|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Венец над врата
8.10.2009 9:15:12   
mami
Речиси и да нема куќа каде се правела свадба а да не е поставен традиционалниот венес над вратата. Има доста обичаи кои се прават при негово поставување, плетење, купување.. Што правевте вие? каков беше вашиот венец?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Венец над врата
8.10.2009 9:17:45   
mis.
Мами кај нас не се става венец на врата.За такво нешто дознав откако почнав да живеам во Скопје.Не знам како е по другите градови.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Венец над врата
8.10.2009 9:20:06   
profesorica
Немав венец над врата, моите живеат во стан па само вратата беше накитена, гелендерот на скали со машната и толку.Цвеќарката што ни ги правеше китенките и бомбоните ни предложи во куќата каде што ме донесе мм(каде што живееме и сега) да направат венец но одбивме -Мислам дека ова е беспотребно фрлање на пари.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Венец над врата
8.10.2009 9:23:10   
mami
Чудно Мис, јас знам на пр. дека во Кочани дома го китат венецот на невестата..барем така беше на тие две свадби кај што сум била..цели процедури се тоа..па што ден ке било, па кој ке бил присутен,. па како ке се закачи...

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Венец над врата
8.10.2009 9:25:43   
Сани
Мами, секој прави различно, јас го плетев од свежо цвеќе бидејќи имав многу на располагање, ми рекоа дека обичајот бил да го прават немажени девојчиња на денот пред свадбата и дека треба да стои над врата една година. одлично си поминавме додека го правевме, шеги, зафрканции, смеење супер беше.
Другарка ми си нарача готов од цвеќара а братучетка ми си купи од вештачко цвеќе, значи се е по избор!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Венец над врата
8.10.2009 9:50:09   
elle
За мојата свадба сестра ми го правеше и беше многу убав(јас сум од Штип). А овде во Валандово не прават такви работи....

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Венец над врата
8.10.2009 10:58:32   
penelopa
Ние имавме венец за пред врата- беше во вид на две споени срца направени од свежи цвекиња украсени со розеви и сини машни... И јас знам дека треба венецот да се чува една година а после да се фрли во водаuser posted image

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Венец над врата
10.10.2009 0:57:00   
**Tedi**
Za mojata svadba jas si go naracav venceto sama bese srce belo i na nego imase ruzicki rozevi,mene mi bese mn ubavo,stoese do godina i posle go frlivme vo voda,na ogradata po skalite imav staveno rozev tul so beli masni,a vo mojata soba isto imav masni so rozev tul i beli baloni,sami pravevme so 2 drugarki ne mi se frlaa pari za toa,inace site ovie raboti gi pravevme vo cetvrtokot pred svadbata.

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Венец над врата
10.10.2009 9:09:14   
mami
и мојот го порачаа од цвеќара, беше нешто на тема- бели цветови и розеви машничкиuser posted image user posted image user posted image интересно во секој случај, кај мм беа само бели ради колку се секавам..ама не знаев дека требало да се фрли во вода, нашите и двата мислам дека завршија во канта за ѓубреuser posted image

(Одговор на членот **Tedi**)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Венец над врата
17.2.2010 20:37:23   
mami
ПОследно нешто што слушнав е дека се носел во црква?user posted image триста обичаи...да не знае човек што да прави

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Венец над врата
17.2.2010 20:46:59   
topce
правилото било се фрлал во истечна вода, или што би рекла свекрва ми во Вардар фрлете го. Ние се разбира во канта за ѓубре го фрливме бидејќи јас познат екологиста , а треба во вардар да фрлам ѓубре.Зашто во истечна вода демек така убаво да течел бракот.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Венец над врата
28.10.2011 20:30:38   
Maca25
Ова фрлањево во вода ми беше ептен чудно, да им бил живото лесен како водата, без проблеми.
За мојата свадба имаше мало венче, кое не го фрливме, а за свадбата на брат ми и кај нас и кај снаа ми беше накитено, па на 16-ти месецов брат ми беше да ги фрли венците во вардар. Рече дека сите околу него му се чуделе и смееле.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Венец над врата
29.10.2011 9:49:59   
AnnaMolly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

Ова фрлањево во вода ми беше ептен чудно, да им бил живото лесен како водата, без проблеми.
За мојата свадба имаше мало венче, кое не го фрливме, а за свадбата на брат ми и кај нас и кај снаа ми беше накитено, па на 16-ти месецов брат ми беше да ги фрли венците во вардар. Рече дека сите околу него му се чуделе и смееле.



И мене вака ми рекоа, ама па ако сите тргнеме да фрламе венци во Вардар... user posted image Тој кај моите беше од вештачко цвеќе, по една година си го зедов и си го чувам. Овој кај мм беше од природно цвеќе и се исуши, го фрливме во канта.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Венец над врата
29.10.2011 9:52:45   
Maca25
Брат ми се криел, барал место од каде да го фрли едно 2 саати. Шетал по кеј ама денот беше прекрасен, па секаде имало луѓе. Башка, двата венци беа големи, завиткани во црна вреќа, кој знае што си помислиле луѓето кога го фрлил user posted image user posted image user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Венец над врата
29.10.2011 16:03:22   
kikicka
Мајка ми ставија венец кај неа и за мене и за брат ми вештачко цвеќе беше ,па кога направивме година од брак го симнавме и го ставивме на кров завиткан,а утре дента закачивме нов бидејќи брат ми правеше свадба.А СВЕКИИ не сакала ѓубре па ништо не украси и се налутив малку али ајде кога видоа кај мајками балони украсено се и они малку се потрудиле туриле некое балонче.али исто ко снаа да не влегува во куќа,никој не ме ни пречека ни ништо така си влегов,а маѓ ми нема појма од тие работи user posted image

< Поракaта ја уредил kikicka -- 29.10.2011 16:04:31 >


_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Венец над врата
2.11.2011 9:40:02   
JovanaJ
Nemav klasicen venec nad vrata, zolva mi bese kreativna pa ni napravi dva prstena spoeni vo sredina so ukras,cveke. Toa stoese nad vrata i kaj mene i kaj nego. Boite se sovpagaa so fustanot, kostumot i celiot aranzman na mestoto kade proslavuvame. Bravo za zolva mi, mnogu bese ubavo! user posted image user posted image

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Венец над врата
2.11.2011 9:56:05   
Luci
Еве го венецот кај моите user posted image Го извадија ден пред годишница од свадбата и немам поима кај завршил ама затоа па тој што ни беше дома над врата го извади мм и го фрлил во Вардарuser posted image


_____________________________

Рани куче да те лае!!!

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Венец над врата
18.5.2013 21:36:12   
Melanija RR
Си го порачав од цвеќара ама еднен вид на цвеќе неуспееа да донесат па заменивме со друго.Баш беше како што си сакав
user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Luci)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Венец над врата
2.9.2013 15:29:22   
Snow Queen
Еве го венчето од кај маж ми, домашна изработка.
user posted image

И еве го кај мене, дел најдов веќе искомбинирано, па го купив, преправав, додавав, за на крај да го добијам ова.
user posted image

_____________________________

07.04.2006........до ден денес со саканиот сме лудо вљубени

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Венец над врата
6.12.2013 13:13:41   
Mihaela 2010
Bidejki vo ista godina pravevme svadba i jas i brat mi,prvo on pravese,imase venec klasicen,koga jas pravev mi bese od okruglite malite bidejki slusnav deka ne cinelo venec vrz venec da se postavi,pa taka si go zakaciv na vratata od mojata soba

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Snow Queen)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Венец над врата
6.12.2013 20:04:59   
deluxe
Немавме венец над врата ниту кај моите,ниту кај мм.Тоа тогаш (2005г) не беше во тренд,барем во мојот град.А навистина многу убааво ми изгледа.Сега кога ќе биде свадбата на брат ми сигурно јас ќе го направам,бидејќи многу сакам да изработувам такви цветни аранжманиuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Венец над врата
2.12.2014 0:42:35   
scared RR
Ние со мм имаме исти венчиња, со мала разлика. Кај мене го поставија другарка ми и кумашинчето. Немаше ништо посебно како пеење, играње, само го закачија и тоа беше тоа..

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Венец над врата
2.12.2014 1:45:33   
caciana
Sega pred 2 meseci edna drugarka pravese svadba i kaj nea jas go pravev venecot za nad vrata i bese prekrasen.. Venecot go napraviv so pomos na brat i , i bese od zelenika so beli gerberi prekrasen bese.. A vratata od sobata na nevestata dojde nesto slicno na poklonce. Postavivme 2 lenti na vratata , na sredina kade sto se prekrstuvaat imase gerber i pismence Za Zetot user posted image . Mn bese interesno i bas mi e zal sto vo momentov nemam slika vo kom. user posted image

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 23
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?