Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Забрана на жените да се фрлаат по крстот 19.1.2015 12:29:14
lukajana RR
Леле колку ме изнервира тој попот,го слушам и не им верувам на ушите,жени не смееле да се фрлаат по крстот само мажи зашто мажите биле глава на семејството и биле главни.Колку примитивно како да сме во камено доба.Јас знам еден тон семејства каде жената е столб или двајцата заедно но само мажот е тоа одамна го немам видено.Не можам да сватам како може да забрани вакво нешто ,кој го прашува него,како тој да го измислил празникот па сега ке го строи народот.Можам само да кажам Господ да не чува од прости луѓе па уште и такво свето лице,срам да му е.
RE: Забрана на жените да се фрлаат по крстот 19.1.2015 14:25:48
Melanija RR
Јас не го гледам татако ми ми кажа дека на ТВ некој свештеник така рекол.Тоа поради лани,баш вчера незнам на која ТВ ја имаше девојката која го фати лани крстот во некој град во Мкд и другите учесници (читај мажи од раце и го земаа), и давала изјава ама недочув мислам рече дека и го вратиле.Па од таму и таа изјава.Незнам баш дека е забрана, но кога се пријавуват може да им кажат ако така сметаа а не одпосле.Но нели целата симболика е крштевање во Јордан на која присуствувале мажи, па веројатно според тоа црковно верување нетреба жените. Но тоа нема врска со денешно време и глава на куќата
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Забрана на жените да се фрлаат по крстот 19.1.2015 14:42:37
Hopeful RR
Тешка глупост е тоа, се слагам. Ама од нашата црква не ме ни чуди, каков однос имаат кон жените, тоа е нешто невидено. Ко да сме робови и инкубатори, ништо повеќе. Да не зборам па кога ќе дозволат жена свештеник! Во денешно време, кога се сменети општите сфаќања и кога дури и папата поддржува права на хомосексуалци, нашата црква, за жал и срам, останува мизогина.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
RE: Забрана на жените да се фрлаат по крстот 19.1.2015 17:21:01
lukajana RR
Мене косата ми се крена кога го слушнав,да ми беше поблиску кога ке го треснев три дена ке се чешаше .Меланија рр и да е заради девојчето на кое и го земаа крстот фер ли е.Зошто не рече мажи да не учествуваат ,не е она крива што и го зеле кога имаат такви примитивци и насилни демек мачо типови
RE: Забрана на жените да се фрлаат по крстот 24.1.2015 1:21:41
sonc90
adetite i veruvanjata se takvi i dopagale ili ne dopagale nema da se smenat zaradi necie mislenje...jas mislam deka toa e na mesto,ne pricinite koi gi kazal popot tuku cisto sto nova moda u stara kukja ne biva...a i realno glupavo e,adet koj do vcera se pravel vaka denes da se modernizira taka...kako sto kaza i Melanija-se poteknuva od toa sto bile krstevani mazi vo rekata Jordan...toa e ostanato i taka i ke bide
RE: Забрана на жените да се фрлаат по крстот 24.1.2015 13:25:31
lukajana RR
Ako sami ne se izborime za prava nikoj nema da ni gi servira na posluzavnik,ti se vrakas vo nekoe vreme koga zenite ne gi smetale za luge i ne smeele da se mesaat so mazi,a denes e sosema drugo.Ti na odmor vleguvas li vo voda ako ima mazi?A pravilata postojat za da se prekrsat porano adet ako bilo a se kosi so vremeto normalno deka ke se modernizira.Adet bilo i na svekrvata da i bacuvas raka i svekorot da ti dava dozvola da odis kaj tvoite na gosti pa denes nikoj ne go praktikuva
RE: Забрана на жените да се фрлаат по крстот 24.1.2015 14:06:49
sonc90
znaci ne zborime za adet koj lugeto si go izmislile tuku za nesto sto e pisano vo Biblijata...na kraj kraeva toa e moe mislenje,ne gledam zosto mi go osporuvas?jas vo tvoeto mislenje ne se mesam pa veruvam deka i moeto treba nekoj da go ceni...
RE: Забрана на жените да се фрлаат по крстот 24.1.2015 14:31:35
lukajana RR
Форумот е за тоа за да се искажат различните мислења и не знам што те лути секој си има свое мислење.Што би било сите исто да мислат,секогаш ке има некој што ке мисли различно од тебе затоа е дискусијата и во никој случај не докажување кој е во право.Ти реплицирав зашто за мене разлика маж жена не постои и никогаш нема да постои и многу ме нервира таква делба
RE: Забрана на жените да се фрлаат по крстот 24.1.2015 15:57:41
sonc90
ne,daleku od toa-ne se nalutiv...tuku go potencirav istoto sto go kaza,deka sekoj si ima pravo na svoe mislenje...inaku za delbata maz-zena i mene me nervira megjtoa za nekoi raboti bar spored mene opravdano postoi taa delba...kako i da e,dzabe nie zborime koga ke bide kako oni ke kazat..i onaka nie sme vo drzavava marioneti-tie sto se nad nas ni diktiraat sto i kako ke bide a nie samo izvrsuvame dadeni naredbi...taka da dzabe se objasnuvame