|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Бремена невеста:да или не?
26.3.2012 8:29:59   
kikicka
Денешната статија за бремена невеста ме потсети на мене .
Иако со партнерот воопшто не планиравме брак се испадна спонтано, а со тоа и повлече многу други одлуки . Јас бев сеуште студент ,решивме да пробаме ако биде ,ке правиле планови ако не се по старо продолжуваме т.е бракот го одложувамезанеколку години. Не ни очекував декатолку брзо се ке се случи!

Од забременувањето до одржувањето на свадбата поминаа 5 месеци,цел тој период јас немамв никави потешкотии во бременоста ,можам да кажам исто како да не бев трудна освен стомакот што ми се познаваше,но организирањето на свадба,бременоста и плус студент и не беше така лесно посебно кога и идниот сопруг е далеку од тебе од оправдни причини а ти си одтавена сама да се расправаш со се.
Бурмите ги направивме уште пред дами отечат прстите некое време не ја носев но за таа одлука несум згрешила веднаш по породувањето можев да ја носам.
Имав многу недоразбирања посебно со постарите околу тоа како да изгледа свадбата ,јас едно планирам тие друго неможеш никако да се разбереш,хормони на сите страни но на крај се супер испадна ,иако се откажав од многу работи што некогаш сум ги посакувала кога сум размислувала на оваа тема. Невестинскиот фустан од соништата неможав да го имам бидејќи имав стомаче кое многу брзо растеше.Бев 5месец трудна на самата свадба но добро поднесов се,и дури сега сваќам дека за некои работи не ни требало да се замарам но тоа е што е и онака на крај испаднаа супер.
Потоа заминавме на меден месец нормално да одмориме малку од целата свадбена еуфорија.

Како поминавте вие сте за бремена невеста или не?
Јас искрено не сум за Бремена невеста иако бев една од нив сепак мислам дека е напорно колку и другите да ти помагаат сепак одлуките се на тебе.


_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Бремена невеста:да или не?
26.3.2012 8:41:09   
Mihaela 2010
Jas bev bremena nevesta ,skoro 3 mesec bev,no ne od ona deka pravevme za da vidime dali ke se fati (kako sto mnogu vo posledno vreme pravat),tuku ednostavno probavme i se fati,a bevme vereni i ziveevme zaendno.znaci veridba pravevme vo januari,svadbata bese zakazana pocetok na oktomvri,a jas doznav deka sum trudna vo juli..Inaku iskreno ne mi e ubavo koga ke vidam nevesta so stomak do zabi,no ne mi preci neli ako voopsto nevestata e trudnicka..
Mene mi bese ubavo sto si bev trudna,i ddenes M koga gi gleda slikite od svadba,vika mama tato sadba (svadba),vikam da mama i ti bese so nas na svadbata user posted image

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Бремена невеста:да или не?
26.3.2012 9:01:58   
Luci
И јас бев бремена невеста, 6-ти месец поточно. Свадбата помина супер, истиот ден бевме и во матично и во црква. Си се изнаиграв во ресторан(со бели патики Најк испод фустанот)user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Рани куче да те лае!!!

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Бремена невеста:да или не?
26.3.2012 9:02:40   
eleonorastrumica
И јас не сум за бремена невеста зошто поголема тортура од тоа да спремаш дарови,по дома да се спремаш,фустанот да ти го потпуштат зошто во меѓу време ти станал тесен и ред други работи тоа беше мое искуство,правев свадба во 8 месец додека да го облечам невестинскиот ми го потпуштаа едно три четири пати зошто јас бев многу поправена и се поправав скоро секој ден,па плус жешко време беше па испотена и така саклет ти е од се,па да чекаш зошто многу свадби има по матично по црква,па ајде стоење сликање во ресторант ,па ајде играње ,се поминува али мислам дека тоа не е тоа ако не си бремена,барем ќе си имаш време за се .ќе си поминеш екстра на свадбата нема да мислиш цело време да не се повредиш,па некој да не те настапне да паднеш,па ајде гостити стани да играш нашата песна е таа што ја порачавме а ти изморена утепана ,па нели не си една двајца сте ,јас барем мислам така можеби во порана бременост е полесно али како што бев јас аааауууууууууу не ште еден пат

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Бремена невеста:да или не?
26.3.2012 9:10:25   
AnnaMolly RR
Јас лично не сакав да бидам бремена за свадбата зашто некако ми се чинеше тешко да спремам свадба со стомак до заби. Ама многу ми се слатки трудните невести! И плус бебето си е присутно на чинот којшто е доказ за големата љубов на мама и тато!

А за мене сите мислеа дека сум била трудна зашто забременив 3 недели по свадбата, па кога им кажавме на роднините и пријателите сите ми викаа: А, ти трудничка си била на свадбата!


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот eleonorastrumica)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Бремена невеста:да или не?
26.3.2012 9:13:06   
Pepelaska *
И јас не сум за бремена невеста, иако бев една од нив.
Кога дознав немавме планови за брак, туку сосема друго беше и ете така испадна. Дознав на 15 јануари , свадба закажавме на 1мај.Бев негде на почеток од 5 месец, не ми се познаваше мн стомакот ама сепак, плус имав проблеми со постелката не смеев да се замарам и скокам,ама сепак играв многу. Мора да се вардиш како што кажа елеонора, од се. И плус жешко беше и кај мене. АМа битно убаво помина.

user posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот eleonorastrumica)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Бремена невеста:да или не?
26.3.2012 9:15:46   
Calypso
I jas bev bremena nevesta, tocno tri meseci. Svadbata sto ni bese vo septemvri ja zakazavme vo mart, a jas nekade juni-juli ostanav bremena. Ne se pazevme dodusa, ama i ne planirav da ostanam bremena tolku ranouser posted image
Kako i da e, nemav nekoi golemi problemi so spremanjeto za svadbata, edino za fustanot otidov pokasno da go sijam, da ne slucajno mi ripne stomakot do septemvri, pa go naracav tri nedeli pred denot D - bese gotov petokot pred svadbata.
I jas ne sakav da bidam bremena na svadbata, ama koj me prasal meneuser posted image user posted image user posted image

Smetam deka ako veke nevestata e bremena, svadbata treba da bide sto pobrzo, od prosta pricina sto planiranjeto, site obvrski i zadaci okolu vencavkata se zamorni, a takov zamor ne i treba na bremena zenauser posted image

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот eleonorastrumica)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Бремена невеста:да или не?
26.3.2012 10:31:34   
Џесика
Хе, и јас сум била бремена, 3 дена user posted image т.е син ми бил процес уште user posted image Не сум баш за бремена невеста само заради тоа што нема да се осеќа невестата лесно, згодно и да ужива без да „се пази“ Јас кога би била бремена, е сеа зборам за 6-7-8 месец, не би правела свадба класична, поише ко вечера би направила, покрај толку спремање не би имала сили да ѕенѕам на оро 5 саати... Инаку исто и ние ко кај АнаМоли, на 3ти Мај правевме свадба, а на 20ти направив тест и дознав дека сум бремена, па шок доживеавме, уште ноктите невестински не ги имав извадено, почнав да одам на ехо...

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Calypso)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Бремена невеста:да или не?
26.3.2012 11:07:23   
Emanuelapp
Јас требаше да бидам бремена невеста затоа што забременив веднаш по веридбата ама во последен момент се откажав од свадба не сакав да се малтретирам со организации, гости, дарови и затоа одлучивме летово да правиме мини свадба и крштевка.

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Бремена невеста:да или не?
26.3.2012 11:14:18   
mamicki
Ne sum za bremeni nevesti, no toa ne se planira. Ne bev bremena nitu na svadbata, nitu 2 godini po svadbata. Jas i mm se zedovme bidekji bevme od razlicni gradovi, se sretnavme vo Sk, pa toj diplomira, se vraboti i tesko mozevme taka da ja odrzuvame vrskata i se zedovme. Se prefrliv da studiram vonredno i otkako diplomirav stigna user posted image

(Одговор на членот Emanuelapp)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Бремена невеста:да или не?
26.3.2012 13:37:57   
blond
Јас бев бремена невеста. И не ми сметаше тоа. Бременоста беше планирана, АМА и јас како Калипсо, не очекував да останам толку скоро бремена user posted image . Јас си живеев кај мм (бидејќи сме од различни градови), ама некако свадбата си ја одложувавме постојано .Прво си рековме ај на лето, кога дојде лето си рековме ај жешко е сега, ај на есен. Дојде есен, си рековме еее ладно ќе фати сега, ај на пролет user posted image . И така после цела година мајтапење со домашните, останав бремена и моравме да забрзаме се user posted image
За свадбата бев крај на 7ми месец. Не сакаа моите и мм да ја прават на зима свадбата (нели од различни градови, па може да се погоди многу снег, да е замрзнат патот и сл,), па јас морав да си патам за тоа. Ама ако, убаво помина се.
Имав малце комплицирана бременост и си мислев дека ќе се породам во 7ми месец. Само се молев бар до свадбата да издржам да не родам user posted image . Два дена пред свадбата почна да ме пецка долниот дел. Си помислив крај, ова е тоа. Последната вечер си уживкав со другарките и најблиските дома, заборавив на пецкањето. Е веќе сабајлето кога отидов на фризер ништо, ама баш ништо не ме болеше user posted image . Потоа шминка, облекување фустан, ау мау, дојдоа по мене и тогаш му реков на мм- Е сега може да раѓам, ме зеде од дома.
Верувале или не, цела веќер играв. Ама баш цела. Не седнав. Сите само ми пискаа да се смирам малце. Јас и топтанот си го играв, малешевката и други брзи ора user posted image .Да не заборавам, на свадбата му велам на келнерот донеси ми сок од портокал и вотка. Он ми донесува сок од портокал и вода user posted image . Сигурно си помислил дека грешка ме слушнал за вотката, кај се видело трудна со стомак до заби да пие вотка. А јас, цело бокалче испив за 6-7 часа user posted image user posted image .Вечерта т.е сабајлето кога се прибравме дома, трупец на спиење. Бебушко гајле немаше, на свадбата само многу мрдаше, си играше и он.
И така, ништо не излезе од мојот страв дека ќе се породам во 7ми месец. Јас кутра и по термин се породив user posted image

Пак да бирам, пак така би направила, САМО многу ми е криво што не можев да си го носам фустанот од соништата, па морав да ускладувам нешто со мојот ОГРОМЕН труднички стомак. Поради тоа и н.фустан го сошив ептен едноставен.


П.С Една моја другарка што исто така трудна правеше свадба си кажуваше дека поповите повеќе не венчаваат двајца user posted image user posted image , мора да се 3,4 одеднаш user posted image

< Поракaта ја уредил blond -- 26.3.2012 13:41:25 >

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Бремена невеста:да или не?
26.3.2012 13:45:18   
miana
Eve me i mene user posted image I jas bev bremena nevesta..Nasata svadba se sluci od pricina sto bev bremena ( ne deka ne se sakavme ) bevme mnogu taze vo vrska mesec ipol i ostanav bremena...Mnogu se sakavme i zatoa odlucivme da se zememe..Svesno go napravivme deteto ( ne bese "greska") i taka i svesno si odlucivme da go pomineme zivotot zaedno. Zbor dadovme na vtori maj a svadbata bese vo juni..Sakavme da bide sto pobrzo za da mozam lesno da ja pominam svadbata i da nemam ogromen stomak...Najdovme termin vo petok i taka i ja pravevem svadbata..Eve sega si imame i uste edno bebe i mngou ni e ubavo...

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Бремена невеста:да или не?
26.3.2012 15:28:15   
temjana
ние демек летово свадба планиравме, најдовме и простор и кетеринг служба и фустан јас си искреирав... и оп две црткиuser posted image и така свадбата се одложи за подобри времиња па со детенце ќе си ја правиме, Искрено јас не сум за свадба со бремена невеста, едноставно премногу ми е напорно и плус сакам да си пијам па цигарче па малку шизење... а тоа сега неможам да го правам. Но секоја чест за трудните весели невестички јас рака им подавам од каде имаат толку енергијаuser posted image

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Бремена невеста:да или не?
26.3.2012 15:36:12   
Natasa981
citam i se smeam, ovde site bile trudni nevesti..! hahaha ako, ubavo e toa, jas ne bev trudna nevesta ama i da bese taka uste posrekna ke bev! :)

_____________________________

Моќните нешта доаѓаат од малите почетоци - Џон Драјден

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Бремена невеста:да или не?
26.3.2012 15:42:06   
Cipi Ripi
Jas ne bev trudna nevesta, i sea so ogled na mojata teska bremenost koga ke vidam trudna nevesta se vosituvam na hrabrosta i silata da se pravi svadba so stomak. Pamtam mene kolku mi bese naporno netrudna, zdrava, prava.Taka da bravo za site vas!!!

(Одговор на членот Natasa981)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Бремена невеста:да или не?
26.3.2012 15:54:57   
Maca25
Јас бев бремена невеста. Супер поминав, иако бев 5 месец. И играв, и стоев, мака немав. Сега, да бев 8-9 месец сигурно не би правела свадба, онака класична, туку само матично и толку, затоа што за една трудница е ептен заморно сето тоа.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Бремена невеста:да или не?
26.3.2012 15:57:56   
mamicka77
i jas ne bev bremena za svadbata taka i sakav i mi se ispuni zelbata a mm imase zelba da bidam bremena i vednas pocna so obidite sekako na moe lutenje ama sto vika blond koj me prasuvaa i  ne uspea vo toa mm si imalo pricina vo matkata i zatoa  duri triipol god po svadbata dobivme user posted image

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Бремена невеста:да или не?
26.3.2012 16:02:49   
Beatris
Јас дознав дека сум бремена 2 дена пред свадбата user posted image  Значи сум била бремена невеста. А не знам зошто никогаш не сум сакала да бидам бремена невеста. До некаде и ми се оствари желбата зошто не бев воопшто различна, а и никој не знаеше освен најблиските нормално

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот mamicka77)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Бремена невеста:да или не?
26.3.2012 17:00:39   
Ikana
Јас дента пред да се регистрираме дознав дека сум бремена, и бев шокирана, бидејќи неколку пати претходно пробавме, односно од февруари, а се фати тек во Април! user posted image

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Бремена невеста:да или не?
26.3.2012 22:40:33   
penelopa
Леле сите трудни невестиuser posted image еее јас сум од ретките апсолутно против бев/сеуште сум. Во никој случај не сакав да бидам трудна за свадба може пошто правевме два пати- еднаш во Сло и еднаш во МК и некако тоа ми се виде стресно- максимално се посветив на подготовките а user posted image си дојде испланирано, неколку месеци по свадбата.

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Бремена невеста:да или не?
26.3.2012 23:12:24   
Bogdancanka
edna od nevestite koja ne bila bremena taka i sakav, ama ete toa sega seuste si e taka,zatoa na koj kako mu e srekata...sega poveke bi sakala da bidam bremena nevesta ali toa ni e taka trebalo da bide...
eve za primer ke ja zemam jatrva mi bese bremena nevesta za dve neli po svadbata se porodi,svadbata bese sred zima studeno,viulici,led no sepak se pomina vo najdobar red...

< Поракaта ја уредил Bogdancanka RR -- 26.3.2012 23:14:28 >


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Бремена невеста:да или не?
27.3.2012 8:59:46   
blue_blue
Јас не сакав да бидам бремена на свадба и не бев. Тоа немаше врска со тоа што ќе бидам уморна да спремам свадба и што нема да можам да играм на свадба (кај мене и онака немаше ора, нас ни свиреше бендот кој свиреше со Тоше) него со фактот што самото почнување заеднички живот со некој е огромна промена на која треба да се прилагодиме и јас и тој, зошто едно е да си во врска со некој, а друго е да делиш се, финансии, прљав веш, итд...Затоа апсолутно не сакав да почанм заеднички живот со бебе на пат, сметав (и сеуште сметам) дека за мене тоа е премногу промени одеднаш и сакав да стапиме во брак затоа што навистина така сме одлучиле, а не затоа што сум бремена. Првите две години не ми ни паѓаше на ум да бидам бремена, уживав во фактот што сме сами, што имаме слобода да шетаме, да уредуваме стан итд...Е сега што кога решивме да имаме деца испадна дека неможело одма тоа е друга приказна user posted image

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Бремена невеста:да или не?
28.3.2012 15:29:34   
mila mama
Бев бремена невеста, ама да појансам бременоста ми беше планирана, а свадбата не планирана. Не ни сакав да правам свадба и да стапувам во брак, сакав само да родам дете. Ама после се почна со меки наметки особено од фамилијата на мм. Моите беа согласни со се, само јас да сум задоволна, ама золва ми па како нема свадба, ајде свадба, што ќе мисли утре детето ако не се земете, и ајде... Бев 4 месец, супер поминав, дојдов во Мк и за 1 месец сама со мм се организиравме. Првата венчаница ми ја згрешија и направив нова за само 4 дена, во понеделникот ми земаа мера, во четвртокот ми ја донесе мм со сестра му и братучед му. Бев уморна ама подготовките ме држеа у форма и набив кондиција низ улиците на Скопје и нередовно јадење, така што си бев шланг на свадбата, а така останав и до породување. Немам ништо против бремени невести, кој како смета така нека прави.

_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Бремена невеста:да или не?
28.3.2012 18:02:17   
arh_diz
Nemam nusto protiv bremena nevesta no jas nesakav da bidam bremena i se pazevme do svadba.Vo posledno vreme mnogu cesto se slucuva nestata prvo da zabremeni a posle da se zemat ne sekogas e toa bebe planirano , i da ne sakaat roditelite stapuvaat vo brak poradi bremenosta toa voopsto ne mi se dopaga

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Бремена невеста:да или не?
1.12.2012 10:15:43   
zzaa
i jas bev bremena 5 mesec na svadbata a doznav deka sum bremena posle 2 nedeli po veridbatauser posted image

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?