|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Како на детето да му ја објасниме смртта?
6.10.2010 11:00:36   
Martins mom
На кој начин би му кажале на детето за смртта на некој ваш драг човек со кој детето било многу блиско?

< Поракaта ја уредил nadica -- 7.10.2010 0:34:33 >


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
Непосредна врска до пораките: 1
   Како на детето да му ја објасниме смртта?
6.10.2010 11:23:02   
Anushka
- ако детенцето многу мало - нема потреба било што да се објаснува. Едноставно ако и го побара драгото лице, му се кажува дека  ххх не е тука, дека е на пат и дека долго нема да се врати.
- ако е поголемо дете (4-8 год.) се носи на гробот на саканото лице и му се кажува дека од сега па натаму, ххх тука спие и дека кога се буди понекогаш, гледа горе од небото и од таму го чува детето.
Детето секако ќе плаче, што е нормано, ама со тек на време ќе го прифати сето ова по еден природен, нормален пат. Постепено сфаќа што значи смртта, особено ако во меѓувреме му умре милениче, приказната му станува се` пореална... 

< Поракaта ја уредил nadica -- 7.10.2010 0:35:07 >

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 2
   Како на детето да му ја објасниме смртта?
6.10.2010 11:24:35   
Glück90
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

- ако детенцето многу мало - нема потреба било што да се објаснува. Едноставно ако и го побара драгото лице, му се кажува дека  ххх не е тука, дека е на пат и дека долго нема да се врати.
- ако е поголемо дете (4-8 год.) се носи на гробот на саканото лице и му се кажува дека од сега па натаму, ххх тука спие и дека кога се буди понекогаш, гледа горе од небото и од таму го чува детето.
Детето секако ќе плаче, што е нормано, ама со тек на време ќе го прифати сето ова по еден природен, нормален пат. Постепено сфаќа што значи смртта, особено ако во меѓувреме му умре милениче, приказната му станува се` пореална... 

bas vaka

< Поракaта ја уредил nadica -- 7.10.2010 0:35:27 >


_____________________________

When you focus on problems, you will have more problems. When you focus on possibilities, you will have more opportunities. Dream. Wish. Make it happen.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 3
   Како на детето да му ја објасниме смртта?
6.10.2010 11:38:36   
nadica
кога надица беше помала од 1 година умре на мм дедо му а по кратко време (7-8месеци) умре и баба му и на надица и објаснував дека дедо и баба повеќе не живеат во таа куќа дека сега живеат на другото место (гробиштата) и одсега па натаму таму ќе им одиме на посета и таму ќе им носиме цвеќе и понуда
го прифати лесно и на секое одење на гробишта таа се радува како да ќе оди на гости и им зборува
според мене кажувањето на вистината во малку поизменето издание е најдобро и најбезболно

< Поракaта ја уредил nadica -- 7.10.2010 0:35:45 >


_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Glück90)
Непосредна врска до пораките: 4
   Како на детето да му ја објасниме смртта?
6.10.2010 11:44:01   
Anushka
всушност, на поголемо дете (а и нам, Бога ми) многу е потешко да се објасни смртта...
П.С.: дали мислите дека можеби насловот на темата е малку двосмислен? Темата е супер, може да ја преправиме во
Како на детето да му ја објасниме смртта?“
А, што викаш Мартинс мам?

< Поракaта ја уредил nadica -- 7.10.2010 0:36:02 >

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 5
   Како на детето да му ја објасниме смртта?
6.10.2010 14:05:13   
amelbebe
mnogu e podobro da mu ja kazete vistinata na deteto deka toj covek go nema se preselil na grobista  deka ke mu se odi na poset_anemojte da gilazete decata deka se na pat i ke se vratat bidejki toa dete ke gi ceka da se vratat,mene mi rekoa deka se na pat a imav 6 god  i stalno prasuvav koga ke se vratat,posle edna nedela koga doznav deka zaginaa toa bese bolna vistina za mene i toa ne mi ja kazaa ,jas gi naslusnav koga zborea i placea a toa e trauma za sekoe dete da izgubi nekoj blizok

< Поракaта ја уредил nadica -- 7.10.2010 0:36:18 >

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 6
   Како на детето да му ја објасниме смртта?
6.10.2010 14:11:43   
Maca25
јас искрено мислам дека насловот треба да се смени, затоа што кога го прочитав одма помислив на нешто друго.

инаку пред 6 месеци почина баба ми. нина ја обожаваше баба ми. иако беше многу мала секој пат кога ќе отидевме кај моите одма одеше кај баба ми во соба и ја бараше. сеуште го прави тоа. застанува пред врата и вика: баба тина мема (нема). јас и реков дека баба веќе не живее тука и дека сега е на небото. не знам дали згрешив што и реков дека е на небото, ама во моментот не знаев што друго да и кажам. сега кога и да се спомне небо нина одма крева глава нагоре и и дава бакнеж на баба тина.

< Поракaта ја уредил nadica -- 7.10.2010 0:36:35 >


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 7
   Како на детето да му ја објасниме смртта?
6.10.2010 14:17:47   
amelbebe
maca 25 mnogu ubavo si kazala,za da si znae deteto

< Поракaта ја уредил nadica -- 7.10.2010 0:37:13 >

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 8
   Како на детето да му ја објасниме смртта?
6.10.2010 14:25:10   
lukas
јас и реков дека баба веќе не живее тука и дека сега е на небото. не знам дали згрешив што и реков дека е на небото, ама во моментот не знаев што друго да и кажам. сега кога и да се спомне небо нина одма крева глава нагоре и и дава бакнеж на баба тина.


bas dobro si rekla ne si zgresila prema mene kolku e ubavo sto pusta baknez za baba tina,sestra mi isto na vnukami za dedo i i rece deka e kaj dedo boze,i deka dedo sega e vo lajot(rajot)i ne gleda site nas,i koga nekoj ke ja prasa kaj e dedo ?(mislejki na drugiot dedo )taa prasuva koj dedo ?dedo bale ili dedo goce?dedo goce e doma,a dedo bale e kaj dedo boze vo lajot(rajot)..mislam deka ova e najuubaviot nacin da mu se kazi na dete prema mene...maca25 me naezi so prikaznata pusta baknezi za baba tina,dusicka...user posted image

< Поракaта ја уредил nadica -- 7.10.2010 0:37:34 >


_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 9
   Како на детето да му ја објасниме смртта?
6.10.2010 14:45:39   
AnnaMolly RR
Леле златна Нина! user posted image Што не ќе им текне на малите мозочиња.

< Поракaта ја уредил nadica -- 7.10.2010 0:37:55 >


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 10
   Како на детето да му ја објасниме смртта?
6.10.2010 14:56:04   
Maca25
над креветчето и имаме залепено лепенки што светат со облачиња, сонциња, ѕвезди, комети и сл. и нина не ги ни приметува иако 100 пати и имам кажано дека тоа е небо и навачер свети. ама кога ќе ја спомнам баба ми, одма трча таму и дава бакнеж. абе срцка, да ја јадеш. 

< Поракaта ја уредил nadica -- 7.10.2010 0:38:13 >


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   Како на детето да му ја објасниме смртта?
6.10.2010 15:31:07   
Anushka
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image  за Маца и Лукас....
Моите деца се големи, а баба им и дедо им се починати. Помен не правиме, но за нивните денови на раѓање, редовно одиме ние тријца на нивниот гроб, носиме цвеќе и си поседуиваме подолго. Секој од нив кажува се` што му лежи на душа и што се случило во меѓувреме (прв бакнеж, прва „корпа“, кое школо, оценка, прва цигара... а бе се`). Така ќе се изназбориме, олесниме - исто како вие што пишувате, како да сме им биле на гости.

< Поракaта ја уредил nadica -- 7.10.2010 0:38:35 >

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 12
   Како на детето да му ја објасниме смртта?
6.10.2010 16:49:53   
Snowhite RR
И јас мислам да се смени насловот на темата зошто и јас помисли на друго.
И јас сметам, да не се повторувам, зависи од возраста на детето, но да се кажува вистината, малку изменета за да можат да сфатат и да не прашуваат повеќе, така и нас ќе не поштедат од понатамошно објаснување на тој посекако немил настан

< Поракaта ја уредил nadica -- 7.10.2010 0:40:54 >


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   Како на детето да му ја објасниме смртта?
6.10.2010 17:23:47   
Martins mom
no problem...може да се промени насловот на тематаuser posted image

< Поракaта ја уредил nadica -- 7.10.2010 0:41:09 >


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   Како на детето да му ја објасниме смртта?
6.10.2010 17:56:37   
maripoza
кога почина мајка ми бев дете тогаш имав 8 години не мораше никој да ми објаснува знаев точно што се случува. додека на тие што се помали им велиме дека најблискиот веќе не е со нас отишол да живее на небото кај дедо боже..

< Поракaта ја уредил nadica -- 7.10.2010 0:41:47 >


_____________________________

понекогаш добро е кога ке го послушаш срцето...дозволи тоа да ти каже.....

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Како на детето да му ја објасниме смртта?
28.10.2012 0:12:16   
Felly RR
А како објаснувате кога ќе ве прашаат - Зошто заминал на небото... Зошто веќе не живее тука?
М откако потпорасна, знае кои ми се мене мајка и татко, а на мм татко му е починат и неколку пати го има прашано - Тато, тебе кој ти е татко? Тој не се снашол да и објасни, а и јас не знам како да и објаснам зошто тој заминал на небото.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот maripoza)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Како на детето да му ја објасниме смртта?
28.10.2012 9:53:21   
Maca25
Н. ме нема прашано зошто заминала нејзината прабаба на небото, само ме прашува каде е и редовно и праќа бакнежи на небото. А не знам што би и рекла ако ме праша зошто.
Баба ми кога почина Н. беше уште мала, не беше уште во `зошто?` фазата и секогаш кога ќе отидевме кај моите ја бараше нејзината `стала баба тина`. може цела година откако баба ми почина Н. прво гледаше дека ја нема во дневна, па одеше во нејзината соба, па и таму ќе видеше дека ја нема и одма погледнуваше нагоре и праќаше бакнеж на баба на небото. Ептен си се сакаа.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Како на детето да му ја објасниме смртта?
28.10.2012 22:39:13   
Maria
Леле јас каков проблем проблем си имам на оваа темаuser posted image .Илија го прашал дедо му (на мм татко),каде е неговата мајка и овој фино лепо му кажал дека остарела и потоа починала...баш со овие зборовиuser posted image И сега секогаш кога ќе настане дискусија, на тема растење, му се насолозуваат очите и ми вели: Мамо јас несакам да пораснам,зошто ти и тато ќе остарите и потоа ќе умрете user posted image и почнува да плачеuser posted image .Многупати се обидувам да му објаснам на различни начини,но попусто ...user posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Како на детето да му ја објасниме смртта?
28.10.2012 23:16:25   
sitalia
I jas na kerka mi i objasnuvam realno kako sto e navistina deka site ke ostareme i ke se najdeme najverojatno na neboto i daj boze da se odi po red, no i taa sekogas place odnosno se voznemiruva. Poveke za baba i i dedo i no toa e mislam deka mora od sega da znae kako e navistina da ne i dojde epten sok ponataka. Inaku i nie maftame po oblacite i si zborime so dedo mi i vujko mi.

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Како на детето да му ја објасниме смртта?
3.1.2013 14:20:01   
Лазар
Интересна статија на слична тематика...

Трагедијата во државата Конектикат во која психички нестабилен маж, застрела 26 лица, од кои 20 деца, го потресе не само САД, туку и целиот свет, а коментарите околу инцидентот сеуште се шират низ медиумите.
Веројатно и децата во Македонија слушнале за оваа немила случка и имаат свои прашања и стравови. Во САД, психолозите кои работеле со траумираните од престрелката, предложија неколку совети на родителите,за тоа како да пристапат кон прашњата на децата. Ова се неколку од нив, обајвени во Huffington Post:
- Ако не сте сигурни дека вашето дете знае се за трагедијата, почекајте тоа прво да каже нешто. Некои деца гледаат појасно на светот што ги опкружува, за разлика од други. Експертите предупредуваат да се намали достапот на децата до медиумите-телевизија, компјутер и сл.
- Ако сепак детето ве праша што се случувало тој ден,обајснете му едноставно и во зависност од неговата возраст, дека такви работи се нарекуваат трагедија, зошто се случуваат многу ретко и неочекувано. Дури детето да не изгледа уплашено или неспокојно,важно е кога му раскажувате да го уверите дека тоа е безбедно. Понекогаш децата информациите од медиумите ги трауматизираат.
- Некои деца може да бидат многу уплашени и тажни. Во таков случај е добро да го насочите вниманието на детето на некоја активност, некој проект како цртање на омилените јунаци од приказните, пишување на приказни и сл.
- Добро е да му кажете дека и на вас ви е тешко од ситуацијата. Тоа ги прифаќа сигналите од вас, сепак внимавајте да не бидете хистерични пред него, за да не предизвикате иста реакција и во него. Внимавајте на знаците на стрес или траума, како нарушен сон или повлеченост. Психолозите предупредуваат, дека колку помали можности да се изразат со зборови имаат луѓето, толку почесто тие се изразуваат психички. Повеќе деца на 4 или 5 години немаат можност да се изразат јасно со зборови и можат да користат други начини.
И сепак, направете се што можете за да поминувате повеќе време со вашето семејство. Треагедии како оваа, не потсетуваат дека перењето алишта, непотребното седење пред компјутер, долгите телефонски разговори и слично, можат да почекаат. Вниманието, љубовта и чувството за безбедност се скапоцени за децата кога се уплашени.
Неколку чекори кои ќе ги смират децата:
1. Прашајте ги што точно слушнале, ако мислите дека вашето дете слушнало за стрелањето, разберете што точно знае,за да можете да ги разоткриете непотребните гласини и преувеличувањето.
2. Објаснете дека децата и учителите кои загинале,не направиле ништо лошо-децата знаат дека лошите дела се казнуваат. Важно е да објасните дека трагедијата е дело на еден многу болен човек, а не казна.
3. Раскажете му на детето дека во средината во која расте сите се грижат за неговата безбедност. Објаснете дека добро ги познавате неговите учители, а тие внимаваат во училиштето да не влегуваат непознати луѓе. Освен тоа, училиштата прават тревога, за да можат сите де се подготвени адекватно да реагираат ако се појави некој проблем.
4. Колку и прашања да ви постават децата, важно е да водите отворен разговор и да знаат дека може да ве прашуваат се што ќе посакаат.
5. Не оставајте го телевизорот вклучен. Откако сте завршиле со разговорот околу трагедијата, внимавајте детето да не гледа и слуша вести кои се шират на тв екраните или компјутерите. Тие можат да го растројат, а некои од нив и да не бидат точни.

Извор: cOoLTuRa

< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 3.1.2013 14:29:55 >

(Одговор на членот sitalia)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Како на детето да му ја објасниме смртта?
3.1.2013 14:24:29   
Pepelaska *
Како прво, Добредојде на Рингераја Лазар, се надевам дека ќе не дружиш и ќе си поминуваш убаво со нас.
Според правилата на Рингераја поставување на линкови од други сајтови се забранети затоа твојот пост ќе биде уреден.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Лазар)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Како на детето да му ја објасниме смртта?
6.1.2013 23:14:40   
ivemace
Prv pat go odnesovme M da ja vidi mojata mama na negovi 2god, i sleduvaa milion prasanja: zasto e na slika? ne mozam pipnam? kaj e toa gore?... uff mn loso cuvstvo. Mm probuva da mu objasni, ama dete ko dete user posted image

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Како на детето да му ја објасниме смртта?
26.1.2013 9:36:17   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: T@TE

Zdravo drustvo, jas sum nov clen na forumot i mnogu mi se dopaga i resiv da vi se pridruzam bidejki gledam deka dobro se druzite, delite korisni soveti i resavate mnogu privatni problemi. potrebna mi e i mene vasata pomos. Pred eden mesec nenadejno pocina mojata majka. imam 4 godisna kerka i seuste ne sum i kazal za smrtta na majka mi neznam kako i dali ke me razbere...inace kerka mi mnogu bese privrzana so majka mi i postojano ja bara a jas vednas i ja menjam temata i taka terame 1-mesec. Bi sakal da slusnam vas sovet vase mislenje na koj nacin i vo koe vreme da i kazam za smrtta na baba i. Blagoaram odnapred



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот ivemace)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Како на детето да му ја објасниме смртта?
26.1.2013 9:50:50   
arh_diz
T@TE trebalo da i kazes vednas na kerkickata,duri i da ja odneses da ja vidi posleden pat majka ti ne e toa nisto strasno.Netreba da kries od nejze ili da ja lazes , bidejki taa ke mora da ja doznae vistinata.Poleka sedni ja i kazi i, deka baba i ja nema veke megu zivite.

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Како на детето да му ја објасниме смртта?
26.1.2013 11:38:42   
Maca25
т@те не сте требале да криете од детето. едноставно кажете му дека баба е сега на небото и нека и прати бакнеж. пак кога ќе праша пак кажи му го истото.
се сеќавам дедо ми кога почина, тетка ми не му кажа на братучед ми дека дедо му починал и дозна после неколку месеци. Тоа беше траума за него поголема, затоа што не успеал ни да се поздрави со дедо му и затоа што со месеци сите го лажеле и му кажувале проказни. Добро ние имавме околу 10 години тогаш, не бевме баш мали.
Ама мислам дека треба како и за сите други работи кои ги прашува детето, така и за оваа да се одговара искрено и да се објасни убаво. без лажење, без криење.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?