Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Избираме најубав цртеж во неделата на детето 8.10.2013 13:05:00
Палешка РР
Драги родители
Од 07.10 - 13.10.2013 година во нашата држава се одбележува неделата на детето. Децата од училиштата и градинките се запознаваат со нивните права. Тие се исти за секое дете во целиот свет и не смеат да се забрануваат или на било каков начин попречуваат.
Рингераја како пријател на децата, активно се вклучува во одбележување на детската недела со ставање акцент врз почитувањето на правата на детето.
Ние ќе Ви посветиме посебна страница за промоција на творбата на Вашето дете.
Повикајте ги Вашите пријатели да ја промовираат творбата на Вашето дете со едноставен клик на копчето Like.
Сите деца кои ќе испратат цртеж ќе добијат пофалница, а детето чиј цртеж ќе биде избран добива диплома од Рингераја.мк, која ќе можете да ја симнете од нашата страна.
Да ја избереме најдобрата творба!
Ги очекуваме вашите творби!
< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 8.10.2013 13:07:42 >
RE: Избираме најубав цртеж во неделата на детето 8.10.2013 14:17:53
amateuress
еден предлог (се надевам конструктивен).
наместо да се избира „најдобар“ цртеж, што мислам не е многу педагошки и стимулативно, особено не на таа возраст, да се најде некој друг начин да се промовираат цртежите, на пример да се врамат и да се подарат некаде (детска клиника, градинка, итн). сигурно има и други начини.
се надевам нема да бидам сфатена погрешно, намерата не ми е да критикувам.
RE: Избираме најубав цртеж во неделата на детето 8.10.2013 14:44:42
Палешка РР
Добар предлог amateuress, кој што сака родител може да си го подари цртежот во најблиската градинка. Изборот на најдобар цртеж ќе си остане, затоа што дојде како предлог од група членови на Рингераја.мк до Редакцијата , а ние сметавме дека е многу добар. Се надевам дека ќе се вклучат многу родители и деца
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Избираме најубав цртеж во неделата на детето 8.10.2013 14:46:52
AnnaMolly RR
Целта на ова е да се одбележи симболично детската недела, а не е целта да се одбере најталентираното дете на Рингераја. Целта не е освојување на награда и натпревар, туку едноставно одбележување на неделата и потсетување на правата на децата. А децата нема да учествуваат директно во гласање и да знаат кој „победил“ а кој „изгубил“, па затоа мислам и дека не е непедагошки и нестимулативно.
RE: Избираме најубав цртеж во неделата на детето 8.10.2013 21:17:20
miana
цртежот од мојата керкичка е испратееен..Многу беше срекна кога и кажав дека ке и го испратам на "натпревар".. Не се натпреваруваме за награда. Пофалницата ке ни биде доволна за да бидеме срекни
RE: Избираме најубав цртеж во неделата на детето 10.10.2013 10:24:06
AnnaMolly RR
Прекрасни се ситеееее до една! Ама Филип ја обожава песничката на Тина, еве од сабајле цело време си ја слушаме! И ја препозна без да му кажам која е, вика „Еве го бебето Тина“. Демек па тој голем е, сите други му се бебиња