|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Домашен Пластелин
6.5.2013 23:48:32   
Лазар
Моделирањето има многу предности и е од голема важност, за децата. Тоа дава широк спектар на творечко изразување. Од една страна, ја развива фантазијата и артистичноста, а од друга, пластелинот и глината (и други маси за моделирање) ја развиваат силата и координацијата на рацете.

Децата би требало да се занимаваат со овој интересен медиум, уште од 2-3 годишна возраст. Игрите со пластелин развиваат способности како- внимание, интелект, изразување, товречко мислење...Освен ова, работата со пластелин, ги развива и следниве квалитети:

-Ја развива личноста

Работата со пластелин, учи на внимание, концентрација, прецизност, ја стимулира фантазијата кај децата. Во исто време, таа е многу забавно хоби, кое детето, може да го практикува самостојно или заедно со родителите, поголем брат, сестра, баба, дедо и сл...

-Ја развива фината моторика

Плателинот е особено важен за развој на фината моторика на рацете. Фина моторика, подразбира способност на детето да се изрази добро преку цртање, пишување, читање. Факт е дека, развојот на фината моторика и јазикот се тесно поврзани. Движењата, заедно со правилните, точни и јасни звучни изрази, се зависни еден од друг. Пропорционално, колку повисока е физиката активност, толку подобро се развива и јазикот.

-Развој на ориентација во просторот

Градењето и проектирањето се многу важни активности за детето, кое преку нив развива мислење, за концепција на боја, форма на обејкти и сл. Моделирањето има и благ ефект врз нервниот систем.

-Нуди широк спектар од можности

Поради пластичноста на материјалот, од него можат да бидат изработени многу нешта- од мали слатки животни до цели градови. Богатата гама од бои, дозволува реализација на секоја идеа.

-Безопасен е

Може да се каже дека, благодарение на текстурата, која ја има пластелинот, тој е еден од нај безопасните арт материјали, за творечко изразување кај децата. Тој не остава дамки и нема токсично дејство. При работа со него, не е потребно користење на остри предмети, кои можат да предизвикаат повреда.

Каков тип на пластелин е најдобро да одберете?
Кога купувате пластелин тој треба да биде, ниту премногу тврд, ниту премногу мек. Ако се лепи за рацете, ќе биде тешко да се работи со него. На пазарот кај нас постојат многу марки со различен квалитет.
Содржината на пластелинот е важна, зошто може да содржи некој бензински дериват или токсична боја. Затоа, за да ги избегнете овие несакани материи, ви предлагаме да си направите домашен пластелин.

Рецепт:

1 чаша брашно
2 пакетчиња лимонтуз
1/4 чаша сол
1 чаша вода
1 лажица зејтин
2 Step-чиња , за боја и арома

Производите се мешаат на слаб оган, додека масата не се згусти(околу 5 мин). Се наросува уште малку брашно, за да се оддели од садот и се домесува рачно. Можеби ќе треба да додадете уште малку брашно, додека не престане да се лепи и добие текстура на вистински пластелин. Се чува во пластична кутија, за да не се исуши.

Л.Ѓ

Мој текст за cooltura.mk

А како инспирација, една книга од која лесно може да се научи како се моделираат карактери со пластелин...

Уште добри идеи може да се најдат на пинтерест...

Модератор: Не се дозволени надворешни линкови.



< Поракaта ја уредил Luci RR -- 8.5.2013 9:44:33 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Домашен Пластелин
10.6.2013 23:12:14   
Snowhite RR
Јас сум му правела на М домашен пластелин и стварно е многу подобар од купечкиот, после тоа уште еднаш никогаш не купив друг. Пробајте го овој рецепт стварно е екстра

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Лазар)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Домашен Пластелин
24.11.2014 7:40:28   
caciana
Vnuka mi redovno si igra so domasen plastelin.Duri I na uciliste nosi koga rabotat so plastelin.Go cuvaat vo plasticna kutija ,sekoja bona e oddelno zavitkana vo folija najlonska ,DA Ne Se susi.Taka stoi 3 meseci .Mnogu e mek I ubav.Receptot e od RR.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Домашен Пластелин
24.11.2014 10:11:47   
mamita83
A kakva boja se stava vo domasniov plastelin, kakvi se tie step-cinja? Sakam da napravam pa kazete mi od kade da kupam boja a da ne sodrzi stetni sostojki.

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Домашен Пластелин
24.11.2014 10:16:02   
Bububebe

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamita83

A kakva boja se stava vo domasniov plastelin, kakvi se tie step-cinja? Sakam da napravam pa kazete mi od kade da kupam boja a da ne sodrzi stetni sostojki.


Наместо степче можеш прехрамбена боја.Степчето не дава толку убава боја како прехрамбената

(Одговор на членот mamita83)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Домашен Пластелин
24.11.2014 14:14:57   
Felly RR
Мамита83, степ - сок за растворање во кесичка, или еве може варијантата од мила мамичка.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bububebe)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Домашен Пластелин
24.11.2014 15:57:41   
mamita83
Fala za odgovorite :)

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Домашен Пластелин
4.3.2015 19:57:05   
mommy_angels RR
Денес направив домашен пластелин и сум пре,,пре,презадоволна.Детево си нема играно толку време со една иста играчка никогаш.Посебно ми е мило за ова дека сега треба екстра да мирува ,па ова ни дојде одлично.Е јас не го правев со погорниве мерки,туку баш како што е дадено овде

(Одговор на членот mamita83)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Домашен Пластелин
6.11.2015 12:40:03   
marchi
stefan ima 32 meseci i se mislam dali da mu vovedam plastelin vo negovite igracki no dali se bezbedni ili ne?user posted image ? ama eve sega temava dobro m u dojde so domasniov plastelin pa bi probala

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 9
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Dali?
Jana9

Dali pisuvate poezija?

Da (17%)

Ne (67%)

Ponekogas (17%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!