|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Уметноста на флертувањето
3.2.2010 15:52:09   
BEBICA
Флертувањето е уметност и тоа една од најстарите. Во минатото, убавите жени ја учеле за да можат да дојдат до власт, за да заведат еден маж само со еден поглед и тој да изгуби рамнотежа. Ако сте го гледате „Мемоарите на една гејша", тогаш знаете дека способноста за флертување е моќ, а да не ја забораваме и Клеопатра. Флертувањето е неопходно да го освоите мажот на својот живот, да му го задржите интересот додека сте во врска и да го принудите да копнее по вас до крајот на животот.

Секоја жена може да флертува, едноставно треба да го најде соодветниот начин. Треба да знае да ја истакне својата женственост, да најде умереност и на неодолив начин да привлече даден маж да ја посакува. Флертувањето започнува однатре. Знаејќи ги своите добри особини и користејќи ги како основа, флертувањето е уметност на тивка самодоверба. Секој човек е различен, па за секој флертувањето добива различно значење.
  • Јавно невино флертување. Секојдневно сите флертуваат на еден или друг начин. Постојат ситуации кога можеби не сфаќате дека флертувате. Нежна насмевка на мажот што ја задржал вратата за да влезете, пријатен елегантен поздрав на згодниот колега. Или пак ситуации кога станувате мета на флертувањето – комплимент за вашиот изглед. Сите луѓе уживаат во ваквите односи и продолжуваат секојдневно да ги создаваат. Јавното флертување е невино, но доставува задоволство, ја зголемува самодовербата и ја прави комуникацијата позабавна.
  • Умислено флертување еден-на-еден. Секојдневното невино флертување не е воопшто толку тешко и возбудливо како умисленото флертување еден-на-еден. Може да се каже дека овој тип на флертување дека е вистинскиот тест за да проверите дали сте ја совладале уметноста на флертувањето. Се користи од жените со статус сингл за да го привлечат вниманието на мажот кој им се допаѓа и да му го олеснат патот, од жените во сериозна врска за да ја одржат искрата и од мажените жени за да го одржат семејниот оган.


Непишани правила на флертувањето

Перфектен тајминг.
Постојат многу тактики за флертување и вие можете да ги совладате сите, но ако не знаете да го изберете тајмингот, не очекувајте успешен флерт. Оценете ја правилно ситуацијата во која се наоѓате и оценете дали местото е соодветно, затоа што ако направите погрешна проценка, ризикувате да создадете непријатна напнатост и да оставите погрешен впечаток. Тоа е исто како лавицата кога лови. Таа набљудува, прави проценка и го прави својот прв чекор само кога мисли дека е најпогодниот момент. За успешен флерт жената треба да знаe кога да се повлече и да му ја препушти улогата на ловец на мажот.

Тактиката напад–повлекување е во срцето на флертувањето. Се користи и од мажите и од жените за да создаде возбуда. Динамична тактика со која прво се оди чекор напред со давање внимание, потоа чекор назад и повлекување, па пак чекор напред – контакт со очите, прекинување на тој контакт, потоа повторно враќање во игра со заводлив поглед. Првиот поглед не мора да значи почеток на флертот, но вториот означува старт на играта. Флертувањето секогаш започнува со поглед. После тоа можете да продолжите со флертување со уста, со насмевка, со зборови, со пијалокот и сл. Можностите се бесконечни, но воспоставувањето на контакт со очите е задолжителниот почеток.

Во умереноста е клучот.
Скоро и да не постои маж на планетата кој што може да ѝ одолее на шармантна жена која решила тој да биде центар на нејзиното флертување. Но, за да го задржите неговиот интерес, треба да знаете кога да се повлечете назад. Дури и вие да сте ја започнале играта на гонење, во одреден момент треба да му ја препуштите таа улога нему. Вие треба да сте кралица на умереноста. Да знаете каде е границата и никогаш да не стапнете преку неа.

Префрлање на топката
.
Овој дел од флертувањето ќе одлучи дали имате успешен флерт или не. Колку и да сакаат да флертуваат и да бидат лавицата, жените многу повеќе сакаат да бидат гонети и освојувани. Како што кажавме, кога вие сте го започнале флертот, доаѓа момент кога треба да му ја префрлите топката. Како ќе го препознаете тој момент? Едноставно, ќе го видите во неговите очи. Кога тој ве голта со поглед, кога тој се обидува да ви го задржи вниманието, кога сте сигурни дека влегол во вашата мрежа, тогаш дајте му тој да ја предводи играта. Дозволете да бидете освојувана. Научете да флертувате со стил и без да изгледате очајно, и ќе бидете неодоливи. Флертувањето е како возење велосипед, ако еднаш го усовршите, засекогаш ќе го владеете.

Флертот на сопрузите

Познато е дека мажите погрешно го толкуваат флертот на жените и многу често не го разбираат. Но, истражувачите открија уште еден интересен факт. Жените и мажите кои се во брак, реагираат на различен начин откако ќе флертуваат со непознати. До тој заклучок дојдоа истражувачите на универзитетот McGill во Канада.
Жените после флерт со друг маж се понежни и повнимателни со своите сопрузи. Според нив, откако мажите ќе флертуваат со непозната жена, имаат повисоки барања и очекувања од сопругата. За разлика од нив, жените после флерт се однесуваат понежно кон нивниот сопруг и се обидуваат да ги подобрат односите во семејството.

Едноставен тест покажал дека мажите после успешен флерт, се склони да им простат на сопругите за 12% помалку, отколку што биле склони да го направат тоа пред флертот, додека жените се спремни да им простат на своите сопрузи за 17.5% повеќе. Таа разлика е породена од тоа што жените и мажите имаат различен однос кон флертот. Мажите сметаат дека секоја врска основана на флерт е краткотрајна. Жените од своја страна ѝ придаваат поголемо значење на секоја врска и гледаат на неа како на закана за хармонијата на семејството. Затоа, после флертот тие се понежни и повнимателни со своите сопрузи. Со тоа се обидуваат да ја зацврстат врската.


Како да флертувате без да изгледате очајно

Кога повеќето од нас ќе помислат на флерт, си замислуваат жена со тесна облека и длабоко деколте, која им се смешка на секој слободен дечко во барот. Иако тоа е тактика за флертување на некои жени, постои и друг пософистициран начин да привлечете нечиј поглед. user posted image Не мора да бидете разголени или нападни за да привлечете нечиј поглед.
  • Облекувајте се со стил, а не разголени. Вашиот изглед зборува многу за вашиот карактер. Иако мажите сакаат да се загледуваат во жени кои откриваат многу од своето тело, тие не ги сфаќаат многу сериозно и имаат малку почит кон нив. Вие можете да изгледате секси и без да се разголувате. Стилна облека и ненападна шминка е сè што ви е потребно да ги украдете туѓите погледи.
  • Погледнете го во очите. Контактот со очите е одличен начин да му покажете дека сте заинтересирани, но не зјапајте предолго. Погледнете го за кратко и потоа свртете го погледот на страна.
  • Испратете му насмевка. Пријателската насмевка ќе му каже дека лесно може да ви пријде. Никој не сака да започне разговор со женска која е намуртена и арогантна. Изгледајте релаксирани, самоуверени и насмевнувајте се и со усни и со очи.
  • Започнете со едноставен разговор. Без разлика дали тој ќе ви пријде вас или вие нему, започнете со едноставен разговор. Можете да ја споменете музиката која во моментот ја слушате. Кога еднаш ќе започнете со разговор, ако има привлечност меѓу вас, веднаш ќе ја забележите.
  • Покажете го вашето чувство за хумор. Шегувајте се, така ќе направите поопуштена атмосфера и ќе ви биде полесно на двата да комуницирате.
  • Внимавајте на јазикот на телото. Јазикот на телото може да кажува повеќе од вашите зборови, иако вие може да не знаете каква порака испраќате. За да го покажете вашиот интерес можете да се наклоните кон него додека ви зборува или за кратко „ненамерно" да го допрете на раката.
  • Бидете себе си. Доколку се обидувате да се прикажете во друго светло, ризикувате вашиот избраник подоцна да се разочара кога ќе ве запознае подобро. Освен ако не сте во потрага само по забава, најдобро е да бидете себе си.



Оваа тема ја отварам поради тоа што сум инспирирана од една моја пријателка.
И ме интересира длаи вие флертувате?Дали тоа го правите од забава или поради несто друго?
Јас да сум флертувала но порано сега повеќе не.




< Поракaта ја уредил mami -- 4.2.2010 9:47:42 >


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Уметноста на флертувањето
3.2.2010 19:16:27   
Палешка РР
Мислам дека сите, помалку или повеќе, сме флертувале. Добро е за подигнување на самодовербата.
Е сега ако тоа се прави често и кога е жената во брак, тогаш е веќе загрижувачки user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Уметноста на флертувањето
3.2.2010 19:38:05   
BILE.F
Секоја жена флертува свесно или несвесно!
Ама кога знаеш дека една убава насмевка ќе ти помогне да го добиеш она што го сакаш, не е на одмет ни малку.
Е сега да не се претерува!



_____________________________

Пред да скокнеш, кажи оп!

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Уметноста на флертувањето
4.2.2010 9:39:11   
BEBICA
Мажите кои флертуваат имаат поголеми шанси да ја освојат жената која им се допаѓа, ако таа е во овулација. Тоа го покажа истражување спроведено од психологот Едвард Морисон. Учесничките во истражувањето требало да набљудуваат различни фацијални изрази на мажи и да ги оценат според атрактивноста. Резултатите довеле до заклучокот дека жените кои се во овулација, преферираат мажи кои покажуваат изрази на флертување. Претходни истражувања покажале дека жените кои се во најплодните денови во месецот, сакаат високи мажи со помажествено лице и длабок глас. Претпочитајќи ги овие особини, жените сакаат да ги зголемат шансите да бидат оплодени. „Селектирањето на најпогодниот партнер е еден од основните аспекти на човечкото однесување“ – изјавил раководителот на истражувањето.

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот BILE.F)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Уметноста на флертувањето
4.2.2010 9:48:48   
profesorica
# Привлекување на внимание. Ако му се допаѓате, тој ќе направи сè за вие да не престанете да гледате во него. Дали тоа ќе го направи со местење на вратоврската или со разни комични раскази, тоа зависи од неговиот карактер.

# „Поправање" на косата. Секој обид на мажите да си ја наместат фризурата е со цел да бидат попривлечни за вас.

# Директен поглед кон вас. Ако постојано ве гледа во очите, со тоа сака да ви покаже дека целото внимание ви го посветува само вас. Ако ве "мери” од глава до петици, тогаш ви испраќа порака дека ве посакува.

# Играње со чашата. Кога ја префрлува чашата од едната рака во другата, тој сака да ви покаже дека е сексуално заинтересиран за вас.

# Доближување кон вас. Ако седи на работ на столот, тој се доближува сè повеќе до вас затоа што му се допаѓате.

< Поракaта ја уредил profesorica -- 4.2.2010 9:50:51 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Уметноста на флертувањето
5.2.2010 15:24:51   
majka 79

Секоја жена флертува свесно или несвесно!
Ама кога знаеш дека една убава насмевка ќе ти помогне да го добиеш она што го сакаш, не е на одмет ни малку.
Е сега да не се претерува!

potpis


(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Уметноста на флертувањето
5.2.2010 15:33:22   
saighr
Ауу! Интересно истражување бебица!

(Одговор на членот majka 79)
Непосредна врска до пораките: 7
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?