|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Развојот на превреме родените бебиња
23.3.2010 11:19:32   
Palce
Здраво женскички...

Одамна ви немам пишано ама по цел имам обврски со Миа додека пркне и никако да стигнам да пишам збор-два...Ние сме добро полека напредуваме,папаме,се смееме,нанаме....
И јас како и секоја мајка на недоносено бебе а верувам дека и со другите мајки е исто на кои децата им се родени во термин дека имаат дилеми околу нивниот развој...
Постојано го следам нејзиниот развој ама сепак не сум сигурна што тошно треба да следам,дали е тоа вистонското во одредена недела и така натаму...Можете ли да ми пишете што тошно бебето треба да прави во вториот месец...Ете ние точно на 30 ќе направиме 2 месеци ама корегирани..Инаку сме 4 ипол месеци од раѓање...Дали бебето треба да фаќа предмети или сеуште е рано...Што треба да прави со рачињата,ноџињата, главчето...Имам милион прашања за вас и се од пусти страв..што е нормално...Или овие бебенца поспоро се развиваат...Ајде мајкички на предвреме родени бебиња пишете ми за вашите искуства...
Фала ви однапред и големо поздравче user posted image
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Развојот на превреме родените бебиња
23.3.2010 16:11:08   
niki
Не сум мајка на предвремено родено бебе, ама ајде да ја подигнам темава, може некоја мамичка со искуство ќе ја види.
Инаку бебињата кои се родени навреме, на два месеци веќе со поглед би можеле да го следат звукот и движењето на некоја играчка. Обиди се со некоја тропалка со јаки боји на далечина од 20тина см од очите да ја помрднуваш. Исто така би требало веќе главчето сами да можат да го држат, но не сите, зависи од бебето. За да ги вежбате вратните мускули ставај ја преку ден да лежи на стомак така ќе може да ја дига главата. Веќе веројатно си ја видела и вистинската насмевка, до четириесет дена тие постојано ко да се смејат но не се свесни за тоа. А можеби и почнала или наскоро ќе почне гласно да се кикоти.
Од она што сум го читала предвремените бебиња не се развиваат поспоро и мислам дека до возраст од година дена во развој сосема ќе ги достигнат навреме родените без да им се смета корегираната возраст.
Значи немаш место за паника, уживкајте и растете, овој период бргу ќе помине и наскоро нема да има никаква разлика меѓу твоето бебе и неговите врсници.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Palce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Развојот на превреме родените бебиња
23.3.2010 16:13:50   
mis.
палче еве кликни тука во форумот бебе во Разговори на родителите имаме теми за развој на бебето до 6 недели до 5 месеци со 8 месеци.За твоето бебче кликни тука

(Одговор на членот Palce)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Развојот на превреме родените бебиња
23.3.2010 17:59:30   
mamasane
Палче, те мислев што се изгуби толку време ама само ти уживај си во дружењето со Миа. А за темава што ја постави, истите стравови ги имав и јас зашто Никола ми е роден во 26-та недела а тоа ме предупредија дека носи свои ризици и дека треба да бидам спремна дека ке касни во развојот во споредба со врсниците. Исто така не упатија на редовни контроли во Развојно советувалиште кај др.Двојаков, тоа е во зградата на Поликлиника Бит Пазар. Не знам дали одите и вие таму, ама со оглед дека Миа е исто така пред време родено бебе би требало да одите, зашто таму на секоја контрола има преглед од педијатар, психолог и дефектолог и тие си водат досие за детето и најдобро можат да ти кажат како напредува и кои реакции во кој период треба да ги очекуваш. Јас сум презадоволна од целиот тим таму, прекрасни се сите доктори, ќе ти ги разрешат сите недоумици околу развојот на детето, убаво ќе ти објаснат за се што те интересира. Ние бевме на контрола минатата недела и психологот и дефектологот ни рекоа дома да си одиме среќни и да си се гушкаме зашто Никола во психомоторниот развој си ги стигнал врсниците и беа презадоволни како се развива. Значи, пред време родените деца по извесен период почнуваат да ги стигнуваат во развојот своите врсници и затоа не се секирај и најважно немој да правиш споредби со други деца. Секое дете си е личност за себе и многу се неблагодарни споредбите, зашто и кај децата што се родени во термин има разлика кое во кој период прозборело, проодело и сл. Ама за да бидеш помирна, ако до сега не сте биле кај др.Двојаков, ти препорачувам да одите.
Мис, фала многу за написот, има многу вистина во него и ќе биде од корист за мамичките што имаат пред време родени бебиња.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Развојот на превреме родените бебиња
23.3.2010 22:37:33   
Тања РР
Палче потполно те разбирам како се чувствуваш. И јас секој ден се измачувам со истите прашања. Спобудалев читајки статии за развој на предвремено родени деца. Ние во средата ја носевме Јана во Центарот за следење на раст и развој кај деца со ризик во поликлиника Бит Пазар и ни рекоа дека нејзиниот развој одговара на нејзината корегирана возраст. Ако не сте оделе и јас како мамасане топло ви препорачувам да се јавите и да си закажете. Тимот е извонреден. Единствен преглед на моето дете откако се роди од кој сум задоволна. Ќе ви препорачаат и некои вежбички за стимулација.

(Одговор на членот mamasane)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Развојот на превреме родените бебиња
26.3.2010 8:45:25   
Palce
Здраво женскички....

Ви благодарам за советите..Ќе ја однесам Миа кај Двојаов,ама прво чекам да ја види една докторка од детска клиника по препорака на бетпет..па ќе видиме таа што ќе каже..Педијатарката кај која што одевме,не ја носам веќе зошто судејќи според се,врска нема...Ми вика не требала да прима прочистени вакцини,а со други што се консултирав ми викаат задолжително прочистенои...И за милион други информации само конфузија ми направи во глава и никаде дополнително не ме упати..
Гледам деновиве дека почна убаво да се смее,се радува,дури рипа со нозете и рацете кога се радува,следи предмети со поглед и звуци..Се радувам да ви кажам...
Деновиве ја шеткав надвор на сонце..мада се со страв..уште сме во карантин и кога ќе наидам на некој познат ми е страв да ни се доближи..абе ужас сум станала хихихи
Сакав да ви кажам дека треба да направиме една средба ние мајките со недоносени,мислам дека ќе ни биде полесно и ако ништо друго ќе се посоветуваме и ќе си ги кажеме маките хихихи
Бацкиии до сите ќе ви пишам пак...Миа ми се буди неможам да допишувам...
Чаоо

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Развојот на превреме родените бебиња
7.4.2010 17:44:20   
Тања РР
Леле многу сум загрижена, вчера цел ден го поминав во плачење. Бевме со Јана на преглед кај педијатар и таа кога ја стави на стомак детето си остана да си лежи на страна, не сакаше да го дига главчето. Др рече дека многу е тромава, требало повеќе да ја ставам на стомак. Што да правам, кога е будна или е гладна и вика за јадење или е најадена па не можам да ја ставам на стомак.  Кога беше многу мала повеќе го креваше главчето сега кога ја ставам, првин си полежува така, после почне да се нервира и да ја крева главата, но кога ја држам во раце исправена си ја држи главата без да се потпира. Се плашам да не таа тромавост значи дека баво се развиваuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Palce)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Развојот на превреме родените бебиња
7.4.2010 17:50:08   
riba79
abe glupostiuser posted image ti sakas li cel den da lezis na stomak sigurno ne..ova d-rive samo ne vadat od pamet..cimsi go drzi glavceto nema sto da se sekiras..ima deca koi nesakat da lezt na stomak i obratno,..mojata na grb nesakase...taka da nemoj da se nerviras se e vo red ouser posted image

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Развојот на превреме родените бебиња
8.4.2010 9:17:23   
Palce
Тањичка не се секирај....Истиот проблем го имаме и ние со Миа..докторката ми рече да ја ставам на стомак за да го поткрева главчето а она не сака да чуе за тоа...Ќе ја легнам на стомак и почнува да се нервира и да плаче и носот да го бутка во ќебенцето...Само газот го движи а главчето не го поткрева..И јас многу се нервирам ама тоа мора да бидеме трпеливи...И ти како што викаш за Јана, кога беше помала повеќе го поткреваше..Ама како што растат така повеќе им расте главчето и потешко им е...Баш јас вчера зборев со докторката и ми рече дека треба време и да бидеме трпеливи, и што почесто да ја ставам на стомак..и да плаче да ја оставам да плаче..Мене ми е жал и одма ја кревам,ама сега ќе ја оставам малку да се помачи зошто она знае дека кога ќе заплаче јас одма ќе ја кренам и ја мрзи да вежба...Така да ич не се секирај,мали се родени, потешко им е,ама ќе дојде и нивното време...Ќе ти пишам и пп,немав време одма да ти одговорам на пораката...Поздравчиња и не се нервирај...сеќе биде...
Поздравчиња и до другите...user posted image

(Одговор на членот riba79)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Развојот на превреме родените бебиња
8.4.2010 13:34:37   
mamasane
Тања истата ситуација беше и кај Никола, не сакаше многу на стомак да лежи, плачеше и јас практикував почесто да го ставам во таква положба ама пократко и полека се навикна, и сега самиот сака на стомак да лежи. Штом си го држи главчето исправено нема зашто да се секираш, се ќе си дојде на свое место, само треба малку трпение.

(Одговор на членот Palce)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Развојот на предвреме родените бебиња
8.4.2010 17:28:04   
Тања РР
Фала ви за утешните зборови, многу ме смируваат.
Еве денес цел ден се обидувам да ја анимирам,не ја оставам да спие, ја ставам на стомак, и ги вежбам сите зглобчиња.... се надевам дека ќе биде добро, и она и сите мили дечиња како неаuser posted image .


< Поракaта ја уредил Julie -- 8.4.2010 17:29:28 >

(Одговор на членот mamasane)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Развојот на предвреме родените бебиња
11.5.2010 23:18:05   
dostickage
Moze malce sum nadvor od temava,ama kade gi nosite vasite decinja na maticen pedijatar?
Bi mi pomognala preporaka za nekoj dobar pedijatar kako maticen lekar sto ima iskustvo so predvreme rodeni bebcinja.

Thanks:)

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Развојот на предвреме родените бебиња
11.5.2010 23:25:56   
Тања РР
Мила како си ти? Што бидна? За кога е закажано породувањето?
Не се секирај за педијатар, ќе најдете некој, еве мамичките што се од Скопје ќе ти препорачаат.
Јас живеам во Струмица и да бидам искрена тука баш и нема некој стручен педијатар ама што е тука е.


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Развојот на предвреме родените бебиња
11.5.2010 23:32:15   
dostickage
Vo cetvrtok ke odime an kontrola,pa kje vidime sto kje kazat.Se nadevam deka kje fatime 32 ili 33 nedela,sega sum 31.
Sega sum vo faza na kupivanje najmalecki raboti za najmalecki bebinja,pa treba nesto da mu obleceme na bebusot :)

user posted image  do tebe i do Mia

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Развојот на предвреме родените бебиња
16.1.2011 21:09:38   
hany
pozdrav do site majki
malku pokasno se vkluciv no ne e kasno nikogas,i jas sum majka na predvremeno rodeno bebe,za 5dena ke napravime 6meseci,se porodiv vo 32g.n.,dobro se razvivame dosega,odime na tie redovni kontroli kaj dr.Dvojakov,zadovolna sum od timot mi rekoa deka Teodor gi stignuva vrsnicinjata,tak da nema nekoja razlika od normalno rodenite bebinja,na pocetokot imav mnogu neprospieni i isplakani noki,kako ke bide sto ke bide go znaete toa od svoe licno iskustvo,no se se zaborava,ubav e predlogot da se sobereme site majki na predvreme rodenite bebinja,da organizirame edna zaednicka sredba pa mozebi i ke se najdeme so nekoi majki sto sme lezele zaedno vo bolnica,pozdrav

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Развојот на предвреме родените бебиња
16.1.2011 21:20:13   
Тања РР
Hany добредојде во клубот user posted image
Мило ми е што со твоeтo user posted image   се е во најдобар ред и што толку рано ги стасало врсниците.
Се надевам дека ќе споделуваме многу убави моменти овде на РР а за средба (и формирање здружение) на мајките кои го поминале овој трнлив пат јас сум ЗА.user posted image

< Поракaта ја уредил Тања -- 16.1.2011 21:24:20 >


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот hany)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Развојот на предвреме родените бебиња
16.1.2011 21:28:16   
hany
pozdrav do tebe Tanja,i se nadevam deka dobor ke se druzime

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Развојот на предвреме родените бебиња
22.1.2011 14:12:02   
dostickage
Fala Bogu kaj nas nemase potreba od kojznae kakvi kontroli,Nemase potreba da odime kaj Dvojakov bidejki od start se bese OK.Lecevme samo anemija no i toa se sredi za brzo vreme.Aman vise od tie doktori,daj Boze nikoj da nema pricina da odi na doktor.Mada da ne se tie...

(Одговор на членот hany)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Развојот на предвреме родените бебиња
12.7.2011 15:43:04   
mila 3
lele site so isti sravovi smeuser posted image kako ke bide, sto ke bide???? lele sekoj den mi e se poveke stavuser posted image imame 3 ipol meseci od raganje( a 2 koregirani meseci) i koga ke go legnam na stomak samo si lezi ne ja kreva glavat, nekogas ke uspee da se svrti na stranauser posted image neznam sto da ocekuvam, neizvesnosta mi vleva poveke strav

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Развојот на предвреме родените бебиња
12.7.2011 16:22:03   
arh_diz
Mila3 sekoe bebe e prikazna za sebe , nekoi se razvivaat porano nekoi pokasno.Dokolku si e zdravo nemas potreba od panika.Ke pocne da ja drzi glavata samo ne se voznemiruvaj .Stavaj go pocesto na pod ke ocvrsne ubavo

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот mila 3)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Развојот на предвреме родените бебиња
12.7.2011 21:17:24   
mila 3
tocno deka se e individualno, si go drzi vratceto koga e vo race ama koga lezi ne.mu go masiram vratceto, taka mi kazaa od kaj Dvojakov pa ke vidime, moze ke ni kazat nesto novo na slednata kontrola.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Развојот на предвреме родените бебиња
13.7.2011 8:47:41   
dostickage
ne se sekiraj.i sin mi nemase nesto mnogu volja za krevanje glava i placese sekogas koga ke go stavevme na stomace.pokasno pocna i da se vrti i da se isprava na racinja.ama dojdi sega da go vidis,400 na saat e.ima 13 meseci i seuste ne odi ama se utepuva od lazenje.se pika i kaj treba i kaj ne gtreba.
jas samo go ostavav na stomace uporno i non stop placese,se dodeka eden den ne ne iznenadi i si pocna sam i da isprava glava i da se kreva na racinja.taka od nigde nikade

(Одговор на членот mila 3)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Развојот на предвреме родените бебиња
13.7.2011 12:22:48   
mila 3
im treba poveke vreme za toa sum svesna, ama pusti stravuser posted image .a za prevrtuvanje od grpce na stomace aber nema, trontle na mamauser posted image samo ciceto, koga e najaden nisto ne go interesita. jas go stavam na stomak toj zaspiva.

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Развојот на предвреме родените бебиња
13.7.2011 12:26:59   
dostickage
sonce :)

(Одговор на членот mila 3)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Развојот на предвреме родените бебиња
22.7.2011 23:09:51   
Palce
Zdravo mamicki...Odamna nemam pisuvano na forumov,epten sum so obvrski i so Mia i na rabota i ne mi ostanuva mnogu vreme..ama denes si rekov aj malku da vidam sto pravite..pa gledam deka ima komentari na temite za nedonoseni bebinja...
Sakam da i kazam na mila 3 da ne se sekiras za bebeto sto seuste ne go kreva glavceto,premnogu e rano...Vikas ima 2 meseci koregirano...Moja Mia isto taka prvo ne go krevase glavceto pa posle pocna poleka no mnogu e rano na 2 meseci da ocekuvas da go pravi toa..Imaj samo trpenie,se ke pocne da si pravi,samo ne se sekiraj..Jas nemozam sega tocno da se setam koga pocna da go kreva glavceto,imam nekade zapisano,ako najdam ke ti pisam...Vo sekoj slucaj ne se sekiraj,se ke si dojde,i jas taka se sekirav,ama pocna poleka,samo stavaj go na stomace bebeto...Mia jas koga ke ja stavev na stomak mnogu placese,nekese da go kreva glavceto,pa ja a mi vrtev na grbce,ama doktorkata mi rece da bidam uporna da ne se otkazuvam..Inaku i moja Mia e predvreme rodeno bebe vo 28 nedela i 6 dena...Sega e golema zenska od 20 meseci (koregirani 17,5)i e super..Odi,zbori,besnee po cel den :)))) Pozdravcinja najgolemi

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?