|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Протести против полициска бруталност
11.6.2011 15:50:47   
Julie1
Деновиве сме сведоци на моќта на социјалните мрежи и обединување на сите млади без разликана вера, националност и политичка припадност во едниствена цел. Ние како семеен медиум и социјална мрежа која ги обединува повозрасните од семејството би можеле да продискутираме во врска со сиве овие случувања. Мислам дека нема човек а особено родител кој не е згрозен со она што му се случи на младиот Мартин, кое е вашето мислење дали овие протести треба помасовно да бидат поддржани и од повозрасните, родителите, како поддршка за родителите на Мартин и како апел ова да не се случи веќе на ничие дете и никој граѓанин на РМ?

< Поракaта ја уредил Julie -- 11.6.2011 15:51:37 >


_____________________________

And this is my beautiful life ...
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Протести против полициска бруталност
11.6.2011 17:12:27   
humana
Требаше порано да се преземат мерки за да недојде до ова,сеите знаеме каква единица се алфите и што хулигани се специјалната единица тигри,треба секој од нас да излезе и да протестира во мирни протести,без бунт и смеа како сто прават младиве,одат на протес и се газат од смеење,уште пиво во рака им фали.Искрено жално е ова што се случува со македонскиов народ,и политиката,со извинение на оние сто се СДСМ еве и јас сум,ама како да чекаа да се случи вакво нешто и само за тоа без везе да се тропа по телевизииве,на никого не му е жал само тешко на тие дома што останале и греота што згаснал толку млад живот.Другово е све само собирање политички поени

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Протести против полициска бруталност
11.6.2011 18:07:06   
annie
многу жално е тоа што му се случило на Мартин ма што и да направил сигурно на заслужил таква казна.јас мислам дека треба и старо и младо да се собере да протестира!полициска бруталност има секаде не само во мк.јас имав братучед кој имаше 28 години кога полицаец го уби во смедерево србија.тој бил тргнат да ја бара девојката да се мажи за него кога полицаецот го претепал.причина било што братучед ми на улица фрлил пикавец!се степале на мост каде што имало пруга,полицацеот бил пијан посилно го бутнал и овој паднал врз шините и на лице место умрел.жално!!!

_____________________________

Солзата е нејзин начин да се изрази, нејзината тага, нејзината љубов, нејзината осаменост, нејзината болка и нејзината гордост!!!

(Одговор на членот humana)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Протести против полициска бруталност
11.6.2011 18:12:00   
baby_bump
По грозоморно нешто, од убиството на овој млад човек, одамна се немаше случено во нашава земјичка.
Па уште и игнорирањето на овој настан од страна на одговорните власти???
Срам и беда!!!
Најважниот господин во нашава земја слави победа на бината, а позади него обезбедувањето го тепа ова невино дете, ДО СМРТ.
Па како може ова да се случува во демократско општество?
Како може еден психички нормален човек, со не знам какво образложение, да истепа едно дете ДО СМРТ??
Која причина е доволно добра некого да убиеш тепајќи го?
Преиспитајте се, господа од власта, какви луѓе имате во редовите на полицијата и специјалните единици.
Згрозена сум навистина.
Ништо не може да го оправда овој убиец, за него терба да се воведе СМРТНА КАЗНА, НО; кај нас тој ќе одлежи за убиство од небрежност, бидејќи животите на обичните луѓе кај нас не се толку скапоцени и вредни. Веќе почнаа да објаснуваат дека детето било деликвент, се дрогирал, ова она, како да е оправдано таквите (ако навистина бил таков) да се тепаат и убиваат.

Од другата страна пак се покажа и изгубената вредност на семејството во ова општество.
Имам син 19 години и на секои 2-3 часа кога не е дома го проверувам, се јавувам, пишувам пораки, не спијам, го чекам да се врати...а мајката на ова дете дознала дека син и е убиен дури утредента кога се вратила од работа? И ова ми беше доста симптоматично.
Сочувство до родителите и семејството на детето.

(Одговор на членот humana)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Протести против полициска бруталност
11.6.2011 21:26:36   
humana
Ne razbiram sto trebal da napravi Gruevski nokta,da se simne od bina i toest toj mnogu videl sto se slucuvaili mozebi trebalna gravce da vidi sto ke se sluci nokta, ajde vi se molam greota e ova sto go pravat od A1 preteraa,treba sega da se prezemat merki ili pred toa a deka vladata bila kriva cista glupost.Sobiranje poeni na tuka tragedija,ama nema vrska ne e toa temata,zalno za toa sto se sluci

(Одговор на членот baby_bump)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Протести против полициска бруталност
11.6.2011 21:55:37   
Martins mom
user posted image user posted image Жалноuser posted image

< Поракaта ја уредил Martins mom -- 11.6.2011 21:56:30 >


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот humana)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Протести против полициска бруталност
11.6.2011 22:07:55   
Bethany
Навистина многу жално и се сложувам да треба да има протести против овакви насилства. Убаво е да се види дека се собрале луѓето заедно за некоја ствар, без разлика на нивна националност, а би требало и без разлика на партијска припадност!
Не треба во овој случај да протестираме против власта, и да на тој начин искажуваме нашето лично некое незадоволство, туку да протестираме конкретно против овакви насилства во земјата. А тука е вклучен секој поединец, склон на насилство, не само луѓето од некоја партија или власта.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Протести против полициска бруталност
12.6.2011 0:00:01   
humana
Не треба во овој случај да протестираме против власта, и да на тој начин искажуваме нашето лично некое незадоволство, туку да протестираме конкретно против овакви насилства во земјата. А тука е вклучен секој поединец, склон на насилство, не само луѓето од некоја партија или власта.

potpis

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Протести против полициска бруталност
12.6.2011 0:33:15   
Viktori
sitni profitercinja i ednite i drugite. Gi zabole i za deteto i za vistinata. Si teraat kampanja dodeka imaat ovci poddrzuvaci! Samo deteto si umre.

Mislam deka treba da se protestira dodeka ne se razotkrijat i poddrzuvacite. Me nerviraat i megafonite na vlasta koi vikaat deka ubistvoto bilo reseno za 22 casa, sto nema blage veze, zatoa sto ubiecot sam se predal na staresinata.

Me nerviraat i A1 i sds, sto ne gi zabole za policiskata brutalnost, koga se frli pod voz so kursum vo celo i zenata na kamen ubiena od dbk na vremeto....a sega stanaa humani.. e ne veruvam! I Frckovski, sovinistot sto si ja mlatese zenata koa ke go vidam na miroven protest mi se povraka!

PI*KI se site do eden!

< Поракaта ја уредил виктори -- 12.6.2011 0:34:40 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот humana)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Протести против полициска бруталност
12.6.2011 0:44:43   
humana
Taka e Viktori,samo da se zgrozis i od ednite i od drugite

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Протести против полициска бруталност
12.6.2011 0:54:08   
bombica
Zalosno za Martin i za negovoto semejstvouser posted image Sramota za MVR sto se obide da go zataska ubistvoto.Prvo Kotevski izleguva na tv i kazuva deka nemaat prijava za ubistvo.Cuj molimte deteto odneseno na sudska medicina uste nokta a oni nemaat informacija za ubistvotouser posted image Sledniot den koga vidoa deka mladite pocnaa masovno da se sobriaat gi smenija izjavite.Sreka sto mladinava e non stop na FB i gi organiziraa protestite inaku se ke se zatalkase (kako sto i probaa).....Sramota i za SDSM sto se obiduvaat ocajnicki da soberat nekoj politicki poen na smetka na ova surovo ubistvo......Se nadevam deka ovie protesti ne se politicki oboeni i deka ke prodolzat se dodeka ne se ispolnat najgolem del od baranja.Maksimalno gi podrzuvam i zal mi e sto nemozam da im se priklucam.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Протести против полициска бруталност
12.6.2011 1:05:25   
Viktori
Cuj molimte deteto odneseno na sudska medicina uste nokta a oni nemaat informacija za ubistvotouser posted image


чекаа да видат шо ќе каже обдукцијата. Знаеш можеше да се случи да покаже дека не умрел баш од удар, па да се спасат. Ама се заебаа! Мноооогу гадно се заебаа!
Ќе ми каже мене дека Котески не знаел што се случува??? А бе ајде, начукаа се неспообни и неписмени партиски војници секаде. и за двете наши "најголеми" партии зборам! Да беа сеа Сдс исто ќе пробаа да заташкаат. Барем за тоа се исти!

Мило ми е што колку и да пробуваат да го исполитизираат протестот, баш поради тоа што млади протестираат, сеуште е независен!

И мислам дека треба за промена место да ги повикуваме на протест оние над 30 години, да им кажеме да си седат дома и да не отвараат тие погани усти затоа што освен НИ-КО-ЛА и БА-НЕ друго не знаат да викаат!!!

Фак ју ол!


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот bombica)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Протести против полициска бруталност
12.6.2011 1:22:53   
bombica

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори
чекаа да видат шо ќе каже обдукцијата. Знаеш можеше да се случи да покаже дека не умрел баш од удар, па да се спасат. Ама се заебаа! Мноооогу гадно се заебаа!

Da da bas se zaeba so lagite uste tolku ja zbesnaa mladinata.Milo mi e sto ne protestiraat samo vo Skopje tuku i po drugite gradoviuser posted image

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Протести против полициска бруталност
12.6.2011 13:46:42   
Julie1
Eве нешто од еден од РР програмерите објавено на ФБ како забелешка со Наслов: ЗА ОНОЈ КОЈ ЌЕ БИДЕ ЗАБОРАВЕН. Заслужува да го постираме и тука:

Здраво
Не ме познаваш и никогаш нема да ме запознаеш. Не знам дали знаеш дека никогаш повеќе нема да го видиш сонцето, да почуствуваш среќа, да видиш искрена насмевка, никогаш нема да го слушнеш плачот на твоето дете, неговите први чекори, првиот училишен ден, првото внуче, никогаш нема ... Ќе пропуштиш и многу позначајни работи, нешта кои беа и се многу поважни од твојата смрт, нешта како отворањето на 7 метри реновиран паркинг зад некоја зграда, пуштањето во употреба на нови завеси во театарот, пуштањето на вода од казанчето во ... Кој си ти, кое е твоето име, твоето презиме, што направи ти за да го добиеш тоа што го доби, што им направи на луѓето кои твојата смрт ја премолчија, дали си ти куче или човек. Дали ти имаш семејство, дали имаш пријатели на кои им недостигаш, дали некој се грижеше кога вчера не се врати дома или им беше сеедно како и на сите останати. Ти си можеби среќен, барем твоето тело ќе биде испратено на начин кој заслужува секој човек, среќен си заради тоа што ќе има место каде што ќе почиваш, нема да лежиш во некој дол растргнат од дивите животни. Знаеш ли дека за твојот прерано изгубен живот се организираат ехо протести. Ако ме прашаш зошто ги нарекувам ехо би ти рекол: довиците и повиците од протестантите само се одбиваат од фасадите на центарот и повторно се враќаат до луѓето кои ги извикуваат. Сакам да ми кажиш со кој контактен спорт се занимаваше, дали повредите на твоето тело беа секојдневие, дали по нив беше толку многу познат што некој кажа дека не си повреден. Колку вреди твојот живот, во евра се разбира, што добија тие што сакаа да ја прикријат твојата смрт. Ти поставив толку прашања, но за голема жал никаде не поставив прашалник и тоа не може никој да го промени.

Се к''ти ноќта црна!
Се рути карпа – мрак!
И петли в село пеати зората се зори –над карпа в крв се мие
и темнината пие
силно светнал ден, но не и за тебе!

< Поракaта ја уредил Julie -- 12.6.2011 13:48:56 >


_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот bombica)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Протести против полициска бруталност
12.6.2011 14:07:26   
rina13
so ogled na toa sto i sakato i kjoravo i retardirno raboti po drzavnive institucii bitno e samo partiskata kniska,ne me cudi sto se sluci ova,ama me iritira be majko mu stara jas sum zena pa da vidam kako  nekoj debil napumpan tepa dete ke mu prijdam ke probam da pomognam pa po cena i da si go dobijam imalo li tamu pred se COVEk ili site Pi*ki u dusa prvi da gledaat seir da fatat posledni da pomognat ili najarno da se pravat deka nisto ne videle...greotka deteto nikoj sega nazad nema da go vrati a ovie partiski vojnicinja ke se potepaat koj bil kriv koj da si dadel osavka da prisoberat nekoe poence pa da imaat troa pjke pratenici na narednite zbori...sramota i za vlasta sto zataskva i za opozicijata isti surati se site....BRUKI

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Протести против полициска бруталност
12.6.2011 23:11:21   
Pepelaska *
ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie

Eве нешто од еден од РР програмерите објавено на ФБ како забелешка со Наслов: ЗА ОНОЈ КОЈ ЌЕ БИДЕ ЗАБОРАВЕН. Заслужува да го постираме и тука:

Здраво
Не ме познаваш и никогаш нема да ме запознаеш. Не знам дали знаеш дека никогаш повеќе нема да го видиш сонцето, да почуствуваш среќа, да видиш искрена насмевка, никогаш нема да го слушнеш плачот на твоето дете, неговите први чекори, првиот училишен ден, првото внуче, никогаш нема ... Ќе пропуштиш и многу позначајни работи, нешта кои беа и се многу поважни од твојата смрт, нешта како отворањето на 7 метри реновиран паркинг зад некоја зграда, пуштањето во употреба на нови завеси во театарот, пуштањето на вода од казанчето во ... Кој си ти, кое е твоето име, твоето презиме, што направи ти за да го добиеш тоа што го доби, што им направи на луѓето кои твојата смрт ја премолчија, дали си ти куче или човек. Дали ти имаш семејство, дали имаш пријатели на кои им недостигаш, дали некој се грижеше кога вчера не се врати дома или им беше сеедно како и на сите останати. Ти си можеби среќен, барем твоето тело ќе биде испратено на начин кој заслужува секој човек, среќен си заради тоа што ќе има место каде што ќе почиваш, нема да лежиш во некој дол растргнат од дивите животни. Знаеш ли дека за твојот прерано изгубен живот се организираат ехо протести. Ако ме прашаш зошто ги нарекувам ехо би ти рекол: довиците и повиците од протестантите само се одбиваат од фасадите на центарот и повторно се враќаат до луѓето кои ги извикуваат. Сакам да ми кажиш со кој контактен спорт се занимаваше, дали повредите на твоето тело беа секојдневие, дали по нив беше толку многу познат што некој кажа дека не си повреден. Колку вреди твојот живот, во евра се разбира, што добија тие што сакаа да ја прикријат твојата смрт. Ти поставив толку прашања, но за голема жал никаде не поставив прашалник и тоа не може никој да го промени.

Се к''ти ноќта црна!
Се рути карпа – мрак!
И петли в село пеати зората се зори –над карпа в крв се мие
и темнината пие
силно светнал ден, но не и за тебе!


се наежив и се расплакав user posted image

жално жално е  и срамотно , едните прават драми од црната судбина на ова невино момче а другите мудро си молчат, сочувство за семејството на Мартин

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Протести против полициска бруталност
13.6.2011 11:19:11   
vesna1
Zosto sekogas gi gledate rabotite od edna strana. Konkretno i MM e specijalec i znaete li kolku pati oni imaat jadeno kutek od sto imale naredba da  nesmeat da udrat. MM ednas na eden protest bas poradi toa dojde so potres na mozokot i pomodreno oko, zatoa sto na nekoj od kurtasak resil deka policajcite mu se krivi.
Ne go opravduvam toa sto se slucilo, ama smetam deka bilo i splet na nesrekni okolnosti. Prvo kako informacii od prva raka od kolegite sto bile tamu deckoto bil narkoman, sakal da skokne na binata i od kade oni da znaat dali ke go baci gruevski ili ke mu zabode noz. Pocnal da go brka i deckoto padnal,i togas on go udril so kloca vo stomak. Ne go opravduvam udiranjeto, mozel da go uapsi no vo momentot taka izreagiral.
Se prasuvate i dali tie policajci koi imaat zeni i mali deca koi za mala plata  dremat od 30 dena vo mesecot 28 se na rabota i na sekoja utakmica , protest, miting i drogi i svercovi se angazirani, dodeka takvite mladici   kako nego  i site drugi sto se krieja dremea doma vo 2001 god. MM bese na ratiste 9 meseci i dojde ranet vo noga(fala mu na boga sto ostana ziv).
Mnogu e lesno da se kaze ne ni trebaat specijalci, no koga siptarite pukaa site se krieja.
Sto sakate da napravi MVR go fatija, ke go osudat i sto sakate. Da go obesat na polstad da go gledate site?

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Протести против полициска бруталност
13.6.2011 13:44:58   
Julie1
Vesna1 да беше ова твое дете немаше вака сигурно да зборуваш. Детето да бил и наркоман и најголем злосторник имал право да живее. Не велам дека сите алфи и тигри се лоши луѓе, напротив има и тоа како добри и пожртвувани специјалци. Она на кое во иднина МОРА да се внимава е кој се се вработува како специјалец и да постојат посебни обуки каде тие специјалци покрај другото ќе се учат на контрола на бес и како да постапуваат во различни ситуации професионално а не како на овој начин. Она на што младината е бесна и со право е на институциите кои во многу ситуации и во минатото и сега се обидаваат да прикријат и/или да им прогледаат низ прсти на нивни блиски, познати и слично. Факт е дека и за случајот на Мартин соодветните институции се соучесници со убиецот.

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Протести против полициска бруталност
13.6.2011 16:07:46   
bombica

ИЗВОРНА ПОРАКА: vesna1
Prvo kako informacii od prva raka od kolegite sto bile tamu deckoto bil narkoman, sakal da skokne na binata i od kade oni da znaat dali ke go baci gruevski ili ke mu zabode noz. Pocnal da go brka i deckoto padnal,i togas on go udril so kloca vo stomak. Ne go opravduvam udiranjeto, mozel da go uapsi no vo momentot taka izreagiral.

Informacijava od prva raka epten e "verodostojna" za malku i ke poveruvav vo nea.Kako li kolegite na tm procenija deka deteto bilo narkoman???Ili pa tigrite gi znaat site narkomani vo SK??I vikas go udril so kloca vo stomakuser posted image Izvini ama nikoj ne umira od 1 kloca deckoto bil PRETEPAN do smrt dodeka del kolegite na tm gledale seir.

ИЗВОРНА ПОРАКА: vesna1
Se prasuvate i dali tie policajci koi imaat zeni i mali deca koi za mala plata  dremat od 30 dena vo mesecot 28 se na rabota i na sekoja utakmica , protest, miting i drogi i svercovi se angazirani, dodeka takvite mladici   kako nego  i site drugi sto se krieja dremea doma vo 2001 god. MM bese na ratiste 9 meseci i dojde ranet vo noga(fala mu na boga sto ostana ziv).

Tm sam si ja odbral taa profresija ne mu ja birav jas ili neznam koj i bil svesen deka ke bide izlozen na sekakov rizik.I mojot brat bese vo vojnata 2001 kako rezervist pa nikomu nisto toa mu e dolznost.
ИЗВОРНА ПОРАКА: vesna1
Sto sakate da napravi MVR go fatija, ke go osudat i sto sakate. Da go obesat na polstad da go gledate site?

MVR proba da go prikrie ubiecot a ne da go fati i tuka e gnevot na narodot.I sto sakame???Sakame policijata da bide proistena od barabi i psihopai.I da... ne ke da bide loso da go obesat na kamen most pa da vidime dali na nekoj drug policaec ke mu tekne da pretepuva do smrt.

(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Протести против полициска бруталност
13.6.2011 16:56:32   
jas sum mama
младите протестираат. конечно. мала трошка надеж за развивање на повисока свест кај граѓаните, а со тоа и за подобра иднина. барем за нашите деца. верувам дека специјалецот не сакал да го убие детето. сакал само да го претепа, да му покаже кој е кој, да си излечи дел од фрустрациите и да се ослободи барем од дел од негативната енергија со која се полни секој ден. и за тоа треба да одговара лично. сепак протести немаше да има ако надлежните не се обидоа да го заташкаат случајот. почнувајќи од изјавите на портпаролот. со тоа се отвори пандорината кутија. ако имаат толку смелост со таква дрскост да скријат убиство што се случило пред стотици луѓе на сред плоштад, што се се способни да направат? зошто? само ме чуди зошто возрасните седат дома? мајките и татковците чии деца секој ден се сами надвор на улица? се надевам дека од несреќната смрт на младото момче ќе произлезат промени за подобро утре за сите нас. да се гордееме со тие што треба да не чуваат, а не да им се плашиме. 

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Протести против полициска бруталност
13.6.2011 22:34:50   
bebe82

ИЗВОРНА ПОРАКА: vesna1
Prvo kako informacii od prva raka od kolegite sto bile tamu deckoto bil narkoman, sakal da skokne na binata i od kade oni da znaat dali ke go baci gruevski ili ke mu zabode noz. Pocnal da go brka i deckoto padnal,i togas on go udril so kloca vo stomak. Ne go opravduvam udiranjeto, mozel da go uapsi no vo momentot taka izreagiral.


Извини vesna1, ама ако е наркоман дај да го убиеме од тепање. Дај те молам...
Тоа е нечие дете алоооооооооооо!!!!!

а за болдираново...нели имал маичка со ВМРО, и од чиста логика што би му направил?

< Поракaта ја уредил bebe82 -- 13.6.2011 22:35:16 >

(Одговор на членот bombica)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Протести против полициска бруталност
14.6.2011 8:46:23   
vesna1
Bombica, tebe ke te viknat za glaven djelat ja otseces glavata na gilotinja i da ja obesis na jaze site da ja gledaat.user posted image

(Одговор на членот bebe82)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Протести против полициска бруталност
14.6.2011 9:24:02   
mamicki
Како што имам кажано работам како проф. во средно училиште...Имав еден ученик, тешка барабетина! Проплака цел клас од него. Море улични тепачки, море вандализам, лесни дроги ... нон стоп идеа за него инспектори во училиштето...Еднаш, кога еден од соучениците негови собра душа да ми се пожали дека овој му се заканува и дека носи оружје во ранец, јас го собрав и го однесов кај директорот на разговор. Кога влеговме, директорот, кој веќе знаеше се, и го имаше повикано таткото на детево, само го зеде неговиот ранец и го истресе на биро. Боже! Нож чакија, метални синџири, палка!!! Тоа имаше внатре!!!Ова беше во март, 2 месеца пред крај на четврта година. Ученикот, којзнае како, сепак матурира. Не го исклучија од школо.
Го немав видено две-три години. Минатото лето ми приоѓа полицаец.
- Добар ден професорке! Гледам- тој е!  Ете, толку околу тоа кои се стануваат полицајци!!!
И тоа мора да се расчисти и да престане!!! user posted image  за децата што конечно рекоа НЕ!!!

(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Протести против полициска бруталност
14.6.2011 9:26:24   
Pepelaska *
ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie

Vesna1 да беше ова твое дете немаше вака сигурно да зборуваш. Детето да бил и наркоман и најголем злосторник имал право да живее. Не велам дека сите алфи и тигри се лоши луѓе, напротив има и тоа како добри и пожртвувани специјалци. Она на кое во иднина МОРА да се внимава е кој се се вработува како специјалец и да постојат посебни обуки каде тие специјалци покрај другото ќе се учат на контрола на бес и како да постапуваат во различни ситуации професионално а не како на овој начин. Она на што младината е бесна и со право е на институциите кои во многу ситуации и во минатото и сега се обидаваат да прикријат и/или да им прогледаат низ прсти на нивни блиски, познати и слично. Факт е дека и за случајот на Мартин соодветните институции се соучесници со убиецот.


Потпис!!!

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Протести против полициска бруталност
14.6.2011 9:36:00   
anedespo
Brutalnost moze da se najde sekade i vo policija i vo armija i vo skolo i vo gradinka , megjutoa zaradi toa ne treba da se anatemisuva celata institucija. Pa ne se site barabi i neranimajkovci. Ima i mazi koi so taa rabota hranat familija. Ako ne postojat tie specijalci ke vrieme od kriminalci.
Megjutoa treba podobra kontrola i treba da odgovara ne samo toj, tuku i site sto mu pomognale da go prikrie ubistvoto. Zatoa sto i da bilo deteto narkoman i lopov, ima i za toa institucija.
Zalno e sto se politizira od site strani slucajot. A vakvi slucai ke ima ne zatoa sto imalo VMROvci vraboteni i tie pravele ne znam sto, tuku zatoa sto ima LOSI lugje vraboteni koi moze i da ne se partiski clenovi.

(Одговор на членот bebe82)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Дали ви се менструации болни?
пеперутка16

Во последно време имам толку болни периоди што дури и се онесвестувам..итно е, ми дава инекција и толку..А сега кога стареам како што стареам. Имам 29 години, уште не сум се породила итн.