Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Годишница од свадба vs. годишница од запознавање 1.8.2013 17:32:30
vezilka RR
Што прославувате годишница од свадба, или на датата кога сте се запознале со сопругот.
Ние некако повеќе ја прославуваме датата кога сме се запознале. Тоа ми е некако позначајно, оти тоа да не се случело, ќе немало ни брак, ха, ха. Годишница од брак, само првата ја прославивме, онака со сите салтанати, а годинава ќе ни биде четврта. А ниту еден 15 декември не сме испуштиле во изминативе 10 години.
< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 1.8.2013 17:34:26 >
RE: Годишница од свадба vs. годишница од запо... 1.8.2013 18:03:09
Melanija RR
Хм интересно ние се броиме Во врска сме од дата 01.01 па секој први ни е месец плус.Ја обележуваме годишнината од брак симболично веќе 3 години,ама во неврзани муабети си кажуваме и колку сме заедно. Така што нам значење ни имаат и двете дати,иако засега временски се исто.
Има логика дека еважно од кога е почната врската која довела до брак ама нели е важен потписот ,,Ова е балкан,, така што сепак годишнина од брак
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Годишница од свадба vs. годишница од запо... 1.8.2013 18:55:05
Felly RR
Порано многу повеќе памтев дати - запознавање, прв состанок... А сега некако не. Годишница од запознавање не славиме, зошто па и првото запознавање не резултираше веднаш со врска. Тоа следеш по некој месец. Славиме само годишница од свадба, првата година и од веридба, а сега веќе не. Туку јас имам едно друго прашање - кога на различен датум имате склучено брак во матично и различен во црква, кој датум го славите?
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Годишница од свадба vs. годишница од запо... 1.8.2013 19:44:31
mommy_angels RR
леле јас подобро да не пишувам на темава,оти со годишниците сум како мажите.Ги знам датите ама ќе се сетам една недела-две пред и после годишницата,никако бе на денот мајка му ,а маж ми полош и од мене .За пофалба е дека годинава и двајцата се сетивме,ама ете тој не беше дома.Како и да е бидејќи нешто во првите десет не ни иде,од првата декада па натаму да славиме а инаку си ги сакам и двете( од врска и од брак)
RE: Годишница од свадба vs. годишница од запо... 1.8.2013 19:56:41
Bethany
Ние си прославуваме годишница од брак. Следна ни е во фебруари, полни 7. Некогаш порано имам слушнато дека седма година од бракот била кризна па ќе видиме Се шалам, не верувам во тоа, ама се шалиме со мм.
Не знам воопшто ни кога почнавме со врска, кога се запознавме не започнавме врска веднаш, ама се запознавме прв пат на 1.октомври 2006.
Порано, додека немавме дете, обавезно одевме некаде на романтична вечера, ама со дете се уште немавме можност за тоа, па дома обележувавме, со некое ручече или вечера, ама битно ја обележуваме датата.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
RE: Годишница од свадба vs. годишница од запо... 1.8.2013 21:45:27
Melanija RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR
кога на различен датум имате склучено брак во матично и различен во црква, кој датум го славите?
Одлично прашање и мене ова би ми била двојба
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Годишница од свадба vs. годишница од запо... 1.8.2013 23:16:04
Martins mom
Ние го “славиме“ граѓанскиот брак..тогаш нели официјално,т.е. црно на бело стануваш мажена жена.Го обележувавме датумот некоја година,сега малце забораваме.Побитно ми е секојдневието отколку некоој си датум таму кога почнало се...
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
RE: Годишница од свадба vs. годишница од запо... 2.8.2013 14:35:25
bucko mal
Jas neznam koja godishnica da ja slavam,kaj nas se e izmeshano.Ova vreme se zapoznavme pred dve godini ama pojma nemam sto den beshe.Pa ziveevme zaedno pa se rodi bebusho pa posle se potpishavme vo maticno. Prvata godina nishto ne proslavivme,jas zaboraviv a mm pojma nema so toa I ne se ni zamara. Za mene vazen data e koga pristigname tuka na 27.12.2011 isto taka I 25.12.2011 e den sto ne go zaboravam,toj den zaminavme od MK I bash mi e milo sto bash toj e nivni Bozik tuka I sekogas ke se potsetuvam. A dobro bi bilo I da pocnam da slavam nekoja godishica,i poklon da mu baram na mm
RE: Годишница од свадба vs. годишница од запо... 2.8.2013 15:58:23
mosa
kaj nas obicno jas sum taa sto gi pameti site dati,ama bukvalno site,a mm e toj sto voopsto i ne obrnuva vnimanie na nisto.Obicno veli si go zaboraval i svojot rodenden,a kamoli nesto drugo da pameti. Inaku nie ovaa godina ob4lezuvame 10 godini odkako sme se zapoznale i sme zapocnale nasata vrska,bidejki razlikata pomegu ovie dati e samo 5 dena.E sega bidejki se 10 godini sakam na mm da mu kupam nesto,a sakam i edna ubava torta,so koja ke proslavime ubavo ovie 10 godini.Se toa ke se slucuva vo oktomvri-zdravje boze. Koga bevcme vo vrska si kupuvavme po nekoja sitnica,a sega koga ni e godisnica od brak,obicno dobivame samo cestitki od nasite najbliski.
_____________________________
BRAKOT vsusnost e fensi zbor za posvojuvanje vozrasno masko dete koe ne e sposobno da se grizi samoto za sebe!!!
RE: Годишница од свадба vs. годишница од запо... 3.8.2013 16:21:05
masa
Околу годишницата од врска неможеме и ден денес да се усогласиме.Јас велам дека е кога прв пат испаднавме,а тој вели дека е кога прв пат ме бакна,што е наредниот ден.А мислам дека е така зошто на првата годишнина имаше некој фудбалски натпревар баш на првиот ден кога испаднавме,па за да не го пропушти да го гледа си другарите и да не се ипоразлутам ептен ја иврти овака.Јас се налутив малку и ден денес велам дека е по мое,ама ајде кога е фудбал во прашање пола му се простува .А за годишница од брак си обележуваме и сеуште даваме поклони,а и добиваме од родителите,а и одбележуваме.
RE: Годишница од свадба vs. годишница од запо... 30.11.2013 11:33:20
sandriana RR
Нас запознавањето и стапувањето во брак ни е во ист месец, 2 недели разлика - така да нема поента да славиме 2 пати, па се задржуваме на денот на свадбата (тогаш беше и матично и венчавка).
RE: Годишница од свадба vs. годишница од запо... 30.11.2013 22:36:48
zzaa
Годишнината од бракот си ја славиме, и ова година убаво си ја прославивме со викенд во Охрид, за годишнина од веридба си купуваме по едно скромно поклонче колку да го обележиме денот, а годешнината од врска не се секавам кога беше ке го прашам мм ама тешко и тој да се сети.
RE: Годишница од свадба vs. годишница од запо... 1.12.2013 23:57:03
Snowhite RR
Оваа година ништо не прославивме, дури и си ја заборавивме годишнината, другарка ми ми се јави вечерта да ми честита и тогаш се сетив дека ни е годишнина, инаку ја славиме таа кога се венчавме и свадбата ни беше тогаш, а од врска не ја славиме откако се зедовме, така ако ни текне може ќе си спомниме само
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Годишница од свадба vs. годишница од запо... 15.1.2014 1:33:22
Defne90 RR
Jas sum sigurna deka sega maz mi da go prasam koga se zapoznavme toj nema da znae da mi kaze ni koj mesec bese a kamoli koja data.Slavime godisnica od brak i toa togas koga se vencavme vo crkva zatoa sto ne bevme i vo maticno istiot den ama nekako taa data koga se vencavme vo crkva mi e poznacajna i moram da potenciram polesno se pamti.Doduse i jas imam zaboraveno koja data bese koga se vencavme vo maticno znam deka bese avgust.A taka 05.09.2009 epten lesna data za pomnenje i iako e lesna sekoja godina go potsetuvam maz mi.Toj e skaran celosno so godisnicite i datite.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
RE: Годишница од свадба vs. годишница од запо... 15.1.2014 11:14:28
LoveableMe RR
Не славиме нешто посебно, но позначајна ни е таа кога ме побара на Св. Никола, бидејќи ни е слава во двете семејства и за мене е најважен ден од сите прослави и годишнини.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Годишница од свадба vs. годишница од запо... 20.5.2014 15:45:15
Mila mamicka
Јас сите дати ги паметам, годишниците од бракот си ги прославуваме, ама повеќе си ја сакаме датата кога ја започнавме нашата врска, 4ти јануари, и секој 4ти во месецот се потсетуваме дека е 4ти и дека ни е месечнина (така ние си ја викаме).
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.