|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Его, комплекси, фрустрации
16.10.2012 11:58:11   
Ikana
Ја отварам оваа тема со цел да можат членовите да си ги искажат проблемите на психолошко ниво, а ние да пробаме да им помогнеме со по некој совет...
Дали патите од преголемо Его, дали имате некој комплекс или фрустрација? Што е тоа што ве тера да се почувствувате загрозени од некоја личност, па по секоја цена ја избегнувате или само очајно го барате нејзиното внимание? Имате ли комплекси поради кои се чувствувате исфрустрирани?
Имате ли воопшто Его и колку го храните?


< Поракaта ја уредил Ikana -- 16.10.2012 12:00:47 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Его, комплекси, фрустрации
17.10.2012 12:00:56   
niki
user posted image

Ikana me voodusevuvas so temive, samo mislam deka forumov ne e dozrean za vakvi diskusii...

egoisti sme site po malku, kolku najverodostojno moze da kaze nekoj sto ne poznava, nasiot subjektiven sud verojatno nema vrska so realnosta
so site kompleksi mislam deka imam rascisteno, ama pak i ova e subjektivno
a frustracii mi se javuvaat od vreme na vreme, najmnogu me frustriraat ne reseni problemi za cie resavanje ne mozam da vlijaam, se sum napravila sto sum mislela deka treba i mi ostanuva da cekam
od nekoi licnosti se cuvstvuvam zgrozena a ne zagrozena, neznam generalno mislam deka sekoj si e svoj covek i si ima svoj narav, svoe mislenje i se dodeka ne mi se pletka vo privatni raboti koi ne go zasegaat ne moze da me natera da se cuvstvuvam zagrozeno
inaku nekoj moj zaklucok e deka stom ke postavis prasanje nekomu, zosto, vednas se cuvstvuva pogodeno, nekoja nesigurnost vednas isplivuva i verojatno toa ponatamu doveduva do cuvstvo na zagrozenost, kako da se plasat od svoite objasnuvanja




_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Его, комплекси, фрустрации
17.10.2012 12:33:27   
Ikana
Конкретно за чувството на загрозеност....
Имам пријатели кои се пар, жената е психолог, мажот психијатар. Често дискутиравме на оваа тема, зошто луѓето се чувствуваат загрозени кога ќе дознаат дека некој се бави со психологија или психијатрија. И мене често ме збунува оваа појава. Има и такви еве како на пример јас, не се плашам и баш ми е интересно да дискутираме за некои психолошки феномени, или како го перцепираме светот околу нас, длабоко во себе.


< Поракaта ја уредил kikicka RR -- 17.10.2012 15:54:31 >
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Его, комплекси, фрустрации
17.10.2012 12:41:00   
Bisercinja
Uf, koj nema makar i najmala frustracija na denesno vreme, pokraj tolku izobliceni vrednosti na ziveenjeto. Konkretno mene od koza me vadi faktot sto, eve prost primer: intelegentni luge, so visoko obrazovanie, nasetani, sestrani se potisnati i sekojdnevno bivaat potisnuvani vo sekoj pogled, vo sekoja sfera od zivotot od ograniceni, neintelegentni, stereotipni i egoisticni luge, pa ovie prvive ne mozat ni da mrdnat ni da prdnat od niv. Uste poveke, koga na ovie vtorive ke im se dade mok vo race, togas veke moze da pretpostavite sekojdnevno kakvi sceni se slucuvaat i na rabotni mesta, i na fakulteti, vo marketi... Znam za primer kade poradi sredniot stepen na obrazovanie na upravitelot, i vrabotenite istotaka mora da bidat prijaveni so SSS iako megu niv ima i magistri... Znam i za primer kade majkata na svoeto dete drugite deca mu gi pretstavuva kako slugi ( "Vidi mama Tojitoj se trgna samo za ti da mozes da sednes, Ajde ti Tojitoj trgni ja pesokta od lizgalkata za da moze mojata princeza da se lizga...."). Bidejki neznam na koj drug nacin, jas ovaa frustracija si ja lecam so smeenje, nekogas i glasno, no znam deka so toa nisto kaj nikogo nema da smenam. Po priroda sum tivka i smirena, pa eve prasanje za tie sto se po-erbap od mene, kako sekojdnevno se nosite so vakvi situacii?

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Его, комплекси, фрустрации
17.10.2012 12:47:23   
SkCura77
Се фрустрирам што сум немоќна да решам некои ситуации -финанскиски, станбени, здравствени... Егото ми е преголемо само ако сум лично и директно нападната за некоја моја лична особина, навика или однесување што не пречи на други, а некој ќе се сети да ме загњави од типот на - од кај сеа тоа ти текна, а зашто така правиш, а зашто така мислиш и сл - а воопшто не е ни замешан, ниту трпи влијание од моето делување. Имам комплекс за мојот надворешен изглед, зашто се запустив од немање време и пари да се средам, не толку за фризери, шминки и гардероби, колку прво за средување заби, па се друго. Најмногу пукам кога треба да трпам луѓе што се здодевни, нападни, љубопитни, наметливи, а баш мислам дека е мое право ако сакам и во ѕид да гледам, дека баш тоа ми се прави баш тогаш! И сум параноична за мојата приватност само зашто во последно време ми се обесија љубопитни фаци без кои се може, а не знам зашто баш мене ме одбрале за предмет за проучување!
А од туѓо искуство сум приметила една работа - на кого не му е арно во сопствен живот, дали по дома, дали за работа, дали за љубов, на истата тема се опседнува со другите луѓе и пљука по тоа, ако некој нема дечко, тешко нас мажениве, ако некој нема работа, све по канцеларии и шалтери се к*рви, ако некој не е убав, сите се вештачки кукли и сл. Ако веќе се споредувате, тоа треба да биде мотивација и можно решение, а не причина за нервоза, гнев, лутина.
Животот е еден, убав и краток, дајте да си поминеме убаво сите user posted image
И да не заборавиме дека сепак сите сме ЛУЃЕ user posted image

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Его, комплекси, фрустрации
17.10.2012 13:00:42   
Cipi Ripi
Его скоро и да немам! Комплекси внатрешни воопшто немам, надворешни можеби малку имам комплекс за носот од кога паднав пред неколку години и го пукнав. Фрустрации имам, се е тоа во главно од секојдневието, од прости луѓе, од глупи вести, од немање работа(мислам на вработување)
Сакам приземни работи, реални, се што повеќе не ми се свиѓа, ниту добро ниту лошо. Не сакам претерување и лигавење воопшто.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Его, комплекси, фрустрации
17.10.2012 13:30:05   
vezilka RR
Јас не се перцепирам како егоист, ама пошто по дефиниција сите сме, сигурно и јас сум. А комлекси и фрустрации имам. Се фрустрирам тук-там по нешто, ама најмногу оти немам пари за се што сакам. Дебела сум и искомплексирана. А загрозена се чувствувам од преагресивни луѓе и тогаш обично се повлекувам.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Его, комплекси, фрустрации
17.10.2012 13:52:57   
Hunny
Ми се допаѓа колку зрело и длабоко размислуваат Ники и Икана. А што се однесува до темата, комплекси немам. Како дете имав , но мислам дека и тоа е нормално за тој пубертетски период од животот. Ме фрустрираат неправдите кои ги гледам на секој чекор, кои сум ги осетила на своја кожа. Најголемите фрустрации ги доживеав додека барав работа и секаде ми велеа дека за мојот профил нема работно место. На некои места дури и ми беше речено дека им боде очи титулата магистер. Тоа пак е поврзано со комплексите на пониска вредност на одредени луѓе .

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Его, комплекси, фрустрации
17.10.2012 14:54:46   
amateuress
како и сите, имам его, и многу сум суетна (особено на професионално поле), ама се трудам да ги држам под контрола и да размислам два пати. некогаш успева, некогаш блујам оган, ама за среќа почесто е првото.

фрустрации имам и за извоз, мислам дека е невозможно да се живее и работи во мк без тоа, ама и тие не се малигни, а кога ќе станат (што е многу можно) и кога ќе почнат да ми го нарушуваат личниот интегритет, ќе сторам да се исселам од тука.

во однос на изгледот, толку време како помлада изгубив посакувајќи да сум ваква или таква, што сега научив да си се обожавам. можам 300 мани за секунда да си најдам, ама некако не ми сметаат, дури и ми даваат карактер... и уште ми се чини дека и со секоја година се поубава станувам, а и другарките мои некако така ми изгледаат. да не ме разберете погрешно, ич не мислам дека сум најубава, ама бе си се научив да си се сакам каква што сум :)





< Поракaта ја уредил Beatris RR -- 17.10.2012 15:38:58 >

(Одговор на членот Ikana)
Revisions: 1 | Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Его, комплекси, фрустрации
17.10.2012 15:14:23   
Viktori
Site sme egoisti na eden ili drug nacin.

< Поракaта ја уредил Beatris RR -- 17.10.2012 15:40:44 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот *Elena*)
Revisions: 1 | Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Его, комплекси, фрустрации
17.10.2012 19:22:51   
kremco
Ah kaj ja najdovte temava...
Se cuvstvuvam kako visok,kako nekoj predmet na interes na sekoja domakjinka ili majka ili pak na sekoj covek koj sto me videl nekade...
Najiskreno ubav zivot ziveam,se vo zivotot mi e na mesto i vo dovolna mera,ni premnogu(daleku od toa) a ni premalku.Sepak ne bi rekla deka sum najubava,najzaljubena,najbogata,najsrekjna itn ma normalno ziveam.
Ama ne mozam da go podnesam zjapanjeto na tie lugje!toa mnogu me frustrira!me vadi od takt!
se slucuva sekojdnevno!me gledaat i CESTO vo lice gledam zboruvaat za mene.
Na nikogo nisto mu nemam napraveno,povekje od sto treba sum ljubezna so sekoj,nikogas ne sum bila prepotentna..Primetuvam deka sum im trn vo oko na mnogu lugje(koga barem b i znaela zosto)...


(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Его, комплекси, фрустрации
17.10.2012 21:55:17   
AnnaMolly RR
Па еве морам да признаам дека сум егоист до некаде, сум се фатила во ситуации кога тоа е многу израсено и искрено се трудам да се сменам user posted image
Комплекси два имам. Првиот ми се разделените единици (како на Мадона) user posted image , тоа ни е наследно во фамилија, дури и на Филип му се такви.
Вториот ми е што изгледам како да има 15 години, не 27. Многу често кога сум со Филип и кога ќе му се обратам со „мамичка, дојди“ и слично, ме гледаат како од Марс да сум падната. Кога бев да се пораѓам (на 25 години) докторот ми вика „Девојче, ти полнолетна ли си?“, а најсмешно ми падна кога за 8 март барав подарок книга во книжара и продавачката ми вика „Бараш нешто за учителката“ user posted image Најтрагично е што бев 5 месец бремена, изгледа жената си помисли дека сум дебело 12-годишно девојче.
Фрустрации имам еден куп, ама постов ми е и онака километарски, па за тоа следниот пат :)

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот kremco)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Его, комплекси, фрустрации
18.10.2012 3:01:16   
Darky

А од туѓо искуство сум приметила една работа - на кого не му е арно во сопствен живот, дали по дома, дали за
А од туѓо искуство сум приметила една работа - на кого не му е арно во сопствен живот, дали по дома, дали за работа, дали за љубов, на истата тема се опседнува со другите луѓе и пљука по тоа, ако некој нема дечко, тешко нас мажениве, ако некој нема работа, све по канцеларии и шалтери се к*рви, ако некој не е убав, сите се вештачки кукли и сл. Ако веќе се споредувате, тоа треба да биде мотивација и можно решение, а не причина за нервоза, гнев, лутина.
Животот е еден, убав и краток, дајте да си поминеме убаво сите
И да не заборавиме дека сепак сите сме ЛУЃЕ




POTPIS!

(Одговор на членот SkCura77)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Его, комплекси, фрустрации
18.10.2012 10:47:06   
niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: amateuress

во однос на изгледот, толку време како помлада изгубив посакувајќи да сум ваква или таква, што сега научив да си се обожавам. можам 300 мани за секунда да си најдам, ама некако не ми сметаат, дури и ми даваат карактер... и уште ми се чини дека и со секоја година се поубава станувам, а и другарките мои некако така ми изгледаат. да не ме разберете погрешно, ич не мислам дека сум најубава, ама бе си се научив да си се сакам каква што сум :)




ovaa sum jas, se isto, bez promasaj
se obozavam sebe si ovakva nesovrsena, kljakava, so iljada maani

si go imam prifateno i karakterot i temperamnetot, voopsto ne se trudam na site da sum im po nivana merka, toa ne znaci deka sekogo zakacam i deka sum so cel svet na ratna noga, tuku takva kakva sum si si se sakam sebesi i stoecki si gi snosam posledicite od svoeto odnesuvanje, nikogo ne smetam za kriv za moite neuspesi

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот amateuress)
Непосредна врска до пораките: 14
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?