|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Авторитет мајка или пријателка???
2.3.2010 9:06:49   
mother 29
Можеби не сме се родиле со инстиктот да бидеме најдобра сопруга, ама дефинитивно сме се родиле со дарбата да бидеме најдобра мајка. Таа доблест  ни ја пренесе нашата мајка, за ние да ја пренесеме на нашата ќерка.
Какво е вашето мислење,дали спрема нашите деца треба ,како мајки да се поставиме авторитетно или ккао добри пријателки?????
каков однос градите или мислите да градите спрема вашите деца ?
и каков е односот со вашата мајка..авторитет мајка или  пријателка?
што мислите што е најдобро според Вас?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Авторитет мајка или пријателка???
2.3.2010 9:20:49   
natasha
Sepak smetam deka treba da se bide majka avtoritet,a ne majka prijatelka...ova go govoram od iskustvo,bidejki podocna mozat da se pojavat poseriozni problemi,odnosno jas veke go imam toj problem so pogolemoto dete...vo edna konsultacija so detski psihijater dr mi rece:ti ne si mu drugarka,tuku majka so svoj zivot ii treba da mu se posvetis na deteto,no ne zaboravaj se sebe si.....mozes da igras so nego i samo 5min no tie da bidat kvalitetno iskoristeni....ako mu dozvolis se,ti go gubis avtoritetot kako roditel,a toa ke ja koristi tvojata slabost...sto veruvajte e mn tocno.Mene sin mi me vika po ime,sto na pocetokot i ne mi bese vazno,no sega kako raste zabelezuvam dka sum napravila greska i deka toj me gleda kako prijatelka a ne kako majka i deka kaj nego avtoritetot mi e nula i e mnogu tesko da se povrati.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Авторитет мајка или пријателка???
2.3.2010 9:23:10   
nadica
ti ne si mu drugarka,tuku majka so svoj zivot ii treba da mu se posvetis na deteto,no ne zaboravaj se sebe si.....mozes da igras so nego i samo 5min no tie da bidat kvalitetno iskoristeni....ako mu dozvolis se,ti go gubis avtoritetot kako roditel,a toa ke ja koristi tvojata slabost...


потпис

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот natasha)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Авторитет мајка или пријателка???
2.3.2010 9:31:53   
vezilka RR
Мене и на сестра ми, мама дефинитивно ни е најдобра пријателка..и не само мама, туку и тато. Од секогаш сме биле слободни да разговараме со нив и за најтабу темите, буквално како со другарките, така и со нив, за дечковци, за секс, за проблеми во школо..ништо не сме таеле од нив. Кога велам како со пријателка тоа воопшто не значи дека не сме ги почитувале или слушале. Па јас и пријателите ги почитувам..Никогаш не сме се карале или викале едни на други, секогаш сме ги слушале нивните совети, но секогаш било оставено на нас да одлучиме што ќе правиме. Не сме имале строги забрани, туку само топли препораки. Со нас тоа функционираше одлично..и јас сакам да бидам мајка исто како мајка ми.

(Одговор на членот natasha)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Авторитет мајка или пријателка???
2.3.2010 10:07:34   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

Мене и на сестра ми, мама дефинитивно ни е најдобра пријателка..и не само мама, туку и тато. Од секогаш сме биле слободни да разговараме со нив и за најтабу темите, буквално како со другарките, така и со нив, за дечковци, за секс, за проблеми во школо..ништо не сме таеле од нив. Кога велам како со пријателка тоа воопшто не значи дека не сме ги почитувале или слушале. Па јас и пријателите ги почитувам..Никогаш не сме се карале или викале едни на други, секогаш сме ги слушале нивните совети, но секогаш било оставено на нас да одлучиме што ќе правиме. Не сме имале строги забрани, туку само топли препораки. Со нас тоа функционираше одлично..и јас сакам да бидам мајка исто како мајка ми.


Мајка ми воопшто не беше ваква мајка, ниту пак и успеа да биде авторитет, а јас се трудам и сакам таква мајка да и бидам на ќерка ми.
По мое мислење строго авторитетното поставување кон некого само води да се создаде јаз меѓу луѓето наспроти да донесе било што позитивно.
Јас воопшто не сум авторитет за мојата ќерка, но таа не ме вика на име туку мамо и баш вчера ни се случи нешто што е доказ дека ја почитува мојата личност и потреби. Спиеше и кога спие јас времето си го користам за себе, читав нешто. Се буди и веднаш орна за игра почна да ми носи играчки. Јас само махинално и реков: Те молам остави  ме да завршам со ова и потоа ќе дојдам да си играме. По некое време мм ме прашува што таа прави бидејќи едноставно ја снема, ни глас не и се слушаше. Јас пак отсутно одговорив дека веројатно си игра. Тој појде да ја провери и ми вели дека си ја земала омилената кукла си се гушнале и гледа во плафон, едноставно ништо не прави.  Дури кога завршив  појдов кај неа, си се изгушкавме и реков благодарам што ме почека  и убаво си се изнаигравме потоа.
Вакви слични ситуации сме имале безброј досега. За ова да се постигне не е потребен авторитет, доволно е човек да знае да каже чекај не можам сега. Нормално постојат работи кои се едноставно невозможни и за нив секогаш се трудам да дадам логично објаснување разбирливо за неа и да објаснувам додека не разбере зошто тоа нешто не се може, никогаш не се повикувам на тоа јас сум ти мајка и ќе биде како што јас ќе кажам.
И тек кога ќе порасне мислам дека пријателскиот однос ќе дојде сосема до израз и ќе допринесе да имаме отворен и искрен однос полн со взаемно почитување и разбирање. Сега за сега само поставуваме темели за тоа. Но, живи били па видели велат Србите.



_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Авторитет мајка или пријателка???
7.3.2010 21:28:57   
Боцко
се трудам да одржам некој баланс. да бидам татко кога треба, да биде понекогаш и строго и тврдо. но, го охрабрувам и му давам слобода да се изразува а при тоа оставам простор за многу разговор, да има слобода да ми се довери, да сподели со мене што го мачи и заедно да најдеме решение.

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Авторитет мајка или пријателка???
7.3.2010 22:39:00   
ananikol
Koga bese malo sinceto mi bese mnogu biten avtoritetot kaj sinceto,mm postapuvase sekogas drugarski ( taka e i den denes) ama mene mnogu mi znacese da imam avtoritet i taka i bese.Mene sekogas poseriozno me svakase od kolku mm.
So tekot na vremeto kako rastese jas nemav potreba od dokazuvanje na toj avtoritet tuku se poveke i poveke imame drugarski odnos,kako so veke znaete sega ima 16 godini taman vreme za da si pravime drugarski muabeti.
Mislam deka jas i mm uspeavme da go vospitame pravilno i mnogu sme zadovolni od nego(do den denes a se nadevam deka taka  ke bidi i vo idnina) i uspesen e na site polinja.
Sega poleka no sigurno osekam strav dali taka ke go vospitame i user posted image  ???

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Авторитет мајка или пријателка???
14.5.2010 1:03:11   
sinolicka
neznam mnogu mu popustam mm vika da ne mu dozvoluvam nekoi raboti ama srceto ne mi dozvoluva .sakam da imam avtoritet kaj sinceto no i da mu bidam najdobra prijatelka a dali ke uspeam user posted image ke pokaze vremeto

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Авторитет мајка или пријателка???
16.6.2014 1:44:28   
Defne90 RR
Наметнувањето на авторитет на децата,значи и губење на нивната доверба.Во тоа целосно верувам дека е така.Значи конкретно за мене и односот со мојата мајка можам да кажам дека никогаш не сум се чувствувала засрамено од неа во врска со било што.Секоагш ама баш секога била тука за мене,ме советувала,сум и ги кажувала моите тајни и стравови и секогаш сум наидувала на разбирање и доверба.Со татко ми бев и се уште сум блиска,но овде не станува збор за таа блискост што сум ја имала и ја имам со мојата мајка.Иако и двајацаѕ ете да кажам никогаш не се поставиле како некои авторитетни родители кои веднаш казнуваат и се караат.Секоагш сум наидувала на разбирање и до двајцата,никогаш не ми наредувале што и како да правам ама ме советувале без притоа да ми вршат притисок.Баш ваков родител сакам да им бидам и јас на моите деца.Се надевам дека и ќе успеам,затоа што ова е според мене една од најтешките предизвици што ги поставува роидтелството,како детето да те почитува а да не треба да применувате казни и збарани туку да му бидете најдобар рпијател на кого секогаш ќе може да се потпре и да смета.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Авторитет мајка или пријателка???
1.10.2014 13:20:58   
Mila mamicka
Мене мајка ми ми беше и сеуште ми е најдобра другарка. Но тоа воопшто не значи дека не ја почитував. Со неа секогаш разговарав отворено, ги слушав нејзините совети, ги делев моите тајни. Од неа никогаш немав добиено ниту една забрана или казна. И покрај тоа, јас самата знаев до каде ми се границите. Немам направено ништо во животот што би ги засрамило. Затоа сметам дека ваквиот однос со децата е правилен и јас сакам со моите деца да бидам другарка. Сметам дека е многу подобро кога помеѓу родителите и децата е се создаде една другарска врска, на тој начин децата ќе се чувствуваат послободни да се отворат пред своите родители за проблемите што ги имаат. А доколку детето те смета како авторитет, тоа значи дека ти немаш доверба во него, и не му даваш доволно слобода за да дејствува како што тоа смета дека треба. Нормално дека доколку забележам некои потези што не ми се допаѓаат, ќе дејствувам одма, ама пак со отворен и искрен разговор, а не со наметнување на некој си мој авторитет.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Авторитет мајка или пријателка???
1.10.2014 13:44:24   
Mihaela 2010
Sakam da i bidam majka i samo majka...daleku od toa deka ne sakam da imam blizina so svoeto dete,znaci tuka sum za da i pomognam ,da i dadam sovet ,da i pomognam koga i e tesko da se raduvame na ubavite momenti..zabrani nemam namera da i postavuva,normalno znam deka ke ima periodi koga ke mi kontrira no so pokazuvanje avtoritet,so kaznuvanje zaklucuvanje vo soba znam deka nema nisto da postignam,moze samo loso da si napravam..prijatelki nek si ima,i jas imav,drug e odnosot so roditel a drug so prijatel.
Konkretno so majka mi i nemav nekoj blizok odnos, mozam slobodno da kazam deka moite problemcinja i tajnicki povekje gi spodeluvav so prijatelkite,no toa ne znaci deka ne sum ja pocituvala,nitu mi zabranuvala nesto nitu pak me prasuvala nekoi intimni raboti,ete ednostavno takva bila zenata..vo mene imase maksimalna doverba sto jas nikogas ne ja zloupotrebiv.. so kerka mi ke probam da imam malku po blizok odnos za razlika mojot so majka mi..

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 11
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?