Bitolcanka
|
Живееме во стресно време, економска криза, беспарица, борба за живот, за гола егзистенција, проблеми, препреки, потреба за внимание, љубов, разбирање, почитување... Често, поради таквото темпо на живот и сегашното време брзо избувнуваме/пламнуваме. Луѓето - пријателите/роднините и претпоставените/работодавачите знаат да си поигруваат со нас, не водејќи сметка за чувствата на другите. Во ред е да направат шега одвреме навреме, тоа секаде е потребно и убаво, но кога се претерува со зафрканции на туѓа сметка, иронични коментари, потценување ... и човек со срце од камен би се налутил. А сепак, некогаш сме во таква фаза од нашиот живот кога, дури и најмалата ситница, најмалата шега ја сфаќаме сериозно и ни'' делува навредливо, мислиме дека тоа е со задна намера од оној од кој е упатена. Дали и колку сте ранливи? Дали распознавате шега од сериозна забелешка? Како реагирате на зајадливите коментари? Дали си земате се'' при срце и враќате на секој кажан збор?
< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 16.7.2010 13:17:07 >
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
|