|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Здрава исхрана:помодарство или ... ?
12.12.2013 13:02:28   
Melanija RR
Одеднаш сите се хранат здраво и имаат совети и рецепти.

Рака на срце има луѓе кои едноставно се просветлиле и решиле нивната исхрана да биде нивен начин на живот па се трудат да се информираат за здравата храна, наоѓаат рецепти,споделуваат .....

Но има и такви кои наводно здраво се хранат и гледаат да бидат во тек па одеднаш здраво се хранат, не јаделе паштети,кифли и сл.
Ова се однесува но возрасните не за децата (има друга тема).

Колку мислите дека здравата ихрана стана мода?Се лажат себеси а не блиските и познаниците?
Дали треба да се ,,напаѓаат,, они кои нездраво се хранат ,посебно од оние ,,помодарските,, дека се е штетно како може да јадат бурек и сендвичи од 7ца?

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 28.11.2014 12:41:48 >


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
12.12.2013 13:18:47   
sandriana RR
Мода, тренд, престиж, тема на муабет за престиж и фалење - да.
Денес сите сме експерти за здрава исхрана, како и за се друго што е тренд - вакцинирање, доење, педијатри, ортопеди, фенг шуи стручњаци...

Секој возрасен е доволно свесен и совесен, а денес и солидно информиран за последиците од лошиот начин на исхрана. Свесен и совесен да знае дека не се живее долго и квалитетно од секојдневно конзумирање на брза храна. Но, и свесен и совесен, дека од 1/4 бурек еднаш седмично или на 2 недели, 1 хамбургер или пица месечно нема да не отрујат.
Освен тоа, здравата исхрана не е само помодарско јадење семки, јајца од село, или не знам какви увезени зеленчуци и овошје, а пушење по кутија цигари на ден и никакво спортување.
Затоа, овој тренд последниве години е помодарство на индивидуалци или одредени општествени групи.

Здравата исхрана е начин и стил на живот, и избор секако, кој се практикува вистински од далеку помал број индивидуи, од оние кои се декларираат дека го практикуваат.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
12.12.2013 13:22:30   
vezilka RR
Абе ни го зема зборот од тастатура, што рече прееска една рр-рајка. И мене така ми се чини, дека стана помодарство некако. Јас секако сметам дека здравата исхрана е половина здравје, и верувам во тоа. И секоја чест на луѓето кои одлучиле дека здраво ќе се хранат. Ми се допаѓа и медиумската преплавеност со препораки за здрава храна, оти белким така ќе се убеди и уште некој да „прејде“ на таа страна. Ама исто како и за секое помодарство, и во оваа работа, има „вистински“ верници, кои си го тераат своето и не се чепатат многу околу тоа, и имаш помодари кои на сет глас сакаат да кажат колку здраво се хранат, и колку другите кои не гоправат тоа се заникаде. Муабетот околку здравата храна најгласен треба да биде дома, каде се создаваат навиките, и во установите каде малите деца се учат на навики.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
12.12.2013 13:24:43   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR


Освен тоа, здравата исхрана не е само помодарско јадење семки, јајца од село, или не знам какви увезени зеленчуци и овошје, а пушење по кутија цигари на ден и никакво спортување.
Затоа, овој тренд последниве години е помодарство на индивидуалци или одредени општествени групи.





user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image Се кажа..

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
12.12.2013 13:29:05   
AneLav RR
Ако мислиш на постарите повозрасните кои решиле тоа да го прават се плашат од смртта па пробуваат на секој анчин да си го продолжат животот. До вчера јаделе чварки и колбаси за доручек , а сега нешто јас не јадам ова, како можете да го јадете она,мислам се претерува ако навистина не постои некоја поголема здравствена причина за тоа. А ако не ти фали ништо и ако си здрав не гледам зошто би го сменил начинот на исхрана и фурање филм „Јас се хранам здраво и подолго же живеам од сите“.Значи какво е поднебјето така треба и човек да се храни. Не можам јас сега да измислувам некои продукти за кои не сум ни чула не сум ги ни видела и да ги јадам затоа што биле здрави, а воопшто не ми се вкусни. Значи на каков вкус си навикнат уште д дте така и ќе продолжиш да се храниш. Можеш да додаваш некои здрави несекојдневни продукти, ама целосно да се префрлиш на здрава храна за мене е филм и знам дека не уживаат тие што ја конзумираат истата. Секоја храна зготвена со љубов и во домашни услови е здрава и се разбира ако имаш со кого да ја споделиш. Се е дозволено ако е умерено.

< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 12.12.2013 13:31:14 >


_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
12.12.2013 13:42:22   
rina13
Секој како милува така ќе се храни, ниту ми се допаѓа тоа напаѓање еј не си нормална јадеш после 18 или леле како можеш да јадеш бел леб бла бла како можеш да пиеш газирано. Почитувам кога некој прави напор да си го доведе начинот на исхрана до совршенство односно балансирана исхрана која вклучува не само храна од растително туку и животински потекло а при тоа внимание посветува и на физичка активност.Но, не мора да му се бодат очи на тој што не се храни на сличен начин или пак да се стави на ѕидот на срамот зашто му е вкусен хамбургер од седмица.
Јас лично не сум гурман, не сум по готвењето, ниту пак по зеленчук и овошје, јадам неколку врсти на храна и тоа е тоа. Знам да се почастам со комбиниран, пица или пита со месо барем мојата девиза е дека треба да си ги слушаме потребите, се е во ред доколку се има контрола на храната која се внесува. Но, тоа не значи дека моето дете ќе јаде она што јас јадам, за неа било зготвено а и понатаму ќе биде разнолична храна која се трудам да биде здрава.
Се согласувам со Сандриана дека не држи вода некој да пропагира здрава храна а 2 кутии цигари на ден ги топи како од шала.
истото го кажувам и за веганството и вегетаријанството, што оние кои одлучиле дали пради мода и која и да е друга причина ги омаловажуваат оние кои конзумираат месни производи нарекувајќи ги убијци, нехумани,сурови, себични. Мислам дека е право време да почнат луѓето да се слушаат себе и своето тело и да прават чекори кон заштита на своето тело во здравствена смисла не затоа што некој таму рекол дека е ин туку чисто поради квалитетот на својот живот, а оние кои ќе изберат тоа да не го направат имаат потполно право на тоа бидејќи нивниот живот го живеат тие сосе ризиците и лагодностите.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
12.12.2013 14:05:06   
Hopeful RR
Супер тема user posted image

Јас сум вегетаријанец од секогаш, ни како бебе не сум јадела месо, едноставно не ми се допаѓа вкусот. Но, тоа никогаш не ми било повод да обвинувам луѓе што јадат месо - кој како сака нека се храни, секој си е одговорен за своето тело.
Вегетаријанци не се хранат нешто многу здраво, затоа што сите претеруваат со сирења и кашкавали, лебови и благо, и до пред неколку години тоа бев и јас. Ај што бев дебела, него почнаа и проблеми со желудник, хеликобактер, гастрит, секоја храна ми пречеше, не можев да спијам од болки... Плус ми направија витамински тест и излезе дека сум нетолерантна на лактоза, и кога ми се поврзаа сите работи, сфатив дека треба да сменам нешто сериозно... Престанав да јадам млечни производи, освен ацидофилен јогурт, престанав да јадам шеќер, ништо пржено, ништо похувано и куп други марифети - поентата ми е, си го сменив комплетно односот кон храната. Од некој што јаде до прејадување, станав некој што јаде со усул, и тоа обични, едноставни јадења, без многу многу потресување. Одма ми се средија болките, се стопив скроз и заедно со сериозно вежбање, си го сменив телото. Сфатив што му одговара на моето тело, и дека ако јадам џанк секој ден се саботирам сама себе... Е сега, ок, понекогаш и си дозволувам да јадам џанк, ама не е страшно, одма се враќам назад user posted image

Муабетот ми е - секој треба да си го следи своето тело, и да се оттргне од потребата и зависноста од одредени вкусови за да може да си го поправи општото здравје. Не се работи за дебелина, туку за дијабетес, притисок, холестерол и слично, па дури и општа кондиција, а се тоа се рефлектира на стари години, или за жал кога веќе е доцна. Јас секако немам намера да терам некого да јаде ова или она. Да, помодарство е, ама и не баш, се работи за реално подигнување на свеста кај луѓето за тоа што и како јадат. И уште повеќе треба да се зборува, затоа што здравјето влегува низ уста, го знаеме сите тоа user posted image

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
12.12.2013 14:41:06   
LoveableMe RR
Широк поим е што е здрава храна а што не. Но секако она што насекаде низ цел свет го пишуваат е дека не треба да се јаде пржено, брза храна, газирани пијалаци, паштети салами сувомесни бидејќи имаат многу консерванси, маргарин никако бидејќи ги уништува крвните садови, не многу месо, рафинирани шеќери помалку и сл.

Не знам дали е помодарство, бидејќи како што и претходно кажавте, некои прават глупости не јадам обва не јадам она, на крај ќе се натрескаат колачи и торти и после здраво се хранат.

Мислам не е на одмет да се јаде од се умерено и да не се претерува и секако да се спортува или рекреира на некаков начин. Позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
12.12.2013 15:03:07   
vezilka RR
Јас под здрава храна подразбирам барем 50-50% однос меѓу зготвена и свежа храна во текот на денот. Се што е драстично различно од ова не го сметам за здрава исхрана, па каков сака да е видот на храната. И за здравата исхрана да има ефект во животот мора да е во склпо на здрав живот, што подразбира здрави навики, физичка активност и сл.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
12.12.2013 21:09:36   
niki
smetam deka postoi potreba da se zboruva za zdrava hrana bidejki ovoj moderniov nacin na zivot se poveke ne oddalecuva od zdravi naviki na zivot, no koj se zboruva za zdrava hrana toa e tek posebna prikazna i koj moment od zivotot ke go odbere za da zboruva za toa e hm
najsvez primer sto mi teknuva e srpskava kvazi pisatelka Isidora Bijelica, ete i nejze ja dostigna nekoj oblik na rak i oddednas od tracara po tok sou emisii stana ekspert za zdrava hrana i magicno go pobedi rakot vo rok od nekolku meseci
tuka negde prikaskata za zdrava hrana mi gubi smisla

inaku smetam deka vo zivotot site otprilika imame nekoi fazi niz koi pominuvame koga e ishranata vo prasanje
koga sme deca ne hranat roditelite i vo najgolem broj slucai se raboti za relativno zdravo hranenje
posle doaga pubertet i buntovnost, osamostojuvanje i letanje vo oblaci koga se misli deka se podobro se znae pa se zastranuva od praviot pat za na istiot da se vratime negde koga ke stigneme do roditelstvo koga glavna cel ni e na potomstvoto koe sme si go stovrile da mu obezbedime sto podobri uslovi, pa togas im se vrakame na onie vrednosti sto sme gi steknale vo roditelskiot dom so mali izmeni i prilagoduvanja zaradi nasiot karakter i vkus
i taka krugot se vrti i moze da izgleda deka najdobrata drugarka koja do vcera se ubivala so hamburgeri sega odednas se folira i sledi nekoj trend, a mozebi i sledi, ima pravo i na toa

no bez ogled na toa dal se sledi ili ne nekoj trend, prodavnicite seuste najmnogu mesto na svoite raftovi imaat za ona sto e dokazano deka e nezdrava hrana, za zal



_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
13.12.2013 12:16:45   
ivoni4ka
Konecno edna normalna tema za pisuvanje na RR, bez strav da pises sto mislis , bez da se plasis deka bides ismejan, omalovazen, provociran ili pak opomenat za baniranje....
Da se vratam na temata: ZDRAVA hrana toa mi stana epten intriganten poim, sto i samata ne mozam da si go objasnam , do kade dojde natasata misla ili pak iluzija da sme fanatici i se plasime od se isesto, ili pak sakame da bideme trendi i dekem sme jadele se zdravo, organsko vakvi seminja, onakvi seminja, koj sostav i koj proizveditel ili slicno. Ne ja razbiram poentata na se to toa, navistina, preteruvame od site strani i samo za da koga ke sedneme na kafe so nekoja prijatelka ili vo igroteka da imame sto da se faleme , lele jas ova go jadam , auuuu ti ova go jades, nemoj toa e kancerogeno, i uste malku ke izleze se e kanecerogeno.
Na toj nacin zaboravame da uzivame vo malite nesto sto zivotot ni gi dava i koi ne pravat srekni, srekata so semejstvoto decata, soprugot, najbliskite, lutamae po dukani za da obezbedeme "zdrava" hrana namesto da go prosetame deteto niz park ili da se opusteme vo nekoja prijatna atmosfera so najbliskite, ama ne mora da se kupi vakvo ovosje, vakvi semki toj zacin, onakva sol, pa neznam da se gotvi na parea, pa so vakov ili onakov zejtin i na krajot rezultat nikakov,
ne Velam da ne se jade zdravo i normalno domasno prigotveno, daleku od toa, tuku da namaleme so tenziite i sprema drugite koi ne se hranat kako nas da ne im go nametnuvame mislenjeto za nasiot nacin na ishrana. nisto nema da se lsuci ako jademe sendvic, tost, pica, urek, panceroti, przeni kompiri so mnogu sol ili slicno, ili mandza so zaprska, edinstveno moze samo malku da se otpisteme i da ne preteruvame, nema da ne proglasat za NAJ NE MAJKA ZA 2013 ili NAJ nE Domakinka za 2013

_____________________________



(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
13.12.2013 12:49:23   
mommy_angels RR
Konecno edna normalna tema za pisuvanje na RR, bez strav da pises sto mislis , bez da se plasis deka bides ismejan, omalovazen, provociran ili pak opomenat za baniranje....

Ивоничка , што е со овој страв во коски ? user posted image user posted image user posted image
Се шалам,никој не е опоменат или баниран без конкретна причина
Да се вратам јас на темата
За жал помодарство стана ова и никој повеќе не се грижи што треба и што сака да јаде,туку што ќе кажат другите ако го изеде тоа.
Еве на пример јас точно знам што не треба да јадам и што му пречи на мојот метаболизам,ама тоа пустото слатко ми е и затоа сум си елегантно ПРЕполнета user posted image .А колку ќе живеам е амо мој проблем,па и не сакам многу да се збрчкам де user posted image
Сериозно не ми пречи ако некој понекогаш јадел свинско,сендвичи ,тестенини итн.Повеќе ми пречи ГМО ,посебно што ни се сервира како нормален дел од развитокот на светот user posted image
Ништо што не е природно,не е ни нормално.Баш вчера имаше некое јавно предавање за тоа и што е најжално предавачот зборуваше во корист на ГМО user posted image
А чварки или слично нешто,природно произведено никого нема да убие ако проба понекогаш.

(Одговор на членот ivoni4ka)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
13.12.2013 13:20:30   
anaana
na denesno vreme jas iskreno ne znam koga ke se kaze zdrava hrana na sto tocno se misli. imame emisii statii za rastenija so cudni iminja koi gi preplavuvaat mediumite, kade se kazuva deka sekoe od niv e revolucionerno rastenie polno so antiosidansi, so vitamini i e lek za se...
lugjevo se lazat i odat go kupuvaat. plakaat visoki sumi za nekoi semki ili ne znam sto. i veke mislam deka seto ova e marketing.
jas sum za zdrava hrana, sakam ovosje, sakam zelencuk. od nikogasne sum jadela soleno zacineto, ne sum jadela majonez senf, i red drugi raboti. ne deka bile nezdravi tuku jas ne gi sakam ne mi se ubavi.
ama vo posledno vreme navistina covek da ne znae sto da kupi, da ne znae koj prozivod e od zdrav pozdrav.
ne smetam deka ako jadam denes burek so jogur za dorucek deka veke vleguvam vo kateogrija na lugje koi se hranat nezdravo. zivotov e malku podinamicen i jas na rabota ne mozam da izdrzam samo so semki ili so ovosje. ima lugje koi mozat i sekoja cest za takvite.
gledam da ne jadam na vecer, ne deka e epten loso, tuku deka mene mi e tesko i ne mozam da zaspijam
imase pred nekoe vreme emisija na tv, jas ne ja gledam ama ja komentiraa koleskive za toa deka na denesno vreme bilo podobro se da vnasuvas preku suplementi. narodski receno kupi si vitamin C, i ne mu ja misli. i tuka imas vitamin C od 50 denari i vitamin C od 500den...
jas ne se slagam so toa. pijam i jas nekogas vitamini, ama ne smetam deka tie treba da mi se zadolzitelen del od ishranava. dodeka mozam da napravam sok od limon ili portokal ne oskjam potreba sekoj den da pijam vitamin C. ova so bitaminov C go zedov kako primer, moze da e i bilo koj drug vitaminski proizvod.
Smetam deka takvite proizvodi kako dodatok vo ishranata se davaat togas koga ili organizmot ima potreba od poveke vitamini ili na bilo koj nacin ne moze da vnesuva opredelen vitamin.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
13.12.2013 13:33:02   
vezilka RR
Ете баш за суплементите и мене мие дилемата. Односно ја немав до скоро мислејќи дека свеж јаболко е секогаш подобро од било кој суплемент. Но, скоро, кога бев на едно предавање за здрава храна, ни кажаа еден пример, (сандриана ќе ме поправи ако утнам нешто) дека со текот на годините и под влијабие на разни фактори продуктите ги губат витамините и другите состојки. Односно едно јаболко во 85 година имало 10гр витамин Ц доволен дневен внос за еден човек, додека денес едно јаболко има три пати помалки количество на витамин Ц, недоволен за дневните потреби. И опцијата е или да изедеме 10 јаболки, кои пак значат покрај 10грама витамин Ц и 10 пати повеќе шеќери и сл, или да надоместиме со суплемент. Ете тука ми се јави дилемата и прашањето ми дали понатамошното паѓање на квалитето на храната ќе не води кон се поголема употреба на суплементи? И дали е тоа иднината на здравата исхрана?

(Одговор на членот anaana)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
13.12.2013 13:35:47   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Ете тука ми се јави дилемата и прашањето ми дали понатамошното паѓање на квалитето на храната ќе не води кон се поголема употреба на суплементи? И дали е тоа иднината на здравата исхрана?


Изгледа ќе голтаме апчиња како роботчиња.....

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
13.12.2013 13:39:38   
vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Ете баш за суплементите и мене мие дилемата. Односно ја немав до скоро мислејќи дека свеж јаболко е секогаш подобро од било кој суплемент. Но, скоро, кога бев на едно предавање за здрава храна, ни кажаа еден пример, (сандриана ќе ме поправи ако утнам нешто) дека со текот на годините и под влијабие на разни фактори продуктите ги губат витамините и другите состојки. Односно едно јаболко во 85 година имало 10гр витамин Ц доволен дневен внос за еден човек, додека денес едно јаболко има три пати помалки количество на витамин Ц, недоволен за дневните потреби. И опцијата е или да изедеме 10 јаболки, кои пак значат покрај 10грама витамин Ц и 10 пати повеќе шеќери и сл, или да надоместиме со суплемент. Ете тука ми се јави дилемата и прашањето ми дали понатамошното паѓање на квалитето на храната ќе не води кон се поголема употреба на суплементи? И дали е тоа иднината на здравата исхрана?



Хе, хе и најглавното забораив да го напишам. И дали и суплементите се еден зрак на тоа помодарство, односно овие теории за неквалитетот на хранаат, се водени по инстинкт за чист бизнис во име на здравјето и здравата исхрана?

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 13.12.2013 13:40:48 >

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
13.12.2013 13:52:14   
anaana
mene mi e najsporno ona sto denes se vika zdrava ishrana i kosta mnogu pari, porano go odgleduvale posiromasnite lugje. moze zabegav so razmisluvanjata.
ama denes da se hranis "zdravo" e skapo. a site znaeme deka od kilo brokula nikoj nema da se najade...
i nekako se si mislam deka e se svrteno na marketing.
caj od brusnica... poskap od drugite caevi... odis go kupuvas i vo nego pisuva caj od hibiskus, i uste nesto i aroma na brusnica. toj e najdolnata klasa na caevi od brusnica koi se najeftini (no sepak poskapi od tie od nane na primer)
naredno nivo imame caj so 20% brusnica... i taka nataka i mozebi se stiga do nekoj 50-60%.. a cenata dostignala veke 200denari sto za caj i ne e eftino
imame kilo susena brusnica 600den... moze li sekoj da si ja dozvoli?
mozebi moze da kupi ednas vo 3 meseci, ama toa e se. ne moze da si ja dozvoli vo sekojdnevnata ishrana. bidejki tie suseni semki ne se hrana.
i red drugi takvi zdravi proizvodi koi kaj nas se prodavaat ekstremno skapo.
istoto vazi i za apcinja - suplementi, kade imas ime, pa cena... sostavot skoro kaj site e ist

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
13.12.2013 13:52:47   
sandriana RR
Суплементите се нужна потреба за зајакнување на ослабен организам, пред и се. Или за организам во специфична состојба, каде има потреба од доплнителен внос на одредени супстанци (бременост, некој синдром, одреден дисбаланс и сл.).
Дека квалитетот на масовно произведената храна е драстично намален - точно, примерот на vezilka е точен. И загрижува оваа тенденција на глобално ниво. А е резултат на ГМО, на употребата на пестициди, и други хемикалии за опстојување на плодовите ви секакви услови.
Но, избалансираната храна е милион пати подобра варијанта од несоодветна исхрана + суплементи.
Сакам да ослабам, па сум на режим за топење масти - внесувам екстра суплемет, за побрз ефект.
Сакам да качам мускулна маса - имам режим на исхрана и внесувам суплемент - за подобар ефект.
Имам намален имунитет - покрај храната, пак суплемент.
И овие варијанти се во ред.
Преживување со суплементи само - не е решение.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 13.12.2013 16:46:57 >


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
13.12.2013 13:58:41   
niki
pa ne znam koja e idninata, no stom hranata i zdravjeto se stanati biznis, ne ni se pisuva dobro
a i planetava e prenaselena pa nekako mora da pocrkame
a dur sme zivi sekoj ke si se trudi na svoj nacin da si gi podobri izgledite ili nema da se trudi voopsto tuku ke si se pomiri so sudbinata
taka nekako

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
14.12.2013 20:16:16   
deluxe
Постов го пишувам по втор патuser posted image првиот неуспешноuser posted image
Кој е мојот став за ова прашање,дали здравата храна денес е помодарство?
Јас ќе се навратам назад кога јас бев дете,и ќе направам една компарација.Значи јас растев во 80тите и 90тите години од минатиот век.Конкретно јас се хранев со домашно зготвена храна,фаст фуд,и грицки беа далеку од видикот.Новогодишните пакетчиња беа единствен извор на нездрава храна(мислам на изобилие од чоколади и грицки).што не е случај со денешниве деца,на кои секој ден им спремаме пакетчиња со купишта грицки и блакца.од тука произлегува акцентирањето на зборот здрава храна.Значи денес буквално ништо не е здраво,па поради тоа се повеќе се стремиме за здрава храна.Мислам дека тоа не е помодарство,тоа е еден штит од западњачката исхрана која се повеќе навлегува во нашите домовиuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
14.12.2013 22:22:18   
Snowhite RR
Подолго време сакав да го искажам мојот став на оваа тема и еве сега овде. Од премногу форсирање на здрава храна јас последно време кога ќе влезам во продавница не знам што да купам и дома фрижидерот го чувам празен, некој ако го види ќе помисли немаме пари да си купиме јадење. Дали некој може да дефинира што е здрава храна, освен овошје и зеленчук и житарки, па не може само со тоа да живееме/ Од премногу читање на интернет дојдов до заклучок дека ништо не е штетно ако се јаде умерено. Само не ми е јасно како сите производи и додатоци што ги користеле нашите баби и мајки и кои ни ги давале, одеднаш не се здрави, штетни се и не треба да се консумираат, а мора да се заменат, на пример, црно брашно, наместо бело, црн леб, наместо бел, маслиново масло, наместо сончогледово, кафеав шеќер наместо бел, балсамико наместо оцет итн, ова се продукти кои јас знам дека дома кај нас секогаш се користеле и не само дома, туку секаде кај и да отидев, кај другарки, кај роднини и со нив сме израснале во здрави личности, а сега ете не се здрави. Јас здрава исхрана ја сфаќам да се ограничи на што помалку солени грицки, торти и колачи, сокови кои содржат емулгатори и адитиви, секако понекогаш може и нив да си ги дозволиме, ама здрава исхрана со незнам ти какви семиња, па нејадење месо и млечни производи, не, не одам до таму

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
14.3.2014 0:47:31   
Defne90 RR
Ајде и јас да пишам моето мислење за така да кажам здравата исхрана.Имаме еден пријател значи до пред една година буквално јадеше секакво месо во неограничени количини.И ете одеднаш му текна дека тој веќе месо во уста нема да става гледам веќе не купуваат обичен алкохолен оцет туку земаат лимонска киселина.Кај нив пржена храна терминот не постои јадат исклучиво печено или варено.Мислам ептен во крајност отидоа.Леб бел не купуваат туку само црн.И велат ете дека се задоволни со тој начин на исхрана и дека воопшто не им недостига месото и другите работи кои ги исфрлија од исхраната.Ете и ние внимаваме на храната дома што ја готвам,секако дека порадо земам зеленчук од фолија од луѓе што ги познавам и што знам дека не ставале никакви пестициди.Но мислам дека да одиш до таа крајност да го исфрлиш секој вид на месо па дури и рибата сепак според мене не е потребно.Па и месото е потребно за да функционира човечкиот организам правилно.И јас внимавам но сепак не до таа мерка.Како што вели сноувајт погоре има толку многу намирници со кои што ние израснавме во здрави и прави личности а сега пак некој ќе каже дека не биле здрави и уште повеќе биле многу штетни.И јас сум на тоа мислење дека се што се јаде во умерени количини не е штетно.Ако ппочнеме да се задлабочуваме во тоа дали еден продукт е здрав или не на крајот ќе излезе дека ништо не е здраво на денешно време,со овие загадувања што ги трпи нашата планета ретко дека може и да постои таков производ.Ама како што реков количината на сето тоа е најбитна,всушност да не претеруваме ни со здравата ни со нездравата храна.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
8.7.2014 12:45:09   
Mila mamicka
Според мене, здравата исхрана не е помодарство, туку половина здравје. Сметам дека во ова време на брза храна, изобилие на грицки и чоколада, и те како треба да внимаваме на исхраната. Здравата исхрана треба да биде секојдневие на секој од нас. Е сега, под здрава храна, не подразбирам исклучување на месото, или пак лебот, или пак броење на секоја калорија што ја внесуваме во нашиот организам, туку тенденција повеќето продукти кои ги внесуваме да бидат свежи, да не консумираме продукти со вештачки бои и ароми, со конзерванси и сл. Искрено, иако многу добро знам како би требало и како би сакала да се хранам, не го практикувам истото, а им се всхитувам на оние луѓе кои имаат таков начин на исхрана. Затоа, гледам на син ми да му створам здрави навики на исхрана, и колку што можам избегнувам да му давам грицки, смоки, чоколади и сл. До кога, ќе видиме... 

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
27.11.2014 10:24:16   
caciana
Zdravata ishrana ja praktikuvam od togas koga stanav svesna kolku se hranam nezdravo.Znaci so denesnoto tempo na zivot I tolku dzank fud,mora DA se prevzeme nesto za da go zacuvame naseto zdravje I zdravjeto na najbliskite.Kako nutricionist potpolno gi poddrzuvam site onie koi Se trudat DA Se hranat zdravo,I Ne gledam na taa rabota kako pomodarstvo.

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Здрава исхрана:помодарство или ... ?
28.11.2014 12:51:53   
Melanija RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13 RR

Почитувам кога некој прави напор да си го доведе начинот на исхрана до совршенство односно балансирана исхрана која вклучува не само храна од растително туку и животински потекло а при тоа внимание посветува и на физичка активност.Но, не мора да му се бодат очи на тој што не се храни на сличен начин или пак да се стави на ѕидот на срамот зашто му е вкусен хамбургер од седмица.


Баш така ,секој со свој памет.Ама не си во тренд ако во твој околина јадат за доручек мусли или житарки.Мене не ми оди сабајле сум гладна и сакам како човек да се најадам.Кој сака нека јаде жито ама нема да му коментирам.

А пак сирова храна неможам да разберам ,знам да промрчам ако не наврдувам
Многу ме нервираат филмови за здрав живот и делење памет

Посебно пак за хранење на деца ау некој случајно да не каже дека јаде чоколадо или нејаде киноа,просо,амарат ...скандал.Тоа е друга тема

Да за мене 70% од тие кои одсега само здраво ќе се хранат наводно е ништо освен помодарство


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?