|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Кралските семејства
18.11.2010 13:48:41   
jovanka









Кралска Венчавка
Британија се подготвува за свадба на 21 век
user posted image
Неколкугодишните трескавични шпекулации завршија завчера кога принцот Вилијам, наследник на наследникот на британскиот трон, изјави дека планира да се венча со својата долгогодишна девојка Кејт Мидлтон. Во кусото соопштение, таткото на Вилијам, принцот Чарлс, рече дека „со задоволство“ ја најавува свршувачката меѓу Вилијам и г-ца Мидлтон - и двајцата на 28-годишна возраст и дека тие ќе се венчаат напролет или налето.

Госпоѓицата Мидлтон и принцот Вилијам се во врска откако се запознаа како студенти на Универзитетот „Сент Ендрус“ во Шкотска и практично живееја заедно последнава година или малку повеќе. Долгиот период меѓу почетокот на нивната врска и најавата на свршувачката провоцираше многу ниски коментари, при што некои таблоиди пишуваа за Мидлтон како „Вејти Кејти“, што се однесуваше на фактот дека таа, наводно, го чекаше Вилијам да ја побара за жена.

Нивната свршувачка е отстапување од долготрајната кралска традиција од неколку причини. За разлика од другите идни кралици, г-ца Мидлтон, која потекнува од Баклбери, Беркшир, нема кралско, ниту, пак, аристократско потекло. Нејзиниот татко е поранешен пилот, а нејзината мајка е поранешна стјуардеса; тие заедно водат успешна компанија за нарачки преку пошта на реквизити за детски забави.

Покрај тоа - спротивно на двојките, како што беа принцот Чарлс и неговата прва сопруга, починатата Дијана, принцезата од Велс - тие отворено беа во врска со години. Кога Чарлс и' предложи брак на леди Дијана Спенсер, ќерка на гроф, која се чинеше соодветен избор за него, двајцата едвај се познаваа. Во врската имаше и неуспешни моменти. Двојката се раздели неколку месеци во 2007 година, поради шпекулациите (секогаш демантирани) дека кралското семејство е разочарано од понискиот статус на семејството на Мидлтон и дека г-ца Мидлтон џвакала гума за џвакање и користела неаристократски зборови, како што се „тоалет“ и „пардон“ пред кралицата Елизабета, бабата на Вилијам. Но, потоа двојката се смири и Кејт редовно го придружуваше Вилијам на кралските настани, како кога тој стана Витез на жартер во јуни. Нејзините родители оваа есен беа на лов со кралицата.

Сега, кога шпекулациите за свршувачката се завршени, на нивно место ќе дојдат нови. Кој е датумот на венчавката? Кој ќе го креира невестинскиот фустан на г-ца Мидлтон? Кого ќе донесе принцот Хари, помладиот брат на Вилијам, како негова придружничка?

Самоуверената КеJт Мидлтон наспроти срамежливата Ди



Дали Кејт е новата принцеза на народот? Како самоуверената Кејт Мидлтон се споредува со срамежливата Ди? Кејт Мидлтон ќе чекори по стапките на Дијана кога ќе се венча во кралското семејство како идната потенцијална принцеза на народот. Но, колку точно може да се споредува таа со срамежливата кралска невеста, која стана најфотографирана жена во светот?

Кетрин Елизабет Мидлтон влезе на јавната сцена на поуверлив начин отколку леди Дијана Спенсер. Сигурна и смирена, посматрачите велат дека таа го има изгледот на личност подготвена за кралска должност, со интелигентен изглед, сигурна во нејзините сознанија за наклонетоста и намерите на Вилијам.

Дијана, спротивно на тоа, се појави како „срамежливата Ди“. Таа беше повлечена и вцрвенета додека позираше за фотографиите од нејзината свршувачка, а очите и' се наѕираа под долгите кркми. И двете го привлекоа вниманието на нацијата со проѕирна облека, но на забележително различен начин. Сакајќи да се допадне, Дијана позираше пред камерите во градинката каде што работеше во септември 1980 година, пет месеци пред нејзината свршувачка со принцот од Велс. Но, таа не беше свесна дека сонцето ја осветлува одназад и дека нејзините нозе можат да се видат низ долгото светло здолниште.

Во 2002 година, Кејт чекореше на писта на добротворна модна ревија во проѕирен фустан со црни гаќички и градник под него, пред публиката и пред идното момче Вилијам. Во една прилика, кога пријател забележа дека таа е среќна што е со Вилијам, Кејт, наводно, се пошегувала: „Тој е среќен што излегува со мене“. Спротивно на тоа, во почетокот на врската меѓу Дијана и Чарлс, таа се осмелила да и' каже на една од нејзините блиски пријателки: „Ако бидам доволно среќна да бидам принцезата од Велс...“.

Таа имаше 19 години кога се сврши со Чарлс. Кејт, на 28 години, е девет години постара отколку што беше Дијана. Кејт, која е пообразована, со повисок степен и со диплома по историја на уметноста, е попаметна и на еднакво ниво со својот свршеник. Дијана беше 13 години помлада од принцот од Велс, а Кејт е пет месеци постара од Вилијам и тие веќе живееја заедно додека студираа на „Сент Ендрус“.

Таа потекнува од многу постабилно семејство отколку мајката на Вилијам. Нејзините родители се' уште се заедно, така што таа е поштедена од страдањата што ги преживуваше Дијана, чии родители огорчено се разделија кога таа беше многу млада. Нејзиното неаристократско потекло се разликува од отмените кругови на Дијана во семејството Спенсер - чија сестра се омажи за личниот секретар на кралицата и чија баба беше пријателка на кралицата мајка.

Чарлс беше под притисок да најде сопруга, а Дијана беше соодветен избор. Принцот му кажал на пријател дека е сигурен оти би можел да се вљуби во неа, но сега знаеме дека неговото срце веќе било освоено од Камила Паркер Боулс. Тој е наследник на тронот уште од тригодишна возраст и беше свесен дека негова должност е да ја обезбеди иднината на монархијата. Лорд Маунтбатен го советуваше Чарлс да најде невеста-девица и Дијана се чинеше како идеална прилика.

Кејт и Вилијам, напротив, не се под истите притисоци на времето. Вилијам се' уште е вториот наследник на тронот. Сепак, Кејт не ги избегна шпекулациите за нејзината традиционална поволност како недопрена кралска невеста. Списанието „Спектатор“ еднаш коментираше дека „нејзините В-ознаки (за девственост) можеби се' уште се недопрени“.

Иако Кејт е бринета, а Дијана беше русокоса, и двете се високи и вити и потсетуваат на англиски рози. И двете се образувале во јавно училиште, каде што биле популарни и спортски активни, како капитен на хокеј тим и со брилијантни тениски настапи. Дијана имаше топлина и отвореност што го привлекоа Чарлс, за што се вели дека ги поседува и Кејт. Нивните биографии се чисти како потенцијални извори за таблоидите. Дијана беше чиста, како што е и Кејт, иако за неа се знае дека од прозорец ги гледала момчињата во училишниот интернат. И двете им се восхитувале на своите мажи оддалеку. Дијана како дете се вљубила во Чарлс, додека Кејт имала постер од Вилијам во својата студентска соба на колеџот Марлбороу.

На првиот официјален кралски настан со Чарлс, по нивната свршувачка во март 1981 година, Дијана беше сликана како пристигнува во свој автомобил во салата „Голдсмит“, облечена во вечерен фустан без прерамки. Во декември 2006 година, Кејт несвесно ја покажа ногата со мрежести чорапи додека влегуваше во автомобил по излегувањето со Вилијам и Хари. Кејт, како и Дијана, е свесна за своите настапи пред медиумите. Додека Кејт се подготвува да влезе во кралското семејство, јавноста се прашува дали таа ќе може да ја преземе титулата на Дијана како нивна омилена принцеза. Кејт, која секогаш молчи и има адвокат во придружбата, веќе дејствува претпазливо, имајќи го предвид наследството што го остави Дијана.
(„Њујорк тајмс“- „Дејли мејл“)
ПРВО ЗАЕДНИЧКО ИНТЕРВЈУ
Прекин на врската во 2007 година...

Вилијам: Бевме многу млади, се обидувавме да се пронајдеме сами себе и, во основа, тоа беше обид да го откриеме нашиот пат и да пораснеме. На крај, се' се реши на најдобар начин.

Кејт: Во тоа време бев незадоволна од раскинувањето, но тоа ме направи посилна личност. За тие неколку месеци раздвоеност, открив некои работи за себе и научив да ги ценам.

Свршувачка...

Вилијам: Одолжував зашто сакав да и' дадам време на Кејт добро да размисли за се', да види што има од другата страна и дали и' одговара тоа.

Кејт: Беше навистина романтично. Не очекував... За мене тоа беше тотален шок и бев многу возбудена.

Прстен на леди Ди...

Вилијам: Тоа е свршенички прстен на мојата мајка и многу ми значи. И Кејт е сега важен дел од мојот живот, па единствен вистински избор беше да и' го дадам на неа. За жал, мојата мајка нема да биде тука со нас да ја подели радоста и среќата, па мојата намера беше барем на овој начин таа да биде близу до нас и да не го пропушти овој ден.

Кејт: Прстенот е прекрасен и за мене има многу специјално значење.

За споредбата со Дијана...

Кејт: Би сакала да имав можност да ја запознам. Очигледно е дека во иднина многумина ќе ме споредуваат со неа и тоа искрено помалку ме плаши.

Вилијам: Никој не се обидува да скокне во чевлите на мојата мајка. Секој е творец на својата иднина и Кејт одлично се снаоѓа во тоа.

Проширување на семејството...

Кејт: Семејството секогаш беше покрај мене и ми помагаше во тешките моменти. Се надевам дека и ние двајца ќе имаме, исто така, среќно семејство.

Вилијам: Ќе одиме чекор по чекор. Прво треба да ја протуркаме венчавката, а потоа можеби ќе размислуваме за деца. Секако, сакаме да засноваме семејство, па ќе мора и тоа да го планираме.
n Многу сум среќен поради нивната одлука, а беше и време да се венчаат
Принц Чарлс

n Тоа значи дека добив сестра која отсекогаш сум ја посакувал
Принцот Хари

n Брилијантна вест! Им требаше долго време
Кралицата Елизабета Втора

Историја на кралската романса

Септември 2001 Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се запознаа на Универзитетот „Сент Ендрус“.

Март 2002 Вилијам плати 200 фунти за да ја гледа Кејт, која настапи како моделка во фустан од црна тантела на модна ревија.

Божик 2003 Се' почести се озборувањата дека двојката почнала да излегува.

Март 2004 Врската на Вилијам и Кејт е обелоденета откако тие беа сликани заедно на скијачките патеки во Клостерс.

Јули 2005 Двојката имаше романтичен одмор во резерватот за дивеч Лева Даунс во Кенија.

Јануари 2006 Вилијам е фотографиран како првпат јавно ја бакнува Кејт за време на зимскиот одмор во Клостерс.

Декември 2006 Кејт го имаше најзначајниот настап досега кога присуствуваше на дипломирањето на Вилијам како воен офицер во Сендхарст.

Април 2007 Потврдено е дека Вилијам и Кејт се разделија, но тие тајно се смирија за неколку недели

Октомври 2007 Двојката е повторно фотографирана заедно, првпат по толку време.

Април 2008 Кејт го придружуваше Вилијам на церемонијата на дипломирањето во РАФ, што беше знак дека врската на двојката е трајна и има одобрување од постарите членови на кралското семејство.

Јануари 2010 Кејт следеше како Вилијам го завршува курсот за напредна хеликоптерска обука и го добива беџот за летање од принцот на Велс.

Февруари 2010 Вилијам одговара „ќе треба да почекате уште малку“ на прашањето за изгледите за венчавка.

Октомври 2010 Двојката е фотографирана заедно во јавноста, на венчавка на нивен пријател, интензивирајќи ги шпекулациите за свршувачката.

16 ноември 2010 Свршувачката на двојката е најавена во кусо соопштение од Кларенс Хаус.




_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Кралските семејства
18.11.2010 14:19:23   
jovanka
Ден за најголемиот кралски настан во Европа во новиот век
user posted image
Денес, 19 јуни, кога часовникот отчука полноќ во позлатената сала за балови, во Кралската палата во Стокхолм, принцот ја поведе својата принцеза на првиот валцер на вечерта, додека присутните од кралските семејства во Европа ги гледаат со одобрување. Гламурозниот полноќен бал ќе биде последниот настан на овој историски ден и момент на уживање за Неговото кралско височество, принцот Даниел - поранешен инструктор по фитнес, познат како Даниел Вестлинг, од едно село во шумскиот предел на централна Шведска.

Во неговото невообичаено додворување на крунисаната принцеза Викторија, тој го доби модерниот еквивалент на бакнежот што ја претвора жабата во принц - внимателно дотерување од дворјани, тутори за јазикот и агенција за односи со јавност. Сега, осум години подоцна, тој е трансформиран во софистициран, модерен млад припадник на кралската заедница. Романсата од соништата ќе кулминира со кралска венчавка од приказните, најголемиот кралски настан во Европа од венчавката на принцот Чарлс со леди Дајана Спенсер во 1981 година.

„Нивната врска беше големо изненадување“, вели Јохан Т. Линдвал, новинарот што ја објави сторијата. „Даниел потекнува од сосема различна средина од Викторија. Сите велеа дека нема да успее тоа “.

Во доцните попладневни часови, 1.100 гости во катедралата од 13 век во главниот град, облечени во вечерни тоалети, ќе сведочат кога Вестлинг ќе ја венча младата 32-годишна жена, која еден ден ќе го наследи нејзиниот татко на тронот на Шведска.

Шведска е сериозна околу еднаквоста меѓу половите и создаде една поинаква приказна; овој пат убавата принцеза, која го оттргна нејзиниот принц од едноличниот, обичен живот и го втурна во магичниот свет на палати и балови. Крунисаната принцеза Викторија првпат го запозна Вестлинг при посета на неговата сала за вежбање во Стокхолм. Тогаш таа беше проблематична принцеза. Почна да вежба за да го пополни слободното време и за да надмине сериозна тешкотија со јадењето.

Тој првпат беше фотографиран за шведските весници во 2002 година и изгледаше преплашен од вниманието на папараците, облечен во џинс додека неговата долга коса излегуваше под капчето за безбол. Уште полош беше неговиот рурален акцент, што беше тема на непријатни шеги меѓу пријателите на Викторија со сина крв. Нејзиниот татко, апсолутистичкиот крал Карл Шеснаесетти Густав (64) решително беше против нивната врска. Неговата драга ќерка требаше да се омажи за дански принц со беспрекорно потекло, и кралот беше решен да не дозволи некој занемен од третиот сталеж да влезе во кралската заедница. Притисокот беше толку голем што во 2004 година нивната врска западна во криза, која речиси ја оконча.

Но, Викторија се држеше до патот на вистинската љубов. Вестлинг научи доволно за да успее во високото општество, со помош на комитетот од дворјани, наречени „училиште на принцот“. Кралот, конечно, потклекна под неизбежното и попушти, поразен од инсистирањето на неговата ќерка дека Вестлинг е нејзината вистинска љубов. Тој имаше интензивна настава по англиски, француски и по германски јазик, за да може да разговара кога патува во странство, и имаше часови за историјата на Шведска и политички науки. Компанија за односи со јавност го советуваше за неговиот имиџ. Најдобрите кројачи и фризери му дадоа нов изглед. Наместо „алфа ромео“ тој возеше „лексус“.

Одговорен за трансформацијата беше генералот Јан-Ерик Варен, заменик мајстор за церемонии на дворот - дворјанин на кого му беше доделено лице од третиот сталеж и му беше речено да го претвори во принц. Тие со години имаа секојдневни средби и долги часови, и иако генералот беше дискретен, па дури и таинствен, тој откри дека Вестлинг е мошне амбициозен и внимателен. „Тој е одушевен од историјата, особено од шведската кралска историја“, рече дворјанинот со старателска гордост.

Фотографиите од свршувачката, што се продаваа во продавниците за подароци низ Стокхолм, заедно со фигури на Викинзи кои мавтаат со бојни секири и сувенири, ја покажуваа промената, дека џинсот и капата за безбол се минато. На фотографиите, Даниел и Викторија се претставени како гламурозна, привлечна двојка, вљубени еден во друг.

Познавачите на кралското семејство се зачудени од еволуцијата на Вестлинг во принц. „Облечен во костум и со вратоврска и дизајнерски очила, тој изгледа како брокер“, вели авторот Хедман. „Трансформацијата е извонредна - едвај може да се препознае од младиот човек што го видовме во 2002 година. Дворјаните го научија како да јаде, што да каже, како да стои. На луѓето им се допаѓа Даниел, а тие, исто така, ја сакаат Викторија, особено младите кои се импресионирани од нејзината грижа за животната средина. Како двојка, тие се речиси премногу совршени, но тој навистина е совршено чист. Шведските списанија многу се трудеа да најдат нешто за него во изминатите осум години“.

За големиот ден се очекува главниот град да го наполнат два милиона туристи. Шведската трговска федерација се надева дека од туризмот и од продажбата на сувенири ќе се заработат над 200 милиони фунти. Прославите по повод венчавката ќе траат три дена, со улични забави и настапи на познати личности, како што е Бени Андерсон од АББА, кој напиша нова песна по тој повод. На листата на гостите е и царот на Јапонија. Велика Британија ги испраќа грофот и грофицата од Весекс.

Венчавката нема никаде да се прослави со поголем ентузијазам од сонливото гратче покрај езеро Окелбо, каде што Вестлинг го минал детството, 160 км северно од главниот град, во шумска област каде што има многу северни елени, мечки и дабари. Родителите на Вестлинг се' уште живеат таму во едноставна куќа. Пред да се пензионираат, неговата мајка работеше на сортирање писма во селската пошта, а неговиот татко работеше за советот. (Телеграф)
Вкупно 6.000 воени лица и доброволци во обезбедување
Венчавката на шведската принцеза Викторија, наследничка на кралскиот трон, на 19 јуни ќе се одржи под заштита на 6.000 воени лица и доброволци од разни организации.

Дваесетина воени бродови се закотвени во пристаништата околу Стокхолм, а две дивизии на шведското воено воздухопловство ќе прелетуваат над градот во текот на церемонијата, јави шведската телевизија СВТ.

Никогаш порано толку многу новинари не се собрале во шведската престолнина во врска со известувањето за некој настан. Досега во Стокхолм се издадени околу 2.300 акредитации за новинари.

Најљубопитни се Германците, кои испраќаат 277 новинари. Од Норвешка доаѓаат 76, од Финска 57, од Шпанија 42 и од Велика Британија 38 новинари- известувачи.

Викторија е прва шведска принцеза-наследничка на кралскиот трон во последниве 290 години.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Кралските семејства
25.11.2010 1:38:29   
jovanka
Венчавката на принцот Вилијам ќе биде „народна свадба“

Венчавката на принцот Вилијам, син на престолонаследникот Чарлс и покојната принцеза Дијана, со неговата долгогодишна девојка Кејт Мидлтон, се предвидува да биде „народна свадба“ на која, практично сите се поканети, јави дописникот на МИА од Лондон.
user posted image
На 29 април идната година, на венчавката во Вестминстерската Опатија во центарот на Лондон, покрај официјалните гости и многу европски кралски семејства, идната брачна двојка сака да бидат поканети и многу деца, доброволци и активисти од хуманитарните организации, како и бездомници од британскиот главен град. На денот на свадбата е предвидено организирање на бројни улични забави и еден голем концерт на поп музика, што ќе се продолжи како четиридневен народен празник.

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека свадбата на идниот крал Вилијам е „среќен настан“ и ден од огромно значење, па Владата го прогласи за неработен во Англија и Велс. Локалната Влада во Шкотска која има голема автономија, најави дека и во тој дел на Велика Британија, свадбата на Вилијам и Кејт, чија љубовна врска почна во шкотскиот Универзитет „Сент Ендријус“, ќе биде прогласена за неработен ден.

Претставник на младиот принц изјави дека е предвидено свадбата да биде „светски спектакл“ за кој постои интерес далеку зад границите на Велика Британија, па тој ќе се искористи за да се покаже како „пример за тоа што Британците умеат најдобро да го направат“.
user posted image
Лондонските медиуми откриваат дека 32 милиони од трошоците за свадбата ќе ги плати британското кралско семејство и принцот Чарлс, но дека во трошоците ќе учествува и семејството на идната невеста Кејт Мидлтон. Со државни пари ќе се покриваат трошоците за опсежната операција на безбедност, пред и за време на свадбената церемонија.

Проториевскиот „Дејли телегреф“, меѓутоа, тврди дека британската држава ќе ја чини свадбата цели пет милијарди фунти колку што чинат двата неработни викенди, оној пред свадбата кога се Велигденските празници и другиот за време на венчавката, поради што ќе се соберат како неработни дури 11 денови


_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 3
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?