|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Фази на породувањето
14.5.2010 9:21:10   
Палешка РР
Породувањето е кулминација на бременоста и краен чин на деветмесечното исчекување. Тоа е процес на излегување на бебето од матката на жената. До денес сеуште не е познат одновниот импулс, односно причина, која доведува до природен почеток на породувањето. Постојат повеќе теории кои од различни аспекти го објаснуваат почетокот на породувањето, но сеуште се трага по импулсот кој ќе каже, ДА...денес е тој ден, денес бебето решава да излезе!

Породувањето се состои од четири фази: дилатација на грлото на матката, спуштање и истиснување на бебето, породување на постелката (плацентата) и постплацентарен период. Породувањето може да започне на три начини, односно знаци за почеток на породувањето: родилни болки (контракции) кои се манифестација на стегањето на матката, прскање на водењакот чиј знак е истекување на плодовата вода и појава на крваво слузав секрет, кој означува испаѓање на чепот од грлото на матката. За овие промени бремената жена треба да разговара со лекарот кој ја води нејзината бременост.

Породувањето започнува со латентна фаза, која трае повеќе денови и претставува подготовка на матката за почеток на породувањето. Бракстон-Хиксовите контракции, кои се јавуваат во второто, а особено во текот на третото тромесечие од бременоста како нормална појава, сега се интензивираат. За да можеме да кажеме дека едно породување започнало, ги дефинираме болките, односно контракциите по нивната регуларност, времетраење и интензитет. Кога ќе започне породувањето, контракциите од ирегуларни, повремени, постепено стануваат регуларни, односно се јавуваат на одреден временски интервал. Тие почнуваат да се повторуваат на одреден временски интервал т.е. прво на 20 минути, потоа на 15 min......10 min, 5 min. Истовремено, нивното времетраење се зголемува од 30 sec, потоа 40 sec, до 60 sec i повеќе, а истовремено се зголемува и нивниот интензитет, односно јачина, од слаби болки до се посилни и посилни. Целта на контракциите, заедно, односно синхроно, со спуштањето на предлежечкиот дел на плодот (кој најчесто е главчето на бебето), резултира со постепено проширување (дилатација) на каналот на грлото на матката. Породувањето, т.е. неговата активна прва фаза започнува кога грлото на матката ќе се рашири до околу 3 cm.

Првата активна фаза од породувањето е наречена дилатација (проширување). Оваа фаза започнува кога грлото на матката (цервикс) е раширено околу 3 cm. Следат се поизразени контракции кои имаат спирален и надолен правец (од фундусот - горниот дел на матката, кон грлото на матката), при што матката се стега, за сметка на што грлото на матката постепено се скратува и се шири, провлекувајќи се преку главата на бебето. При тоа бебето постепено го поминува влезот на карлицата и ротирајќи се и свиткувајќи се, се движи кон излезот на карлицата. Целосна дилатација настанува кога каналот на грлото на матката ќе се рашири до околу 10 cm. Во овој момент започнува втората фаза од породувањето.

Втората фаза, уште наречена експулзија е всушност породувањето на бебето од матката преку родницата (вагината) на жената. Оваа фаза започнува кога цервиксот е целосно дилатиран, а завршува со породувањето на бебето. Во претходната прва фаза предлежечкиот дел на плодот, најчесто главата на бебето, веќе почнува да се спушта низ карлицата. Во втората фаза тоа се провлекува низ карлицата, со помош на контракциите на матката кои сега на крајот од првата и почетокот на втората фаза преминуваат во таканаречени напони, кои родилката со својата стомачна мускулатура мора максимално да ги искористи и да соработува со акушерот и бабицата за што полесно и поедноставно породување на бебето. Постепено главата на бебето го поминува излезот на карлицата и се појавува помеѓу усните на вагината кои почнуваат да се шират. По породувањето на главата на бебето која се појавува со лицето кон едната или другара бутина на мајката, следи вртење на бебето со лицето кон надолу и породување на рамениците низ карличниот излез, по што следува целосно ослободување и породување на бебето. Следи пресекување на папочната врвка и долго очекуваниот прв плач на бебето, при што педијатарот-неонатолог врши преглед на бебето за неговата општа состојба во првата и петтата минута по породувањето, и дава оцена, таканаречен Апгар скор. Потоа бебето се става на дојката на мајката, како многу значаен момент на првиот контакт помеѓу мајката и бебето.

Третата фаза е породувањето на постелката (плацента). Ова обично се случува 10 до 30 минути по породувањето на бебето. Плацентата може да излезе самостојно или со стимулација. Самостојното излегување се потпомага со масажа на матката, а добро делува и првиот подој на бебето. Стимулираното исфрлање е побрзо, се врши потпомагање на контракциите на матката со окситоцински препарати и евентуално, со контролирано повлекување на постелката преку папочната врвка. Контракциите на матката, без разлика дали се стимулирани или не, донекаде ги смалуваат димензиите на матката и истовремено ги затвораат крвните садови на местото, односно лежиштето на постелката во ѕидот на матката. Тоа се крвните садови преку кои се исхранувало бебето последните 9 месеци. Овој механизам спречува искрварување на мајката и добро опоравување по породувањето. Нормално загубите на крв во текот на породувањето изнесуваат помалку од 600 mL. По излегувањето на постелката неопходно е таа да се прегледа од страна на докторот-акушер, при што се прави процена на нејзиниот изглед, дали е целосна или недостасува некој нејзин дел (котиледон или дел од котиледон), се проверуваат околуплодовите обвивки и доколку се детектира дефект на постелката, се прави мануелна ревизија, односно преглед на шуплината на матката и се отстранува заостанатиот дел. Овие резидуи, остатоци од постелката, доколку не се извадат доведуваат до дополнителни компликации.

Четвртата фаза е наречена постплацентарен период и трае уште 2 часа од моментот на излегување на постелката. Во овие два часа породената жена се следи и набљудува, со цел да се спречат евентуални компликации во смисла на следење на виталните знаци, количина на вагиналното крварење итн. Можеби сето ова теоретски Ви изгледа комплицирано и збунувачки, но верувајте, со правилна психо-физичка подготовка, психолошка подготвеност на двајцата родители и поддршка од персоналот, целиот чин на породување е најприроднот феномен, сосема спонтан чин, а првиот контакт на мајката со своето новороденче е најубавата работа на овој свет, која ве остава без здив и без зборови.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 21.7.2013 23:04:31 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Фази на породувањето
14.5.2010 9:26:50   
Палешка РР
Анимиран клип за текот на породувањето КЛИКНИ ТУКА 

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 8.1.2015 14:36:25 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Фази на породувањето
14.5.2010 11:11:24   
stela
Колку убаво опишано, ти благодариме Палешка! user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 8.1.2015 14:36:43 >

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Фази на породувањето
14.5.2010 12:55:35   
nadica
user posted image user posted image user posted image за клипот палешка

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 8.1.2015 14:37:00 >


_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот stela)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Фази на породувањето
15.12.2011 12:06:43   
arh_diz
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Ајде мамички на оваа тема да споедлуваме искуства за мукозниот чеп...Гледам дека на рингераја нема ваква тема а на други страни има па си реков ајде и овде да споделиме искуства..Јас до скоро незнаев што е тоа иако ми е ова втора бременост...Дали Вие знаете што значи тоа мукозен чеп и дали сте имале искуство со истиот???  По моите досегашни читања разбрав дека откако ке падне чепот - породувањето ке се случи во рок од 72 часа,иако кај мене веке четврт ден е паднат чепот ,породувањето сеуште не е започнато... Инаку читав дека е многу густа слуз како силикон..Таква и беше кај мене..Дали Вие знаете што е ова мукозен чеп и какво  е Вашето искуство со истиот???


< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 8.1.2015 14:35:57 >


_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Фази на породувањето
15.12.2011 12:08:52   
arh_diz
ИЗВОРНА ПОРАКА: Annet

да да кај мене беше така ми излезе како силикон едно густо,тоа ти бил тој мукозен чеп и по ден ипол се породив.ете тоа е навистина знак дека породувањето започнало......


< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 8.1.2015 14:35:41 >


_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Фази на породувањето
15.12.2011 12:31:51   
Pepelaska *
ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Ајде мамички на оваа тема да споедлуваме искуства за мукозниот чеп...Гледам дека на рингераја нема ваква тема а на други страни има па си реков ајде и овде да споделиме искуства..Јас до скоро незнаев што е тоа иако ми е ова втора бременост...Дали Вие знаете што значи тоа мукозен чеп и дали сте имале искуство со истиот???  По моите досегашни читања разбрав дека откако ке падне чепот - породувањето ке се случи во рок од 72 часа,иако кај мене веке четврт ден е паднат чепот ,породувањето сеуште не е започнато... Инаку читав дека е многу густа слуз како силикон..Таква и беше кај мене..Дали Вие знаете што е ова мукозен чеп и какво  е Вашето искуство со истиот???



miana, мукозниот чеп го блокира цервикалниот канал и го затвара влезот во матка, тој омекнува и излегува како розовкаст, сукрвав и слузав исцедок кога ќе почне да се отвара грлото на матката. Мене постепено ми паѓаше и јас немав појма што е а се отепав од мењавање долен веш , после тоа ми кажа матичната , тооа тареше негде недела и пол пред да се породам , значи кај да е чекаме убави вести и од тебеuser posted image

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 8.1.2015 14:35:21 >


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Фази на породувањето
15.12.2011 14:27:13   
kikicka
Мене тој чеп никакода ми падне и 42недела од бременост со провокација ништо и накрај докторот ми го скина да речеме пошто осетив мнг убаво user posted image и после неколку саати водењакот ми пукна и пак ништо и на крај завршив царски.....скорото правевмуабет со една пријателка за овој чеп и таа ми вика ее каков е тој чеп мене ништо неми падна ништоне ми ни скинаа вика можеуштеми стои внатре хахахаххаха инаку и таа заврши царски слабо се отвараше.

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 8.1.2015 14:34:58 >


_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Фази на породувањето
15.12.2011 23:32:31   
libra.n
Без разлика кај ќе појди постов, дали ке го преместувате во темата мукозен чрп или ке остане овде, еве искуство од мене- се надевам ќе ти помогне миана: во понеделник наутро ми падна чепот, отидов на болница ми рекоа може да трае до 24 часа, и ме советуваа да шетам (лето беше, и се отепав од вртење по партизанска). Во вторник во 16Ч се породив. Факт е дека за да се забрза породувањето треба физички да си поактивен, а можеш и да го собереш маж ти вечерва ако ви е дозволено да го забрзате породувањетоuser posted image . Миана, се надевам дека кога ќе го прочиташ постов ќе бидеш веќе породена, ако не си уште-Среќноuser posted image

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 8.1.2015 14:34:40 >

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Фази на породувањето
3.1.2012 11:15:02   
ivoni4ka
dobro aj vaka edno prasanje dali ima nekoja sto e otvorena predvreme primer na kraj od 8 mesec dali podocna i padnal cepot ili veke prethodno  padnal cepot e nisto ne mi e jasno okolu ova bidejki po logika treba prethodno da e padnal pa da pocnes da se otvaras ili vodenjakot da pukne jas na minatata kontrola vo 36 nedela veke bev 2 cm otvorena a mukozen cep ne vidov da padne a nema sansi da sum go utnala bidejki togas bev na terapija na canesten pa ke zabelezav ako imase bilo kakva ppromena

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 21.7.2013 23:05:48 >


_____________________________



(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Фази на породувањето
21.7.2013 23:07:00   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: viki23

Еве ме и мене мамички,терминот ми е до 24.07.ама уште не му се излегува,пред 3 дена ми падна оној мукозен чеп,прочитав после 72 часа ке почнел процесот на породување но сеуште ништо.Сите туку ме прашуваат ајде уште ли? А мене нешто страв паника ме фака и само лоши мисли ме следат user posted image уфф пак и овие жестиниве не се издрзуваат, има ли некој некакво искуство со паѓањето на тој мукозен чеп... болки никакви немам... и по малку се плашам...а и да споменам ми тече еден густ леплив бел ама накај зелено оде ете таков секрет, после паганјето на оној чеп. има ли некој сличцо искувство... фала ви поззuser posted image



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот ivoni4ka)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Фази на породувањето
25.12.2013 19:31:19   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: saki.sk

mamicki edno prasanje za vas dali cepot koga ke ti padbne mora da ima krv ili da bide kafeavko kaj mene mi istece nesto zoltenikavo- belo gusto ama nemase ni crvenkasto ni kafeavko pa malku sum vo zabuna....a terminot mi e do utre...



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Фази на породувањето
1.1.2014 23:41:58   
Stefanija Stefi
Леле...Што се човек може да научи од вас....Значи мило ми е што се зачленив на форумов и што секое барање на некој одговор на прашање што ме мачи, наидувам и на одговор на прашање кое не сум ни знаела дека постои за да го поставам....
БЛАГОДАРАМ МАЈКИ, не знаете колку им помагате на неискусните и неупатените како мене...
Еве благодарам од името на сите нас user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 13
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Dali?
Jana9

Dali gi nosite decata na nekoj od nasite detski festivalcinja?

Da (0%)

Ne (33%)

Ponekogas (67%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!