|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Каков душек да одбереме за дете?
24.3.2013 10:08:22   
Bethany
Со мм размислуваме дека за многу кратко време треба да го префрлиме син ни од бебешко монтажно креветче во детски кревет.
Ај што се уште не сме сигурни за димензиите на креветот, ама најголемо прашање е околу душекот? Со језгро, без језгро, со мемори пена? Оквирот и не е толку битен каков ќе биде, ќе нацртаме, па ќе ни направат највероватно, ама душекот е најбитен.

Ве молам за препораки, искуства па и мислења околу димензии... Не би сакала да му купам кревет со намена да го користи до 18 години. user posted image Значи, сепак помали димензии, ама доволно голем да може да го користи до 7, не знам евентуално 10 години user posted image

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 24.3.2013 10:48:55 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Каков душек да одбереме за дете?
24.3.2013 10:57:22   
Felly RR
А зошто би му купувале со помали димензии, па потоа пак да го менувате? Па и душеците стандард се со должина 190 и 200 со различна ширина. Треба помал по порачка да ви прават. Јас не би купувала помал.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Каков душек да одбереме за дете?
24.3.2013 11:20:23   
Bethany
Би му купиле помал за да биде баш детски, а и во станот сега, поради просторот, помал ни одговара. Понатаму, нормално би земали поголем кревет со душек.

Некаде имам прочитано дека тие со мемори пена биле добри за деца, а тие со језгро не биле препорачливи за дете, не знам зошто...
Од каков сте вие задоволни?

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Каков душек да одбереме за дете?
8.11.2014 10:07:37   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Gardenia

Ние се одлучивме за дрвено креветче,мене такво ми е најубаво,само сакам да прашам ако може да ми предложете од каде да земеме душече,какво е вашето искуство,знам дека треба да биде поцврсто,значи јога ,па каде низ кои продавници да барам.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

Од дормео има убави детски душеци што се анатомски, баш така тврди. Исто и во Енци менци се продаваат само душеци.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Malecka23

Toplo go preporacuvam duseceto od Dormeo.Ima dve strani tvrda i meka ubavi dezeni navlaka sto se vadi i pere vo masina i kako musamce e nepropusta.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

Од дормео има убави детски душеци што се анатомски, баш така тврди. Исто и во Енци менци се продаваат само душеци.






_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Каков душек да одбереме за дете?
8.11.2014 11:25:21   
LoveableMe RR
Пријатели земаа за малата душече од "Бернарда" и многу се задоволни.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Каков душек да одбереме за дете?
11.11.2014 14:31:39   
Ki4iko
Како што иде временто и ние почнавме да се подготвуваме .Душекот од првото дете е стар нели се препорачува на нов да спие секое бебе.Па така стариот душек купен од пред 5 години го заменавме и зедовме нов на фирмата Федербау , ептен е убав и воопшто не е скап.Од истата фирма е и нашиот душек за спланата соба и душекот за синчето од 5 години на единечниот кревет . презадоволни сме.user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Каков душек да одбереме за дете?
11.11.2014 14:46:28   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ki4iko

Како што иде временто и ние почнавме да се подготвуваме .Душекот од првото дете е стар нели се препорачува на нов да спие секое бебе.Па така стариот душек купен од пред 5 години го заменавме и зедовме нов на фирмата Федербау , ептен е убав и воопшто не е скап.Од истата фирма е и нашиот душек за спланата соба и душекот за синчето од 5 години на единечниот кревет . презадоволни сме.user posted image user posted image user posted image


Od kade go zemavte i kolku pari? I koi dimenzii?

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Каков душек да одбереме за дете?
11.11.2014 15:02:39   
Ki4iko
Го порачавме ,фирмата Federbau има застапништво во Тетово мислам, ќе најдете контакт лесно на нет, и бебешкиот душек го плативме 20 евра ,и имаат сопствен пренос до дома,за тоа не плативме ништо user posted image

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Каков душек да одбереме за дете?
11.11.2014 15:05:43   
Bethany
e super, fala za info.
Pa i bas e pristupacna cena :)

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Каков душек да одбереме за дете?
12.1.2016 16:43:12   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bea

Мајки, не знам дали ми е за тука прашањево, ама не најдов соодветна тема - какво душече имате за во креветчето?
Ние сакаме да инвестираме во убаво и квалитетно душече, ѕирнавме јоги бидејќи и самите спиеме на јоги душек и сме презадоволни.
Овој е ако не се лажам 17 цм, со пружини е, не е полнет, обвивката е на патент и се пере, ама е синтетичка не е памучна. И цената е малку машала - 6500 со 15% попуст.
Не сме разгледувале други, па секоја препорака е добредојдена.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Долго време се опседнував со душече, и откако заклучив дека тоа на Дормео ми е прескапо, посебно дека х2, одбрав на Федербау од Тетово, и сум ама неверојатно задоволна. Имаат три модели, јас го одбрав најдебелиот од 20цм, не со федери (за бебе не се препорачува со федери/пружини)), туку со некое специјално полнење, лесен е, а цврст. Сега и за второто креветче купив таков, супер е.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bea

Hopeful, зошто не се препорачуваат?
Јас пак прочитав дека баш душечињата со федери се попрепорачливи за новороденчиња од причина што пружаат подобра потпора наспроти тежината на детето. Оние пак со полнење (сега нормално зависи и од квалитетот на полнењето) знаеле со тек на време да изгубат форма и да се прилагодат на формата и начинот на спиење на детето, наместо да му обезбедат стабилна и цврста поддршка...




ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

Според мене на душек нема штедење (иако моево пола од времето спие на него). Ние имаме Латекс на Кандид француска фирма од Бебеконфорт, презадоволна сум. Ова ни беше препорачано од ортопед. Има памучна навлака која се пере и е таман мек ко што треба. Порано се мислело дека душек за бебе треба да е тврд, сега обратно.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

Ние исто зедовме од Федербау душече. Тврдо си е и прилично дебелко. Се одлучивме за нив зашто ние спиеме на душек од симпо а тие сега прават душеци за Симпо.
Сега ме збунивте. Јас читав по нет секаде дека душечето треба да е тврдо и да може убаво да се проветрува да е не од меморинпена зашто повеќе се затоплува од обичното а на бебето за спиење му треба пониска температура и да не е од сунѓер зашто губи форма. Сега lollaѓе збуни зашто е спротивно на тоа што јас го читав и ми го препорачаа.



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Каков душек да одбереме за дете?
12.1.2016 16:44:06   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bea

Isto i mene... I jas naidov na informacii deka e pofino potvrdo dusece odnosno da dava dobra poddrska na glavnite tocki - vrat, ramena, rbet i kolkovi.
Nie se zaletavme po jogito, zosto otkako go imame za nas bukvalno sme preporodeni. Ne deka dusekot e tvrd, no dava nekako potpora, kako da kazam...ne splasnuva pod tezinata. Zatoa mislev deka i bebi varijanata e dobra.


ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

Се изнапишав и ми отиде постот user posted image

Душеков има мека нота, но не е премек, бебе има 11 месеци и сега се движи по него без проблем (ако ме разбирате што сакам да доловам). Да не се правам паметна, одбиравме по препорака на ортопед од Систина, кој не убеди дека за бебешките коски кои се уште рскавици им требало не тврд душек. Искрено се надевам не згрешивме.

На спална имаме душек од Симпо и тој е малку потврд но не е тврд. Можеби па имаме различна перцепција за твдо/меко.


ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

Да се дополнам, душеков е со огрмоман пропустливост на воздух (имаше со бројки не ми текнува сега) мада се тоа паѓа во вода кога ке ставиш одоздоле водонепропустлив чаршав за првите месеци.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bea

Какво паметување, јас баш заради различни искуства прашав и секое мислење ми е полезно. Баш ќе поминам во bebeconfort, гледам го имаат твојот модел па ќе споредам тврдо/меко. Инаку со цената гледам и тој е околу 6-7.000.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Тврдо и меко се релативни категории, секој различно ги доживува, но и јас знам, по долго истражување, дека за бебе се препорачува тврд душек. Нашите се најдебелите, односно најтврдите, имаат и помеки, но реално душекот не е тврд-тврд, ако ме разбирате, него е совршен (а јас лично сум човек што сака мек душек). Ние спиеме на Дормео со години, сменивме два досега, но овој мислам дека е подобар, да ги најдевме претходно ќе земевме и за нас.

И на моите бебиња сите спиења им се на тие душеци, значи по 14-15 саати во денот/ноќта, и спијат како бубалки. Нема ни трага од деформација или нешто такво. Плус, прилично е лесен, што е предност кога треба да се смени постелнина.

Инаку Беа, ич не се сеќавам каде го прочитав тоа со пружините и не знам зошто не се препорачуваше, само така ми останало... читни на нет, може не сум во право. Мислам дека општо се надминува трендот на душеци со федери, овие новиве се со нови технологии, мемори пена и слично, и сосема поинаку дистрибуираат тежина, штознам.

Во однос на трошокот, и тоа е релативно - по долго размислување, ние одлучивме да не штедиме на следните душеци, односно тие од 3 години нагоре, бидејќи ќе се користат подолго време, а за овие решивме вака. Мислевме дека е компромис, но излезе дека душеците се топ, и би платила и повеќе за нив. Инаку најскапиот душек е 35е.



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Каков душек да одбереме за дете?
12.1.2016 16:45:55   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bea

Дечки фала на секој коментар, зошто навистина мислам дека секоја од вас е посветена мајка и сите го сакаме го сака најдоброто за своите деца.

Поттикната од дискусијава, читнав некои статии синоќа од педијатри, ортопеди, национални институти, околу дилемиве тврдо/меко, пружина/пена -од она што го сретнав, се препорачува душекот да биде накај тврд, од причина што се намалува ризикот од SIDS, има подобра регулација на температурата, подобра циркулација на воздухот и се спречува бебето повторно да го вдишува издишениот CO2.
Овие карактеристики ги овозможуваат и душеците со пена и оние со спирали. Иначе не се федерите застарена технологија, туку се работи за прашање на избор - ваков или таков. И секако е битен квалитетот што го нуди производителот - вентилација, прозрачност, регулација на температура...

Од друга страна кога викаме меко, сигурно тие што имаат "меки" душечиња не се до толку меки да детето пропаѓа во нив или тие што имаат "тврди" се толку тврди да му се деформира главчето на детето од лежење :) Излегува дека нијанси се во прашање.






ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR



Мислам дека разликите во бебешките душеци се минимални, секако нема да ги произведуваат да не се горе-доле во ред. Избери што во моментот ти се чини ок, и терај понатаму, секако се користи само 3 години. И и ти си супер мама in the making, не само ние user posted image



ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko


Bea отприлика и јас на такви информации налетав. И знам дека мемориска пена не с епрепорачуваше баш заради тоа што е мека па во неа може бебето да си го зарие лицето и бидејчи не знае да се сврти може да се загуши. За другите материјали знам дека пак се препорачуваше да се потврди и добро проветрени. На едно место дури и налетав дека се пак најдобри за бееб оние со класични федери, а не со џебно јадро. Секакви информации има тоа е тоа. Бебињата се обично и лесни па нема многу да го деформираат душекот а се користат максимум 3 години. Јас се мислам можеби и порано би го пратиле бебето во своја соба и свој кревет да си спие па би го користеле здравје боже и пократко ова душече. А сосема сум сигурна дека е топ зашто како што кажав ние спиеме на Симпо душек и е прекрасен (додуше овој сега ни е со џебови итн итн, ама во претходнито стан спиевме на обичен од Симпо. Моите потоа купија исто од Федербау обичен и се позадоволни отколку од Јоги-то на Мебло а ги користат паралелно и двата еден во еден град друг во друг).


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bea


Како и да е - јоги го видов, ме бендиса, ќе го видам обавезно и овој на Лола од Бебеконфорт и Федербау - тие и во комшии ми се, па ќе се одлучиме. Битно го стестнивме изборот :)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bea

Ние сепак се одличивме за Симба на Мебло Јоги.
Ги видовме и испипавме сите душечиња и овој некако најмногу ни одговараше.
Се двоумев помеѓу Morphologique на Candide и овој, ама и мм Јоги-то повеќе го бендиса. Креветчето го земавме од Бебесупермаркет, српско некое, се надевам ќе бидеме задоволни :)



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Каков душек да одбереме за дете?
17.1.2016 14:12:01   
Snowhite RR
Сакам еден совет да ви дадам при купување на душек. Бидејќи мојот сопруг работи во конфекција која произведува постелнина и го знае ова, а често продавачите ќе сакаат да ве натераат да купите врз основа на таа информација, а тоа е, кога ќе ви кажат дека душекот има антиалергиско и антивирусно дејство. Со оглед на многуте алергии и вируси кои постојат во денешно време, често пати ќе успеат да ве убедат со ова да го купите душекот, но она што вие треба да го знаете е дека антиалергиското и антивирусното дејство е со рок на употреба, односно трае 6 месеци. Значи после тоа се губи дејството и е обичен душек. Се надевам дека на некој ќе му биде од корист оваа информација

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 13
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?