Hopeful RR
|
Уф, јас не знам што да мислам. Оваријална резерва знае да биде проблем и кај многу млади девојки, исто така и хормони, инфекции, цисти... имам другарка што на 23-4 години и извадија скоро цел јајник заради ендометриозна циста... Реално, мислам дека зачнувањето е толку рандом, што нема врска возраста. За жал, гледам дека неплодност е чест проблем и кај многу млади девојки, а и обратно, баш како што напиша LoveableMe, има многу постари девојки/жени кои зачнале без проблем. Мајка ми, на пример, ме зачнала и родила без проблем, и тоа на нејзини 37 години. Се надевам дека нема да мора да чекам и јас до тогаш, да продолжам по нејзини стапки Мислам дека најголемата фрка е тоа што штом наполниме 30, ни одбројува саатот - друго е ако сето ова го правевме 7-8 години порано, ќе имавме повеќе фора и за чекање, и за утки, и за грешки. Сега некако се осеќам како да ми се подзатвора прозорот, па сме и понапнати. Но, тоа е, нема откажување
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|