|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Дали верувате во натприродни појави?
12.10.2012 19:29:52   
Ikana
Многу сакам да знам дали верувате во паранормални појави како духови, вонземјани, астрални проекции, задгробен живот и што се постои во тој домен? Сметате дека тоа се измислици или легенди, или верувате дека навистина има нешто кое не сме способни да го разбереме, но ете се случува?
Ви се случило ли Вам нешто натприродно или сте слушнале за некоја случка од други луѓе?
Слободно напишете ги вашите ставови и мислења.

< Поракaта ја уредил Ikana -- 12.10.2012 19:31:45 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
12.10.2012 19:32:48   
kapina
da veruvam i toa kako vo duhovi vonzemjani veruvam da i gi gledam tie emisii so tie sto lovat duhovi sto snimat

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
12.10.2012 19:44:12   
Ikana
Сум слушнала неколку урбани легенди во врска со духови, ќе пробам некои од нив да ви доловам, ако ги познавате слободно приклучете се.

Прво имам слушнато за една невеста која излегува на патот меѓу Маврово и Леуново. Наводно ако поминувате од таму на полноќ, колата се гаси и до неа доаѓа една жена облечена во бело. Вие не треба да ја погледнете во очи, а ако ви побара нешто да не и отворате.
Од околу ја знам легендата за нејзината смрт, наводно требала да избега со љубовникот за да се земат, но ја пресретнале некои разбојници и ја убиле. Слободно поправете ме ако сум грешка.

Втора урбана легенда е за таксистот кој превезувал некоја девојка до дома и таа го замолила да ја почека пред куќата за да земе она пари да му плати, но откако не се вратила подолго време, видел дека јакната на девојчето е во колата, и ја земал и тргнал да и ја врати и да си ги побара парите. Но кога тропнал на вратата му отворила жена облечена во црно. Таксистот рекол дека девојчето што живее тука му должи пари и си ја заборавила јакната па да и ја врати, но жената го гледала стаписана кога ја видела јакната. Му кажала дека ќерката нејзина која починала пред некоја година ја носела таа јакна кога била погребана. Таксистот влегол во куќата и видел слика од девојчето, кое изгледало исто како неговата мистериозна патничка.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
12.10.2012 20:07:32   
niki
ne sum videla, ne veruvam
ne sum ni religiozna
koga nekoj mi raskazuva za takvi raboti prevrtuvam oci
veruvam vo covekovata svest i razum, tie mozat da bidat najgolemi dvigateli
veruvam vo sreka, vo ljubov, vo vernost, vo brak, najmnogu veruvam vo semejstvo
veruvam vo sebe

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
12.10.2012 20:19:57   
Ikana
Верувам во Господ.
Искрено за Рајот не знам, мислам дека не се случува ништо кога умираме, но верувам дека постои некоја енергија, некоја сила која што не движи сите - душа. Верувам и дека постои некоја виша сила, дали природа, дали Бог, дали и двете, но сепак верувам.
За духови, фантоми и вампири, хмм интересни легенди има user posted image
За вонземјани...е тука можам да се задржам многу долго време....но ајде да не должам, пишете во што Вие верувате или некоја интересна случка која Ве натерала да верувате во истото.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
12.10.2012 21:50:54   
Bilence2
Uh, se naeziv od dvete legendi pogore... Kolku i da velime deka ne veruvame, ako ve naezi nekoja vakva prikazna znaci deka potsvesno znaete deka nesto se slucuva. Sto znam sum ae prasuvala mnogupati dali moze da se vistiniti prikaznive, ili se izmisleni od lugeto za da vleat strav ili pocituvanje. Isto kako sto nie decava gi plasime koga ne se umni i velime baba roga, ili staro kupujem ke dojde...taka i ova na devojkite im raskazuvale za da ne talkaat navecer docna...
Ke vi kazam mene sto mi se sluci ednas. Na kafe mi dojde drugarka vo mojata soba, negde okolu 15.30 a gi cekav rodutelite da dojdat od rabota vo toa vreme. Drugarkava ne ja isprativ tuku sama si zamina, a po5 min slusam odenje po skalite i kvakata od vratata se navali za da se otvori no nikoj ne vleze. Viknav, sto si zaboravila pak sega, mislejki deka drugarka mi se vratila, no nikoj ne mi odgovori, trgnav da vidam koj ja drzi navalena kvakata i koga otvoriv nikoj nemase pred vratata. Se simnav dolu razgledav no nikoj nemase. Stapisana stoev vo eden kos se dodeka majka mi ne dojde od rabota i i raskazav sto mi se sluci. Togas majka mi se nasmea i mi rece deka sum imala" poseta" deka denta bilo zadusnica. Togas uste poveke se zdrviv ko so klinci da me zakova nekoj za zidot.
Ne e prikazna ko ovie gornive, no vo toj moment bev sigurna deka ne me zezase nekoj, deka nemase promaja i deka ja gledav kvakata kako se navali i stoese navalena se dofeka ne ja otviriv vratata. By the way ne bese nitu rasipana kvakatauser posted image a cekorite po skalite isto taka nemase koj da gi napravi oti bev sama doma.
Polezno e da se veruva, za religuja barem, bidejki i da ne postoi gospod porakite sto ni gi prakaat biblijata i drugite sveti knigi se za dobroto na lugeto, postenjeto - za da se iscisti teloto od otrovi, molitvi - za da veruvame vo ozdravuvanje bidejki sugestijata mi nema spas uste poveke ke ne dorazboli, sepak se za dobro i ni davaat dobra misla i se patokaz kako treba a kako ne da se odnesuvame. I da se izmisleni, imaat mok nad lugeto sti gi pocituvaat. Ne ja sakam crkvata i popovite, bidejki tie prerasnaa vo biznis, no verba ne e loso da se ima.

_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
13.10.2012 8:25:58   
Ikana
Мислам дека не постои човек на кого не му се слушила барем една необјаснива случка.
Понекогаш мозокот си поигрува со нас, па веруваме дека нешто натприродно се случило, а некогаш нема навистина како да си ги објасниме тие случки.

Мене ми се имаат случено повеќе работи но секогаш сум наоѓала објаснување за нив.
Еднаш ми се случи да не можам да мрднам откако се разбудив, ја гледав собата како да сум будна, ги гледав моите дека гледаат телевизија, а јас лежев на троседот неподвижна и не можев да мрдам, пробав да ги викнам, не излегуваше глас од мојата уста, и на крај видов една сенка која се доближува се повеќе и повеќе до мене. Многу бев исплажена но на крај успеав да се разбудам и ги прашав дали слушнале како викам по нив, бидејќи навистина се дерев дури, а тие ме гледаа чудно, велат не. Чудно беше што кога се разбудив, беше истата програма на ТВ како во сонот, моите седнати на ист начин, се беше исто. И потоа мајка ми ми објасни дека сум доживеала парализа во сон, тоа е кога мозокот се буди пред телото и се чувствуваме заробени во телото, односно парализирани...гледаме што се случува но не можеме да се мрднеме, бидејќи телото уште спие.

Втора случка која никако не можам да си ја објаснам е кога почина дедо ми. Ние тогаш живеевме во странство и не присуствував на погребот. Но, кога се вративме, првата вечер, си седам јас со баба ми во дневна, и одеднаш касетофонот што стоеше до креветот на дедо ми нагло почна да свири...се уклучи радиото. По неколку секунди само се изгаси, а за некоја минута пак се пушти и така неколку пати. Истата вечер влегов да се бањам, и излегувам од бањата за да одам во мојата соба, кога на главата како да осетив рака. Се вртам нема никој. Продолжив да се движам кога пак некој како да ме фати за косата и како да ме погали по главата. Мислам дека крвта ми смрзна и трчанката кај баба ми да и кажам што се случило. Очигледно ми рече дека сум си замислила за последново, ама со радиото?? Тоа нема шанси да сум го замислила бидејќи и таа го слушна. Како и да е, и да било нешто, што е скоро невозможно, добро се уплашив таа вечер.

(Одговор на членот Bilence2)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
13.10.2012 9:37:33   
kikicka
Мислев да не пишам ама...ај

Еднаш во сон ми се има случено да се разбудам,ама мислејќи дека сум будна јас сеуште сум била во сон фактичкни не сум се разбудила вистински ама сепак бев свесна и мислев дека тонам во некој изгубен свет, осетив како нешто да влезе во собата и ме фати за врат ,јас едноставно како да се давев,се преплашив и незнам како успеав да се разбудам
Мене некако се ми е поврзано со духови.

Еднаш отидов на гробишта да запалам свеќа за починат другар,кој претходната вечер го сонував.
И си викав дај да запалам свеќи кај сите од фамилијата онака.
Отидов на гробот на кој што беа мојот пра дедо и мојата тетка ...И додека се обидував да ја запалам свеќата која не се палеше никако еден човек помина што работи таму и ми вика: Девојче тоа е празен гроб,стои само плочата! user posted image user posted image user posted image
Јас целата испобркана си станав и си заминав.

Друга случка како мала некое 3 оделение бев ама се секавам,бидејќи не сум кажала на моите дома таа вечер што видов.
Откако почина брат на баба ми, и мене ми беше дедо кој мнг го сакавме, вечерта излегов до продавница ме пратиа моите нешто да купам и кога се вракав накај дома случајно се свртев накај неговата кука,и има што да видам. Сенка како стои,на истото место каде што стоеше додека беше жив. Јас подзастанав сакав да викнам,ама се уплашив ,мала бев и само трчајки избегав и никому не кажав.Сеуште неми беше сватливо.

Имам повеке вакви примери.
И мене мојот дедо откако почина,често ми се јавуваше во сон како да сака нешто да ми каже...Но се секавам на некои.
Додека бев трудна сеуште бев,една вечер пред спиење се изпружив така на креветот и легнав,бев будна ама додека лежев така едно време осекам како некој да влегува собата,се свртев немаше никој. Јас пак продолжив да лежам,и одеднаш само осекам како некој да ми стои на вратот,како да ме бакна.....се свртев пак никој.
Откако се породив,првата нок откако се вративме од болница јас ете ти,дедо ми на сон ,само дојде ,влезе во собата ме погледна длабоко и си замина. Кога се рабудив плачев цел ден,мислев дека нешто ке ми се случи на мене или на бебето.Толку бев уплашена што и да сакав нешто да кажам од сонот јас плачев неможев да кажам. И рековна мајка ми да оди на гробот негови да однеси нешто и да му кажат демек сум се породила.Така и бидна,може ви е смешно ама вистина е ова.После тоа не го сонував извесен период. И кога ете после 1.5 година јас пак дедо ми. Овој пат не ми кажа ништо,само го видов како влегува во старата кука и доаѓа по баба ми која во сонот се спремаше да оди некаде. После 2 недели почина баба ми.

Малку долг постов ама ете...склона сум на духови user posted image Верувам во тоа!

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
13.10.2012 10:39:27   
elenak
Верувам дека има нешто навистина. Можеби е се плод на нашата фантазија и на многуте филмови и емисии што ги гледаме ама тогаш каде оди онаа енергија што не движи. Можеби телото умира но духот не, верувам во тоа!
Јас обично сонувам некои глупости неповрзани и не можам да кажам дека се остварува или не она што го сонувам затоа што и не ги толкувам.

Ама еднаш само што почина вујко ми, после една недела го сонувам на гробишта како лежи покриен со земја и само главата му ја гледав. Стојам јас над него и ми вика ,, Кажи ми како се (баба ми, вујна и братучетката) дали се поплави дома од дождот?,, Јас целата збунета станав и не сфатив user posted image Кога гледам надвор врнело многу и одиме дента кај нив и тие раскажуваат како цела вечер се бореле со водата што им влегувала дома (имале некој проблем со канализацијата). Не можев да си објаснам, да речам дека знаев за тоа па сум го мислела и заради тоа ама поима немав нити за проблемот нити за дождот што врнел (спијам како топ user posted image )


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
13.10.2012 13:07:05   
Annet
сега се прочитав,од збор до збор.верувам во овие работи,колку и да несакам,тоа е така.и мене ми се случиле многу вакви работи.....многу често...не кажувам на никој,оти ќе мислат дека полудувам,секој не сваќа.......
порано се плашев сега веќе не...
сега многу сакам да можам повторно да ги видам ,баба ми,дедо ми,другарите..да можам да ги прегрнам.ама нема............се плашев многу порано од духови,мртви,сенки,тишина....и кога читам вакви приказни,се наежувам,и ме фаќа некој страв...ама не толку многу....
копнежот кон починатите блиски е поголем од стравот кај мене,можеби ќе мислите луда е оваа хахах,ама ете се менуваме со тек на годините..
дедо ми сум го сонила многупати,и многу пати да кажам ме предупредил за некои неубави работи,кога јас вистина ги спречив да се случат и секогаш сум му благодарна....сонувам ретко ама се што ќе сонам се остварува....

а тоа гушење,како да неможеш да мрднеш уфф колку е тешко,неубаво,беспомошно....ми се случило и тоа...
некогаш ми се случува да си предвидам некои работи,како веќе да се случиле и си велам А ОВА НЕЛИ ЕДНАШ БЕШЕ ,СЕ СЛУШИ,СТО СЕГА ПАК..уствари како да сум го сонувала..аууу колку да несакаме да веруваме во овие работи,постојат,само да не цува ГОСПОД .никогаш не сум си ја олеснила душава за ова,еве сега прв пат тука пишувам
затоа да уживаме во миговите со блиските,оти денес не има -утре не..

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
13.10.2012 13:25:52   
AnnaMolly RR
Јас сум атеист, не верувам во Господ, во духови, во натприродни појави, во пекол и рај...
Според мене, за се има логично објаснување, само што понекогаш не можеме да го најдеме.

Единствено во што сакам да верувам е дека постои живот и на друга планета. Можеби затоа што го обожавам серијалот „Ѕвездени патеки“ user posted image

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
13.10.2012 15:47:09   
Ikana
Драга моја Анамоли, имаш истомисленик! Јас сериозно почнувам да се интересирам за древни вонземјани има дури и на јутјуб неколку серијали од по 1 час, кои со задоволство ги гледам! Пасиониран читател и гледател сум на научнофантастични книги и филмови, моментален хит ми е „Прометеус“!

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
13.10.2012 22:03:25   
lilicka
Јас баш и не верувам стерикно во тие духови дрн дрн...... а ова за Маврово-Леуново ми е баш смешно зш и во моево селце има таква легенда хахахах..........со невестатаuser posted image user posted image
Туку јас многу блиску живеам до Аеродромот-скопски...нели пред години години паднаа 2 авиони и сега се шири муабет демек на тоа место-блиску до главниот пат искачаат духовиии мислам хелоууууу........!!!!user posted image user posted image

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
13.10.2012 23:16:10   
AnnaMolly RR
Баш при една дебата за дали веруваме во натприродното (ја водевме со помеѓу колегите), едниот од нив прашува: „Добро, што би направила доколку навистина видиш дух пред себе или ако ти се појави Исус? Ќе поверуваш ли во тоа и во постоењето на Господ?“ Јас: „Не, попрво ќе отидам на психијатар“.
Абе ИЧ не верувам.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот lilicka)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
13.10.2012 23:33:06   
Cipi Ripi
Не верувам во духови. во приказни за духови, вампири и слично. Ниту ме интересираат такви муабети, ниту правам такви муабети, тоа се за мене гатанки. И мислам дека муабетењето за тоа е џабе потрошено време.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
14.10.2012 9:05:34   
niki
a zosto nekoi od vas sonistata sto gi sonuvate gi povrzuvate so natprirodni pojavi?
sto e tuka natprirodno moze da objasnite?

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
14.10.2012 9:41:18   
Ikana
Во соништата ретко има нешто натприродно, се е тоа процес во мозокот односно интеракција на свеста и потсвеста. Телото му кажува на мозокот што не е во ред, или совеста ве гризе за нешто што сте иле не сте направиле. Или едноставно ги преживувате случките од денот.
А дежа ву постои како феномен, и неколку други, како дежа веку, и сл.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
14.10.2012 10:34:05   
Maca25
Ај јас нешто да ви раскажам, па смеј те се колку сакате.
Пред 19 години, на 21 септември - Мала Богородица - а мој именден, ме фати струја на улична бандера. Се сеќавам на тој ден иако бев мала, имав 9 години. Мајка ми сабајлето ми рече дека ќе ме носи во црква, демек поради именденот, ама и се јавија пријатели дека ќе дојдат на гости и таа сосема заборави и не ме однесе. Само што дојдоа гостите јас си излегов надвор пред куќа и пробав да се качам на едно ступче и се фатив за бандерата. И толку...јас толку се сеќавам на тој ден.
Комшиите ми кажаа дека почнало целото тело да ми отекува, дека сум се тресела баш како во филмовите, сум отварала уста како да сакам да викнам за помош, телото ми поцрвенело и сум почнала да ги превртувам очите. Комшиката одма до нашата куќа што живее пробала да ме тргне но и не ја задрмало. Едната рака за бандера, друга за железна ограда, нозе во вода. Јас спроводник на струја. Викала по помош и во тој момент улетал еден комшија, кому му го должам мојот живот, и со гумени чизми ме удрил во стомак и јас сум паднала кај татко ми во раце. Јас не сум давала никакви знаци на живот. Кожата на рацете целосно изгорена и во кома. Ме однеле со брза помош во болница, цела ноќ под апарати и надгледување, на моите им рекле дека шансите да преживеам се многу мали, а и да преживеам не се сигурни во каква состојба ќе ми биде организмот, затоа што голем напон поминал низ моето срце директно и не знаат колкави се внатрешните опекотини. Моите биле избезумени!!
Во текот на ноќта јас сама се разбудив, се сеќавам на лицата на докторите околу мене, сите подзинати, не им се веруваше. Зборував јасно и нормално. Од опекотина на срцето немаше ни О user posted image Не можеа да сватат што се случува. Еден доктор дојде и ми рече: ти мала, ти си родена под среќна ѕвезда!!! Тебе само натприродна сила те има сласено!!! Мене во моментот тоа ништо не ми значеше, но за нив јас бев феномен. Дури и во весник пишуваше за мене: Малата Марија, девојчето кое е родено под среќна ѕвезда.

Јас немав никаква опекотина на срцето, никакво оштетување, само што немав кожа на рацете и не знаев да одам. Поодував како мало бебе на 9 години.

Може ќе ви биде чудно и смешно, но мене навистина ме спаси некоја натприродна сила.
Јас тој ден го славам како роденден, дури и се венчав на тој ден. user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
14.10.2012 13:29:22   
lilicka

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

Ај јас нешто да ви раскажам, па смеј те се колку сакате.
Пред 19 години, на 21 септември - Мала Богородица - а мој именден, ме фати струја на улична бандера. Се сеќавам на тој ден иако бев мала, имав 9 години. Мајка ми сабајлето ми рече дека ќе ме носи во црква, демек поради именденот, ама и се јавија пријатели дека ќе дојдат на гости и таа сосема заборави и не ме однесе. Само што дојдоа гостите јас си излегов надвор пред куќа и пробав да се качам на едно ступче и се фатив за бандерата. И толку...јас толку се сеќавам на тој ден.
Комшиите ми кажаа дека почнало целото тело да ми отекува, дека сум се тресела баш како во филмовите, сум отварала уста како да сакам да викнам за помош, телото ми поцрвенело и сум почнала да ги превртувам очите. Комшиката одма до нашата куќа што живее пробала да ме тргне но и не ја задрмало. Едната рака за бандера, друга за железна ограда, нозе во вода. Јас спроводник на струја. Викала по помош и во тој момент улетал еден комшија, кому му го должам мојот живот, и со гумени чизми ме удрил во стомак и јас сум паднала кај татко ми во раце. Јас не сум давала никакви знаци на живот. Кожата на рацете целосно изгорена и во кома. Ме однеле со брза помош во болница, цела ноќ под апарати и надгледување, на моите им рекле дека шансите да преживеам се многу мали, а и да преживеам не се сигурни во каква состојба ќе ми биде организмот, затоа што голем напон поминал низ моето срце директно и не знаат колкави се внатрешните опекотини. Моите биле избезумени!!
Во текот на ноќта јас сама се разбудив, се сеќавам на лицата на докторите околу мене, сите подзинати, не им се веруваше. Зборував јасно и нормално. Од опекотина на срцето немаше ни О user posted image Не можеа да сватат што се случува. Еден доктор дојде и ми рече: ти мала, ти си родена под среќна ѕвезда!!! Тебе само натприродна сила те има сласено!!! Мене во моментот тоа ништо не ми значеше, но за нив јас бев феномен. Дури и во весник пишуваше за мене: Малата Марија, девојчето кое е родено под среќна ѕвезда.

Јас немав никаква опекотина на срцето, никакво оштетување, само што немав кожа на рацете и не знаев да одам. Поодував како мало бебе на 9 години.

Може ќе ви биде чудно и смешно, но мене навистина ме спаси некоја натприродна сила.
Јас тој ден го славам како роденден, дури и се венчав на тој ден. user posted image

Мацо ма ме расплакаuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
14.10.2012 14:22:02   
Maca25
тоа е вистината, ништо не е измислено или додадено.
во болница кога се освестив, одма прашав кај сум и им кажав дека сонував магла...многу магла, мразам магла, се гушам од неа, а јас се обидувам да си ги видам стапалата. се борев, се изборив и се разбудив. После тоа 4 години бев експериментално глувче во детска клиника, од кат на кат ме шетаа со години, испитувања еден куп, боцкања, лекови.
И денес сум тука, среќна што сум жива.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот lilicka)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
14.10.2012 14:36:21   
Ikana
user posted image user posted image
Mila nasa Maco sto si doziveala ti! Te gushkam!!!user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
14.10.2012 14:53:23   
Џесика
Да ви кажам и јас се расплакав user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
14.10.2012 15:51:42   
niki
Maca, trogatelna slucka priznavam, mi se zaledija koskite zamisluvajki devojce pod strujen udar i voopsto ne e smesno
no sepak sigurna sum deka postoi racionalno objasnenie zosto si se spasila, samo go previdele
mene ova ne me ubeduva vo postoenje na natprirodni sili koi ne spasuvaat vo nesrekni slucai
zosto togas sekogo ne spasuvaat?
zosto i pokraj site tie sili nie sepak dozivuvame nesreki, bolesti i smrt?


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
14.10.2012 16:07:28   
Pepelaska *
И јас сум од тие што веруваат.
А најмногу верувам дека Богородица ги чува родилките и доилките и помага при породување.Значи од 28 август до 21 септември( ова на тв го имам слушнато).Верувам дека помага и во остатокот од годината.
Ми се нема нешто посебно така случено но многупати ми се поврзале некои работи , кои знам дека не сум можела сама да ги направам.
Е сега се сетив на една случка,кога бев помала ( на факс ) сонував една црква преубава и прекрасна , одев по угорници ама не знаев како се вика црквата ни каде одам.Кога пред мене ми излезе една рамнина и натпис на црквата Св НЕдела.По некое време отидов во Битола на влезот знаев дека таму има таква црква , кога гледам апсолутно истата на сонот што ја сонив.
Син ми е роден во недела, во недела ми се има 2 3 пати разболено ( кревано температура од ништо апсолутно), и некои други работи.Се трудам да не работам многу тој ден ама со вакво темпо на живот не оди некако.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Дали верувате во натприродни појави?
14.10.2012 16:11:23   
Pepelaska *
Ова Маца што го доживеала е можно заради тоа што не сте пошле во црква мила, јас колку што сум слушала Богородица дава но таа и зема.
Кај нас има манастир може сте слушнале за него Пречиста се вика, пред неколку години еден другар од мм тргнале за таму со девојката , ама се премислиле и си заминале за Охрид.ПРед кривината за манастирот се истумбале со колата.СРеќа не им беше ништо.
Има некои факти и случки кои тераат да веруваме , а несреќите болестите и смртта се веројатно исто така натприродна појава која може никој нема да ја објасни.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?