|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Зголемен апетит кај детето, проблем или не?
19.5.2013 18:36:10   
AnnaMolly RR
Имаме теми за проблеми со нејадење и слаб апетит, ама има и деца (како моево) кои имаат преголем апетит.

На пример, еве едно мени на Филип од денеска:

Појадок - две цели пржени лепчиња, сирење, полна чаша јогурт
Ужинка - цело јаболко, сок од јаболко, морков, цвекло
Ручек - полна чинија супа со зеленчук, ориз и пилешко месо
Ужинка - цела ќесичка мини 7 дејс, јаболко цело
Вечера - најверојатно бисквити и млеко или палента.

Честопати се случува штом види некој како јаде, да си седне на маса и да си јаде, иако пред 1-2 часа обилно се најал.
Е, сега, јас се обидувам да му ограничам, дури и сме се криеле од него да вечераме ако тој претходно јадел, за да не јаде пак.

Инаку, Филип има 3 години и тежи 17 кила. Мене не ми изгледа за подебел од останатите деца на негова возраст, ама свесна сум дека олку зголемен апетит не е на арно за во иднина, кога ќе потпорасне.

Што мислите во поглед на зголемемиот апетит кај децата и дали тоа е проблем или не?

_____________________________

Live and let live
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Зголемен апетит кај детето, проблем или не?
19.5.2013 18:45:44   
Палешка РР

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR


Честопати се случува штом види некој како јаде, да си седне на маса и да си јаде, иако пред 1-2 часа обилно се најал.
Е, сега, јас се обидувам да му ограничам, дури и сме се криеле од него да вечераме ако тој претходно јадел, за да не јаде пак.

Инаку, Филип има 3 години и тежи 17 кила. Мене не ми изгледа за подебел од останатите деца на негова возраст, ама свесна сум дека олку зголемен апетит не е на арно за во иднина, кога ќе потпорасне.

Што мислите во поглед на зголемемиот апетит кај децата и дали тоа е проблем или не?


Исто е и кај нас AnnaMolly. Колку и да е најадена штом некој јаде таа седнува до него. Посебно бате ако јаде. user posted image
Миа има три години и тешка е 15,5 кила. А не изгледа којзнае колку буцкасто...и апетитлија е ептен!
Јас ја прашав доктор Билјана и рече да не се грижам додека јаде, но да не бидат тоа многу лебови.


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Зголемен апетит кај детето, проблем или не?
19.5.2013 19:11:58   
Mihaela 2010
Ehh na grizite im nema kraj....
Se dodeka visinata i tezinata mu se idealni mislam deka nema potreba da se grizis,vnuk mi za 4 meseci ke polni 3 godini pa ima 15 kg i e visok 96sm,ama dobro mu stojatuser posted image
Nie na primer ne licime ko za 3 godini,M e po sitna za nejzina vozrast ( takov bil tatko i kako dete),pa i jas bev zagrizena ,na toa Nabil mi rece da ne se zamaram bidejki visinata i e soodvetna so tezinata.
Kaj M vo gradinka ima edno devojce koe e visoko 92sm a tesko 23 kg,mozes da zamislis na sto izgleda,pa Nabil da ja vidi direkt na klinika na slabeenje...
Gledaj da ne mu davas mnogu i cesto gricki mi cki,lebovi,kroasani i takvi raboti,povekje zdrava hrana i nema gajle
Pa mene Filip na slikite epten taman mi deluva...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Зголемен апетит кај детето, проблем или не?
19.5.2013 21:02:18   
Maca25
Не ми се верува дека ќе се пријавам на темава. Не знам дали е период, што ли е, или што е дома неделава, ама Н. многу се збуцка за една недела, дури и меше и обравчиња пушти. Кој како јаде и она со него. Пред спиење ми вика: мамо, стомачево ми вика дека не е уште најадено.
Едно време се жалев дека имаме проблем со нејадење, ама оваа недела можам комотно да се пријавам на оваа тема user posted image
Не дека е дебела станата за една недела, ама ако ова продолжи..... додуша не јаде глупости, освен купечки пуканки, се друго што јаде е здраво. Леб 3 дена не пробала, секој појадок и е овошје, мешано како саката или со житарици во вид на каша, ручек манџичка со салата, вечера палента или млеко со житарици, ама еве ја се збуцка. Со мм не можеме да и се изначудиме - има образи user posted image Мислам дека се се должи на неактивност последнава недела, немаше трчање надвор и многу шетање, затоа што беше болна.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Зголемен апетит кај детето, проблем или не?
19.5.2013 21:21:30   
Bethany
Ана Моли, и јас што го видов Ф. на сликите таман си е. Ко што ти пиша другите, нека си јаде детето колку сака, ама ете помалку леб и теста. Не знаете колку сте благословени инаку... Јас со моево... user posted image

Јас пишав тука само наглас да се запрашам и да остане евидентирано ќе се пишам ли (пожалам ) јас некогаш на темава? user posted image
Па после некое време, можеби и години, да се присетам па дај Боже да пишам еден различит апдејт user posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Зголемен апетит кај детето, проблем или не?
19.5.2013 21:47:24   
Mihaela 2010
Maca lele i moevo dete ovoj mesec kaci 1 kg,da prevrtam nesto,tolku sum srekjna i molam boga da potrae da se popraime i nie konecno...
porano nema sansi da otvori usta sega ja ranev se razlapala,pupu da ne ja urocam,valjda periodov im e takov,povekje se nadvor povekje trcaat trosat energija i krkaatuser posted image

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Зголемен апетит кај детето, проблем или не?
19.5.2013 22:41:07   
Pepelaska *
Според мене ако не е со сила , не е страшно.
Нека си јадат децата.
Иако во последно време гледам дечиња со прекумерна тежина сепак се загрижувам понекогаш општо за нивното здравје.

Ние на оваа тема немаме што да кажеме, ако не му дадам јас да јаде мислам никогаш нема да побара, ама ок сме.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Зголемен апетит кај детето, проблем или не?
19.5.2013 22:59:30   
Fiao
Мислам дека воопшто не е проблем зголемениот апетит кај децата, се додека јадат она што е корисно. Во спротивно може да биде и те како голем проблем... Лично познавам детенце кое има само 2 и пол години и е многу дебело, но на редовно мени има чипс и смоки барем еднаш во денот, да не зборувам за составот на останатата храна која ја внесува во текот на денот. Мајката и таткото сметаат дека доколку не му се „тресат“ многу детето ќе било здраво и така одлучиле да му даваат да јаде што треба и што не треба! Тажно!user posted image

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Зголемен апетит кај детето, проблем или не?
19.5.2013 23:01:45   
AnnaMolly RR
Еве конкретно зборувам за деновите кога не оди во градинка. Преку викенд обавезно појадок или вечера му е лепче со нешто, а за ручек никогаш не јаде леб, само манџичка или што и да има со салата. Пресреќна сум во последно време што си јаде салата.
Сметам дека релативно здраво се храни, признавам дека знам понекогаш да забегам и да му дадам виршла, аргета или маргарин... Ама на пример еве сметам дека ако изел две лепчиња за појадок или вечера, ама и салата, јаболче или некое друго овошје во текот на денот, не е многу лошо мени.
А вака реков дека на изглед си е супер, не е дебел, не може да се каже дека е дебел. Само муабетот ми беше дали ако продолжи вака во иднина, ќе стане буцко??? user posted image

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Зголемен апетит кај детето, проблем или не?
19.5.2013 23:03:29   
AnnaMolly RR
и само морам да напоменам дека грицките и чоколадите ги сведовме на минимум, па смоки/соленки јаде еднаш неделно, исто и чоколадо. И тоа само некој на гости ако ни дојде, па му донесе чоколатце. Инаку не му текнува да си побара сам ако не го види.

Препрепресреќна сум што јаде секој ден салата и најмалку едно парче овошје, како и природен сок, домашен.
Ама сепак мислам дека многу јаде user posted image

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Зголемен апетит кај детето, проблем или не?
19.5.2013 23:05:00   
Pepelaska *
Доколку има доволна физичка активност не верувам се додека јаде здраво и не внесува секакви глупости.Тоа повремено сметам дека не е некој проблем и верувам дека на сите ни се случува.
Лошо е кога со сила му се дава на детето додека е многу мало а после само си бара, затоа што желудникот е навикнат на многу храна.
Ова моево дете некогаш знае да го помине денот со јаболка, краставици и суво овошје.Манекен беuser posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Зголемен апетит кај детето, проблем или не?
11.6.2013 11:20:07   
Sanja
И ќерка ми има зголемен апетит, и се грижам бидејки сметам дека тоа е проблем, сега за сега не е многу дебела, но се плашам дека ако продолќи така ќе се здебели. Ако помине еден час а ништо не каснала и си бара: мамо сега што ќе ми дадеш да јадам, мамо мене нешто ми се луча. Се трудам да и давам здрава храна, но се јаде, посебно тоа што не е здраво за јадење, виршли и сувомеснати производи! И ако и речам нема, ме тера да одиме да купиме .... тешко ќе биде, но мора да ја одвикнам од тие лоши навики!

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Зголемен апетит кај детето, проблем или не?
11.6.2013 23:49:52   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: rici

dali da mu zabranuvame da jade, ili da se jade poveke ovosje i zelencuk

Nemozes da go zabranis jadenjeto, moze da jade poveke pati vo denot , po malku.



_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Sanja)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Зголемен апетит кај детето, проблем или не?
7.9.2013 2:16:35   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Како што има деца кои немаат доволно апетит, има и деца со преголем апетит.
Како се справувате или како би се справиле вие со детето доколку забележите дека има голем апетит и постојано сака да јаде?

Да бидеме реални, на дете од 2-3 години не може да му се објасни дека треба да внимава на исхраната и не можете да му објасните зошто не му давате да јаде.


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

На пример апетитот на Филип му е многу зголемен во последно време.
Се случува некои денови многу да јаде. Еве вчера кога дојдовме од градинка изеде едно пржено јајце, виршла, сирење и леб. После 20 минути сам си отиде во кујна и си зеде 2 банани, си ги изеде.
После саат време вика мамо ајде да вечераме. Прво се обидув да му кажам дека многу јадеше, дека ќе го боли стомачето.
Почна да плаче и ми вика „Зошто не ми даваш да јадам, ми се јаде“. Му направив бисквити и млеко и тоа убаво се најаде.
После тоа пак сам си зема смоки јадеше.

Вчера се погоди така ептен нездраво да јаде, а инаку кога ми бара вака на почесто јадење му давам барем овошје или салата.
Се случува кога ќе дојдеме дома да јаде нормално, па после саат време пак вика дека е гладен и му давам овошје, па после млеко пред спиење.




ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

Eh ANnna Molly eve ga mojata situacija,tocno nemoze da mu se objasni deka mora da se vnimava no jas prevzemav I seushte prevzemam merki po toa prashanje.Imeno na taa vozdrast imashe po 4 obroka,dorucek so obavezno jogurt BALANS(toj ni prijashe radi alergijata)ako treba I dve cashki,obavezno ovoshje I toa vo neograniceni kolicini,ednash duri izede I 5 bananiuser posted image no mu dozvoliv,rucekot bez supa so domashni rezanci nepominuvashe I obavezno glaven obrok,posle rucekot cokoladce I toa eden red ili 4 kockicki I do vecera I posle vecera po negovo baranje samo zelencuk,krastavica,morkov,domat il shto vekje uziva.S o taa kolicina na jadenje on sekogash eve I sega na polni 8 godini ma besprekorna tezina!


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Тања Филип има 17,6 кила, висок е 100 сантиметри. Не е дебел, ама покрупен е од другите деца.
Еве како се оброците кај нас (кога не оди во градинка).
Појадок
ужинка (овошје)
Ручек манџа и салата (леб никогаш не јаде со ручек)
ужинка - благо нешто обично
вечера

Вака не се случува секој ден да ми бара повеќе јадење, ама има денови кога едноставно не може да се најаде детево.

Инаку јогурт пие секој ден, не поминува ден без да испие полна чаша јогурт за појадок или вечера. Гледам здраво да јаде, ама некогаш се случува и да јаде виршла, лепче намачкано со путер, пржено лепче и слично. Гледам што повеќе да јаде овошје, макар што е еднолично (јаде само портокали, јаболки и бананани, зимно време мандарини обожава). Сезонски цреши јадеше. Праски, кајсии,сливи, грозје, диња, лубенница не сака ни да види. Ама си викам подобро еднолично овошје отколку воопшто да не јаде овошје.


ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR

Ана Моли а да му даваш и лепче со ручекот за да го држи повеќе? И во овошните ужинки ставај му житарици, само овошје многу кратко држи ситост. Или нека си јаде ама постепено намалувај му од количината. Повеќе пати ама по помалку.
Немам друга идеја, ќерка ми исто јаде на секој саат, т.е јас и нудам ама не јаде количински многу. И додека јаде трча, каснува залче и бега, па доаѓа пак да каснеuser posted image И не може ништо да задржи, не знам од кога стоиме на 10 кг.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Goddess*

Za deca do kaj 11godishna vozrast se preporachuva obrocite da bidat do kaj shest pati(se podrazbira od zdrava ishrana),taka da AnnaMolly,ako samoto dete si bara poveke hrana,davaj mu,nema nikakva shteta.Tie se vo tie godini kade vo otskok na razvoj ,ima periodi koga nekogash poveke nekogash pomalce ke baraat da jadat, decauser posted image



_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Зголемен апетит кај детето, проблем или не?
7.9.2013 13:02:01   
masa
Верувам дека исто како што нејадењето е проблем за родителите,исто е и со зголемениот апетит.Но проблем мислам дека станува ако се нема контрола што и колку се јаде.За помали деца,каде што родителот може да влијае,ако не на количината барем на квалитетот на исхранта нема да биде толку проблем.Но имајте на ум дека се започнува од самото раѓање и од првите оброци,кога и што му се дава на бебето.Мислам дека децата што почнале порано да се дохрануваат со цврста храна и при тоа уште одма им даваат бисквити,леб,кравјо млеко,а понатаму одма се почнува со индустриски преработки преферираат повеќе таква храна и со тоа шансите за вишок кг се поголеми.Секое дете сака брза храна,слатки,грицки,но ако има уз тоа барем два здрави оброка и една ужинка овошје и плус физичка активност нема место за паника

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 15
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?