Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 16.12.2009 14:49:08
Enika
Петок на 18.12.2009, Плоштад Македонија... Знам дека ке бидат Fatboyslim, меѓутоа не сум сигурна за Здравко Чолиќ. Дали ке одите и дали имате повеќе информации за овој настан? И што мислите за тоа што владата прославува настани( кандидатура за ЕУ, паѓање на Шенгенски ѕид и сл) од државен буџет за време на глобална криза( долго време и наша криза)?
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 16.12.2009 15:22:11
Еца
Многу посреќна ќе бев да направеше журка за сите семесјтва и наместо да ги плаќа сите тие пеачи на сите кои ќе дојдеа да им дадеше некаков пакет со прехрамбени продукти па сите да имаат по нешто за Нова Година на масата и среќни да го споменуваат паѓањето на визниот режим. Сметам дека сето е ова се џабе фрлени пари, ма кој сакал нека спонзорира. Можеле тие пари на многу попаметен и продуктивен начин да ги потропеа сега пред Нова година. Од една страна на големо се зборува да не се организираат масовни собири поради грипо, а од друга страна само некои такви работи измислуваат
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 16.12.2009 15:25:17
mami
Го обожавам Чола, ама нема да одам, од причина што додека некој се радува дека ќе може слободно да шета, без виза, некој друг се мисли како да обезбеди средства за своето дете да го однесе на бања... Не им треба ова, тотално погрешен чекор...Зошто не им текна да прослават со тоа што ке почастат некои од дечињата на кои навистина им треба лекување или подарок или било што???
< Поракaта ја уредил mami -- 16.12.2009 15:39:49 >
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 16.12.2009 15:25:36
arh_diz
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца
Многу посреќна ќе бев да направеше журка за сите семесјтва и наместо да ги плаќа сите тие пеачи на сите кои ќе дојдеа да им дадеше некаков пакет со прехрамбени продукти па сите да имаат по нешто за Нова Година на масата и среќни да го споменуваат паѓањето на визниот режим. Сметам дека сето е ова се џабе фрлени пари, ма кој сакал нека спонзорира. Можеле тие пари на многу попаметен и продуктивен начин да ги потропеа сега пред Нова година. Од една страна на големо се зборува да не се организираат масовни собири поради грипо, а од друга страна само некои такви работи измислуваат
se soglasuvam Eca so tebe NG ima mnogu roditeli koi nemozat na svoite decinja paketcinja da im kupat a ne nesto poveke
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 16.12.2009 15:32:44
Еца
И после многу поста напишани тука се запрашувам за што служиме ние македонците во држава? Имаме ли ние друг ден право на глас освен на изборите.Па ова е срамота, голема срамота и додека едни ќе скокаат на плоштад, а не дека со тоа нешто ќе добијат, други ке плачат и ке се зајмат за да го одбележат денот, таканаречен Нова година. Има ли некој да прочита што ние пишуваме и кои се всушност желбите на обичниот граѓанин или и понатаму ќе изиграваме нешто што не сме и ќе ги фрламе парите кои еден ден и те како ќе ни затребаат за многу поважни работи.
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 16.12.2009 15:46:17
Enika
Го делам вашето мислење затоа и ја поставив темата...ние поставуваме тотално непотребни скулптури, правиме забави за безвизен режим...со тоа ни маткаат ли очи бре овие од власта!!!тие две партии што се менуваат на власт на секои 4 год нека веке еднаш си ја чукнат главата дека овој народ гладее и пропага...да не дојде ред и од грдите скулптури да јадеме мајката...срамота!!! А и за време на грипов па уште и на ладново..ке се докусуриме повеке...мн сум им нервна на овие од власта, со соменик на лександар ке се фалиме што сме направиле
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 16.12.2009 15:50:12
Bogdancanka
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца
Многу посреќна ќе бев да направеше журка за сите семесјтва и наместо да ги плаќа сите тие пеачи на сите кои ќе дојдеа да им дадеше некаков пакет со прехрамбени продукти па сите да имаат по нешто за Нова Година на масата и среќни да го споменуваат паѓањето на визниот режим. Сметам дека сето е ова се џабе фрлени пари, ма кој сакал нека спонзорира. Можеле тие пари на многу попаметен и продуктивен начин да ги потропеа сега пред Нова година. Од една страна на големо се зборува да не се организираат масовни собири поради грипо, а од друга страна само некои такви работи измислуваат
го делам мислењето со Еца
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 16.12.2009 16:26:54
penelopa
Сметам дека безвизниот режим е навистина голема работа која треба да се прослави, ДА журка ама толку фрлање пари НЕ. Зошто не организираа журка со најпознатите мак. пејачи кои безплатно ке пееа на Плоштад плус и хуманитирано да се собираа пари на пример за деца без родители? Барем на нив ке име се разубавеше барем малку нивното секојдневие.
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 16.12.2009 16:37:58
Enika
ИЗВОРНА ПОРАКА: penelopa
Сметам дека безвизниот режим е навистина голема работа која треба да се прослави, ДА журка ама толку фрлање пари НЕ. Зошто не организираа журка со најпознатите мак. пејачи кои безплатно ке пееа на Плоштад плус и хуманитирано да се собираа пари на пример за деца без родители? Барем на нив ке име се разубавеше барем малку нивното секојдневие.
Е фина идеја..ама не...ние Fatboyslim i Чола за да поминеме поскапо...не сум против нив ехееее коку сум јас за журкање и концерти...ама во времево на вирусов и кризава..расфрлање ми е мене ова!!!
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 16.12.2009 18:39:55
Палешка РР
Чола го обожавам навистина, ама ги презирам тие што го поканија. Гледајте ги сумите кои летаат последните денови: 300 000 Евра за журката по повод безвизниот режим, 100 000 Евра за украсување на Скопје, сеуште немаат соопштено колку ќе чини желбата на Градоначалникот за враќање на коцката на Плоштад, 5 000 000 Евра за зданието на Александар Македонски, ова е она што јавно го кажаа. Се прашувам дали живеам во Македонија или Дубаи? Па ние сме богата земја ! Оваа стратегија на Владата е дно на сите дна. Погледнале ли во лицата на сиромашниот народ кој се бори за гола егзистенција?
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 17.12.2009 9:28:07
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка
Се прашувам дали живеам во Македонија или Дубаи? Па ние сме богата земја ! Оваа стратегија на Владата е дно на сите дна. Погледнале ли во лицата на сиромашниот народ кој се бори за гола егзистенција?
потпис.
срамота!!!
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 18.12.2009 23:00:23
Боцко
малку и поглед на реалноста во очи. ѕидот падна. ама тоа и не е којзнае што. наместо виза со себе ќе ни треба класер со документи. наместо службеник во амбасада ќе те чешла цариник. замислете, тргнувате така, стигнувате таму и ве враќаат назад?! супер шема. освен тоа, визите паднаа и за србија и за црна гора. на нивните телевизии не гледам пренос од забави. нека ме поправат рр членовите кои живеат таму, ако грешам. доста е славје, има многу поважни работи за решавање за иднината на нашите срциња да биде поубава и поперспективна.
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 18.12.2009 23:06:33
ripce
ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко
малку и поглед на реалноста во очи. ѕидот падна. ама тоа и не е којзнае што. наместо виза со себе ќе ни треба класер со документи. наместо службеник во амбасада ќе те чешла цариник. замислете, тргнувате така, стигнувате таму и ве враќаат назад?! супер шема. освен тоа, визите паднаа и за србија и за црна гора. на нивните телевизии не гледам пренос од забави. нека ме поправат рр членовите кои живеат таму, ако грешам. доста е славје, има многу поважни работи за решавање за иднината на нашите срциња да биде поубава и поперспективна.
апсолутно се сложувам! излишни се ваквите забави... наместо парите да се даваат на Здравко, Елена или Фетбоуслим, можат да се дадат на некој на кого навистина му се потребни... на пример еве на децата болни од леукемија... убаво е тоа што се укинаа визите, ама ние треба да ги наполниме џебовите со пари спечалени овде во Македонија, а знаеме колку лесно се печалат, и да ги трошиме во Европа.
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 18.12.2009 23:08:41
Anushka
ПОТПИШУВАМ: 1. кога далечната 1990 патував за Лондон со југословенски пасош, на Хитроу аеродромските полицајци половина авион го вратија назад. Со недоволни објаснувања. Јас добив влез на две години, но замисете како се чувствуваше мојата пријателка која имаше ист пасош како мојот, ама немаше „среќа“. Си плти билет до Англија, ја виде од авион - и толку. 2. Ако имаме ист третман како другите држави кои не се во ЕУ, а немаат визни ограничувања, зошто на пример: моите деца имаат ХР пасоши и кога влегуваат со мене во Грција, не им бараат ниту осигурување, ниту ваучери, ниту гарантни писма, а на нам ќе ни бараат. И зошто, со истите пасоши можат на пример, да влезат и во САД, а ние не?
RE: Журка по повод паѓање на Шенгенскиот ѕид 18.12.2009 23:48:06
Enika
Се согласувам со Боцко...мн рано славиме аи незнам што има да се слави...и др земјки добиле безвизен режим па не праат журки...а тоа што мислам дека нема лесно да не пуштаат на границами те како ке не чешлаат...останува да видиме за некоја недела ...ау како ке се смеам само што на жал ништо ние обичните грагани неможеме...власта е голема а очигледно и со вакви збави се перат пари
Искривените заби кај децата и кај возрасните се честа појава која може...
Анкета
Дали ви се менструации болни? пеперутка16
Во последно време имам толку болни периоди што дури и се онесвестувам..итно е, ми дава инекција и толку..А сега кога стареам како што стареам. Имам 29 години, уште не сум се породила итн.