mami
|
Како да создадете романтично расположение дома? Многу е лесно да ја запоставите романтиката дома, особено покрај сите оние обврски околу куќата и домашните задачи. Но, вашата куќа е одлично место за да ги запалите романтичните искри. Романсата треба да цвета во домот, биејќи тоа е место каде што се чувствувате најкомотно. Добрата вест е дека е многу лесно и ефтино да создадете романтично расположение дома. 1. Затемнете ги светлата Осветлувањето е многу важно за романтичното расположение, особено нежното, суптилно слабо осветлување. Затоа користете пригушено светло или експериментирајте со свеќи. Ако не е премногу топло, создадете хемија на тој начин што ке се сместите со партнерот на кебенце пред каминот. Дури и електричен камин може да го разгори вашиот љубовен живот. Малите сијалички од елката за Божиќ, се исто така романтични, искористете ги. 2. Музика Музика во позадината е само уште еден чекор за одлично расположение, но важно е да одберете музика во која и двајцата уживате. Стилови кои обично ја зголемуваат интимата се лесната класична музика и бавен џез. Но било кој тип на музика ке ви заврши работа. Поминете малку време пребарувајќи на интернет музика која ви се доаѓа и создадете ваша – Љубовна плеј листа.Немојте да се срамите да ја попуштите музиката и да го замолите вашиот партнер за танц за време на вашиот „состанок". 3. Зона без деца за подобар сексуален живот Ништо не го убива романтичнотот расположение како деца кои пискаат по вашето внимание. Па пратете ги децата на кампување, на преспивање кај баба, кај пријатели, за да се осигурате дека ке можете квалитетно да му се посветите на својот партнер/ка. Можеби е добра идеа да го исчистите просторот и од домашните миленици. Одвојте време за само вас двајца, бидејќи тоа време е особено важно. Ако немате време за емоционална и физичка интима вашата врска ке влезе во криза. 4. Креативна вечера Морате да го нахраните романтичното расположение. Создадете вечера за паметење било да е тоа пикник во дворот или вечера на некое посебно место во куќата. Можете да готвите заедно или да испланирате вечера- изненадување за вашиот партнер. Не заборавајте да ги вклучите афродизијаците како чоколадо, црвено вино и школки. И не ги занемарувајте садовите во кои ке послужите. Како е спакувано јадењето е поважно од самиот негов вкус. Можете дури и да порачате да ви донесат, се додека сето тоа убаво го сервирате. 5. Љубовта е во воздухот Не го занемарувајте чувството за мирис кога правите романтика. Миризливи свеќи, тревки и масла додаваат само уште повеќе за вашето расположение. Миризливите свеќи и масла се потреба. Со големи гломазни свеќи може да создадете слика на камин ако го немате дома. Препорачливи мириси се ванила, лаванда, јасмин, чоколадо и роза. 6. Кога романтиката секогаш цвета Цвеќињата не само што ја осветлуваат собата, туку и го разубавуваат денот на вашиот/та партнер/ка. Дознајте кои цвеќиња му/и се омилени и подарете и/му ги. Другата опција ви е да засадите нешто заедно, ке трае подолго и ке биде симбол на вашата љубов која постојано цвета. 7. За нежен и свилен љубовен живот Постелнината на креветот исто така е од витална важност за вашиот љубовен живот. Секогаш имајте свежи, чисти чаршави и користете омекнувач кои и годи на вашата кожа и мириса убаво. Иако вкусовите варираат сепак се препорачува- свила, сатен, фланел. И не заборавајте на бојата. Бојата е важна кога станува збор за романса. Црвената особено ја возбудува страста. Смирените бои како сината и жолтата создаваат чувство на смиреност и релаксација. 8. Расчистете го теренот Пред да преминете во спалната соба осигурајте се дека теренот е чист. Ако сакате романтична атмосфера тогаш подобро ви е уште од порано сите играчки и реквизити од децата да ги тргнете некаде каде што нема да ви се најдат на патот кон целосното уживање. А и романтиката подобро работи на чист терен отколку ако сите алишта ви се расфрлани и куќата полна прашина 9. Облечи, Соблечи Секси долната облека е проверен и вистински пат да ја разгорите љубовната жар. Облечете се за „состанокот" многу позгодно и попривлечно од она што обично се облекувате. И не заборавајте, одоздола да облечете „жешка" долна облека која е во склад со она што го носите одозгора. Долната облека е одличен начина за создавање атмосфера. Кога бирате, одберете нешто во што се чувствувате удобно, и имајте на ум дека мажите преферираат црна, црвена или пурпурна долна облека. Мажите исто така треба да облечат нешто за што знаат дека им се допаѓа на нивната партнерка. 10. Наводенете се... Преместете ја романтиката од спалната во бањата. Капете се заедно. Запалете миризливи свеќи во бањата и пуштете тивка музика. Не заборавајте на масажата со масла за капење. Имајте секогаш при рака палета на масла за капење, направете го секое заедничко капење посебно искуство и страстно доживување.
< Поракaта ја уредил mami -- 9.12.2009 12:22:27 >
|