|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Велосипед за деца
26.10.2009 10:27:15   
big_mama817
Дали вашите деца имат велосипед?
Кога прв пат им го купивте и дали ги користите?

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 6.8.2011 16:36:34 >


_____________________________

Децата се најголемо богаство :)
Revisions: 4 | Непосредна врска до пораките: 1
   RE: велосипед за деца
26.10.2009 10:40:15   
profesorica
Дамјан има две точачиња, првото му го купи дедо му(свекор ми) на роденденот а другото е позајмено од едно детенце.често во парк го носат и вози.Баш имам и слики од двете точачиња само да најдам и ќе прикачам.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: велосипед за деца
26.10.2009 11:02:50   
mother 29
ние имаме едно со корпа за седење и рачка за бутање .е тоа макс. го искористивме..како не сакаше да седи во количката уште од 7 мм е во него и раат. а сега скоро јас му купив на 3 тркала многу убаво точаче и си го вози по домаuser posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: велосипед за деца
26.10.2009 11:13:08   
profesorica
user posted image

првото точаче на Дамјан.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: велосипед за деца
26.10.2009 11:33:25   
ripce
пошто се наближува роденденот на син ми... точаче сигурно ќе има, ама мене ме интересираат оние автомобилчиња, џипчиња што се на акумулатор или незнам точно... знаете цените како се движат?

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: велосипед за деца
26.10.2009 11:36:01   
ostoun
Не сум сигурна ама мислам дека се од 6000-8000 ден

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: велосипед за деца
26.10.2009 11:41:35   
vezilka RR
на внука ми и купивме точаче за првиот роденден, онакво со рачка за буткање, и и не да го искористи, туку душата му ја извади и еве ја уште го вози, кога ќе може сама да го вози, само вади рачката и ..„вози Мишко“ :))

(Одговор на членот ostoun)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: велосипед за деца
26.10.2009 11:43:34   
mis.
Проф од каде е купено точачето на Дамјан,многу е убаво.Мартин за вториот роденден доби од оние на собим и почна да го вози на 3 год со помошни тркалца но за Стефан сакам нешто на 3 тркала полесно е да научи да врти на такво.Мартин многу тешко научи да врти на напред,полесно му беше на назад,смешки беше.

(Одговор на членот ostoun)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: велосипед за деца
26.10.2009 11:49:40   
profesorica
мис. точачето на дамјан мислам дека е од пластичарската улица околу 1500 денари.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: велосипед за деца
26.10.2009 12:54:48   
niki
Лани летото кога беше отприлика година и пол свеки и купи на три тркала. Дури зимово научи да го вози и сега го вози на тераса, голема е и прави кругови. Сега бара да и купиме голем, со помошни тркала, ама некако ми се чини мала за таков, можеби следната година.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: велосипед за деца
26.10.2009 13:15:21   
evgenija
ima na tri trkala , mnogu ubav, go dobi podarok za rodenden..uste e malecko samo za da go vozi pa se zadovoluvame so zvonenje na zvonceto i butkanje

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: велосипед за деца
12.11.2009 8:10:19   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: anica

пошто се наближува роденденот на син ми... точаче сигурно ќе има, ама мене ме интересираат оние автомобилчиња, џипчиња што се на акумулатор или незнам точно... знаете цените како се движат?


анице дамјан има картинг автомобилче значи има и педаљи но има и акумулатор на батерии и му го земаа дедо му и баба му за роденден а беше околу 6000 денари.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: велосипед за деца
12.11.2009 10:01:01   
mami
ИЗВОРНА ПОРАКА: evgenija

ima na tri trkala , mnogu ubav, go dobi podarok za rodenden..uste e malecko samo za da go vozi pa se zadovoluvame so zvonenje na zvonceto i butkanje


исто...личи на оние точачиња ние што ги имавме, со три тркала, црввен е, и позади задните се поврзани со пречка на која може да застане уште едно дете, во случај да решат да се возат заедноuser posted image user posted image user posted image малку педалите му се далеку, ама сега учи како со ноџињата да се бутка

(Одговор на членот evgenija)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: велосипед за деца
1.5.2010 0:03:16   
Snowhite RR
Ете вчера доби на поклон точаче на три тркала, е сега уште да научи да возиuser posted image Поради фактот што имаме само 3 месеци, точачето ова лето ќе преспие, па за наредното здравје...

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: велосипед за деца
19.1.2011 12:39:36   
Felly RR
Матеа за роденденот доби од мајками и татко ми точаче што е со рачка за туркање, и епетен го сака, ја седнувам, а таа пушта музика, и застанува на педали, и се ниша (игра на музиката)user posted image и мора да стоиш до неа да ја пазиш, оти толку силно го ниша, што цело точаче се крева, и можи да го превртиuser posted image


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: велосипед за деца
19.1.2011 12:43:35   
Felly RR
Еве го како изгледа, розово од Бертони.    еве тука го има


< Поракaта ја уредил Felly -- 19.1.2011 12:44:12 >


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: велосипед за деца
5.8.2011 13:08:47   
Felly RR
Ајде малце да ја активираме темава, user posted image летно време, се возат точачиња user posted image
user posted image

Ние на почетокот никако не сакавме да се возиме. Само што ќе ја седнев Матеа, и одма ќе видеше нешто интересно и сакаше да станува, а така воопшто не е безбедно, бидејќи точачињата што се на туркање немаат ништо за врзување. Ама полека, полека, прво на улица, па на подолги релации, се навикна, и сега го користиме.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: велосипед за деца
5.8.2011 13:33:06   
AnnaMolly RR
Ние добивме точаче за роденден, ама Филип е уште мал за сам да се вози. Ама обожава да седне на точачето и јас да го возам. Ужива. А мал е, не ни допира со нозете до педалите, ќе почекаме уште малку додека може сам да го вози user posted image
До тогаш мама и тато ќе се згрбавуваат! Еве го да го видите.

user posted image


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: велосипед за деца
5.8.2011 13:45:49   
miana
Kerkami ima tri velosipedi..Prviot go dobi na krstveka na 6 meseci,a drugite dva gi dobi na vtoriot rodenden.Ubavoto vo sevo ova e sto nemame dva isti tocaci tuku site ni se nekako za odredena vozrast. Zavcera go izvadivme najgolemiot so pomosni i bese presrekna .Ne znaes seuste da vozi ama se trudi :)

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: велосипед за деца
6.8.2011 16:17:10   
strelec 1982
Imame tocak so pomosni trkala ama mislam uste e mal ne dostignuva za da go vozi duri na prolet inaku mnogu e ubav crn spajdarmen e so rance i kaciga.Imame i kola na akumulator e 6000 e od plasticarskata ulica kupena momentalno taa ja vozime i tocaceto so racka dodeka mozeme oti veke iskrseno e rackata ke ja izgubime negde.Go iznavozivme tocaceto so racka moze da mu se izvadi rackata i sam da si go vozi ama ne znae uste sam da vrti.A kolata na akumulator mnogu ja saka ima i racka nazad mnogu zgodna rabotae jas dda go upravuvam so nea a isto i ma i dajlinsko da go vozime.Mazot mi poveke so dajlinskoto ke si sedne vo dvorot on i go upravuva da ne odis po nego.Oti e skoro dveipol godini uste malkui ne znae sam da ja vozi pritiska na gasta ama ne znae da vrti ke se udri negde pa lom ke go ja napravi kolata.Za drugoto leto sigurno sam ke ja upravuva.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Велосипед за деца
6.8.2011 16:33:21   
Felly RR
Матеа пак има две, едно со рачка - за него имам пишано погоре, и едно друго на три тркала, пластично, ама без рачка за туркање. Е сега ова второво колку е практично, не знам, и дали ќе го вози кога ќе знае сама?!? Сега таа си седнува, а ние ја туркаме, и веќе со ножињата ги достигнува педалите, ама не знае да вртиuser posted image

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 6.8.2011 16:35:59 >


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот strelec 1982)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Велосипед за деца
6.8.2011 20:06:35   
Snowhite RR
И Михаил има две, за едното пишав погоре, а другото е пластично, како мотор личи, најверојатно и Фели имаат такво. Ова првото кај рачките има дугмина за притискање и испушта звуци, ама сега нема батерии и не свири инаку тоа му беше омилено заради музиката, а сега ова пластичново го користи, се научи сам да се качува и да слегува и по малку се движи со нозете ги врти тркалата зашто не ги достигнува педалите и кога ќе се качи одма вика „Кучо мамо“ (клучо мамо) на средината има дупче едно и тука става клуч и демек го пали. Од другарка ми синчето(тој е поголем) кога беа, така правеше, така го палел и неговото дома и овој мојов го виде и сега и тој така го пали.(како само запамти се чудам)user posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Велосипед за деца
6.8.2011 23:26:31   
Maca25
И ние имаме две точачиња, едно како на Филип на АнаМоли погоре, и едно пластично со 3 тркалца и на буткање.
Ова пластичново ни беше супер, ама некако Нина голема ми е за такво точаче. Инаку почна сама да го вози откако наполни 2 години ( без буткање). Јас само и покажав како да ги врти педалите и толку.
Пред некоја недела ја ставивме на големото точаче и почна сама да го вози. Многу е тежок за вртење, ама ете ја успеа. Врти по 2-3 пати па после прави пауза, ама мислам дека и толку е супер за нејзина возраст.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Велосипед за деца
7.8.2011 13:10:28   
Felly RR
user posted image user posted image user posted image за Нина! Голема девојка е таа!

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: велосипед за деца
20.1.2012 14:46:44   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

на внука ми и купивме точаче за првиот роденден, онакво со рачка за буткање, и и не да го искористи, туку душата му ја извади и еве ја уште го вози, кога ќе може сама да го вози, само вади рачката и ..„вози Мишко“ :))


Хе,хе..читам што сум пишала..епа не бидна баш така, вади рачкатаи вози Мишко, многу и беше гломазно и тешко и неможеше да го вози сама. И купивме ново сопомошни тркала ама на крај на летово и сега очекуваме кога ќе затопли да научи сама да го вози.

Иначе ние сега за роденден добивме пластично точаче на буткање ама уште не сме го пробале..

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?