вредност на естрадиол во крвта. Може да е лесна ( јајниците се зголемени до 5 цм во дијаметар ), средно тешка ( 5 - 10 цм ) и тешка ( поголеми од 10 цм во дијаметар ). Неразјаснатиот патофизиолошки механизам доведува до асцит, хидроторакс, хемоконцентрација, дисбаланс на електролитите и намалена функција на виталните органи.
ПОВИСОК РИЗИК ЗА ХИПЕРСТИМУЛАЦИЈА
  • жени со хиперандрогенизам (Sy PCO) - високи андрогени
  • брз пораст на вредноста на Е2 во крвта
  • Е2 во крвта поголем од 5000 пг/мл
  • повеќе од 15 фоликули ( голем број помали од 9мм во дијаметар )
  • хиперстимулација во анамнезата.
ПРЕВЕНЦИЈА ОД ХИПЕРСТИМУЛАЦИЈА:
  • ниски дози на ФСХ во индукција на овулација
  • внимателен тиминг на овулација
  • одложено давање на ХЦГ
  • намалена доза на ХЦГ
  • продолжено давање на аналог Гн - РХ
  • редукција на бројот на фоликули - преовулациска пункција
  • давање на албумини во инфузија после аспирација
  • да не се повторува ХЦГ во фаза на жолто тело
ЛЕЧЕЊЕ - зависно од степенот и лабораториските наоди:
  • мирување
  • давање на плазма експандери ( високо молекуларна течност )
  • давање на албумини
  • пратење на диурезата
  • поретко евакуација на асцитот, хидротораксот
  • балансирање на електролитите и факторите на коагулаци


< Поракaта ја уредил profesorica -- 28.11.2009 12:07:19 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 12
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?