Felly RR
|
Уринарните инфекции се дефинирани како присуство на бактерии во урината проследени со симптоми на инфекција. Ретко, понекогаш како предизвикувачи можат да бидат и други микроорганизми како што се габички и вируси. Уринарните инфекции во детска возраст се честа појава, доаѓаат на второ место, по респираторните инфекции. Инфекциите на уринарниот тракт во првата година од животот се појавуваат со поголема фреквенција кај машките отколку кај женските деца, а по првата година почести се кај женските. Честотата на уринарните инфекции кај новородените е апроксимативно 0,1 до 1,0 отсто кај сите новородени и 10 отсто кај новородени со мала породилна тежина и предвремено родени. По првата година од животот се јавуваат во 5 отсто кај девојчињата и 1 до 2 отсто кај момчињата.Уринарниот тракт е поделен на горен и долен. Горниот уринарен тракт се состои од бубрег, чашки и уретер, а долниот од мочен меур и уретра. Бубрезите имаат улога на филтер: ги отстрануваат непотребните материи и вишокот вода од крвта со продуцирање на урина. Тој ослободува околу 1-1,5 до 2 литра урина дневно кај возрасните, а помалку кај децата, зависно од возраста. Нормално, уринарниот тракт не содржи бактерии. Најчест пат на ширење на инфекцијата ( 90 отсто) е преку навлегување на бактерии од кожата околу ректумот и гениталиите кон мочниот меур, што е подобра подлога за развој на бактерии поради присуство на протеини, шеќери и поволна температура. Бактерии во уринарниот тракт можат да стигнат и преку крвта од друго жариште (хематогена дисеминација на бактериите). Ваков вид инфекција е почест во првите месеци од животот. Инфекциите на уринарниот тракт можат да бидат акутни, но ако брзо се препознаат и соодветно се лекуваат имаат добра прогноза, и хронични, кај кои постојат хистолошки лезии, лузни, згрчување на бубрежниот паренхим, кои несоодветно третирани можат да доведат до хронична бубрежна инсуфициенција. Во новороденечкиот период симптомите се ненапредување, тешкотии во хранењето, новороденото е нерасположено, одбива храна, слабо спие, има метеоризам и сиво-жолтеникава боја на кожата. Меѓу симптомите се и повраќање, пролив, ретко проследени со покачена температура и конвулзии. Оваа инфекција е генерализирана.Од 1 месец до 2-3 години уринарните инфекции се карактеризираат со значително покачување на температурата, повраќање, пролив, немир, жед, детето плаче, лошо изгледа и може да има присуство на менингизам, конвулзии. По втора-трета година уринарната инфекција не се карактеризира само со општи симптоми на инфекција туку и со симптоми и од уринарниот тракт (пречки при мокрење, често болно мокрење на мало количество урина, печење, страв од мокрење, инконтиненција на урината, болки во стомакот и слабините, покачена температура, губење на апетитот и болен изглед. Бидејќи уринарните инфекции во детска возраст не се ретка појава, клиничката слика е нетипична, многу е битно да се помисли на нив, посебно кај деца со температури над 39 степени кои траат повеќе од 3 дена и се од необјаснети причини, треба веднаш да се направат основни лабораториски иследувања, бидејќи лекувањето треба да почне итно. извор: дневник
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
|