Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
НА ШТО ДА ВНИМАВАТЕ Иако ризикот од компликации во близначката бременост е поголем, сепак не треба да следите некои посебни знаци, што не би требало да ги следите и во бременоста со едно дете. Ако сметате дека има некаков проблем, јавете се кај Вашиот лекар. Внимавајте на знаците на предвремено породување и преeклампсија Предвремено породување. Нормално бременоста се смета дека трае 40 недели, но за близначката бременост се смета дека е нормално ако се достигне 37-та недела. Сепак половина од бизначките бремености се завршуваат пред 37-та недела. Ако сметате дека породувањето започнало порано, јавете се во болница. Можеби се работи за лажна тревога, но подобро е да бидете вратени дома, отколку да ризикувате. Прееклампсија. Прееклампсијата е почеста во близначките бремности. Бидејки се работи за сериозна компликација обратете внимание на следните симптоми:
Силна главоболка.
Проблеми со видот. Може да Ви се заматува или да гледате светкавици.
Болка во горниот дел од стомакот.
Повраќање.
Нагло отекување на стапалата, глуждовите, лицето и рацете.
Нагло качување на телесната тежина.
Ако ги почувствувате овие симптоми, под итно јавете се на лекар. На тој начин ќе избегнете многу сериозни компликации.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Совети за близначка бременост 20.11.2009 8:32:54
Палешка РР
ИСХРАНАТА ВО ТЕКОТ НА ПОВЕЌЕ-ПЛОДНАТА БРЕМЕНОСТ Како и во секоја бременост, треба да се храните со здрава и разновидна храна. Повеќето близнаци се раѓаат пред терминот. Вашата правилна исхрана ќе помогне да се намали ризикот од раѓање на бебињата со премногу мала телесна тежина. Тежината која ќе ја добиете во третото тромесечие, најмногу ќе влијае врз тежината на бебињата со која ќе се родат. Затоа од големо значење е Вие да се храните правилно и доволно да ја качите Вашата телесна тежина. Можно е во бременоста со близнаци, заради зголемените проблеми со утринските мачнини, повраќање, констипација, лошо варење на храната и сл. да немате доволно апетит. Во таков случај обидете се да примате повеќе помали оброци, наместо 3 пообилни.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Совети за близначка бременост 20.11.2009 8:33:29
Палешка РР
КОЛКУ ТЕЖИНА ТРЕБА ДА КАЧИТЕ ВО БЛИЗНАЧКАТА БРЕМЕНОСТ
Се смета дека е доволно да качите 15-20 кила во текот на близначката бременост. Ако Вашата тежина не расте доволно, обидете се да јадете пообилно и да мирувате повеќе. Ако пак ставате премногу тежина, тоагаш намалете ги калориите што ги внесувате. Немојте да држите диета, туку исфрлете ги грицките, слатките и сличните работи и заменете ги со овошје и зеленчук. Исто така можете да ја зголемите Вашата физичка активност, но само ако тоа Ви го дозволи Вашиот лекар. Внимавајте ако нагло качите тежина, разговарајте со Вашиот лекар. Тоа може да биде еден од знаците на прееклмпсија. Можеби Вашиот лекар ќе Ви препише да примате дополнителни витамински препарати.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Совети за близначка бременост 3.3.2014 20:32:51
Milicka27
Браво мамички одлични совети стварно...дури и во Плодност ми ги препорачаа истите совети хехехех супер сте значи....Но сепак самата помисла дека се близнаци малку е потешко
RE: Совети за близначка бременост 28.3.2014 18:02:27
Karaki
Девојки, имам и денес на ехо докторката ми виде две празнини. Е сега, бидејќи сум во 5та недела од бременоста, ме посоветува да не се разочарам ако после 2 недели на контрола за срцева реакција има само еден развиен плод. Поради неупешната прва бременост сега сум преплашена и незнам веќе како ќе ги издржам овие недели до 12 кога ќе следи пак истата процедура со приска и амниоцентеза.
RE: Совети за близначка бременост 28.3.2014 20:28:03
Melanija RR
Karaki за двете дај боже да биде се во ред со двете, а до 12 недела за приска има време.А амнио дури 18 недела но зошто има причина за тоа???
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Совети за близначка бременост 30.3.2014 21:28:45
blond
Zeni, smeam da i pobaram na doktortkata za nekoj mesec da mi dade da pijam od onie apcinjata sto se za neredovna ovulacija? Citav deka taka se zgolemuvaat sansite za bliznacka bremenost.
RE: Совети за близначка бременост 9.7.2014 21:24:38
majatwins
Zdravo jas nosam bliznaci 19 nedela sum i stvarno mi e tesko vo ovie zestini Sega pocnaaa i da mi potekuvaat stapalata epten gluzdovite mi se topki odam na rabota i mislam da odam duri mozam ako imate nekoj sovet za otocite pisete vi blagodaram pozdrav :)
RE: Совети за близначка бременост 10.7.2014 9:50:25
Karma
здраво majatwins, и јас носам близначиња женски две , честитки и нека ти е со лесно само... јас сум 24 недела и сега по малку почнаа да ми отекуваат нозете, но работата ми е 8 часа седечка и под бирото си ставив кутија на која ги подигам нозете одвреме навреме и го балансирам отокот...добро е што сум во климатизирана просторија и отокот не е голем... сепак избегнувам да се туширам со топла вода бидејќи приметив дека ми се јави на нозете оток по туширањето со потопла вода... кога ќе се вратам од работа гледам да ми се подигнати нозете во линија со положбата на срцето (така имам прочитано) и отокот ми се намалува... ништо друго посебно не правам... и постојано сум на ниско...кога пешачам пешачам во апостолки каде стапалата ми се слободни... ако најдеш друг лек пиши
RE: Совети за близначка бременост 10.7.2014 10:37:08
nataly86
Еве и јас да се приклучам јас сум 30 недела....отоците се неизбезни...јас забележав дека само со мирување отокот спаѓа...подигнати нозе и мене ми помагаат облоги со ациди борици или со ладна вода...истотака пиењето на доста течности помага да се исфрлат побрзо...јас пијам само обична вода...мислам дека од газирано се прават повеќе отоци...повеќе овошје на пример лубеница која е диуретик тоа е нешто пто јас го практикувам
RE: Совети за близначка бременост 10.7.2014 11:20:41
AneLav RR
Здраво женски, знам како ви е го минував и јас истото, само мене не ме фати лето и мене нозете ми отекуваа само последниот месец. Јас се породив на крајот од мај. Ставав и јас ациди борици облоги и ми помагаа и ве советувам повеќе да лежите и да ви бидат нозете поткренати не излегувајте без потреба на вруќиниве. Ајде ќе помине се,а за понатака јас имам отворено една друга тема па ќе пишете и вие ТУКА. Мене ни недостасуваа совети и искуства, сега моите црвци имаат 2 години и ако можам некако да ви помогнам прашувајте
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
RE: Совети за близначка бременост 10.7.2014 22:47:58
Melanija RR
majatwins добре дојде на Рингераја
Труднички има тема Отеченост во бременоста ќе најдете совет плус за отоците.Инаку најголеми се јавуваат токму на глуждовите но предност е што е лето па полесно е за избор на обувки
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни