|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Како ги распределуваме парите?
25.1.2010 13:46:02   
mami
Правите ли список на почетокот на месецот за се она што треба да се купи и после го средувате во согласност со моменталниот буџет или едноставно купувате кога како ке ви дојде, да не речам бесплански?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Како ги распределуваме парите?
25.1.2010 13:47:56   
zami
nemame vreme za spisok, samo trosime, za sreka karticive imaat dozvolen minus user posted image

_____________________________

Allways look on the bright side of life!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Како ги распределуваме парите?
25.1.2010 13:49:16   
lilit
  Кај мене прво се оделуваат пари за кредитот па за Марко и неговите потреби и нормално на крај ако нешто остане за мене и мм.А беспланско трошење е одењето во Тинекс и купувањето се и сешто затоа понекогаш од тамуuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Како ги распределуваме парите?
25.1.2010 13:50:49   
profesorica
правиме список, мора инаку останавме уште на 15ти без пари.

планираме што да тргнеме на страна-тоа од моја плата.а остатокот си го трошам јас за гардероба и фризери.

а на мм цела плата ја планираме.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот lilit)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Како ги распределуваме парите?
25.1.2010 13:55:50   
nadica
прво за надица да има се што и треба, па за кредитот и сметки останатото јас го трошам како стигнам user posted image user posted image user posted image најчесто во пазарење за дома

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Како ги распределуваме парите?
25.1.2010 13:56:56   
jovanka
bez plan nisto ne funkcionira taka da i eden semeen budzet isto taka treba na funkcionira voglavno pravam plan sekojpat vo toj plan ima kako i kaj site nekoi mali otstapki nepredvidlivi raboti (rodendeni,podaroci,dopolnitelni plakanja za uciliste-gradinka...).

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Како ги распределуваме парите?
25.1.2010 14:12:24   
tereza
моја другарка живее само со татко и,двајцата работат и секој месец на листови запишуваат за секој ден посебно колку пари потрошиле и за што.
мене искрено тоа ми е малку претерано,да се лишиш од се. Јас си ги планирам парите за 1 месец што ми треба,а успевам и да си заштедам и досега си имам собрано една убава сума пари,не се луксузирам ама тоа што ми треба си го купувам,одам на кафе,за вечерни излегувања... ако убаво си испланираш не е проблем  

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Како ги распределуваме парите?
25.1.2010 14:15:12   
arh_diz
Nie ne pravime spisok . Koga dobivame plata edna suma odstavame za trosenje a drugata za zacuvuvanje . Ako gi ostavime site ke gi potrosime i uste nema da ni stignat.Parite ne se nikogas dovolni kolku i da gi imas

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Како ги распределуваме парите?
25.1.2010 15:53:19   
penelopa
Најчесто да...планираме што ни е приоритет ако е нешто покрупно...за останатото за дома и за храна најчесто правам список пред да одиме да купуваме...но секогаш има и ненадејни трошоциuser posted image ...гледаме нешто и да заштедимеuser posted image

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Како ги распределуваме парите?
25.1.2010 15:58:09   
vezilka RR
ах мене за планирање при не ме бива, тоа е работа на мажле..тој си праи планови за покрупните ствари што треба да се купи а и за тоа да се тргне нешто на страна..ама џабе му е, на крај месец ја ќе му ги расипам плановите оти веќе сум ја потрошила мојата плата и се гребам кај него..:) 

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Како ги распределуваме парите?
25.1.2010 15:59:35   
Bogdancanka
неправиме баш некои планови,може да планираме за некои поголеми потрошувачки а за ситните работи или за гардероба неправиме план.....user posted image

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Како ги распределуваме парите?
25.1.2010 16:37:26   
pacuvce
Леле јас сум ептен за економично трошење на парите...Да не ме разберете погрешно,секако дека се купува за јадење и пиење,за потребите на децата се што им е потребно.Но исти така секогаш навивам и за штедење...Имам една пријателка која е голема трошаџика и таа секогаш вели дека „Парите не се за виткање сарма„ и дека треба да се троши додека си жив...А јас постојано живеам во некоја мисла што ќе се случи ако ти притребаат пари за не дај Боже,а ти немаш...Па се прашувам што е правилно-Да се штеди или?user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Како ги распределуваме парите?
25.1.2010 17:51:57   
niki
Па не ги распределуваме, плаќаме давачки се што имаме, купуваме што ни треба, си собирам некој црн фонд што не го чепкам ама тој не е стриктно одреден туку зависи од приликите. Список за во супер маркет правам, ама за да не заборавам нешто да купам, а не да одредам однапред колку пари ќе потрошам. Имаме некоја контрола на парите и трошењето но не се служиме со запишување и толку многу планирање.
А дека треба да се штеди треба, децата бргу ќе пораснат со нив и трошоците, а ние си старееме, не се знае колку ќе бидеме способни за 10 години.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Како ги распределуваме парите?
25.1.2010 18:00:01   
ivaelena
Кај нас исто доста се внимава што и како ќе се купи, а да се заштеди од една просечна плата нема шанси! Мислам дека не е битно колку пари имаш, секогаш треба економично да се трошат, а не да се расфлаат.

_____________________________

Животот е она што ни се случува, додека ние кроиме планови.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Како ги распределуваме парите?
25.1.2010 18:04:11   
ripce
Не ги распределуваме парите... една плата на мм, струја, вода, телефони, интернет, кабелска, пазарење за дома, Памперс, млеко и др. потребно за син ми и отиде платата... за мои лични потреби добивам од моите, за гардероба, за факултет... за поголеми работи скоро се обезбедивме комплетно мебел, телевизор, фрижидер, шпорет, перална, туш кабина значи комплетно реновиравме по дома, така да во блиска иднина нема да купуваме ништо поголемо.


< Поракaта ја уредил ripce -- 25.1.2010 18:06:02 >


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот ivaelena)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Како ги распределуваме парите?
25.1.2010 18:13:55   
Bitolcanka
Знам често повеќе да потрошам, за работи што ми се неопходни, значајни, убави... но никогаш не одам преку црвената линија, не сум за луксуз. Треба да се планира, да се штеди за "црни дни", особено сега, во ова време во кое живееме кога тешко се заработуваат парите, а лесно и брзо се трошат.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Како ги распределуваме парите?
25.1.2010 18:19:00   
mother 29
ИЗВОРНА ПОРАКА: zami

nemame vreme za spisok, samo trosime, za sreka karticive imaat dozvolen minus user posted image



isto!

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Како ги распределуваме парите?
25.1.2010 19:01:33   
Sandric
Prvo trgam za smetki i za pazarenje za hrana gore dole a za drugo ako ostane ;)

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Како ги распределуваме парите?
25.1.2010 19:06:14   
Еца
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Па не ги распределуваме, плаќаме давачки се што имаме, купуваме што ни треба, си собирам некој црн фонд што не го чепкам ама тој не е стриктно одреден туку зависи од приликите. Список за во супер маркет правам, ама за да не заборавам нешто да купам, а не да одредам однапред колку пари ќе потрошам. Имаме некоја контрола на парите и трошењето но не се служиме со запишување и толку многу планирање.
А дека треба да се штеди треба, децата бргу ќе пораснат со нив и трошоците, а ние си старееме, не се знае колку ќе бидеме способни за 10 години.


За оваа тема го имаме истото размислувањеuser posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Како ги распределуваме парите?
26.1.2010 0:02:14   
Боцко
прове за кредит и режиски трошоци, а потоа другото по потреба.за супермаркет се прави список за да не се заборави нешто. кога пазарам јас обично имам и предвиден буџет во кој се обидувам да се вклопам. сите напори се насочени кон тоа да го отплатам стамбениот кредит што побрзо, но тоа значи повеќе труд и работа а никао одрекување, особено не од летен одмор. стефан си има црн фонд - заштеда која е ставена на страна и ни под разно не се чепка. кога ќе наполни 18 ќе има барем 10.000 евра ако не и повеќе. а тоа е доволно за некој почеток на кбалитетни студии или друго што ќе му биоде потребно.

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Како ги распределуваме парите?
26.1.2010 9:36:11   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce

Леле јас сум ептен за економично трошење на парите...Да не ме разберете погрешно,секако дека се купува за јадење и пиење,за потребите на децата се што им е потребно.Но исти така секогаш навивам и за штедење...Имам една пријателка која е голема трошаџика и таа секогаш вели дека „Парите не се за виткање сарма„ и дека треба да се троши додека си жив...А јас постојано живеам во некоја мисла што ќе се случи ако ти притребаат пари за не дај Боже,а ти немаш...Па се прашувам што е правилно-Да се штеди или?user posted image user posted image user posted image


ПОТПИС, исто ко јас да сум пишувала

но ќе ти одговорам, сепак штеди си!!! ќе се најдатuser posted image user posted image user posted image јас играм на таа карта.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Како ги распределуваме парите?
26.1.2010 9:54:14   
melody
Kaj nas maz mi e za epten ekonomicno trosenje na parite dodeka jas znam i da potrosam poveke od predvidenotouser posted image Inaku i nie pravime spisok koga pazarime vo super market se so cel da ne se zaboravi nesto zosto odime ednas mesecno i zamislete da pojdeme bez spisok pola od rabotite ke se zaboravat da se kupat.Imame i crn fond koj sto od mesec na mesec se zgolemuva fala mu na bogauser posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Како ги распределуваме парите?
26.1.2010 13:11:44   
Tanja K.
Jas obavezno si pravam spisok za pazarenje,No sekoj pat se kupuva i mnogu poveke od napisanoto.Se razbira tuka se smetkite,karticite,uplatnici od uciliste i pazarenjeto.Bidejki kasnat socijalno so parite,a dokolku se ima drug trosok,na pr,sega na 26.02. imame rodenden na Elena i tuka smetkite sigurno ke bidat skoknati.Ke treba da se obleceme,igroteka,torta i nesto za na masa.A za crn fond,sto e toa????????user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот melody)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Како ги распределуваме парите?
26.1.2010 22:57:00   
Izabella
Koga ke mi tekne kolku pari trosev porano na garderoba ziva se jadam...sega nekako poveke si gi cenam parite, se mi se cini premnogu skapo...pocnav samo na popusti da kupuvam, ama zatoa pa zastedata pocna da mi se zgolemuva. Iako nemam pravo da diskutiram na temava posto sum uste bez familija, ama najverojatno deka togas uste na pocetok na mesecot bi pravela raspredelba na parite

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Како ги распределуваме парите?
26.1.2010 23:09:15   
Anushka
Парите не се штедат, парите се заработуваат.

(Одговор на членот Izabella)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?