|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Готвење на плин!
13.3.2012 14:45:02   
Pepelaska *
Ние во оваа куќа имаме едно решо со 3 рингли , две поголеми и едно мало и се на него правиме. Искрено , струја се штеди ептен многу, значи стопати топлење млеко, чај , вода, кафе, ручек и други оброци.
Боцата ни е долу во гаражата. Последно ја наполнивме есента (800 денари ) и дури вчера ја полневме пак.
Е сега за во новата куќа мм сакаше да купиме комбинирана плотна ама мене некако ми беше страв од боцата, па сега размислуваме за некое решо за на тераса имаше и по 1000 денари ( барем додека е топло да штедиме струја ).

Готвите ли вие на плин? Што мислите опасно ли е ?

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Готвење на плин!
13.3.2012 14:50:20   
JovanaJ
Moite roditeli sekoga koristele plin za gotvenje. Znaci sporetot e kombiniran plin i struja. Bocata sekogas bila vo kujna vo skavce vednas do sporetot. So vnimatelno rakuvanje mislam deka nemoze da bide opasno.
Vo nasiot stan nemame plin samo zatoa sto mm ne e naviknat na toa i mu deluva mnogu ne bezbedno.
Mislam deka ne e opasno a e po ekonomicno verojatno....user posted image

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Готвење на плин!
13.3.2012 15:05:56   
arh_diz
Jas imam sporet na plin i sum mnogu zadovolna, vo relnata se pece mnogu brzo .Cesto se slucuva da vklucam dve kola i relna koga sakam nesto nabrzina da napravam .Ne bi go menuvala nikogas

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Готвење на плин!
13.3.2012 15:09:06   
vezilka RR
Моите дома имаат шпорет на плин. Го ставија кога мислеа дека многу стуја трошат. И нешто не им поефтини сметката.Адека е побрзо, дефинитивно е побрзо. Јас кога се прселив, просто немав трпение да чекам едно кафе еден саат. А богами како стареат ме фаќа страв да не го заборават или слично.

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Готвење на плин!
13.3.2012 17:15:52   
penelopa
Готвењето на плин е многу паметна работа, опасно не би рекла дека е па не за џабе секаде низ Европа цели стамбени згради се со плин и сл. Работата е дека мора постојано да се надгледува и да се пази да не случајо пишта негде и сл. Тоа тука го прават управителите на зградата и досега не сме имале проблем. Се сложувам ем побрзо ем поефтино. Леле последен пат кога варев кафе на струја ми се чинеше цела вечностuser posted image
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###

Ние во оваа куќа имаме едно решо со 3 рингли , две поголеми и едно мало и се на него правиме. Искрено , струја се штеди ептен многу, значи стопати топлење млеко, чај , вода, кафе, ручек и други оброци.
Боцата ни е долу во гаражата. Последно ја наполнивме есента (800 денари ) и дури вчера ја полневме пак.
Е сега за во новата куќа мм сакаше да купиме комбинирана плотна ама мене некако ми беше страв од боцата, па сега размислуваме за некое решо за на тераса имаше и по 1000 денари ( барем додека е топло да штедиме струја ).

Готвите ли вие на плин? Што мислите опасно ли е ?


< Поракaта ја уредил penelopa -- 13.3.2012 17:17:23 >


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Готвење на плин!
14.3.2012 12:15:27   
AnnaMolly RR
Јас да можам обично плинско за кафе би палела со целосна опрема како што ја носат полицајците од одредот за деактивирање бомби.
Мнооооооооооооооооооооооооооооооооооогу ми е страв.
А не па да готвам на плин, па колку сака нека е евтино и брзо. Брррррррр!


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Готвење на плин!
15.3.2012 16:51:46   
AneLav RR
Јас имам комбинирана плотна и готвам на плин. Ништо не мириса и со 1000 ден. поминавме 6 месеци, сега пред некој ден ја полневме пак. Си купивме со мм нова боца А-тестирана и сега си ја полниме истата. На приватните бензински ги полнат, а во Макпетрол ги заменуваат со полна. Ние решивме да си ја полниме затоа што ни е нова. А се штеди многу.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Готвење на плин!
14.3.2013 23:51:12   
jana81
Jas sakam da si kupam mini sporet na plin da mozam letoska da si gotvam na terasa a i em poevtino em pobrzo.E sega gledav edni koi bea celosno na plin so se relna,bile negotinski ama relnata ne im diktuvase.prodavackata mi veli ke se stegnat srafcinjata i gotovo, e taman rabota odma ako go popravame. Ke ve molam za sovet kade vo skopje ili kumanovo mozam da najdam vakvo mini sporetce na plin

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Готвење на плин!
14.3.2013 23:54:27   
Палешка РР
Јас како што сум неодговорна за гаснење шпорет, пегла и фигаро, куќата не ја запалам....не не не

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот jana81)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Готвење на плин!
15.3.2013 0:07:42   
Bububebe
Е многу ми е страв од таа боцата user posted image Ај за во куќа некако би се сложила да користиме,ја имавме кај мајка ми,боцата беше во визбата,и некако посигурно ми беше.
Ама сега во стан со боца,кај што може детево да ја чепка,нема шанса

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Готвење на плин!
15.3.2013 2:54:01   
crvce
Jas sekogas gotvam na plin ,imam spored na tarasata no ne od finansiska pricina bidejki i vaka plakam 6000den struja a se grejam na kamin na drva no barem doma mi e cisto i ne mi mirisa na hrana ,zamislete da przete ribi ,leb doma,potoa treba vednas da gi vadete zavesite na perenje i 2 dela da provetruvate,,user posted image

(Одговор на членот Bububebe)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Готвење на плин!
15.3.2013 3:11:35   
elenaanamarija
i jas imam strav od plin...ne varam kafe duri ni na malo plinsko koga treba...;)

(Одговор на членот crvce)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Готвење на плин!
15.3.2013 6:21:24   
arh_diz
Zosto strav od plin , isto e kako na struja treba da se vnimava

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот elenaanamarija)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Готвење на плин!
15.3.2013 8:10:13   
penelopa

ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz RR

Zosto strav od plin , isto e kako na struja treba da se vnimava
се сложувам

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Готвење на плин!
15.3.2013 9:43:27   
Malecka23
nema potreba od strav ako e za toa i od struja treba da se pazis isto ti e.Nie imame plotna kombinirana ama celo vreme si gotvam na plin(plus plotnata ima zastita od istekuvanje na plin) nemas gajle, znaci imas rucek z apola saat a za 700den teras 6meseci so sekojdnevno gotvenje mnogu ekonomicno i brzo

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Готвење на плин!
15.3.2013 10:50:56   
hopeless
Јас готвам на плин, побрзо е 100 пати и плус поефтино една боца не тера со месеци
А за страв не ми е воопшто.

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Готвење на плин!
15.3.2013 10:52:47   
sandriana RR
Кај мама дома секогаш било готвење на струја, им било страв дури и плинско за кафе да има дома. За разлика од ова, кај мм цел живот готват на плин. Имаат 2 шпорети, комбинирани - 1 рингли плин 2 струја, и рерна на струја. Ринглите на струја се користат во ептен краен случај, кога нема плин во ниту една боца. Искрено, многу брзо, и ефикасно е готвењето на плин, јас се навикнав и сега кога треба на струја да се свари нешто-ми личи на цела вечност. Секако, треба да се внимава, како и со струјата, така и со плинот.

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Готвење на плин!
30.11.2014 20:29:44   
scared RR
Јас готвам на плин, имаме мала плинска боца за кафе, чај , а и голема која ми седи на тараса и таму готвам ручек. Се исплати доста. За 150 денари плин месец дена некогаш и повеќе готвам . user posted image

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Готвење на плин!
30.11.2014 20:38:00   
blond
Jas em sakam em imam strav od gotvenje na plin. Majka mi gotvi na plin, ama i ona so strav e sekojdnevno dali go zatvorila dobro plinot user posted image . Svekrva mi ima malo onakvo plinsko za kafe, e takvo malo da, ama boca ja doma da cuvam? Tesko user posted image

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Готвење на плин!
31.7.2015 8:19:59   
Анет
Има многу убави мини шпорети на плин од Леов Компани. Двете рингли се на плин и фурната е на плин. Многу луѓе ги купуваат и се задоволни.

Админ: Не се дозволени линкови - рекламирање.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 31.7.2015 11:17:04 >

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Готвење на плин!
1.8.2015 11:52:26   
Defne90 RR
Ние шест години готвиме на плин и јас сум презадоволна.Ем е побрзо,ем и поисплатливо така.Плинската боца е скриена да не ја допираат децата,и сме немале никогаш никаков прпоблем околу тоа.И јас бев скептик првиот пат,ама свеќи моја 25 години готви на плин и никогаш фала му на господ немале никаков проблем.Па затоа и јас се решив за тоа.Ама секако човек треба додатно да биде внимателен.Сепак да се знае не е играчка и ако не се внимава може може да се деси нешто на што не се надеваш.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Анет)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Готвење на плин!
1.8.2015 12:41:37   
Hopeful RR
И ние сме големи фанови на плин. Кај моите имавме плин ама до толку ме имаа уплашено да не допирам, што сега со мм ми требаше време да го надминам стравот од плин user posted image Важно сега готвиме се на плин, и каде каде е поевтино и побрзо...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Готвење на плин!
1.8.2015 13:12:10   
lukajana RR
I jas gotvam na plin i ne mi e strav.
Kaj moite imavme sporet so golema boca a sega imam samo reso povrzano na boca i mi stoi vo letna kujna i mislam deka e bezbedno

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Готвење на плин!
21.1.2023 0:18:46   
suzeto


ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska *

Ние во оваа куќа имаме едно решо со 3 рингли , две поголеми и едно мало и се на него правиме. Искрено , струја се штеди ептен многу, значи стопати топлење млеко, чај , вода, кафе, ручек и други оброци.
Боцата ни е долу во гаражата. Последно ја наполнивме есента (800 денари ) и дури вчера ја полневме пак.
Е сега за во новата куќа мм сакаше да купиме комбинирана плотна ама мене некако ми беше страв од боцата, па сега размислуваме за некое решо за на тераса имаше и по 1000 денари ( барем додека е топло да штедиме струја ).

Готвите ли вие на плин? Што мислите опасно ли е ?



(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Готвење на плин!
21.1.2023 0:19:52   
suzeto

Sakam da kupam skara na plin ni ne znam kakva




ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska *

Ние во оваа куќа имаме едно решо со 3 рингли , две поголеми и едно мало и се на него правиме. Искрено , струја се штеди ептен многу, значи стопати топлење млеко, чај , вода, кафе, ручек и други оброци.
Боцата ни е долу во гаражата. Последно ја наполнивме есента (800 денари ) и дури вчера ја полневме пак.
Е сега за во новата куќа мм сакаше да купиме комбинирана плотна ама мене некако ми беше страв од боцата, па сега размислуваме за некое решо за на тераса имаше и по 1000 денари ( барем додека е топло да штедиме струја ).

Готвите ли вие на плин? Што мислите опасно ли е ?



(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?