Bethany
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР Една убава пролетна ноќ, Стојна, бабичка на седумдесет години, во едно далечно македонско село, ги ужива благодатите од Владата и удопствата што ги нуди новиот проект за бесплатен интернет по селата, та мирца ли мирца до ниедно време на својот пи-си. И туку ја спотерува, та си фаќа кал под нозе (патишта во селата се' уште не им направија) накај полското веце. На синот, кој и' е одамна отселен во Австралија, на скајп му пишува: "Биди онлајн, ќе појда до рисајкл бино, ми се оди понадвор". И си поаѓа така, пешачи троа, зашто канализација не им направија (а секои избори им ветуваат), а полското веце е џенем, долу в нивата, едно за три куќи, и попат си мисли кого уште треба да контактира на фејсбук. И кога - полското веце заклучено. "Пу јаз'к, рисајкл бин ис локт", си помислува бабата и тропа на вратата. Од внатре се јавува соседот, дедо Митре, старче на осумдесет години. Тој ем си врши нужда ем си гледа клипчиња на јутјуб на лаптопот што си го турил в скут на голите колена и така си се забаил внатре во ќенефот. "Отвори, Митре, зорт ми е", му вели бабата. Кутрата, не да и' се оди понадвор, снагата и' игра колку и' е зорт. А дедото и' одговара:"Ар ју а њу мембер? Ентер јор пасворд плиз". "Митре, море, каков пасворд, отвори, му вели бабата, ептен ми е мака." Но, дедото е кул, баш сега најде да го прекинува Стојна кога има најмногу килобајти во секунда, толку години чека некој да му обезбеди бесплатен интернет за во полско веце, та и' вели: "Опен њу виндоу, Стојне, чекмеџето се заглави, посибл хардвер ерор". Ете се изнасмејав поштено Точно си ја замислив сцената во главата, а што е интересанто, ем е смешно, ем е жално, дека е вистина и се уште некаде основни услови за животот нема, битно интернет имаме, да бидеме во тек, што се случува во светот нели
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
|