|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Тајните фобии на мажите
14.1.2010 9:51:15   
BEBICA
Навидум мажите не се плашат од ништо. Не им е страв од глушец, целулит или сексуално искористување. Сепак, тие имаат тајни стравови, онакви за кои тие радо не би зборувале. А жените можат само да спекулираат за нивните фобии.

Досега има изготвено огромен број студии за оргазмот кај мажите, но во ниедна не е опишано за што всушност се работи.

Таканаречената “hyped phobia” е страв од сексуална импотенција. Тоа е повеќе од болест. Импотентниот маж го губи правото да биде дел од супериорната популација, машкиот род.

Многу мажи завршиле во депресија поради стравот од импотенција во сексот. Низ човечката историја, милиони младоженци биле доведени до ситуација да изгубат свест на првата брачна ноќ поради ненадејното откритие на одговорноста поврзано со стравот од „незавршувањето на работата“. Неуспехот да се постигне посакуваниот резултат во кревет резултира со очај, ситуација во која мажот се прашува дали е се во ред со него.

Денес се достапни бројни лекови за подобрување на оваа ситуација кај мажите: Вијагра и други синтетички лекови. Денес на секусалната импотенција се гледа како на еректична дисфункција. Веќе тоа не е главната фобија на мажите, туку медицинска состојба што може и треба да се лечи.

Оваа фобија полека станува историја. Наскоро целосно ќе биде надмината со оглед на фактот што фармацевтската индустрија напредува во развојот на нови ефективни лекови.

Се до 1960-тите, мажите немаа време да размислуваат на теми како што се должината на пенисот или траењето на сексуалниот чин. Тие беа зафатени со војни и бројни вооружени конфликти. Но, големата светска сексуална револуција ја сврте водата на друга воденица.

Порно филмовите со атери на кокаин и режисери алкохоличари почнаа да покажуваат невообичаено долги секс сцени и машки гениталии со џиновски размери.

Некои мажи минаа години во обид да ги имитираат своите омилени актери, но без ефект. Во овие години владееше чувство на инфериорност, вакум-пумпи за зголемување на пенис и милиони техники за зголемување на можностите за водење љубов по цел ден и цела ноќ.

Таканаречениот “archetypal fear” или страв од кастрација е уште една фобија кај мажите кој апрв ја спомена психологот Сигмунт Фројд на преодот на 20-тиот век. Во тоа време луѓето во Австрија и Германија беа прилично неуки. Беа потребни две светски војни за да се намали процентот на неинформираните, како и ирационалниот страв од кастрација.

Денес стравот од кастрација се трансформираше во рационален страв.

Поврзан е со ретката можност од тоа толку да се разбесни девојката што може да го гризне или отсече пенисот. За жал вакви несреќи понекогаш и се случуваат и тие ги потхрануваат спекулациите и гласините.

Кај мажите постои и страв од тоа за време на сексот невнимателната жена да го повреди пенисот во ерекција.

Сите чуле работи од типот фрактура на пенис, но никој не ги знае деталите освен уролозите. Всушност тоа е многу ретка медицинска ситуација, но сепак мажите се држат на сигурно и бараат од партнерот грижливо да се однесува со пенисот во ерекција.

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Тајните фобии на мажите
14.1.2010 11:54:35   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA


Се до 1960-тите, мажите немаа време да размислуваат на теми како што се должината на пенисот или траењето на сексуалниот чин. Тие беа зафатени со војни и бројни вооружени конфликти. Но, големата светска сексуална револуција ја сврте водата на друга воденица.

Порно филмовите со атери на кокаин и режисери алкохоличари почнаа да покажуваат невообичаено долги секс сцени и машки гениталии со џиновски размери.

Некои мажи минаа години во обид да ги имитираат своите омилени актери, но без ефект. Во овие години владееше чувство на инфериорност, вакум-пумпи за зголемување на пенис и милиони техники за зголемување на можностите за водење љубов по цел ден и цела ноќ.




со ова се сложувам.а незнам зошто кога жената може да ја задоволи и многу мал пенис.сум читала ама имам заборавено од колку сантиметриuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Тајните фобии на мажите
14.1.2010 12:25:43   
Anushka
8 cm.
Мажите се плашат од жените и од темница.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Тајните фобии на мажите
14.1.2010 12:27:05   
bojanas
Мислам дека сите имаат фобија од ќелавост

_____________________________

Кајче мама тато дада јас и бато секој среќен пее дури ветре вее

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Тајните фобии на мажите
14.1.2010 12:28:28   
Mila na mama
мм се плаши од игли, лекари, болници и болести.user posted image

_____________________________

love u all

(Одговор на членот bojanas)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Тајните фобии на мажите
14.1.2010 12:32:49   
bojanas
Како можев да заборавам!!!!!!!!!!!!
Кај ММ во фамилија сите мажи се плашат од крв, инекции и доктори.
ММ 3 недели пред систематски психички се спрема за вадење крв.
А што да кажеме ние што раѓавме деца user posted image user posted image

_____________________________

Кајче мама тато дада јас и бато секој среќен пее дури ветре вее

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Тајните фобии на мажите
14.1.2010 22:37:07   
tereza
ИЗВОРНА ПОРАКА: bojanas

Мислам дека сите имаат фобија од ќелавост


хехехе да така еuser posted image user posted image ова од искуство го знамuser posted image

(Одговор на членот bojanas)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Тајните фобии на мажите
14.1.2010 23:30:16   
Еца
ИЗВОРНА ПОРАКА: tereza

ИЗВОРНА ПОРАКА: bojanas

Мислам дека сите имаат фобија од ќелавост


хехехе да така еuser posted image user posted image ова од искуство го знамuser posted image


за ова и јас се гогласувам, само што кај нас е јавна тајнаuser posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Тајните фобии на мажите
15.1.2010 0:56:27   
nadica
Мажите се плашат од жените


user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Тајните фобии на мажите
15.1.2010 9:06:34   
profesorica
и тоа како се плашааааатuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Тајните фобии на мажите
15.1.2010 9:08:33   
arh_diz
I treba da se plasat

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Тајните фобии на мажите
15.1.2010 9:13:02   
profesorica
море ние не треба д абидеме меки него да ги строиме, па тек тогаш како ќе се плашатuser posted image user posted image user posted image

инаку мм има фобија (или незнам како да го наречам тоа) од вршење било каква нужда во јавни вециња.и не само од јавни, него и некаде ако сме на гости нема шанси бреuser posted image user posted image user posted image

ова е повеќе гадење, но никако не прифаќа такво нешто.



_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Тајните фобии на мажите
15.1.2010 9:16:52   
tereza
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

море ние не треба д абидеме меки него да ги строиме, па тек тогаш како ќе се плашатuser posted image user posted image user posted image



Така е Профи,доста беше милум сега малку и силумuser posted image не треба да сме меки оти тоа мажите си го вртат и тоа како во нивна корист,а кога малку ќе покажиш заби и те како можат да се подобрат. 

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Тајните фобии на мажите
15.1.2010 22:28:59   
Bitolcanka
Се согласувам со двете. Нема лабаво со мажите user posted image А видат малку лабаво, на глава се качуваат. Мора да научиме да "управуваме" со нив, за да бидеме задоволни и среќни, а и тие со нас user posted image

Инаку машките се плашат и од:

соперник (посебно некој набилдан-мускулест дечко/маж) user posted image
жена-маж user posted image
... не ми текнува од што друго во овој момент user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Тајните фобии на мажите
15.1.2010 23:22:52   
Anushka
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka

Нема лабаво со мажите user posted image А видат малку лабаво, на глава се качуваат. 

Инаку машките се плашат и од:

соперник (посебно некој набилдан-мускулест дечко/маж) user posted image
жена-маж user posted image
... не ми текнува од што друго во овој момент user posted image


(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Тајните фобии на мажите
15.1.2010 23:24:05   
Anushka
Битолчанка, верувајтеми, мажите како мали деца се плашат од   -   т е м н и ц а
еве, тестирајте ги, демек, случајно

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Тајните фобии на мажите
15.1.2010 23:25:00   
pacuvce
Се плашат од мајките,ама никогаш јавно не го признаваат тоа...Секогаш кршат прсти кога треба да им кажат нешто искрено и во принцип секогаш вртат во круг и се оддалечуваат од суштината на проблемот,така да нивните мајки никогаш не ја дознаваат што сакал писателот да каже...user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Тајните фобии на мажите
15.1.2010 23:27:12   
Anushka
Фројд:
па макјите, нели, жени се.
А нели ги плашат со темница, ако се непослушни.... 

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Тајните фобии на мажите
15.1.2010 23:32:56   
Bitolcanka
Е да, во право си Анушка user posted image Не бев сигурна за ова, за мојот сакан не сум зебележала дека се плаши од темница, ќе го тестирам user posted image Имаш некој план-предлог? user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Тајните фобии на мажите
15.1.2010 23:36:45   
Anushka
на пр.: „заборави“ нешто многу „важно“ во возилото, а возилото во подземна гаража на пр. И тоа „нешто“ одненадеж ти треба во 4 наутро. На пр.
Се кладам дека нема да појде.

Или, одите некаде, ама стварно црна темница. Пушти го да оди 5 чекори пред тебе... ќе видиш разлика во однесување!

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Тајните фобии на мажите
15.1.2010 23:42:17   
Bitolcanka
Фала ти Анушка, ќе применам нешто од тоа наскоро, па ќе ти кажам каква беше реакцијата user posted image Морам да ве напуштам сега, ме чека user posted image Се читкаме пак утре. Добра ноќ на сите user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Тајните фобии на мажите
16.1.2010 9:01:13   
profesorica
лелееее стварноооо...и мм се плаши од темницаuser posted image user posted image user posted image значи еве чист пример.јас ноќе кога станувам за во веце не палам светло.а мм обавезно пали.

а од мајќите тоа да не спомнувам колку се плашат.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Тајните фобии на мажите
16.1.2010 9:01:24   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce

Се плашат од мајките,ама никогаш јавно не го признаваат тоа...Секогаш кршат прсти кога треба да им кажат нешто искрено и во принцип секогаш вртат во круг и се оддалечуваат од суштината на проблемот,така да нивните мајки никогаш не ја дознаваат што сакал писателот да каже...user posted image user posted image user posted image


потпис!!!


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Тајните фобии на мажите
17.1.2010 21:35:19   
Sasoxp
Epten straslivci ne napravivte :)

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Тајните фобии на мажите
17.1.2010 21:38:08   
Еца
Па јас не би рекла, ама еве прилика да не демантиратеuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Sasoxp)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?