|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Кое место и на што да обратите внимание
30.7.2009 11:08:51   
mami
Ајде овде пренесете ги своите искуства. работи од типот на - Бев во Охрид, смештајот е толку, цените на пазарот толку, цените по плажите толку, превозот толку и слични информации кои би им помогнале на нашите членови полесно да изберат дестинација за одмор или викенд
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
30.7.2009 11:16:53   
Tanja K.
i dali ima nekoj tel.za nekoj smestaj za vikendov vo ohrid.Za apartman ama ne vo gradot tuku pestali,lagadin,znaci nakaj plazite.Sakame da odime utre za praznikot za sme tamu,ama jas na 1.8 vlagam vo 9mesec i bez najden smestaj ne trgame.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
30.7.2009 11:21:35   
Julie1
Тања еве број од една моја пријателка Љупка, работи во агенција, само престави се дека Јулијана ти го дала бројот и ќе ти најде сместување какво сакаш: 070 720 - 801

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
30.7.2009 11:25:39   
Tanja K.
Blagodaram Julie odnapred.user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
4.8.2009 15:16:07   
mami
Наташа ај пиши тука какво е сместувањето во Дојран, како се цените, пазарче, ова она...плажата како е сега? јас не сум била 100 години и баш ми се оди, па да имам некои основни информации

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
4.8.2009 15:25:47   
natasha
smestuvanje se dvizi od 250-3000den,se razbira toa e za hotelite,nie bevme vo privaten smestaj plakavme 300den na den,samo ne znam zoso i za Luka,znaci ni se fati 900den na den,Odevme na gradskata plaza koja e sega malku posredena,ima ubav pesok,mnogu algi vo vodata,koja za zal e mn necista,ama mn topla,za decata vo vecernite casovi ima luna park,tezgi i pazarce koe raboti do 24h,cenite se kako kaj nas,noken zivot i nema neso posebno,edem kafic so ziva svirka i toa,mn komarci,obavezno autan i rajd,vo princip e ubavo,ama za nas vozrasnite dosadno.Nie bevme vo star Dojran,na samiot vlez ima info turisticki centar kade sto mozes da se informiras za smestuvanje

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
4.8.2009 15:27:54   
natasha
ako sakas mozam da ti dadam br od kaj zenata kaj o bevme nie smesteni

(Одговор на членот natasha)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
4.8.2009 15:31:10   
mami
да да моментот комарци и нечиста вода го памтам од пред 10-12 години кога бев последен пат, знам од тој аспект што не чека,ама и знам дека на Лука ке му биде супер во топла вода,а за нокен живот па нашиот се сведува на тоа да му е интересно на Лука а нас кој не ферма, ние ке си правиме бурен нокен живот откако ке заспиеuser posted image user posted image user posted image пиши ми го бројчето во пп па ако одлучиме да одиме ке се јавам обавезно. А сместување таму ако бараш? како во Охрид што киснат на автобуска, исто е?

(Одговор на членот natasha)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
4.8.2009 15:35:32   
natasha
nie slucajno edna zena ne srtena i taka da lesno i brzo se smestivme,znaci vo samoit vlez na Star Dojran imas info turisticki centar i od tamu dobivas informacii za smestuvanje,da stane mm od nankanje pa ke ti go isparatam telefonceto

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
4.8.2009 15:39:14   
mami
супер, фала...

(Одговор на членот natasha)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
4.8.2009 15:42:24   
mami
Дојран како во златните времиња user posted image Васко МАРКОВСКИ   „Водата е живот“. Ова е првата порака што ќе ве пречека на крајпатните табли уште на влезот на Нов и на Стар Дојран. Ако подолго време не сте ги посетиле, уште веднаш ќе можете да го почувствувате тоа. Ривиерата е живната, улиците се исполнети со минувачи, а туристичките работници, како што велат и официјалните податоци, веќе ги тријат рацете. Кого и да прашате, ќе ви рече дека еколошките црни денови поминале, се враќа водата во езерото, а со неа се враќа и животот во градот.   Пријатно добредојде   Веднаш ќе почувствувате ведрина, уште со првиот чекор по асфалтот, но не можете веднаш да сфатите што е тоа што ве исполнува со пријатни чувства. Нешто како да лебди во воздухот, покрај брегот, на шеталиштето, или по главната улица, додека ги набљудувате убаво уредените дворови, и доминантната розова боја на расцунетните леандри. Погледот ви се спушта и кон автомобилите, сакајќи да видите од каде се се дојдени туристи. Меѓу регистарските таблички ќе забележите велешки, кумановски, скопски, гостиварски, штипски, па дури и охридски. И, не е случајно.
- Овде сум две недели и ако можам да одложам некои обврски ќе останам до 15 септември. Како ни е погодено, не ми се оди во Скопје. Кога ќе ми текне само колку е таму се забрзано, натуткано, не ми се враќа назад. Видете колку е мирно, тивко, слушаш инсекти, гледаш птици, водата е одлична за „бањање“. Одлично!
Не беше тешко да се увериме во зборовите на скопјанката Софија Граматикова, кога се обиде да ни пренесе дел од нејзиното секојдневие во Стар Дојран, каде што, заедно со нејзината сестра Ана и со неколку другарки, секоја година престојуваат во куќата на нивните предци, членови на една од најстарите дојрански фамилии.
- Градот почна да се полни пред недела-две, кога почна да пристигнуваат поголем бран туристи, но најголемиот бран се очекува во август - ни раскажа Софија.
Таа ни ја откри тајната зошто токму тогаш и зошто дури и од Охрид, каде што има поголемо езеро, луѓето доаѓаат во Дојран.   Лековитиот цут на алгите   - Август е идеално време за одмор во Дојран. Тогаш водата е најтопла и тогаш почнуваат да цутат алгите. Од нив испарува јод, што е одличен лек за подобрување на имунитетот, за лекување настинки и проблеми со дишењето, и токму поради тоа најголемиот дел од гостите се семејни луѓе со мали деца - раскажува Софија.
Покрај лековитоста на алгите, дојрани ќе ви кажат и за лековитото дејство на калта од езерото, за лекување на проблеми на коскено-мускулниот систем. На многу места на плажите ќе видите луѓе како „се печат на сонцето“ премачкани со кал.
- Убаво е за децата. До пред некоја година, преку цела година кашлаа, настинуваа, но откако се врати водата во езерото, откако почнавме да доаѓаме, имунитетот им е подобар. Можеби плажите не изгледаат убаво како охридските, но ниедно друго езеро не може да ви го даде ова - вели една скопјанка, која заедно со сопругот втора година летува во Дојран.
Сместени се во приватна соба и плаќаат по 250 денари од кревет за ноќевање. Велат она што го добиваат не е од врвен квалитет, но не можат многу ни да се пожалат
- Плажите се уредени, има туш-кабини и кабини за пресоблекување, во близина има каде да се пазари - раскажува таа.   Палачинки на полноќ   На Градската плажа го сретнавме и скопјанецот Стево, кој дошол на десетдневен одмор со неговата пријателка.
- Плаќам 300 денари, за соба блиску до автобуската станица. Задоволен сум од сместувањето и ми се допаѓа што ми е се тука, блиску. Има во близина и ресторани и клубови за младите, градската плажа е веднаш тука. Убаво е - ни раскажа Стево.
Вели дека е задоволен од понудата и од цените на рестораните и на кафулињата.
- Со 500 денари двајца можат да ручаат во еден од најдобрите ресторани во Дојран, со предјадење, а за околу 600 денари можете да ручате дојранска риба - раскажува тој.
Веќе е минато времето кога во градот немаше каде да ги купиш и основните дневни артикли, велат нашите домаќинки Софија и Ана Граматикови.
- Откако се врати водата, се е поинаку, живнато. Има луѓе на плажите, се инвестира во нови апартмани, хотели, казина. Може да ви звучи неверојатно, рестораните не можат да си најдат персонал. Младите се ангажирани, главно во грчките казина, каде што се добро платени и нема кој да работи на другите места - раскажува Ана Граматикова.
Веќе, како што вели, има одлични клубови и кафулиња, во кои можете по неверојатни ниски цени да ја поминете вечерта.
Сега има места, во кои можеш и во 12 часот на полноќ да порачаш палачинки и да те послужат - вели таа, повторно додавајќи дека Дојран е идеално место за одмор за луѓе што сакаат вистински да се одморат, да се тргнат од урбаното живеење, од вревата што ја прави сообраќајот и од забрзаниот живот.  
Сместување од 250 до 1.000 денари   Цените за ноќевање се движат од 250 до 300 денари за кревет во приватно сместување, а пансионите се движат од 900 до 1.200 денари. Во моментов посетеноста е 3.000 до 4.000 луѓе, колку што е и капацитетот на градот - вели Бранко Георгиев од Туристичкото-информативно биро на општина Дојран.
Капацитетот на општината е околу 2.000 легла во приватно сместување, 1.500 за сместување во работничките одморалишта и околу 600 легла во комерцијалните хотели. По цена од 1.000 денари можат да се изнајмат и луксузни апартмани во приватни вили, опремени со фрижидер, клима-уред и со веце.
извор- весник Шпиц

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
11.8.2009 22:56:44   
mis.
Ние за 2 Август бевме за Дојран и можам да кажам дека се потрудиле да средат гратската плажа во Стар дојран со чадори,тушеви,песок,гардароби но водата е гнасна и јас ни под разно не би влегла внатре а за децата не ни помислувам да ги бањам.Може само да се сончаме.Ние за празнокот бевме само за шетање и немавме намера да се бањаме а и не сум згрешила што не одлеков купаќи.
Јас би го препорачала Крани на Преспанско езеро.Има вили 1000-1100 ден,бунгалови за 750 ден и камп приколки.после 15 август цените се били 850 бунгалови 700.Таму е одлично за фамилија со мали деца кои сакаат вистински да се одморат,убаво да се избањат во чиста и топла водауредена со многу ситна песок а за ефтини пари.Има продавница се да си купиш со цени како во маркетите во ск и ресторан со пристапни цени.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
12.8.2009 0:09:31   
katence
mis a da ne znaes slucajno od kade da najdam nekoja informacija za inzajmuvanje na vila vo krani.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
31.8.2009 14:37:14   
profesorica
А дали некој знае нешто за берово или струмица сакам на струмички водопади да идам ама како да најдам сместување некое поволно блиску до водопадите?


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот katence)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
31.8.2009 14:41:23   
mother 29
vo Berovo ima kaj ratevska brana mnogu ubavi bungalovi a fazla ima i hotel vednas nad branata....mestoto e prekrasno i mn.poseteno...odmor za dusata

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
31.8.2009 15:00:39   
profesorica
А колку се движат цените за тие бунгалови и каде можам да резервирам?

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
12.9.2009 12:34:10   
profesorica
Еве доколку некој сака да оди во Берово на овој линк можете да најдете поволни сместувања блиску до езерото.

http://nokenzivotberovo.awardspace.com/turizam/ranc_feta_mk.htm

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
16.9.2009 8:27:17   
daniel
pa najceto mesto so pogolema nadmorska visocina user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
16.9.2009 8:29:04   
mami
хахахах тука може да се погодиме и да шетаме заедно

(Одговор на членот daniel)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
23.9.2009 11:09:48   
profesorica
Еве јас го посетив Берово конечно и можам да ви кажам дека е прекрасно, зелено, чисто, мирно има поволни сместувања блиску до езерото,

Бевме сместени на ранчот Фета на неполн километар од езерото, дневно плаќавме 350 ден од човек, вечерите и утрата се достѕа ладни ама преку ден печеше сонце и мислам дека го фативме последниот летен бран што се вика, баш се одморив викендов што измина.


user posted image


user posted image



_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
23.9.2009 11:14:28   
mami
леле жити бога, кажувај телефон..ние бевме таму пред скоро три години и си поминавме најубаво на свет ама мм го изгуби телефонот, а местото беше преубаво

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
23.9.2009 11:15:59   
profesorica
Погледни го линкот погоре што сум го дала има таму и телефони и вили и се.Го има и ранчот кај што бевме.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
23.9.2009 11:19:03   
mami
колку сум смотана значиuser posted image user posted image го видов линкот и си реков ај после ке го разгледам и заборавивuser posted image user posted image user posted image user posted image јухууу сега уште да се спремиме и одиме на прекрасен викенд

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
23.9.2009 15:01:48   
mis.
Леле одлично место за викенд.
Професорица а кај јадевте.Има ресторан,продавница.Како е организирано?

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Кое место и на што да обратите внимание
23.9.2009 15:16:30   
profesorica
Па со оглед на тоа дека е 5 километри од градот и е во борова шума таму нема за јадење ама си носевме не е ништо страшно.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?