Palce
|
Здраво мамички...Одамна немам пишано ама редовно ве читам..Се надевам дека некој ќе ми одговори и ќе ми помогне..Мојата ќеркичка сега во ноември ќе полни 3 години..Незнам дали и кај вас се случува истото со вашите деца ама мојава е многу голем инат..И не е толку проблемот инатот колку што е плачењето,незнам веќе што да правам..За секоја ситница плаче и води инат,и ако не е по нејзино моќе и еден саат да плаче и да не престане..Ама не е тоа плачење,туку буквлано дерење до бескрај со доза на лигавење..Може и за најмала глупост да се фати и одма секундарно почнува да плаче и не престанува...Сум пробала и со убаво,со зборење додека плаче,буквално ја молам да престане и никако не престанува да плаче,само она кога ќе посака..Сум пробала и со лошо, да ја карам, еднаш дури и ја плеснав по газето,абе како ништо да не си и направил и да не си и викнал..Пробав и со игнорирање,значи ја оставив да плаче додека не се смири,и плаче ли плаче никако не престанува..Ќе отидам до соба да ја прашам дали престанала и ме брка и продолжува да плаче.Прво ме брка па после вика мамо дојди..Значи буквално полудев..И овие испади на дерење не се случуваат само дома (дома ај некако ќе поминам преку се) туку неколку пати и се случи и надвор и на гости и веќе незнам како да реагирам и што да направам..Помислив и да ја носам на психолог зошто незнам веќе како да се однесувам..Буквално сум очајна,многу очајна..;Многу ми е жал кога плаче,ќе пукнам од мака,ама мора да разбере дека се што сака неможе да добие,буквално дома се однесува како мал тиранин,родителите да се плашат од неа, се плашам да не почне да плаче, да не ја повредам со некој збор,буквално сум под стрес..Значи се е подредено за неа,а таа е размазена до бескрај...Ние сме криви да,јас воопшто не и попуштам и строга сум со неа,исто и татко и..ама за баба и неможам да го кажам истото,да може на глава ќе и се качи,се што сака добива,и после јас кога ќе ја искарам не ме регистрира..неколку пати се спречкавме за тоа со свекрва ми,и ми вика....јас сум ја провоцирала да плаче..Епа не и дозволувам да ми се качи на глава па незнам што да е,и нека си плаче тогаш..Сега ја запишав и во градинка за да свати дека неможе да седи дома со баба и,и уште толку да стане заникаде..Лелее ве молам помогнете ми со некој совет,незнам како да се однесувам веќе и помислив и на психолог да ја носам...Очајна сум :(
|