Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Фарбите за коса претставуваат една од најуспешните групи козметички производи,бидејки најчесто жените со нова фризура и боја на косата вртат нов лист. Но, колку фарбањето на косата е сигурно за време на бременоста?
Во текот на првите 3 месеци,треба да се воздржите од фарбање,или пак првите три месеци да користите привремени бои за косата кои не продираат подлабоко,може да употребите к'на(која е расителна боја за коса),да се шатирате или едноставно само да го промените обликот на фризурата.
Дали вие се фарбате,и што мислите за фарбањето на косата во бременоста?
RE: Фарбање на косата во бременоста 29.4.2009 10:59:22
jana
Ne znam bas sto ke napravam,ama jas mislam deka cel zivot se farbam.A koga e vo prasanje dete sve bi uradila,za negovo dobro.Pa mislam i deka ke prestanam so farbanje,no dali e toa navistina tolku opasno?
RE: Фарбање на косата во бременоста 2.6.2009 11:25:08
Mammy
Еве ви одговор од една плавуша.. Моментално сум во 29 недела и досега се фарбам на секои 20 дена и тоа последните три пати со бланш. Единствено што приметив е тоа што бојата за коса со која до сега се фарбав, едноставно не ми ја обојуваше косата како претходно..Наместо плавуша, станав портокалова...Па морав да интервенирам со бланш и повторно да бидам плавуша ..
За среќа до сега немам никакви поблеми со бебушот, баш вчера бев на контрола и кај гинекологот и кај кардиологот- педијатар.
Така да. се што е умерено, не мора да значи дека ќе биде штетно..
RE: Фарбање на косата во бременоста 12.9.2009 12:14:55
profesorica
Јас додека бев бремена се фарбав исто на 20 дена многу лошо ми фаќаше бојата и морав да ја обновувам бидејќи држев часови до почетокот на 9 месец од бременоста.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
RE: Фарбање на косата во бременоста 12.9.2009 21:28:34
Весна
Ау Палешка, па ова веќе е неверојатно. Јас пред точно шест дена ја фарбав косата по вторпат во бременоста. Ќе се закоренам троа повеќе, па се фарбам да здоличам на средена, млада трудница. Просто анбливбл колку ни се преклопуваат настаните Инаку не верувам дека има некакво штетно дејство врз бебето. По списанијата ги препорачуваат оние со помал процент амонијак. Јас се фарбам со Гарниер и ништо бутур не ни е.
RE: Фарбање на косата во бременоста 12.9.2009 23:36:45
niki
I jas se farbav nekolku pati dodeka bev bremena, e sega nisto li ne i e kojznae dosega e zdrava, prava nisto ne i fali ama od kaj znaes deka posledici nekoi nema da se javat pokasno vo zivotot, sepak toa e hemija i stom nekoj vika deka vleguva i vo bebeto ne e loso da sme pretpazlivi.
RE: Фарбање на косата во бременоста 13.9.2009 0:00:19
lidijas
Jas um vo 9-ti mesec i se farbav dva pati. Sum prasala i doktori velat deka ne steti na plodot. pa ako sme trudni ne znaci i deka treba da sme zapusteni neli?
RE: Фарбање на косата во бременоста 10.10.2009 20:34:51
Snowhite RR
Јас до сега во 5 и пол месеци трипати се имам фарбано, некој велат дека е штетно, сепак не е фарбање секоја недела, мислам дека не е штетно ако е во граница нели
RE: Фарбање на косата во бременоста 8.12.2009 13:40:41
mis.
Дали е безбедно да се бојадисува косата во текот на бременоста? Ова прашање предизвикува дискусии веќе неколку децении и сè уште нема конкретен одговор, кој да е едногласно поддржан од експертите. Нема докази дека хемикалиите во бојата за коса можат да му наштетат на фетусот, но нема ни докази за тоа дека бојадисувањето е безбедно во текот на бременоста. Недостатокот на докази е породен од фактот дека бремените жени, кои би учествувале во истражување во оваа сфера, би ги изложиле на голем ризик своите идни бебиња. Поради тоа истражувања со луѓе во оваа сфера скоро и да не се извршуваат. Најдобро е да се консултирате со вашиот доктор пред да решите било што. Ако сакате да го освежите изгледот на вашата коса, можете безбедно да си направите прамени. При бојадисувањето на прамени од косата, бојата не го допира скалпот на главата. Затоа експертите сметаат дека е безбедно. Ако сепак решите да ја бојадисате косата, еве неколку совети:
Не ја бојадисувајте косата во првото тромесечје. Во првите месеци од бременоста се оформува фетусот и неговите органи.
Просторијата каде што се бојадисувате треба да биде добро проветрена. Мирисот на боја може да предизвика вртоглавица или гадење кај бремените жени.
Не ја оставајте бојата на косата подолго отколку што се препорачува.
Наместо боја употребувајте к'на. К'ната се смета дека е побезбеден начин за бојадисување на косата, затоа што е природен продукт.
RE: Фарбање на косата во бременоста 14.12.2009 1:16:19
sunchips
Jas se farbav na sekoi 2-2.5 meseca, za prvite 3 meseci ne se sekavam moze i skoknav togas, ne mozev da se gledam neofarbana, plus i na rabota odev do sredina na 9ti mesec.
RE: Фарбање на косата во бременоста 12.1.2010 16:06:23
arh_diz
Jas licno ne sum za bojadsuvanje na kosata vo bremenosta. NIkogas netreba da se vodime so toa sto na nekoja nisto ne i se slucilo ja bojadisuvala kosata pa aj i jas ke ja bojadisuvam nema nisto da mi se suci. Sekoj organizam e prikazna za sebe
RE: Фарбање на косата во бременоста 23.1.2010 20:43:51
Sandric
ПА мислам дека нема големо влијание фарбата за коса. МИслам сепак ја држиш на глава пола саат, башка делува површински на ккожата и прашање е дали воопшто и ако да, колку се апсорбира во кожата за да евентуално му наштети на бебето.Јас се фарбам редовно
RE: Фарбање на косата во бременоста 24.1.2010 1:03:58
nutelizza
Зависи која фарба. Јас откако убаво се исконсултирав со доктори, луѓе решив да не се фарбам во бременост и тоа беше цели 9 месеци. Потоа продолжив уште 9.
Така косата видно порасната ( до дупе ) и зајакната ја средив со еден тон посветла од природната. Сега ми е многу негувана и убава.
RE: Фарбање на косата во бременоста 24.1.2010 11:07:33
Izabella
Pred nekoe vreme gledav na TV deka ima nekoja posebna linija na Keune za farbanje na bremeni, navodno e bezbedna. Ama ne znam kade moze da se kupi, mozebi samo vo specijalizirani Keune frizerski saloni
RE: Фарбање на косата во бременоста 17.5.2010 15:21:02
Тања РР
Има посебни бои за коса без амонијак за бремени жени, не се поскапи од останатите. Инаку, јас си ја носам природната боја на косата и никогаш не се фарбам па ни за време на бременоста. Сега планирам да ја нијансирам ама фризерката ми рече ќе ни требале 7 часа. Не знам дали моите гради ќе издржат толку
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
RE: Фарбање на косата во бременоста 17.5.2010 15:38:45
vezilka RR
Леле луѓе еве скоро три месеци не сум фарбана и на чоек не личам:) Среќа па не се движам многу па освен пар луѓе нема кој да ми се смее. Сега пошто веќе влегов во четврти месец планирам наскоро да се исфарбам и планирам баш да земам од тие фарбите без амонијак, баш ги гледав пред некое време..
RE: Фарбање на косата во бременоста 17.5.2010 15:44:46
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica
требале 7 часа.
аман бе што ќе ти прави толку време?колкава коса имаш?можеби имаш поставено слика ама што е многу многу е да ти препорачам друга фризерка
Имам кратка коса, не ми стигнува ни до раменици. Ама сакам да ја правам во 4 нијанси па фризерката вели за секоја нијанса треба да чекам како да ја фарбам цела, па миење, сушење, ставање друга боја па пак исто... што знам она толку пресмета.
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
RE: Фарбање на косата во бременоста 17.5.2010 15:47:38
Merlin
I jas ne sum isfarban tri meseci, a imam dolga kosa i sto boi na nea. na nisto ne licam pa vo skoro vreme planiram da se isisam i malku da ja vratam prirodnata boja na kosta. Pa ponatamu ke vidime, zasega ne mozam nikakva farba da stavam zasto mi se losi od ostri mirisi, ponatamu ke vidime kako ke bide. Pozdrav